Колоидна сребрена вода

Член од
29 септември 2007
Мислења
245
Поени од реакции
17
Прво и прво за која транпарентност зборуваш? Што кријам јас? Во кое својство кријам јас?

Не кажав дека криеш туку се што имаш кажи го овде јавно...

1. Да, колку што сум информирам во Америка и во други земји , да лажат, т.е го злоупотребуваат зборот сребрена вода бидејќи како што напишав во постарите постови се делат на 3 вида и бла,бла,бла единствено препорачано за пиење(од доктор што бил во Авганистан е сребрена вода добиена со електролиза на сребро во чиста дестилирана вода со кондуктивност под 1.

Си чул за доказ? Дај доказ брат? Каде се линковите од СЗО и ФДА?

Кај сум напишал ја природна сребрена вода?

Последно нешто за сребрената вода пред 2 недели на НАША ТВ имаше документарка каде потврдија дека во Русија е регистрирана како лек и излезе еден научник и кажа дека е единствен природен антибиотик
еве каде си напишал...

Си видел ли ти како воопшто прават сребрена вода (и тоа го има на интернет)?

Да има на интернет...

Електролиза на сребро а не на вода, не се глупирај.

Ме заебаваш сега... Кажи ми дека водата не игра никаква улога и се ке биде завршено...

Кажи ми кога на две сребрени стапчиња(чисто сребро) ќе врзиш најизменична струја во вода со кондуктивност под 1, ќе испуштал ли наелектризирани јони сребрените шипки или не?Каде ќе бидат тие јони?Во какво својство?Како колоид?

Со наизменична струја правиш електролиза? :pos2::pos2::pos2:

Дечко баш ме интересира дали знаеш што ке добиеш со користење на наизменична струја за електролиза? :vozbud:

Дали знаеш што е тоа кодуктивност под 1 ?

Дали знаеш која е разликата од јони, катјони и стабилни честици?

Дали им ги знаеш својствата на сите од нив?

Во крајна линија дали разбираш дека ова што го тврдиш е опасно зошто сребрените јони веднаш се врзуваат со хлоридите кои ги има во човечкото тело (во желудникот имаш хлороводородна киселина HCl) правејки сребро хлорид...

Ти ако разбираш физика ( предпоставувам по вокација си од таа област) со едно видување на процесот на добивање на сребрена вода во домашни услови и ќе ти стане јасно, предпоставувам дека фирма која го произведува производот пошто треба да добие дозвола ваљда има машини кои се пософистицирани од тие за дома.

Што мислиш за џабе ли овде се допишувам со некој кој користи наизменична струја за електролиза... :pos2::pos2::pos2:

Навистина ми е забавно...

За во РЗЗЗ јас си прашав и ми кажаа дека единствена вода која е испитана кај нив е С.К.(не сакам да рекламирам брендови оти тука може и да загинеш за такво работи) која е декларирана со 5 ппм сребрени јони и исто толку има по извршената анализа.

А зошто тоа не е наведено никаде јавно?

Навистина незнам што повеќе да ти одговорам зашто сите прашања ти се врзани со производството а јас не сум производител ама од онаа што го гледам на интернет процесот е проста електролиза на сребро во чиста вода.

Чиста вода... Како да не!

Зашто не ми одговориш зошто треба да се крие од сонце?

Одговорот е зошто е хемиски нестабилен раствор кој реагира и се врзува со нешто...

За дугите „сребрени води“ ти објаснив што се и како се декларираат

Супер објаснуваш само продолжи напред...

не сум баш сигурен дали е добро да се пие секој ден како профилакса...

можеби некој стручен ке може да ги објасни линковите подолу и релацијата со сребрената вода

http://www.clspress.com/tox.html

http://cira.ornl.gov/documents/SILVER.pdf

http://www.nanowerk.com/spotlight/spotid=5966.php

http://ec.europa.eu/research/environment/pdf/hylanderhaxton_not_2906_en.pdf

Еве сам се цитирам за релеватни линкови кои ке се согласиш не се така лесно да ги отфрлиш за разлика на дигитализирани книги од 1920 година...

Инаку уште 7 дена ќе сме 2010 година :smir:
 
Член од
25 јуни 2007
Мислења
53
Поени од реакции
1

Супер објаснуваш само продолжи напред...
Човече па ти стварно се заебаваш.
Ти разликуваш ли ПРИРОДНА СРЕБРЕНА ВОДА од ПРИРОДЕН АНТИБИОТИК?
јас напишав дека доктор во Русија тоа го кажа на ТВ и го нарече единствен ПРИРОДЕН АНТИБИОТИК(ваљда мислејки дека другите се чиста хемија).
Не ми одговори што ќе се добие кога низ две сребрени прачки ќе пуштиш наизменична струја во чиста вода?
А ти ако знаеш што не одговориш а не само прашања поставуваш?
Сто пати кажав ако некој има информација нека ја сподели гледам дека ти си физичар.

Ти го читаш тоа што го пишувам или така си пишуваш?ја нити сум физичар нити доктор најди си такви и со нив се карај, од кај да знам како некој производител ја произведува, со тоа што го има на интернет се сложуваат сите (дека е електролиза на сребро во вода).

Зошто не го прашаш производителот зошто немат наведено за РЗЗЗ или зошто треба да се крие од сонце? Ја од што не им верувам во Македонија (секоја будала има ИСО и ХАСАП стандард) затоа се јавив во РЗЗЗ. Ако не ми веруваш мене прашај си и ти.

