Општи вело муабети, прашања, совети

ficdogg

221b
Член од
29 септември 2008
Мислења
1.105
Поени од реакции
699
Вака сега, разгледував за испорака на велосипед преку интернет и за три велосипеди што сум заинтересиран има премногу различна цена на испорака... некој да ми објасни зошто е вака

на пример од evanscycles за испорака чини 58 евра до македонија

rosebikes.com за испорака на истиот модел на велосипед rosepro sl 200 има варијанта со 18еур и 250 евра delivery cost.

canyon - пак има 500+ евра цена за испорака а велосипедите се тука некаде по bang-for-buck со rose

Друго прашање... Дали е можно да се избегни плаќање царина и ддв ако на пример - со авион заминиш до германија/англија - купиш велосипед и се вратиш назад со него спакуван ? Дали е можно таков багаж да носиш итн...
на канјон мислам дека е 300 евра до македонија.
И јас ја разлгедував опцијата до германија и назад со авион, но проблемот е транспорт на точакот. Треба да се распрашаш кои се цените и условите, пример со wizair мислам дека беше доплата 1600 денара(во еден правец) за спортска опрема, што најверојатно е и за точаци. Но сите авиокомпании бараат точакот да е спакуван во кутија без ништо да штрчи(GCN имаат видео за ова) така да ако го донесеш во оригинал кутија шансите се големи да те царинат. Во секој случај со нов точак не дерат на здраво во државава, без разлика дали од тука ќе купиш или не.
Ако си авантуристички расположен, прелетај до германија, па вози накај дома :P, за една недела преку италија/албанија си дома :LOL:
 
Член од
2 март 2017
Мислења
4
Поени од реакции
1

ili uste podobra varijanta, nazad so avtobus do pred granica i vlez vo MKD so velosiped (taka da potoa ke se falis deka vozejki od GER si dosol)
 
Член од
9 ноември 2008
Мислења
28
Поени од реакции
3
ili uste podobra varijanta, nazad so avtobus do pred granica i vlez vo MKD so velosiped (taka da potoa ke se falis deka vozejki od GER si dosol)
ама тогаш како функционира царината? купуваш од странство и е твое - ако влезиш во македонија со нешто што е твое дали те царинат/ддв?
 
G

Goldie

Гостин
ама тогаш како функционира царината? купуваш од странство и е твое - ако влезиш во македонија со нешто што е твое дали те царинат/ддв?
Има разлика од твое “старо“ до твое “ново“ така луѓето внесуваат отпакувани лаптопи, ајфони итн

Е сега како оди ова со велосипедите не сум сигурен, пример дали имаат можност да проверат со што и како си испаднал а сега се враќаш со велосипед :D
 
Член од
9 ноември 2008
Мислења
28
Поени од реакции
3
Има разлика од твое “старо“ до твое “ново“ така луѓето внесуваат отпакувани лаптопи, ајфони итн

Е сега како оди ова со велосипедите не сум сигурен, пример дали имаат можност да проверат со што и како си испаднал а сега се враќаш со велосипед :D
Ама пак не ми е јасно, тргнувам со веќе спакуван велосипед (од дедоми железниот во кутија професионално изработена)

Ја носам со авион http://i.imgur.com/qdAxgkC.jpg до Германија/Англија - слегувам од авион - купувам велосипед, го пакувам во истата кутија, а стариот велосипед го оставам вград билокаде, и се враќам?

Можеби ова звучи како детско размислување, но сепак - не разбирам како ова функционира...
 
Член од
11 април 2012
Мислења
4.279
Поени од реакции
4.687
Има разлика од твое “старо“ до твое “ново“ така луѓето внесуваат отпакувани лаптопи, ајфони итн

Е сега како оди ова со велосипедите не сум сигурен, пример дали имаат можност да проверат со што и како си испаднал а сега се враќаш со велосипед :D
и да имаат можност да проверат, ќе летам од србија и назад до таму :)
они немаат можност да не царинат зашто не сме нивни државјани, а за враќање ќе си го возиш точачето :)
 
Член од
19 март 2013
Мислења
329
Поени од реакции
177
Планирам да возам тура од околу 210 км. Ако може од поискусните некој совет во однос на храната пред и во текот на турата.
 
