Колку сме глупи како народ?

DBack

gloveless
Член од
19 декември 2007
Мислења
5.372
Поени од реакции
2.556
Нормално, не прашувам дали сме 37% или 126 глупи, туку онака, во однос на останативе народи за кои имате претстава. Колку сме цепаници? Многу поише, тамам ко повеќето, не сме глупи, ли, него само се чини така од страна? Што ли?

Ја ко што глеам, финансиски сме ептен неписмени. Демократија сме дудуци. Закони и право, уметност, култура - слабо... Спорт за малку, скоро ич. Медиумски не разбираме многу-многу. Нешто посебна интелектуала не ни се двои...

Толку ли сме глупи или глумиме лудуло? Што викате?
 

Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.171
Поени од реакции
34.298
Вратено од Канта во Општи муабети. Има голем потенцијал темава, а богами и доста материјал за искажување.
Онака, на секој му дошло во одреден момент (а на некој постојано) да се почувствува разочарано од сопствениот народ. Па, пукајте! :)

@DBack, одлична тема!
 

Manga

Golem alat
Член од
21 април 2006
Мислења
7.662
Поени од реакции
4.728
Личноста е паметна,луѓето се глупи паничари.Имаме премногу сеграгација во многу полиња,па ништо чудно што не функционираме како заедница*

*За Македонците,малцинствата се држат некако.
 

bokser_mk

Баксуз
Член од
29 јануари 2012
Мислења
1.361
Поени од реакции
1.822
za glupi sme mnogu a od sto sme glupi bedni sme so plata i najmizerni .....
mozda samo bosancive od balkanov nas se malku pomizerni inace .....
so sme si glup narod sme ke mu dae nekoja si platicka 18000 i misli site zivotni problemi mu se reseni i oleka si zatupuva i e zadovolen od zivotot mesto da se nadograduva
glup glup aj
 

liberij

ТЕРИРЕМ
Член од
3 април 2012
Мислења
2.037
Поени од реакции
1.018
Глупоста= поделеност, неединство.
 

LordDragonII

Dr.Strangelove
Член од
15 август 2008
Мислења
10.995
Поени од реакции
5.725
Незнам кои параметри, фактори треба да ги земеме или по кои стандарди да мериме во сооднос со некоја друга страна?

Општо земено; економски, правен, социјален (образовен/педагошки посебно) , културен па во поседно време и традициско/религиски аспект сме со незадоволително ниво во сооднос со западниот свет, западен Балкан, па дури и со некои наши соседи (да не речам со 3, а другите 2 мислам дека брзо ќе не преминат).

Географската положба, историските прилики и гео политиката се меѓу главните фактори според мене.

Да не ја должам многу (тоа треба социолозите) мислам дека нашето општество или народ е во слободен пад после 91ва (осамостојувањето) или малку подоцна (што е логички) во транзицискиот период (преминот од социјализам кон капитализам и политичкиот плурализам кои доведе владеење на плутократија, многу сурово владеење).

Во 20век има нагорна линија поради смената на општественото уредување (комунизам, после WW2; сме скокнале бајаги етапи во општествениот развој) а за пред тоа сами знаеме дека простор за маневар, мало морген. (среден век и Османлии)

Иако сме стар народ во млада држава (суверена) едно време мислев дека ќе сме по прогресивни (пр. Словенија, некои земји од источниот блок) но денес мислам дека дното ни е загарантирано.[DOUBLEPOST=1410621639][/DOUBLEPOST]
Глупоста= поделеност, неединство.
Има еден поим, се нарекува Балканизација. :)

Обединувањето и сепарацијата се две спротиставени страни но секогаш има трета страа на медалјонот, никој не ни е крив ако имаме ниска севест и не ја подигаме или барем таа што ја имаме, максимално не ја искористуваме.

Да направиме паралела со некои центри во нашите соседни држави мислам дека не е потребно.
 
Последно уредено:
Член од
14 јуни 2008
Мислења
1.369
Поени од реакции
1.075
Вратено од Канта во Општи муабети. Има голем потенцијал темава, а богами и доста материјал за искажување.
Онака, на секој му дошло во одреден момент (а на некој постојано) да се почувствува разочарано од сопствениот народ. Па, пукајте! :)

@DBack, одлична тема!



Преземено од @Forrest Gump.

Eдна слика 1000 зборови. Не велам дека не е убаво да имаш спомен (било каков), али ова веќе преминува во глупост.

Толку од големиот потенцијал. Е волку сме глупи ко народ. После ова може да се затвори темава.
 
Член од
25 март 2012
Мислења
8.298
Поени од реакции
4.680
Некој напишал дека малцинствата се држат некако:pos::pos::pos:
 

LordDragonII

Dr.Strangelove
Член од
15 август 2008
Мислења
10.995
Поени од реакции
5.725
Некој напишал дека малцинствата се држат некако:pos::pos::pos:
Па се држат (албанците, глупо е да негираш) бајаги како малцинство, имаат подобра позиција во нашата држава (за разлика од другите малциства па дури и од поголемиот број на мнозинството - Македонците).

Парадокс е и во иднина ќе го проучуваат социолозите, филозофите, политичките науки итн.

п.с. Да се надополнам кон мојот предходен пост;
Денес владее или попросто речено сме длабоко навлезени во процесот наречен Глобализација во кој владее индивидуализмот и поимот народност/етност веќе е ирелевантен; е сега дали тука лежи зајакот или лисицата тоа е познато.

Од друга страна сме во информатичко општество кое влијае позитивно на индивидуализмот и развивањето на личноста; имаме одреден процент на лина слобода но во склоп на системот (плутократија) сме ограничени (моќта е финансиска кој секој може да ја стекне без разлика по gens - потекло или идеолошка; демократ, комунист, либерал итн.)

Испреплетено е. (од друга... уствари прва страна; личноста има психолошка потреба за сепарација/диференцијација од другите страни т.е. да припаѓа на одреден колектив кој е различен од другите; од етнос/националност до суб-култури)

Асистанс фром психолози и социолози ис риквајрд!

Состојбата на Балканот општо е секаде иста со искучок на центрите кои гравитираат кон поразвиените држави/градови соседи. Ние не гравитираме...
 
Последно уредено:

\m/arko

A place where the beer flows like wine...
Член од
15 јануари 2008
Мислења
6.357
Поени од реакции
789
Поединечно имаме секакви, сељаци, идиоти, морони, интелектуалци, уметници, филмаџии, наркомани и секакви. Ама групно вака коа ќе ни се види менталитетот е тогаш сите сме сељаци!
 

Kajgana Shop

На врв Bottom