Си ми постирал линкови ама бар прочитај ги. Во сите ти пишува за Сребрениот прав кој се повеќе се користи, или пак за среброто како метал не како јони.дури во последниот пост пишува дека ЕВРОПСКАТА УНИЈА ТРЕБА ДА ПРЕЗЕМЕ НЕШТО ОТИ БОЛНИЦИТЕ СЕ ПОВЕЌЕ КУПУВАЛЕ ПРОИЗВОДИ НА БАЗА СРЕБРО(во прав со нано технологија)!!!!! ОД НЕКОЈ СИ УНИВЕРЗИТЕТ ШТО НИ РЕКТОРОТ НИВНИ НЕМОЖЕ ДА МУ ГО ПРОЧИТА ИМЕТО.
Постовите што ти ги испратив се со сериозни лабораториски истражувања и треба време да ги прочиташ ПРОЧИТАЈ ГИ МОЖЕ НЕШТО И КЕ НАУЧИШ.
Еве ти и нешто поново оти тие ти се стари:
http://english.pravda.ru/science/health/30-04-2009/107477-Colloidal_silver-0

ЈА НЕ ОБЈАСНУВАМ , ЈА СПОДЕЛУВАМ а гледам дека и ти многу многу не си по објаснувањето. Може уште си студент па повеќе прашуваш него што објаснуваш. И добар ти е фактот ЧИСТА ВОДА КАКО ДА НЕ.

А да , и ќе те препорачам во FDA за работа ,они мака мачат како да ја забранат (а гледам ти откри дека е отров), се што успеа е да забранат да се декларира како лекарство
 
Член од
9 ноември 2009
Мислења
319
Поени од реакции
56
Zdravo. Deneska vo edna prodavnica za zdrava hrana prasav dali ima nesto za stopiranje na procesot na beleenje na vlaknata i mi rekoa deka treba da konsumiram srebrena voda. Se mislam dali stvarno ima vistina ili ne. Ne sum mnogu zapoznaen i stvarno vasite soveti bi mi bile od korist dali bi moelo toa da ima nekakov efekt.
 
Член од
25 јуни 2007
Мислења
53
Поени од реакции
1
TANUS
Еве сам се цитирам за релеватни линкови кои ке се согласиш не се така лесно да ги отфрлиш за разлика на дигитализирани книги од 1920 година...

Инаку уште 7 дена ќе сме 2010 година

Само и ти мора да признаеш дека постовите баш и не ти се многу релевантни (џабе што се понови од книгата што јас ти ја постирав и која е доказ дека среброто се користело во медицината и тоа на големо во ин витро и ин виво средини), додека книгите и линковите што ги постирав изобилуваат со докази, испитувања и потврди (ако убаво ги прочиташ а не да ги скролаш само)
Некои работи како производство на вино и ракија, офсет принтање, клавир и други инструменти, машини и начини на работа се пронајдени пред 200-300 години и до ден денес не се сменети и незначи дека не функционираат или не се ефикасни
 
Член од
29 септември 2007
Мислења
245
Поени од реакции
17
Човече па ти стварно се заебаваш.
Ти разликуваш ли ПРИРОДНА СРЕБРЕНА ВОДА од ПРИРОДЕН АНТИБИОТИК?

Природна сребрена вода не постои, природна електролиза за добивање сребрена вода не постои, природен антибиотик може да кажеш за цимет, печурки, треви незнам што ама не и нешто што му треба еднонасочна струја за да се креиреа - во случајот колоидна сребрена вода.

јас напишав дека доктор во Русија тоа го кажа на ТВ и го нарече единствен ПРИРОДЕН АНТИБИОТИК(ваљда мислејки дека другите се чиста хемија).

Абе ако при електролиза нема хемиска реакција тогаш нема електолиза. (следстевно и ова е хемија)

Не ми одговори што ќе се добие кога низ две сребрени прачки ќе пуштиш наизменична струја во чиста вода?

НИШТО... поради фрекфенцијата (50-60 херца) на наизменичната струја двете електроди ке се однесуваат еднаш како анода еднаш како катода. (под услов да се потопени во електролит - РАСТВОР, а не како што тврдиш чиста вода бидејки чиста вода екстремно малку пренесува електрицитет) Сребрените електроди ке одаваат јони кои ке се движат натаму наваму (напред назад помеѓу електродите) се додека сребрените електродите не се РАСТВОРАТ во водата. Електолиза по дефиниција овде нема... Овде раствараш сребро во вода ама БЕЗ електролиза. И конечно овие јони кои се растворени во водата што се продава се НЕСТАБИЛНИ. Нестабилните јони ВЕДНАШ образуваат соли штом ке допрат нешто неметално. А солите се таложат, среброто е тежок метал...

ОВА Е ПРОБЛЕМ!!!

и НЕМАШ РЕШЕНИЕ за ова... НЕМАШ начин како да го избегнеш...

Повели, дади одговор како ке го решиш?

А ти ако знаеш што не одговориш а не само прашања поставуваш?

Очигледно нафрлаш работи што не ги знаеш до крај уште упорно така незнејки браниш нешто што не го разбираш или пак само се правиш дека не го разбираш... Ке ме натераш да ти пишувам равенки и тогаш ке заглавиш...

Сто пати кажав ако некој има информација нека ја сподели гледам дека ти си физичар.

Ти го читаш тоа што го пишувам или така си пишуваш?ја нити сум физичар нити доктор најди си такви и со нив се карај, од кај да знам како некој производител ја произведува, со тоа што го има на интернет се сложуваат сите (дека е електролиза на сребро во вода).

Оф мори мајко...

Зошто не го прашаш производителот зошто немат наведено за РЗЗЗ или зошто треба да се крие од сонце?

Јас ти кажав зошто е тоа така, а производителот ке си добие сега медиумска реклама во која убаво ке се заплетка и незнам дали Вардар ке го испере...

Ја од што не им верувам во Македонија (секоја будала има ИСО и ХАСАП стандард) затоа се јавив во РЗЗЗ. Ако не ми веруваш мене прашај си и ти.

Да не само што некој од РЗЗЗ ке го крка туку и други оти има надлежни за вакви лакрдии посебно во квази епидемија...

Си ми постирал линкови ама бар прочитај ги.

:tv:

Во сите ти пишува за Сребрениот прав кој се повеќе се користи, или пак за среброто како метал не како јони.

Јас ти кажав за сребрените јони и нивната способост да се врзуваат со солите во организмот... ако не ме разбираш има тука луге што разбираат... ама еве ке ти повторам:

1. јоните во раствор не се стабилни

2. бидејки јонската врска е врска помегу метал и неметал (значително послаба врска од ковалентна врска на пример) сребрениот јон како метална копонента реагира со неметална компонетна од организмот (хлороводородна киселина од желудникот) образувајки стабилно соединение - сол сребро хлорид

3. сребро хлорид се таложи во организмот

4. некој ке лежи затвор подолго време или ке попие сребрен куршум во чело

дури во последниот пост пишува дека ЕВРОПСКАТА УНИЈА ТРЕБА ДА ПРЕЗЕМЕ НЕШТО ОТИ БОЛНИЦИТЕ СЕ ПОВЕЌЕ КУПУВАЛЕ ПРОИЗВОДИ НА БАЗА СРЕБРО(во прав со нано технологија)!!!!!