Член од
27 октомври 2015
Мислења
253
Поени од реакции
60
Планирам да возам тура од околу 210 км. Ако може од поискусните некој совет во однос на храната пред и во текот на турата.
сигурен си за овие 210 км, спремен си физички, психички, само храната е проблем?
 
Martinmkd

Roadie
Член од
20 мај 2009
Мислења
296
Поени од реакции
412
Планирам да возам тура од околу 210 км. Ако може од поискусните некој совет во однос на храната пред и во текот на турата.
Само да надополнам на советот на @Acohipmk, бананите и бонжитите се јадат пред да почне да ти се јаде. Ако почне да ти се јаде, е више касно :D

Лично за тура од 210 километри би имал со себе 7 банани темпирани на 30км интервали, надополнети со бонжити кога ќе ми посака организмот. Може ќе ме напраи некој будала што ќе влечам 7 банани со мене, ама сепак возиме да уживаме, не да преживуваме во последните километри. :)

Состави мала галерија од шетањето и опиши ни како си поминал во темава :) Среќен пат!
 
RebelMk

₪ ₪ ₪
Член од
18 октомври 2010
Мислења
1.680
Поени од реакции
1.019
Планирам да возам тура од околу 210 км. Ако може од поискусните некој совет во однос на храната пред и во текот на турата.
Мапа од турава може ?
Инаку браво смел чекор :) 210 во еден ден ТОП, само не знам дали со МТБ или Роуд ќе ја возиш ?
 
ficdogg

221b
Член од
29 септември 2008
Мислења
1.105
Поени од реакции
699
За долги тури важни се течности и јагленихидрати, но и да не се претерува со јадење. Јас обично вечерта пред да возам јадам шпагети или макарони, да бидам сигурен дека резервите на јаглени хидрати во телото се полни. Сабајле пред да тргнам кроасана со чоколадо. Останатото е се на пат.

Како што кажа мартин погоре важно е да јадеш пред да ти се пријаде, затоа што додека возиш тешко и дека ќе осетиш глад, еден момент ќе возиш нормално, следниот ќе почне да ти се стемнува пред очи и снемуваш сила. Ова го викаат hitting the wall, bonking, не само што знае да биде опасно на пат, туку ако дојдеш до таа точка, ќе ти требаат недела две да се вратиш целосно во нормала од физички аспект.

Зависно од човек до човек но организамот може некаде околу 60-80 грама јаглени хидрати на саат да процесира, повеќе од тоа е непотребно. Банани се добар предлог но не се баш практични, 7 банани се килоипол-две, кај ке ги носиш, а и ќе им треба време да се сварат, едноставни јаглени хидрати се подобар избор за да не се задржува јадењето долго во стомакот.

Јас лично идам со комбинација од две шишиња(710мл) леден чај и бонжити. Едно шише течности, те чај на на саат и по една бонжита на секој 30 минути, според математиката испадна одлична доза на јаглени хидрати за мене. Леден чај и бонжити се едноставна и ефтина опција, плус можеш да надополниш резерви на било која бензинска станица. Кога сум при крај со второто шише застанувам на првата бензинска и купувам 1.5л шише леден чај и докупувам бонжити ако ми требаат, правам пауза 10тина минути и после пак на точак додека не се потрошат шишињата :D.
Лично ти препорачувам да темпираш јадење според време, не км, 1км на рамно и 1км на планина се многу различни. Ако е жешко и течностите ги пијам на 10-15 мин интервали.

Ако си релативно физички спремен, и јадеш како што треба на пат, ќе ги извозиш километрите без да осетиш замор.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom