Колку често правите превентивен гинеколошки преглед?

Колку често правите превентивен гинеколошки преглед?


  • Вкупно гласачи
    11
Член од
25 септември 2014
Мислења
16
Поени од реакции
12
Најпрво, сакам да се извинам ако слична теме веќе постои некаде, јас сум нов на форумов не успеав вака да видам, па ако има слободно бришете... Целта на темава ми е, да ги прашаме припадничките на понежниот пол, колку често прават превентивен гинеколошки преглед? Особено помладите членови и тинејџерки, дали некоја редовно превентивно почнала да прави преглед или секогаш тоа се случува кога има гинеколошка симптоматологија ...
 
Член од
17 јули 2010
Мислења
1.421
Поени од реакции
2.203
Едниот - foot fetish, овој - гинеколошки преглед, сВе пациенти и се прво мислење им е тоа, се наполни форумов со манијаци.

Не беше вака порано...
Не избрзувај со проценката, ете човекот имаше пишано дека студира медицина, можда се интересира за оваа област :).

Иначе јас правам 1 годишно преглед, и редовно пап тест (сега морам за 2 години да правам пак), и микробиолошки, не дека имам нешто, не дај Боже, ама мене мирна да ми е главата :).
 
Член од
15 април 2013
Мислења
1.038
Поени од реакции
796
Свесна сум за рано откривање рак, свесна сум дека е важно да знам што носам во себе... свесна сум дека колку сум поздрава толку подолго ќе ме имаат децата.... се ми е јасно

Немам направено преглед без да имам бебе или сепса во мене.
Никогаш немам направено пап тест.
Имам чувство дека не ми е ништо.

Од друга страна имам едно коренче од заб во устата. имам чувство дека тоа ако не ме убие со некаква инфекција ќе живеам 90 години. секогаш кога мислам на здравје прво помислувам на него. И не ми испаѓа момент да го средам.

Ништо ни од свеста ни од предчувствата, не одам на лекар додека не дојде време други да ме носат таму.
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Свесна сум за рано откривање рак, свесна сум дека е важно да знам што носам во себе... свесна сум дека колку сум поздрава толку подолго ќе ме имаат децата.... се ми е јасно

Немам направено преглед без да имам бебе или сепса во мене.
Никогаш немам направено пап тест.
Имам чувство дека не ми е ништо.

Од друга страна имам едно коренче од заб во устата. имам чувство дека тоа ако не ме убие со некаква инфекција ќе живеам 90 години. секогаш кога мислам на здравје прво помислувам на него. И не ми испаѓа момент да го средам.

Ништо ни од свеста ни од предчувствата, не одам на лекар додека не дојде време други да ме носат таму.
Интересно. Свесна за ризиците, но контра разумот. Секоја жена мора да оди еднаш годишно на гинеколошки преглед и преглед на дојки. И би отишла чекор понапред тоа да биде регулирано и законски со високи казни доколку некоја жена не оди. Само така жената ќе сфати дека превентивниот преглед може да значи живот. Особено ако жената има родено. Бројот на заболени жени е доста голем од карцином на матка и гради. А нас не не кошта ништо, барем еднаш годишно да одвоиме по половина час за преглед. Не боли, не е страшно, напротив паметно е.

Погледнете околу вас колку жени се борат со ракот и колку од нив починаа. Млади на 30тина,40тина години со мали деца зад нив. Зарем тоа не ви дава мотив да се јавите на гинеколог и да закажете термин?

Од кога паметам за мене мајка ми оди на редовен гинеколошки преглед и преглед на дојки. Јас одам од 16 години редовно секоја година.
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.489
Одам еднаш годишно секако и мора да се оди, настрана од ова што го збори Леандра, ракот на дојките поготово зема огромен замав последниве неколку години. Имаше случај на клиника каде што на една жена и пуштил метастази во стомак но така тешко беше скриен изворот што го открија после милијарда скенови. Жената секако почина за жал но поука дека не се игра со вакви работи. Едно е да си хипохондрик и да се притресуваш на секое кивање, друго е редовен преглед. Препорачувам дури и темелни прегледи на телото.

п.с. Во Систина имаат еден млад лекар, препорачувам :РРРРР
 
N

Nessa Alcarin

Гостин
Јас одам на 6 месеци. Ама моето е контрола после операцијата на Фиброаденомот. По дур сум на ехо на дојка, си закажувам и пап тест.
Мајка ми од тие редовни контроли (еднаш годишно), успеа да открие и да ја среди цистата на градата и миомот на едниот јајник. Немаше никакви индикации дека нешто не е во ред со нејзиното тело, но ако не се прегледуваше редовно, мислам дека можеше да се случи најлошото.
 

CafeDelMar

Luminance
Член од
29 октомври 2007
Мислења
6.502
Поени од реакции
14.677
Пред една година ми почина прва братучетка на 30 години од карцином на јајници. Верувам дека да одела барем еднаш годишно немало да се случи тоа, ќе се реагирало навреме.
Од друга страна на сестра ми пред 6 години на редовна контрола и открија Цин 3, додека стигна до операција стана карцином. Ако не била на преглед сигурно немаше да помине само со вадење на грлото на матката.
Затоа апел до сите - еднаш годишно саат време за себе не ве чини многу!
 
Член од
13 февруари 2015
Мислења
102
Поени од реакции
161
Да не има број некој од Александра Еклер ?
Или било кој гинеколог добар во Прилеп ?
 

Kajgana Shop

На врв Bottom