Колку често возите велосипед?

Дискусија во форумот 'Велосипедизам' започната од TheMask, 10 март 2008.

  1. M-1

    M-1 Добро утро Махачкала!

    Член од:
    6 септември 2010
    Мислења:
    3.885
    Допаѓања:
    6.522
    Ево линкче постирал МартинМкд (погоре), ѕирни си ко шо кажа Мартина за недела дена во Пробајк, ако уште немаш одлучено или купено.
    Само чинам дека овие на сликата ми гледаат како да се со 26 инчи тркала.
    РСТ Омега, реално ништо спектакуларно, најосновна ентри левел виљушка.
     
    На Patience му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Nexon

    Nexon

    Член од:
    30 ноември 2015
    Мислења:
    17
    Допаѓања:
    1
    Мислење за http://modusbike.com.mk/produkt/velosipedi/galaxy-ml200
    Со каков квалитет на кочници располага ?
    Знам ке кажете подобро половен но јас сакан барем со каква-таква гаранција. Велосипедот ќе биде користен за рекреативи цели.
     
  3. RebelMk

    RebelMk ₪ ₪ ₪

    Член од:
    18 октомври 2010
    Мислења:
    1.230
    Допаѓања:
    570
    Можеби е надвор од темата но сепак сметам дека има елементи поврзани со велосипедизмот.
    Не знам за вас но лично јас возам 50+км па неретко навлегувам во рурални средини каде се позачестени се 'стадата овци', а со нив и 'овчарските кучиња'. Страшна работа !! Големи се како мечки. Во една прилика добро е што имаше 'овчар' инаку ние 3ца не би го делеле воздухот на планетава. Да постои барем некаков орган во државава да се погрижи стадата да бидат на високите места. Имаме сигурно 3-4 случаеви во државава кога овчарски кучиња растргнале луѓе.
     
    На Bubache му/ѝ се допаѓа ова.
  4. ficdogg

    ficdogg 221b

    Член од:
    29 септември 2008
    Мислења:
    1.017
    Допаѓања:
    622
    Ако има овци има и овчар, така да ако треба викни ќе се појави од некоја сенка. Отварај уши кога се приближуваш до некое село, ако слушнеш ѕвонѕи, внимавај. Но во главно ти си ги фатил на одење на паша или на враќање, кај мене често ми се случува да ги фатам како преминуваат пат, така да си застанам на 100 метра од нив и чекам да поминат.

    Еднаш со другар возевме, веќе се стемни, кога од една кривина 4-5 шарпланинци се стрчаа, за среќа широк пат беше па ги видовме на време, префрлање во 52ка и спринт, ги оставивме во прашина.
    Мене пострашни ми се баш селски кучиња, затоа што никој нема огради, ниту ги врзува па кога не се на паша со овците, се шетаат кај сакаат, а селава немаат баш нај нај патишта така да не можеш секогаш да рачунаш дека ќе ги претркаш, а и ако викнеш тешко ќе те чуе некој. Заради такви случки избегнувам да влегувам во села.
    Моја филозофија е ако идеш на непознати места, држи се до асфалт.
     
  5. RebelMk

    RebelMk ₪ ₪ ₪

    Член од:
    18 октомври 2010
    Мислења:
    1.230
    Допаѓања:
    570
    Еднаш 3ца ни стрчаа 3-4 големи кучиња. За моја 'среќа' овие 2цава прелетаа побрзо јас загледан бев последен :D Можеш да замислиш ако не беше овчарот да им свирне буквално ќе завршев како девојчето од кичевско.
    КАТАСТРОФА.
    Во населено место не можеш да возиш од коли, камиони, мотори, а надвор од населено се почести се стадата :(
    Денес баш возам и овчарот ми вели "Немај гајле ако се стрчаат ќе ги земам со стапот" ... си велам додека стигнеш ти јас завршив во болница :) .
    КАТАСТРОФА.
     