аха и ?

ОД НЕКОЈ СИ УНИВЕРЗИТЕТ ШТО НИ РЕКТОРОТ НИВНИ НЕМОЖЕ ДА МУ ГО ПРОЧИТА ИМЕТО.

Åsa Melhus, MD, PhD, Associate
professor
Department of Clinical Microbiology
Uppsala University Hospital,
S-751 85 Uppsala, Sweden
E-mail: Asa.Melhus@akademiska.se
Phone: +46 (0)18- 611 93 88
Fax: + 46 (0)18- 55 73 01

Lars D. Hylander, PhD, Assoc. Prof.
Uppsala University, Department of
Earth Sciences, Air & Water Science.
Villavägen 16, S-752 36 Uppsala,
Sweden.
E-mail: Lars.Hylander@hyd.uu.se
Phone: +46--(0)18-471 22 65 and
+46--(0)18-14 84 06,
Fax: +46--(0)18-55 11 24

Eva Haxton, Coordinator
Department of Clinical Microbiology, Uppsala University Hospital, 751 85
Uppsala, Sweden
E-mail: Eva.Haxton@medsci.uu.se.
Phone: + 46 (0)18 611 90 97, Fax: + 46 (0) 18-55 73 01

верувај ова погоре многу добро се чита за разлика од нигериецот што го постираше... или овој денес што го цитираше - екперт за религија и наука :pos2:

после се буниш за транспарентност...

Постовите што ти ги испратив се со сериозни лабораториски истражувања и треба време да ги прочиташ ПРОЧИТАЈ ГИ МОЖЕ НЕШТО И КЕ НАУЧИШ.

Абе ти кога треба знаеш а кога не треба не знаеш :pos2: Добра тактика... Само знаеш што? Физиката и хемијата се егзактни науки, не се економија... нема тука мислам и би требало... Многу јасно се знае како одат работите...

Еве ти и нешто поново оти тие ти се стари:
http://english.pravda.ru/science/health/30-04-2009/107477-Colloidal_silver-0

овој се повикува на истите документи од 1930 :kesa:

ништо чудно кога ке видиш подолу кој е авторот...

The author, Babu G. Ranganathan, has his B.A. with concentrations in theology and biology and has been recognized for his writings on religion and science in the 24th edition of Marquis "Who's Who In The East". The author's Internet articles may be accessed at: Babu G. Ranganathan's Articles on Religion and Science.

:pos2::pos2::pos2:

ЈА НЕ ОБЈАСНУВАМ , ЈА СПОДЕЛУВАМ а гледам дека и ти многу многу не си по објаснувањето. Може уште си студент па повеќе прашуваш него што објаснуваш. И добар ти е фактот ЧИСТА ВОДА КАКО ДА НЕ.

Ти така не објаснувајки, а нафрлајки со прашања и полувистини мислиш дека ке поминеш овде?

Досега избегаваш директни одговори и поставуваш конта-прашања... Ке те биде за плејмекер :wink: ама никако не треба да си играт играчки со здравјето на луѓето... влогот е преголем за такво нешто

А да , и ќе те препорачам во FDA за работа ,они мака мачат како да ја забранат (а гледам ти откри дека е отров), се што успеа е да забранат да се декларира како лекарство

абе нели ке дадеше линк каде е одобрена од СЗО и ФДА?

така ти е тоа со нафрлање... каде ти се ликовите по трет пат те прашувам?

Почнувам да се сомневам дека си капитално поврзан некако со останатите дечки што пробаа да ја продадат водава на форумов...

Поздрав!

TANUS
Еве сам се цитирам за релеватни линкови кои ке се согласиш не се така лесно да ги отфрлиш за разлика на дигитализирани книги од 1920 година...

Инаку уште 7 дена ќе сме 2010 година

Само и ти мора да признаеш дека постовите баш и не ти се многу релевантни (џабе што се понови од книгата што јас ти ја постирав и која е доказ дека среброто се користело во медицината и тоа на големо во ин витро и ин виво средини), додека книгите и линковите што ги постирав изобилуваат со докази, испитувања и потврди (ако убаво ги прочиташ а не да ги скролаш само)
Некои работи како производство на вино и ракија, офсет принтање, клавир и други инструменти, машини и начини на работа се пронајдени пред 200-300 години и до ден денес не се сменети и незначи дека не функционираат или не се ефикасни
А за кои конкетно сметаш дека не се релевантни и зошто така сметаш?

Јас не негирам дека среброто има примени во медицина ниту пак дека во некои случаи помага.

Разликата е во декларирањето дека треба да се пие секој ден, дека нема горна граница на консумација, дека е решение за едно чудо болести и најмногу дека се работи за раствор со сребрени јони кои по природа се нестабилни а овде се декларираат како супер сигурни...

Можеби понатаму во иднината ке се развијат нови лекови врз база на биоактивноста на среброто ама дека моментално далеку е од ова. Со децении се нема инвестирано во истражувања и развој во оваа насока, па нема ни медицински студии ниту пак прифатени цврсти докази за ефектите и реакциите поврзани со тешките метали.

А ваму некој во подрум со наводна електролиза полни некаков раствор па декларира и пропагира глупости... Ова само кај нас го може... Нека проба нека ја извезува во ЕУ или УСА или Јапонија да види како ке си помине...

На крај краева греота е за болните луге...

Поздрав
 
igor108367

Dark Lord Sauron
Член од
25 јануари 2009
Мислења
2.513
Поени од реакции
110
Ова со водава е чиста глупост. Не успеа да помине дури ни во америка (а таму знаеме се може да пројде), така да нека не се лажат луѓето.
 
