Според мене три фактори се најбитни дали ви се оди или не ви се оди на работа:
- Финансии и финансиски напредок
- Кариерен напредок и платено учење од страна на компанијата
- Добра работна атмосфера
ги наредив според мене по приоритет, можеби парите се најбитни, ама и овие другите две ако не штимаат нема да ја бива работата.
Ретко која компанија ги нуди сите и не само кај нас туку секаде во светот прашање дали 10% се среќни со тоа што го работат и ги уживаат во синергија сите компоненти. Уште кога на огласи во вукојебинава ви стојат: редовна плата и осигуран сибало мајката, ме потсеќа на онаа од Изет:
Ti bi i da radis i da platu primas!
Сите не може да бидат програмери и не смее да има толку разлика во платите, ве гледам тие што сте во ИТ индустрија горе долу сте задоволни, да ок се работите во таа индустрија, познавам дечки кои одат пола ден да играат пинг понг и земаат по 1000че плата, се случува клиентот да префрла пари и овој да седи цел ден за да искуца 2-3 квериња, ама има и такви што не знаат ни децата како им изгледаат од што не се влезени дома, миграции на системи ноќни смени, прекувремено, дедлајни и повеќе време се на работа отколку дома.
Жално е што останатите професии се отепани во државава и што го раскурцаа образованието, не смееше да имаат сите факултети, па покрај сувото изгоре и зеленото, има дечки кои немаат појма од животот во тоа што го работат, арно ама знаат да се продадат или има кој да ги продаде, а има луѓе што рмбаат како луди ама не знаат да се продадат и си го пцујат животот.
Јас за жал се погодив во таа втората група, од финансиите не сум задоволен воопшто, кариерен напредок уште помалку, тежок воркохолик сум и никогаш не ми е тешко да станам и да работам, ниту пак да учам нови работи, ако заработувам добро би рмбал константно и по 16 саати на ден, али во случајов кога треба да штедиш на се и сешто и да заработуваш на пола од некој што си го лади по цел ден во истата фирма, нозете ќе ти се враќаат наназад секое утро.
Тие што советувате за промена на професија, не знам дали сте пробале да менувате професија и зборувате од искуство или чисто давате совет од тоа што сте прочитале на интернет. Практикантска работа која би добил некој што се прешалтува во програмирање нема да му носи ни 200 евра плата, со тие пари нема ни да преживее во метрополата, да не спомнуваме за кирии, кредити или уште полошо ако е фамилијарен човек, гратис камо време за учење. Најтешко нешто е промена на професија, промена на бизнис, промена на примарна дејност на бизнисот ако си бизнисмен, додека да навлезеш во тоа ќе те прегази пазарот и конкуренцијата.