Вистинското прашање за македонски услови би било "Колку е возможно да се сака кариерата/работата во Македонија?".
Мислам ние сме евидентни робови на западот во секаков поглед, а за македонски пазар да се работи аир ретко кој видел.
Конкретно за цел ИТ сектор (дизајн, програмирање, дигитален маркетинг) имаат побарувања како да си intermediate/senior за работа која што таму би била entry level. Па познавања од ова, познавања од она, 200 сертификат, па покрај англиски добро би било уште еден добро да се знае и што уште не. А платата х10 пати помала од таа на запад. Работата репетитивна, процесите скроз автоматизирани и баба ми за 3 месеци ќе научи да работи. Банализирам, ама така е. Дури би рекол дека за секој еден оглас за вработување од било која сфера е така.
Самите огласи кои ги пуштаат од горе на овдешниве HR им се од старт нереални, а нашиве ќутат и копираат на нашите сајтови за вработување. Или пак не се замараат.
Странциве пак, покрај тоа што се клети деградирачки капиталисти, немаат претстава дека во Македонија не се живее добро со 500 евра. Доаѓаат овде, гледаат за 200-250 денари имаш добар оброк у топ ресторан, кафе 50 денари, цигари 80че. Имаат скроз погрешна претстава за тоа колку пари се доволни за пристоен живот овде. И тоа е своевиден фактор за лошата ситуација. Многу од нив мислат дека со 500 евра овде се живее топ.
Од странска фирма да добиеш покачување ради лојалност е научна фантастика, мора да се скинеш од работа за мочани 50 евра, кои најчесто ќе значат дека уште толку ќе ти ја вадат душата понатака. Знам луѓе на кои буквално им се спомнувало 50 евра покачување за да покажат подобри перформанси и резултати кои зависат од милион фактори (најмалку од се залагањето на вработениот).
Тераш 5/6 години искуство како џуниор, си накрцал 30че и едноставно не ти останува ништо друго освен да бегаш од овде и да бараш адекватни позиции на страна, бидејќи реално, дали 10 добри фирми има овде во секој сектор (бројкава е набустана). А на нив не им требаат толку вистински лидови и сениори (океј, свесен сум дека има исклучоци) туку највеќе им требаат нубови шљакачи што ќе штанцаат секој месец едно те исто, а најголем дел од младиве моментално не се као постариве по 35 години у една фирма да истераат, туку сакаат напредок, нови предизвици и константно надоградување.
Баш на редит читав муабет демек најдобар начин за добро покачување е да се најде нова работа. Во Македонија тоа е веќе долго време етаблиран факт.