Член од
25 јуни 2007
Мислења
53
Поени од реакции
1
А за кои конкетно сметаш дека не се релевантни и зошто така сметаш?
Овој пост од Шведска , па тие повеќе се загрижени за средината при ископ на сребро одколку за целите на нивното користење, и да постираш жена со аргирија и да напишеш така „медицински студиски“ Е ВАКОВ КЕ СТАНЕШ АКО КОНЗУМИРАШ СРЕБРЕНА ВОДА баш и не ми држи вода и на крај повикуваат да не се купува ништо што содржи сребро (ни облека, предмети за домаќинство итн.) тие се еден вид СРЕБРЕТАРЈАНЦИ
:pos2:
многу ти е релевантен постот

Јас не негирам дека среброто има примени во медицина ниту пак дека во некои случаи помага.

Разликата е во декларирањето дека треба да се пие секој ден, дека нема горна граница на консумација, дека е решение за едно чудо болести и најмногу дека се работи за раствор со сребрени јони кои по природа се нестабилни а овде се декларираат како супер сигурни...

Ти пишуваш за отров (сол сребро хлорид ) а никако да најдам податоци дека некој се отровил од сребрената вода(сигурно ќе имаше на интренет или медиумите за тоа.

Можеби понатаму во иднината ке се развијат нови лекови врз база на биоактивноста на среброто ама дека моментално далеку е од ова. Со децении се нема инвестирано во истражувања и развој во оваа насока, па нема ни медицински студии ниту пак прифатени цврсти докази за ефектите и реакциите поврзани со тешките метали.

Има многу цврсти докази ама не им одговара на фармацевските куќи. Од што ќе се богатат тие. Секоји постирам ден ќе ти постирам по некое истражување.

А ваму некој во подрум со наводна електролиза полни некаков раствор па декларира и пропагира глупости... Ова само кај нас го може... Нека проба нека ја извезува во ЕУ или УСА или Јапонија да види како ке си помине...

за твоја информација низ цел свет се продава без проблем (првата вода што ја купив беше од германија) а апаратчиња за домашно производство се продаваат на секој чекор.

На крај краева греота е за болните луге...

За кои болни луѓе , па таа се препорачува да се пие како превентива а не како лек одкога ќе се разболи некој.

сега ти пичувам со големи букви:
НИТИ СУМ ФИЗИЧАР , НИТИ ХЕМИЧАР ЗА ДА ЗНАМ КАКО СЕ ПРОИЗВЕДУВА ВОДАТА КАЈ ОНИЕ ШТО ЈА ПРОИЗВЕДУВААТ , јас ти напишав како ја произведуваат во домашни услови и како никој до сега немал проблем со отрови.

за СЗО напишав дека нема лимитирана горна граница за конзумирање на сребрена вода ( накнадно ќе ти го најдам овој линк на минување го прочитав) а за ФДА ќе ти постирам дека наведуваат дека немА ни еден случај на заболен, отровен или добил аргирија од СРЕБРЕНА ВОДА.

и на крај кој фактор си ти да тврдиш нешто демек така е и сега јас или некој друг што користи сребрена вода да се објаснуваме со тебе.
мене ме интересираат конкретни работи а не теории. МЕНЕ МИ ПОМОГНА И МИ ПОМАГА А ЗА ПОСЛЕДИЦИ НЕ СУМ ЧУЛ.
 
Член од
29 септември 2007
Мислења
245
Поени од реакции
17
А за кои конкетно сметаш дека не се релевантни и зошто така сметаш?
Овој пост од Шведска , па тие повеќе се загрижени за средината при ископ на сребро одколку за целите на нивното користење, и да постираш жена со аргирија и да напишеш така „медицински студиски“ Е ВАКОВ КЕ СТАНЕШ АКО КОНЗУМИРАШ СРЕБРЕНА ВОДА баш и не ми држи вода и на крај повикуваат да не се купува ништо што содржи сребро (ни облека, предмети за домаќинство итн.) тие се еден вид СРЕБРЕТАРЈАНЦИ
:pos2:
многу ти е релевантен постот

Ти пробај да дадеш некој од сајтот на европска комисија што со име и презиме го тврди спротивното... Остај документи од 1921 и од Нигерија... по тебе сите дома во подрум може да си произведува и да си пие...

Башка не ми одговори за проблемот со консумацијата на раствор со сребрени јони.

Ама тоа е вообичаено за тебе да не одговараш на нешто што не ти се допага... Само сакал ти или не тоа е реалност што не зависи од тебе и твоите интереси.

Ако си запнал слободно можеш да се тровиш само пред да ги убедуваш и другите да се троват одговори ми за проблемот поставен погоре...

Јас не негирам дека среброто има примени во медицина ниту пак дека во некои случаи помага.

Разликата е во декларирањето дека треба да се пие секој ден, дека нема горна граница на консумација, дека е решение за едно чудо болести и најмногу дека се работи за раствор со сребрени јони кои по природа се нестабилни а овде се декларираат како супер сигурни...

Ти пишуваш за отров (сол сребро хлорид ) а никако да најдам податоци дека некој се отровил од сребрената вода(сигурно ќе имаше на интренет или медиумите за тоа.

И затоа што неможеш да најдеш тоа не е така? :pos2:

Можеби понатаму во иднината ке се развијат нови лекови врз база на биоактивноста на среброто ама дека моментално далеку е од ова. Со децении се нема инвестирано во истражувања и развој во оваа насока, па нема ни медицински студии ниту пак прифатени цврсти докази за ефектите и реакциите поврзани со тешките метали.

Има многу цврсти докази ама не им одговара на фармацевските куќи. Од што ќе се богатат тие. Секоји постирам ден ќе ти постирам по некое истражување.

Да фармацевските компании се богатат на наш грб, тоа не е спорно, ама покрај нив нема потреба и со ова да се тровиме за да од некој направиме алтернативен фармацевтски богаташ со недоволно развиена технологија и приказни од прва рака.

Збориме за секојдневна консумација на нестабилен раствор од јони на тежок метал овде, ако некој не разбира во што се состои токсичноста од тежок метал нека си провери на интернет.

Првин постирај решение за нестабилен РАСТВОР од сребени јони...

