Колку совесно работат медицинските лица?

Член од
7 септември 2016
Мислења
19.404
Поени од реакции
34.398
Кој е крив за ваква ситуација? Дали овие медицински лица од инфективно и детско одделение од Клиничка болница Битола совесно работаат?
...ајде да се вратиме малку поназад, да ни станат работите малку појасни!
... пред 2005 година сите болници беа организирани како Медицински Центар каде се давале здравствени услуги во сите сегменти координирано од општи лекар до специјалист, со приватизација на примарното здравство во 2005 год сите општи лекари, педијатри, стоматолози, гинеколози, станале приватни и истите се носители на приватна здравствена дејност кои склучуваат поединечно договор со Фондот за здравство за давање здравствени услуги и стануваат „Матични“ !



...Медицинскиот Центар се поделува на Општа Болница или Клиничка болница од една страна која е директно под централна ингиренција од Министерство за здравство, и на Здравствен Дом од друга страна кој е директно под локална самоуправа.



... во Општите болници или Клиничките болници како секударно здравство има одделенија (како дадените детско и инфективно) каде пациентите се упатуваат со упат да лежат при нивното лекување, а специјалистите за соодветните болести кои работаат во смена се задолжени да се грижат за тие пациенти што лежат, додека тие пациенти кои им треба САМО специјалистичко консултирање и преглед одат со закажување со „Мој термин“ или со приоритет во амбулантите на тие одделенија (ехо, екг ), додека сите пациенти кои им треба здраствена услуга со давање на болнички лек поради моментален колико напад, тровање и слично што при смирување на тегобите за неколку часа си одат дома, ваква услуга треба да биде дадена во Здравствениот Дом во оделот Брза Помош каде треба да има простории за вакви пациенти и три медицински екипи, едните на терен за домашна посета, други за Брза помош услуга и трета екипа која ќе ги прима ваквите пациенти со моментални проблеми за да им се даде болнички лек, инфузија и потоа по смирување на состојбата да се пуштат дома, а доколку ситуацијата не се подобрува напротив се влошува тогаш истите треба да дадат упат за болничко лекување со лежење во одделенијата Општите Болници т.е. Клиничките болници каде за болниот ќе се грижи соодветен специјалист 24 ч!

upload_2019-2-7_17-35-44.jpeg


- за тоа како функционира Здравствениот Дом е повикана локалната самоуправа и Градоначалникот!
...проблемот на работење на Брза помош САМО како транспорт на болниот или само давање на лице место итна помош, но не и лечење на вакви случаеви со болнички лекови како ги спомнав, туку проблемот околу примање на болнички лек на пациентот го префрлуваат директно на одделенијата каде дежураат еден или двајца специјалисти кои се грижат за пациенти што лежат, а не сите пациенти кои треба да им се пружи помош ако немаат оправданост да се задржат со денови во болница!
Затоа доаѓа до вакви несакани ситуации да специјалистите се револтирани кога дежураат да работаат повеќе отколку кога се СИТЕ присутни во прва смена во амбулантите и тогаш треба да имаат 20, 50 прегледи вкупно сите, а не да се грижи дежурниот специјалист за сите пациенти кои лежат плус дополнително од овие пациенти кои не се за лежење туку само за интервенција со болнички лек и смирување на тегобите!
И со право се револтирани и пациентите кои не знаат кај да се обратат и како да постапат, а здраствената ситуација им е загрозена, а и специјалистите кои се одговорни за најмалку 2о пациенти кои лежат и плус да вршат дополнителни прегледи, консултирање, давање болнички лек на најмалку 30 пациенти кои би дошле за време на негово дежурство,а не треба да лежат во болница!
Преоптоварено е секундарно здравство поради неправилна координација и неработење на примарното здравство т.е матичните лекари и Здравствениот Дом!
п.с.
Инаку етиката на однесувањето, нервозите од двете страни ги разбирам и верувајте никој не е крив туку се криви локалната самоуправа која го координира Здравствениот Дом, а Министерот за здравство ги има матичните лекари „ Под лер “ со никаква одговорност во попладневните и предвечерните часови каде пациентот апсолутно не знае каде да бара здраствена услуга, па оди директно на одделние!
... а тоа која како се однесува, како контактира е според воспитувањето и нивото на свеста, но сепак нема оправдување се додека го има облечено белиот мантил да се однесува некоректно, неетички кон пациентот посебно ако е дете во прашање, оти никој не иде од луксуз во болница, а интересно дека никој не превзема мерки за ваква ситуација ниту самите специјалисти кои се проптоварени, а само покажуваат нервоза во погрешен правец и ништо друго!:toe:
 

Kadaif

M.D.
Член од
21 јануари 2008
Мислења
6.229
Поени од реакции
7.039
Опремата во овие клинички болници во внатрешноста е на ниво 1989 година.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom