Работам во ИТ, стресот во претходните фирми беше огромен, притисоци, менаџери, помисли за самоубиство, brain freeze, underpaid, политики, toxic средини итн.
Чашата на се ја прелеа кога работев за една ИТ компанија од Скопје во која имав колега/и кои ми бришеа податоци од live база на модули на кои работев(бев одговорен за нив), за кои бев обвинет и добив отказ за неодговорно работење, го напуштив Скопје и си дојдов во мојот роден град.
2 месеци невработен и размислував на една тема: зошто мојата бизнис вредност би била помала од некој што работи во ЕУ/САД кога единствената разлика е локацијата.
3-от месец после многу неуспешни обиди и дополнителни страдања конечно ја дешифрирав загатката.
4 години подоцна: Одговорен за цел електронски платежен систем на компанија која прави нет профит $100M+/year and I am about to retire < 29 age.
Дали ја сакам работата? Не, неможам да ја сакам бидејќи ми ја одзима слободата и времето, неможам да се замислам на 64 години во ИТ.
Мило ми е што читам луѓе што си ја сакаат и уживаат во работата, јас никогаш не успеав да најдам баланс меѓу живот и работа, едноставно живеев со помислата за подобро утре.
Според мене секој кој што си ја сака работата (вработен) посакува нешто друго многу повеќе но нема избор или храброст поради финансии.
За жал, робството не е укинато туку е преобразено во друга форма, во денешно време слободата и идното време се купуваат со пари за кои малкумина ја имаат таа можност.