А ваму некој во подрум со наводна електролиза полни некаков раствор па декларира и пропагира глупости... Ова само кај нас го може... Нека проба нека ја извезува во ЕУ или УСА или Јапонија да види како ке си помине...

за твоја информација низ цел свет се продава без проблем (првата вода што ја купив беше од германија) а апаратчиња за домашно производство се продаваат на секој чекор.

Да, да сега сите дома ке си играме доктори и хемичари... Абе еј 100 години не им беше текнало на лугето ама еве сега е моментот... сега сите се доктори... еј може да бидам доктор Хаус? Ужас
...

На крај краева греота е за болните луге...

За кои болни луѓе , па таа се препорачува да се пие како превентива а не како лек одкога ќе се разболи некој.

Ајде вака...

Јавно на плоштад ке правиме раствор со електолиза и веднаш ке ја пиеш, секој ден по 2 литра, нели нема горна граница, и ако за 6 месеци си жив и здрав ке направиш огромна услуга на сите баш како што пропагираш овде.

Башка веднаш ке се разнесе веста по цел свет и фармацевските компании ке пропаднат оти сите ке се купат апаратчиња, у подрум ке произведуваат раствори, болните луге низ цел свет ке се сведат на минимум пола од сега, а ти ке си богат и славен.

Докторе како е филмот? :pos2::pos2::pos2:

сега ти пичувам со големи букви:
НИТИ СУМ ФИЗИЧАР , НИТИ ХЕМИЧАР ЗА ДА ЗНАМ КАКО СЕ ПРОИЗВЕДУВА ВОДАТА КАЈ ОНИЕ ШТО ЈА ПРОИЗВЕДУВААТ , јас ти напишав како ја произведуваат во домашни услови и како никој до сега немал проблем со отрови.

Да ова не важи за доктори, физичари и хемичари, они знаат и за нив важи токсичноста а за дугите бидејки не знаат се ке биде нормално... барем некое време...

за СЗО напишав дека нема лимитирана горна граница за конзумирање на сребрена вода ( накнадно ќе ти го најдам овој линк на минување го прочитав) а за ФДА ќе ти постирам дека наведуваат дека немА ни еден случај на заболен, отровен или добил аргирија од СРЕБРЕНА ВОДА.

ајде чекам толку време :vozbud:

и на крај кој фактор си ти да тврдиш нешто демек така е и сега јас или некој друг што користи сребрена вода да се објаснуваме со тебе.
мене ме интересираат конкретни работи а не теории.

А ти кој фактор си?

Види си ги прашањата и одговорите... одговараш каде можеш половично а она што е незгодно за одговарање го изоставуваш...
иако претходно даваш еднаш мислење, еднаш тврдење, еднаш искуство, па ретерираш демек не знаеш не си хемичар итн...

Знаеш ова се чита и од други па секој нека си донесе мислење.

МЕНЕ МИ ПОМОГНА И МИ ПОМАГА А ЗА ПОСЛЕДИЦИ НЕ СУМ ЧУЛ.

Да можеби ти помогна да здиплиш некоја пара повеке од лугето, и иако сега не ти се слуша за последици, повеке од сигурно е дека ке чуеш од истите луге, ама ке чуеш пцовки, клетви, тужби и во случај да дојде работата до куршум, ова би ти било последно нешто што ке чуеш...

Се надевам дека навреме ке се свестиш пред да направиш белја...

И конечно супер би било некој да инвестира во истражување на лекарства базирани на сребро и кое евентуално би довело до докажани и сигурни лекови пред да се пуштат на пазар.

А за ова што сега се случува на пазарот дефинитвно некој ке одговара...
 
Член од
25 јуни 2007
Мислења
53
Поени од реакции
1
What happens when colloidal silver is ingested? Upon ingestion, the ionic silver present in most colloidal silver solutions will immediately come into contact with the hydrochloric (HCl) acid that normally exists in the stomach to digest food. The chloride ion from the hydrochloric acid combines at once with the silver ion to form silver chloride, an insoluble silver compound. Since hydrochloric acid does not dissolve metallic silver, the silver particles remain unaffected by the stomach acid. Some of the remaining silver particles, due to their nanometer size will pass easily through the lining of the gastro-intestinal tract and will be absorbed into the bloodstream where they will circulate and come in contact with pathogens which will be killed on contact. The silver chloride that precipitates in the stomach consists of large molecules. Silver chloride that is not absorbed into the bloodstream will be passed out of the body with solid waste. Silver chloride that does get absorbed through the lining of the GI tract into the bloodstream will be removed by the kidneys and passed out of the body in urine

Е оваа ти е решение за РАСТВОР со нестабилни јони.
Незнам како си со англискиот (се надевам подобро од хемијата), ама ова го најдов за хлороводородната киселина и сребрената вода.
Сега очекувам од тебе in vivo лабараториски доказ

Е сега жити бога кажи каде ја ги убедував луѓето да купат одредена вода , или некому сум сугерирал дека сигурно ќе му помогне.
На овој форум единствено ти силуваш мислење а ја тука демек се бранам(така ти ја заврте цела работа)

За постови нема што јас да ти барам ги има еден куп ама очигледно ти не ги читаш до крај или ги читаш тие што пишуваат за.......уствари што се објаснувам јас со тебе.

Со човек со „болни“ филмови во глава не се докажува. Ако ти неможеш да прифатиш дека во светот ( а во Русија и официјално лек ,не е мое да ти докажам најди си) има нешто што за 10-20 евра (зависно каде во светот го купуваш) имаш превентива на 650 вируси и бактерии и повеќе од 50 милиони го конзумираат тоа е твој проблем.
што не ја започнеш твојата борба против сребрената вода во германија(сега паднаа и визите слободно ќе одиш) па тужи ги аптеките зашто таму секоја аптека сама си ја прави (те молам не ме прашувај како)
и зошто така шестоко не ги нападнеш тамифлу за кој секој ден читаме какви последици прави кај луѓето или други лекови кој се плаќаат цело богатсво а имаат катастрофални нус појави (пак ќе те прашам ЗА КОЈА НУС ПОЈАВА СИ ЧУЛ,СРЕТНАЛ,ПРОЧИТАЛ ОД КОЛОИДНА СРЕБРЕНА ВОДА?).