    На Bubache му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Martinmkd

    Martinmkd Roadie

    Член од:
    20 мај 2009
    Мислења:
    183
    Допаѓања:
    258
    Бидејќи прашуваш за кочници, чинам ќе го користиш велосипедов за некаков си спуст. Друже, извини што ќе те разочарам, ама овој велосипед има т.н. помодарски кочници, или механички диск кочници од непознат производител кои се тука само за изглед. Бонус на тоа е што ако пробаш да се спуштиш по било каков офроуд спуст, таа гаранција која ја бараш за нов точак ќе ти треба, и тоа како.

    Знам дека не сакаш да ти кршат филм дека новите ефтини точаци се лоши, ама ова е навистина лош точак, особено за намената за која во некој претходен пост кажа дека би го користел.
     
  7. _BerzerkeR_

    _BerzerkeR_

    Член од:
    29 март 2013
    Мислења:
    1.960
    Допаѓања:
    1.798
    Дечки, дај бе нека помогни некој!
    Барам велосипед до кај 150 евра. Прво, не можам да се одлучам дали нов или на старо (пр. од овие што ги увезуваат од странство), а после не знам што да барам, каква марка и остали работи поврзани со тоа.

    Некој да предложи нешто, да кажи некој совет?
     
  8. Martinmkd

    Martinmkd Roadie

    Член од:
    20 мај 2009
    Мислења:
    183
    Допаѓања:
    258
    Јас морам да ти се извинам што ти се истурив во претходен пост, мислев дека си членот од друг муабет кој поставуваше слично прашање на твоето, и баш исто за кочници прашуваше.
     
  9. Nexon

    Nexon

    Член од:
    30 ноември 2015
    Мислења:
    17
    Допаѓања:
    1
    Не е проблем :) јас велосипедот нема да го користам по некој тешки оффроад патишта, туку по некој асфалтирани патишта со некој поблаги спустови.
     
  10. Acohipmk

    Acohipmk Манипулативна кокошка.

    Член од:
    3 ноември 2008
    Мислења:
    1.215
    Допаѓања:
    1.631
    Да собереш уште 150 евра.
     
    На Bubache му/ѝ се допаѓа ова.
  11. SATiSFACTiONS

    SATiSFACTiONS

    Член од:
    2 март 2017
    Мислења:
    4
    Допаѓања:
    1
    Decki vo vrska so ishranata, sto e najdobro da se konsumira pred,za vreme i posle naporen trening
     
    На Bubache му/ѝ се допаѓа ова.
  12. _BerzerkeR_

    _BerzerkeR_

    Член од:
    29 март 2013
    Мислења:
    1.960
    Допаѓања:
    1.798
    И да си купам веспа, ваљда...
    ?
     
    На krkac му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Acohipmk

    Acohipmk Манипулативна кокошка.

    Член од:
    3 ноември 2008
    Мислења:
    1.215
    Допаѓања:
    1.631
    Не се разбирам во веспи баш многу. Ама со 300 евра можеш точак за до пазар да купиш. :)
    Сериозно, не можеш ни на старо да најдеш нешто посаглам за 150 евра. Барем 250-300 евра.
    П.С. Не менувам добар точак за никаква веспа. ;)
     
    На Bubache му/ѝ се допаѓа ова.
  14. _BerzerkeR_

    _BerzerkeR_

    Член од:
    29 март 2013
    Мислења:
    1.960
    Допаѓања:
    1.798
    Па не ја гледам потреба од 300+ евра за точак, барем за мене...
     
  15. Milanez`

    Milanez` Tutta lα miα vitα...

    Член од:
    6 август 2007
    Мислења:
    13.382
    Допаѓања:
    4.251
    Здраво, сакам да купим точак онаке за низ град-села до 200 евра па ако може некој да стае линк од некој точак... глеав на интернет ама не се разбирам многу со големината на рамојте и гумите незнам каков да наручам... ја сум 1.90 висок
     

Сподели преку: