Секоја професија си има предности и слабости... работам како адвокат и страшно ме заморува комуникација со луѓе, а секојдневно сум во комуникација со насилници, дилери, џанаци, лопови, преваранти и доста неурачунљиви луѓе, ај со нив некако се излегува на крај, но од кожа ме вади нефункционалноста на институциите, и страшно попиздувам и можам да кажам се распраавам со полусвет...
Од друга страна, си ја сакаам работата што е креативна, немам шеф, работам колку што мислам дека треба да работам, кафана ми е дел од работа што како што се рачунам за боем посебно ме исполнува, пари да чукнам во дрво сега за сега за нормален живот се има и највеќе ме исполнува кога се заврши раабота како што треба да се заврши и врз основа на тоа од странки стекнуваш пријатели и поштовање од истите.
Инаку имав понуда да работам во една од скопските општини како правник и уште една фирма за овие брзи кредити како управител, истото го одбив бидејќи се навикнав на овој начин на работа и како карактер нетрпам авторитет, па би ми било проблем познавајќи се себе да се навикнувам на шеф, 8/16 радно време, кривење на кичма...