и читај го оваа:
ПРВ ПАТ ЈА КУПИВ ПО ПРЕПОРАКА ОД ДОКТОР И ПРОФЕСОР ПО ХЕМИЈА!!!!!!!!!
п.с. најжално е што не го разбираш тоа што го пишувам ( никогаш не кажав да луѓето сами во подрум си произведуваат тогаш добиваат сребрен нитрат, никогаш не кажав да пијат по 2 литра , никогаш не давам мој одговор туку пишував за тоа што може да се сретне на интернет итн.)
 
Одлично кажано... само и овде заборавиле да кажат каде одат честиците што стигнале до клетките преку крвотокот... случајно нели :vozbud:
Башка сајтот е доста интересен и има што да се види и спореди.

А кој сака да експериментира слободно нека ги игнорира моите коментари и прашања.

Е оваа ти е решение за РАСТВОР со нестабилни јони.

Конечно си кажа РАСТВОР а не чиста вода... за жал не овде не завршува приказната... Што ако овие нестабилни јони се врзат со нешто друго пред да стигнат до желудникот? Што правиме тогаш? :vozbud:

Незнам како си со англискиот (се надевам подобро од хемијата), ама ова го најдов за хлороводородната киселина и сребрената вода.

Како што гледаш супер ми оди и со двете... Ништо не кажав погрешно досега :helou:

Сега очекувам од тебе in vivo лабараториски доказ

Тоа ке си го докаже произведувачот на поинакви инстанци... си
има процедура и надлежни за ова...

Е сега жити бога кажи каде ја ги убедував луѓето да купат одредена вода , или некому сум сугерирал дека сигурно ќе му помогне.

Да да ништо ти не знаеш, од Марс си паднат...

На овој форум единствено ти силуваш мислење а ја тука демек се бранам(така ти ја заврте цела работа)

Што од тоа што јас кажав не е така? А зошто мислиш дека силувам мислење? Да не е обратно?

Барем овде се гледа кој што пишувал...

За постови нема што јас да ти барам ги има еден куп ама очигледно ти не ги читаш до крај или ги читаш тие што пишуваат за.......уствари што се објаснувам јас со тебе.

Абе има бетер од мене овде... :pos2:

На овој форум ич не ти треба да градиш маркетинг кампања за производ што најблаго речено е недокажан и сомнителен.

Со човек со „болни“ филмови во глава не се докажува. Ако ти неможеш да прифатиш дека во светот ( а во Русија и официјално лек ,не е мое да ти докажам најди си) има нешто што за 10-20 евра (зависно каде во светот го купуваш) имаш превентива на 650 вируси и бактерии и повеќе од 50 милиони го конзумираат тоа е твој проблем.

има многу болни во светот... исто има многу профитери...

што не ја започнеш твојата борба против сребрената вода во германија(сега паднаа и визите слободно ќе одиш) па тужи ги аптеките зашто таму секоја аптека сама си ја прави (те молам не ме прашувај како)

Мојата борба? Така ме перципираш? :pos2:

Дефинитвно ти пречам а? :wink:

Незнам како е во Германија и искрено ич не ми е гајле за Германија...

и зошто така шестоко не ги нападнеш тамифлу за кој секој ден читаме какви последици прави кај луѓето или други лекови кој се плаќаат цело богатсво а имаат катастрофални нус појави (пак ќе те прашам ЗА КОЈА НУС ПОЈАВА СИ ЧУЛ,СРЕТНАЛ,ПРОЧИТАЛ ОД КОЛОИДНА СРЕБРЕНА ВОДА?).

Имам и други постови за вакцини тамифлу и слични глупости... само ти и твојот производ сте ми локални па знаеш, мисли глобално делувај локално. :smir:

и читај го оваа:

ПРВ ПАТ ЈА КУПИВ ПО ПРЕПОРАКА ОД ДОКТОР И ПРОФЕСОР ПО ХЕМИЈА!!!!!!!!!

Име и презиме на тој доктор и професор?

п.с. најжално е што не го разбираш тоа што го пишувам ( никогаш не кажав да луѓето сами во подрум си произведуваат тогаш добиваат сребрен нитрат, никогаш не кажав да пијат по 2 литра , никогаш не давам мој одговор туку пишував за тоа што може да се сретне на интернет итн.)

Да де така, ти си просветлен и не те разбираме, и ти не кажа ништо а цитираше и даваше лично искуство, демек не си заинтерсиран и немаш никаков интерес а од петни жили пробуваш да докажеш, не препорачуваш одреден производ а пишуваш иницијали, имаш апаратче дома ама пак подобро е да се купи од аптека... незнаеш како се прави а даваш постапка... Имаш талент за маркетинг да... Само што проблемот е во производот...

Ова нека ти биде мотивација за да си го подобриш производот па кога ке го истестираш и докажеш дојди пак овде.
Од сите типови на профитери, воените и здравствените се најодвратни...
 
Член од
25 јуни 2007
Мислења
53
Поени од реакции
1
Одлично кажано... само и овде заборавиле да кажат каде одат честиците што стигнале до клетките преку крвотокот... случајно нели :vozbud:
will be absorbed into the bloodstream where they will circulate and come in contact with pathogens which will be killed on contact.
после преку линфниот систем или мокрачата се исфлаат надвор.
сега гледаш ли дека не читаш до крај.

Башка сајтот е доста интересен и има што да се види и спореди.

А кој сака да експериментира слободно нека ги игнорира моите коментари и прашања.
Доказ дека силуваш мислење

Конечно си кажа РАСТВОР а не чиста вода... за жал не овде не завршува приказната... Што ако овие нестабилни јони се врзат со нешто друго пред да стигнат до желудникот? Што правиме тогаш?

