Општи вело муабети, прашања, совети

RebelMk

₪ ₪ ₪
Член од
18 октомври 2010
Мислења
1.680
Поени од реакции
1.019
Знае ли некој како се користи ова читам ALL IN ONE.
??? 510ibuW8RNL.jpg
 
Член од
9 јули 2012
Мислења
8
Поени од реакции
2
Здраво, имам МТБ тежок 20 кг и имам проблем со задната главина. Велосипедот е со V-brake кочници и е со freewheel. Не се разбирам премногу во поправки, но изгледа имам проблеми со главината, чашките или лагерите бидејќи слушам континуирано крцкање (или како нешто да се крши) иако велосипедот е добро подмачкан внатре во лагерите. Целото тркало добива мала луфта после 1км возење, откако ќе го затегнам левиот конус (кој е капаче и конус) од левата страна. Моментално имам главина "од пазар", па се сомневам во квалитетот на главината. Дали некој може да ми препорача и од каде може да се набави поквалитетна-поцврста задна главина за шимано freewheel? Лагерите се сменети пред 2 месеци.. Секој совет за отклонување на проблемот е добредојден!
Поздрав :)
 
Член од
24 февруари 2015
Мислења
14
Поени од реакции
1
Здраво јас сум нов на темава. Барам совет од поискусни. Се работи за касета на МТБ. Имам касета Shimano Alivio 9s 11-32t треба да ја менувам бидејки сменив ланец и сега кога вртам под оптеретување ланецот прерипува. Е сега сакам да прашам дали може освен оваа Alivio да се стави и друга марка на касета, пример Sram исто 9s дали ке пасува на главината бидејки таа ми е исто така shimano. Благодарам однапред. Поздрав :)
 
ficdogg

221b
Член од
29 септември 2008
Мислења
1.105
Поени од реакции
699

Повеќе звучи како проблем со штелање на некој од дереилерите, одма да скокаш на мењање касета поради сменет ланец е непотребно екстремен потег.
 
Не знам што се дереилери ако може потедално да ми објасниш што е тоа и како се штела. Дали ке можам сам да средам или ке мора да се носи на мајстор. Поздрав
Сега видов мислам дека не е проблем во мењачот бидејки ланецот не прерипува во друг запчаник туку си стои на ист запчаник исто како кога е развлечен ланецот, мојот ланец беше развлечен го сменив ама пак прерипува.
 
Последно уредено:

Martinmkd

Roadie
Член од
20 мај 2009
Мислења
296
Поени од реакции
412
Здраво јас сум нов на темава. Барам совет од поискусни. Се работи за касета на МТБ. Имам касета Shimano Alivio 9s 11-32t треба да ја менувам бидејки сменив ланец и сега кога вртам под оптеретување ланецот прерипува. Е сега сакам да прашам дали може освен оваа Alivio да се стави и друга марка на касета, пример Sram исто 9s дали ке пасува на главината бидејки таа ми е исто така shimano. Благодарам однапред. Поздрав :)
Да, можеш да ставиш касета произведена од SRAM, или пак да се одлучиш за касета од Shimano, но уште пониска класа од Alivio (поефтино ќе ти дојде). Shimano и SRAM се монтираат на ист тип на главина, изворно развиена од Shimano.

P.S. Можда треба да ги погледнеш и предните запчаници, чим стигнала работава до прерипнување запци :)

Здраво, имам МТБ тежок 20 кг и имам проблем со задната главина. Велосипедот е со V-brake кочници и е со freewheel. Не се разбирам премногу во поправки, но изгледа имам проблеми со главината, чашките или лагерите бидејќи слушам континуирано крцкање (или како нешто да се крши) иако велосипедот е добро подмачкан внатре во лагерите. Целото тркало добива мала луфта после 1км возење, откако ќе го затегнам левиот конус (кој е капаче и конус) од левата страна. Моментално имам главина "од пазар", па се сомневам во квалитетот на главината. Дали некој може да ми препорача и од каде може да се набави поквалитетна-поцврста задна главина за шимано freewheel? Лагерите се сменети пред 2 месеци.. Секој совет за отклонување на проблемот е добредојден!
Поздрав :)
Бидејќи за изразување користам многу физички движења, ако почнам да ти објаснувам на пишано како да ја „затегнеш“ главината, нема да се сфатиме. На кратко, за убаво да ја наштелуваш да лизга по лагерите, кај freewheel тип на главини самата касета мора да се извади за да се има подобар пристап до лагерите.
Во твојов случај, ако долго време си го тркалал точакот така, крцкањето е можно поради:
1. Кршење на шољиците во самата главина, каде што лизгаат лагерите
2. Кршење на лагерчињата (ако се со „пазарски“ квалитет).
3. Најбезболната опција, само да треба нова маст и убаво штелување.