Со што да се врзат? Сега ќе почнеш си со шпекулативни мислења.Тебе те цитирав затоа и беше со големи букви РАСТВОР(Првин постирај решение за нестабилен РАСТВОР од сребени јони...) оти ти така напиша а јас упорно сакам да ти објаснам дека тука најмногу грешат.(Види во постарите постови)

Како што гледаш супер ми оди и со двете... Ништо не кажав погрешно досега :helou:
Дека не ти оди баш англискиот еве ти доказ, прочитај убаво и одново
Silver chloride that is not absorbed into the bloodstream will be passed out of the body with solid waste. Silver chloride that does get absorbed through the lining of the GI tract into the bloodstream will be removed by the kidneys and passed out of the body in urine

Тоа ке си го докаже произведувачот на поинакви инстанци... си
има процедура и надлежни за ова...
Па тоа упорно ти го кажувам , зошто не контактираш некој од производителите (домашни, странски,) по мејл, постави им ги овие прашања(пошто имаш повеќе познавања од нас) и после зависно од тоа задоволен или незадоволен од одговорите ќе дискутираме а не тука уште мене ме третираш како производител(искрено и ме замараш)

Да да ништо ти не знаеш, од Марс си паднат...
Е оваа се твоите факти .........(Оф мори мајко и др)

Што од тоа што јас кажав не е така? А зошто мислиш дека силувам мислење? Да не е обратно?
ШТО КАЖА ГРЕШКА??????ПРВО: среброто не било антибиотик и антисептик па ајде после испадна дека било.
ВТОРО: со електролиза(моја грешка беше најизменичната струја) не се добивало колоидно сребро , ај после се добивало ама јонот што е слободен е нестабилен и прави отров со HCL
ТРЕТО :е сега не е баш отров и не се таложи баш ама проблем е што со тоа во крвта. Сега горе и за тоа имаш одговор(сам кажа дека е добар сајтот)

На овој форум ич не ти треба да градиш маркетинг кампања за производ што најблаго речено е недокажан и сомнителен.

1.Сега сакам да ми одговориш како јас градам маркетинг?
2.Кој бренд го спомнав?
3.Кому му кажав дека мора да пие сребрена вода?

На овој форум сум , зашто ме интересира темата и зашто очекував да споделам искуства за луќе што ја користат а не да ги споделувам информациите што јас си ги барав и најдов за водата. Кој има интерес повеќе нека си чита и сам ќе си реши што да прави.(далеку сме ние од спрски форуми и хрватски кај што стварно може многу работи да се научат на тема сребрена вода, и таму да не ја продавам?).
Ти ако мислиш дека јас можам некого да убедам да пие или пак ти да убедиш да не пие, тогаш стварно ги потценуваш луѓето што се низ форумите.

има многу болни во светот... исто има многу профитери...
профитери колку сакаш, почнувајќи од НОВАРТИС, БАКСТЕР(тие се најсвежи) и сите фармациски куќи.
Колку богаташи познаваш што продаваат сребрена вода?

Мојата борба? Така ме перципираш?
Не воопшто јас така не те партиципирам ама ти така се постави(некој ке лежи затвор подолго време или ке попие сребрен куршум во чело,Да не само што некој од РЗЗЗ ке го крка туку и други оти има надлежни за вакви лакрдии посебно во квази епидемија.)

Дефинитвно ти пречам а? :wink:
Воопшто не ми пречиш, туку со твојата провокација ( во постарите постови кој ги постирав за друг форумџија кажав дека сепак имаш познавања и се трудиш со факти да пишуваш) се повеќе наоѓам работи кој не сум ги знаел(пр. HCL) барав информација и ме задоволи одговорот.Се надевам уште ќе има од дискусијата па може и ќе дојдеме до ист став ( дека не чини па јас ќе престанам да ја конзумирам или дека навистина помага па ќе почнеш и ти да ја користиш)

Незнам како е во Германија и искрено ич не ми е гајле за Германија...
Треба да ти е гајле оти ти спомна дека ваков производ да има во јапонија или европа ќе летале глави( оваа е од мене додадено), ама еве сепак има се продава и е доказ дека не е отров ( нема ваљда фармацевти да продаваат отров)

Имам и други постови за вакцини тамифлу и слични глупости... само ти и твојот производ сте ми локални па знаеш, мисли глобално делувај локално. :smir:
Се сложуваме дека за вакцините ке најдеш еден куп проблеми затоа пак те прашувам како „локалец“:КОЈА НУС ПОЈАВА СИ ЧУЛ,СРЕТНАЛ,ПРОЧИТАЛ ОД КОЛОИДНА СРЕБРЕНА ВОДА?

Име и презиме на тој доктор и професор?
Докторот не смеам да го кажам сепак зима плата од официјалната медицина и работи во воената болница (беше во Авганистан еве ти хинт) а професорот треба да го прашам дали ќе дозволи да го спомнам.

Да де така, ти си просветлен и не те разбираме, и ти не кажа ништо а цитираше и даваше лично искуство, демек не си заинтерсиран и немаш никаков интерес а од петни жили пробуваш да докажеш, не препорачуваш одреден производ а пишуваш иницијали, имаш апаратче дома ама пак подобро е да се купи од аптека... незнаеш како се прави а даваш постапка... Имаш талент за маркетинг да... Само што проблемот е во производот...
Пошто форумот е за сребрена вода кажав лично искуство , оти ме праша за РЗЗЗ ти одговорив за кој производ ми дадоа информација, дека и јас бев заебан правејки сребрена вода со апаратче бев и тоа сакав да го објаснам,
незнам како го произведуваат компаниите а со апаратчето постапката ја имаш на секој втор сајт за сребрена вода.КОЈ ПРОИЗВОД НЕ МИ ЧИНИ?( викаш не ти чини производот)

Ова нека ти биде мотивација за да си го подобриш производот па кога ке го истестираш и докажеш дојди пак овде.
како што напишав оваа ми е мотивација да барам повеќе информации за сребрената вода и со секое ново пребарување се повеќе ѓи осознавам неверојатните својства на водата.А ако сакаш да мотивираш производители пиши им.прашање : НАБРОЈ МИ НЕКОЛКУ ЗДРАВСТВЕНИ ПРОФИТЕРИ?(чисто да ти го знам ставот)п.с. пробај ја сребрената вода после бричење, чудо прави на кожата.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
16.860
Поени од реакции
10.223
Во врска со ова се наоѓаат интересни податоци во однос на официјално не/признавањето и официјалните експерименти во институциите.

Како минерал среброто треба да се внесе преку исхраната. Го има во морската КРУПНА, а не ситна СОЛ, како и во растенијата, меѓутоа поради испостеноста на почвата како и употребата на вештачките ѓубрива во растенијата недостасуваат битни метали и минерали како што се јодот, среброто, златото,цинкот, платината, индиумот, германиумот, бакарот и др. Затоа нашиот одбранбен систем е многу намален и резултира со енормно ширење на болести . Сребрената вода било главно средство за лечење во официјалната медицина, меѓутоа со воведувањето на новите методи на Пастер овој лек се повлекува од пазарот на кој се продавал по висока цена. Во 1983 Министерството на здравје на САД го призна како лек и дозволи да се продава без рецепти, со што се потврдува фактот дека не постои никаква штета од него.
Среброто на голема врата се враќа касните 70 години од 20 век кога екипа на лекари од Универзитетот за Медицина Вашингтон случајно ги забележуваат неверојатните резултати на среброто при уништување на микроорганизмите. Па така од тогаш па до денес повеќе лаборатории, универзитети, клиники вршат најразновидни испитувања и доаѓаат во фантастични резултати а како пример ќе ги наведеме истражувањата на Универзитетот Северен Тексас кои изолирале неколку вируси, бактерии и ин-витро делувале врз нив и ги добиле следниве резултати:
........
Друго истражување кое било направено на Микробиолошкото оделение на Универзитетот Бригам Јанг покажува дека среброто и во мала концентрација е смртоносно за огромен број заразни бактерии:
............................
Доктор Роберт Бекер , професор по ортопедија на Универзитетот Њујорк и еден од најголемите истражувачи за примената на среброто во медицината ја запазува врската помеѓу ниското ниво на среброто во организмот и заболувањата како и бавната регенерација на коските.Луѓето со ниско ниво на сребро во организмот се често болни, имаат безброј прехлади, грип, треска, воспаленија и други болести.Д-р Бекер тврди дека недостатокот на сребро е причина за лошо функцинирање на имунолошкиот систем но сепак своето воодушевување го изразува преку изјавата: „Среброто го забрзува зарастувањето на коската и регенерацијата на повредените меки ткива за повеќе од 50%.Гледав како коскените и меките ткива кај пациенти постари од 50 години во присуство на сребро се регенерираат со иста брзина како и кај мали деца“.
Доктор Гери Смит, познат американски научник и истражувач на канцерогените заболувања пишува:„Многу е можно да среброто е клучно поврзано со правилната работа на природниот одбрамбен систем.При недостаток на сребро се нарушува имунитетот на човекот, што во повеќето случаеви води до канцерогени заболувања.Мислам дека недостатокот на сребро во организмот е главна причина за постоење на ракот и за таков зголемен раст на заболени од рак во светот.
Како и за другите алтернативни препарати и средства, мислењата се секогаш поделени. Но секогаш пишува (што е и нормално) прво консултација со доктор.
In addition, the U.S. Food and Drug Administration (FDA) has recently approved an endotracheal breathing tube with a fine coat of silver for use in mechanical ventilation, after studies found it reduced the risk of ventilator-associated pneumonia.[11]
Овде пак пишува
Health Canada is advising Canadians not
to use the unauthorized product Colloidal Silver Water 20ppm
, because
of the potential health risk to consumers.
Unauthorized Colloidal Silver Water Product May Pose Health Risk
......
An accumulation of silver in the body from prolonged consumption can
lead to a condition called generalized argyria, which is the permanent
bluish-gray discoloration of the skin, eyes and nails.
Којзнае што е точно, досега што имам читано низ македонски форуми и сајтови, ниеден корисник се нема пожалено на менување на тен или некој друг проблем.
 
Член од
25 јуни 2007
Мислења
53
Поени од реакции
1
Во врска со ова се наоѓаат интересни податоци во однос на официјално не/признавањето и официјалните експерименти во институциите.

Како и за другите алтернативни препарати и средства, мислењата се секогаш поделени. Но секогаш пишува (што е и нормално) прво консултација со доктор.

Овде пак пишува
Којзнае што е точно, досега што имам читано низ македонски форуми и сајтови, ниеден корисник се нема пожалено на менување на тен или некој друг проблем.
Фала богу некој да каже нешто по отворено и реално , само проблем сега тебе ќе те прогласат за производител и за здравствен профитер.
Поздрав
 
Член од
28 март 2006
Мислења
16.860
Поени од реакции
10.223
Фала богу некој да каже нешто по отворено и реално , само проблем сега тебе ќе те прогласат за производител и за здравствен профитер.
Поздрав
До пред 5-6 години бев ептен против вакви и слични паралелни лекарства. Од тогаш (од ...причина) не дека ги бранам слепо овие препарати туку секогаш сум резервиран во исказот дека се или не се добри. Доколку човек користи некоја алтернатива (конкретно ние користевме варумин и подолго време и се осеќа фино и доколку се консултира (тоа е најбитно) со добро информиран доктор...немам ништо против :)
Посебно за болештини од кои дига раце официјалната медицина.
 
па така и јас го видов овој форум, да споделиме искуства , некогаш за себе а некогаш за најблиските.
Со годините осознаваме повеќе работи, ни се губи наивноста и стануваме по внимателни па прво проверуваме одпосле користиме.
Дискусиите носам позитивни работи во секој случај

со сигурност знам дека е успешна кај:
КАНДИДА И ПОРЕМЕТЕНА PH ВРЕДНОСТ КАЈ ВАГИНАТА КАЈ БРЕМЕНИ ЖЕНИ(жена ми , и еден куп нејзини пријателки)
ПАРАДЕНТОЗА И ЗАБЕН КАМЕН ( кај мене)
ПСОРЕАЗА (комшика)
ОСТЕОПОРОЗА (професор по хемија кој ја користи 3 години до пред 2,5 години неможеше да стои истравено користејки само сребрена вода денес е витален и здрав)
ВОСПАЛЕНИ КРАЈНИЦИ (со години есен-пролет или на променливо време веднаш ми се воспалуваа крајниците , фала богу 1,5 немам никаков проблем)

е оваа се искуства кои јас ги знам ако некој има други слободно да споделиме
Поздрав
 
На врв Bottom