Најдобро ти е дијагнозата да ја постави некој точкар (ако не ти се трошат многу пари, барај постар, маалски точкар што може и да „закрпи“ работа, големите сервиси не крпат, само менуваат).
 
Член од
4 јануари 2015
Мислења
1.151
Поени од реакции
512
Многу сакам да возам леле кој сака да возимее???
 
Член од
24 февруари 2015
Мислења
14
Поени од реакции
1
Да, можеш да ставиш касета произведена од SRAM, или пак да се одлучиш за касета од Shimano, но уште пониска класа од Alivio (поефтино ќе ти дојде). Shimano и SRAM се монтираат на ист тип на главина, изворно развиена од Shimano.

P.S. Можда треба да ги погледнеш и предните запчаници, чим стигнала работава до прерипнување запци :)

Бидејќи за изразување користам многу физички движења, ако почнам да ти објаснувам на пишано како да ја „затегнеш“ главината, нема да се сфатиме. На кратко, за убаво да ја наштелуваш да лизга по лагерите, кај freewheel тип на главини самата касета мора да се извади за да се има подобар пристап до лагерите.
Во твојов случај, ако долго време си го тркалал точакот така, крцкањето е можно поради:
1. Кршење на шољиците во самата главина, каде што лизгаат лагерите
2. Кршење на лагерчињата (ако се со „пазарски“ квалитет).
3. Најбезболната опција, само да треба нова маст и убаво штелување.

Најдобро ти е дијагнозата да ја постави некој точкар (ако не ти се трошат многу пари, барај постар, маалски точкар што може и да „закрпи“ работа, големите сервиси не крпат, само менуваат).
Благодарам многу. Инаку и предните запци не се баш во добра состојба доста се итрошени, но прво ке почнам од делови кои се условно поевтини(ланец и касета) доколку пак има проблем да прерипува тогаш ке мора да мењам и погон
 
Член од
11 ноември 2009
Мислења
50
Поени од реакции
8
Здраво дечки, во план сум да купам точак следнава недела па разгледав викендов во неколку продавници што избор има. Освен тоа што ми кажаа дека ми треба величина S, неам некои посебни преференци, точакот ќе се користи главно за рекреација низ град и би било пожелно да можам да го возам до Водно по асфалт.
Знам дека се досадни вакви прашања од почетници ко мене, но би ви бил благодарен ако ми дадете некој предлог за велосипед од 20-30000 денари. Би ми користел совет и кај да барам освен во Про Спорт, Вучко и таа продавницата спроти Градски парк.

Најмногу око ми фати http://www.pro-sport.com.mk/Default.aspx?id=fa43991e-a1d5-4989-ba16-79a09e229ae6 со 10% попуст би искочил околу 26к. Вреди ли точаков за таа сума или да барам на друго место?
 
Член од
19 март 2013
Мислења
329
Поени од реакции
177

За возење по асфалт не ти треба МТБ. Да си земиш некој хибрид за тие пари на старо ќе најдеш солиден точак и сигурно ќе биде 4-5 кила полесен од МТБ.

Sent from my Redmi Note 3 using Tapatalk
 
Препорака за некој конкретен модел?
 
ficdogg

221b
Член од
29 септември 2008
Мислења
1.105
Поени од реакции
699
Дечки некоја препорака за дисаѓи/бисаѓи/торби за багажник :D. До сега видов само Topeak во про спорт, но се малку соленки.
 
ficdogg

221b
Член од
29 септември 2008
Мислења
1.105
Поени од реакции
699
Член од
11 ноември 2009
Мислења
50
Поени од реакции
8
Пиши колку си висок, за да може да се одреди големина на рамка.

Добар точак ако му одговара XL рамка.
Пишав горе дека ми треба најверојатно S според тоа што ми препорачаа во продавниците, 165cm сум висок.

Супер изглеа точаков ама сигурно не сум ја за XL :)
 
Kajgana Shop

На врв Bottom