Колку се редовни учениците (пратениците) на школските часови (седниците)

Bacillus gagous

Biohazardous
Член од
21 јануари 2006
Мислења
7.380
Поени од реакции
168
Додека јас тука во германија читам како пратеници и од двата дома, си поставуваат полски креветчиња во канцелариите во парламентот за да стигнат да ја завршат својата работа како претставници на народот, и во најголем процент се секогаш присутни на седници, очигледно дека кај нас пратениците во нашиот парламент повеќе се однесуваат како средношколци кои „бегаат од часови“ за да не ги фата неспремни.
Што мислите вие, во ред ли е толку да се отсуствува од првичното работно место или не, и колку тоа се одразува на целокупната политичко-економска состојба на нашата држава.
во прилог ги давам прибелешките од дневникот за присутност што го води невладината организација МОСТ прикажана во весникот „Вест“ од 28.02.2007
Вест 28.02.2007 напиша:
[FONT=Arial, Helvetica, sans-serif]МОСТ СУМИРА КОЛКУ СРАБОТИЛЕ ПРАТЕНИЦИТЕ ЗА ШЕСТ МЕСЕЦИ[/FONT]
[FONT=Arial, Helvetica, sans-serif]Ахмети само двапати виден на седница[/FONT]

[FONT=Arial, Helvetica, sans-serif] Пратеникот Ден Дончев од ВМРО - Народна направил рекордно 31 неоправдано отсуство од собраниските седници од август лани до јануари годинава, период за кој граѓанската асоцијација МОСТ го мониторираше поведението, присуството на седници и активноста на пратениците во Парламентот. Сопартиецот на Дончев Љубчо Георгиевски, пак, е рекордер по бројот на оправдани, дури 80 отсуства само за шест месеци, откако работи овој парламентарен состав. Тој бил присутен само на две од 90 седници на Собранието.
Само двапати на седница се видени и лидерот на ДУИ Али Ахмети и контроверзниот народен избраник Даут Реџепи од ДПА, познат како командант Лека. Но, според резултатите на МОСТ, Ахмети го тепа Лека со седум оправдани. Ахмети има 68, а Лека 61 оправдан, а со неоправданите отсуства стојат 20 : 27 во корист на Ахмети.
Пратеничката Роза Топузова - Каревска од ЛДП дискутирала рекордни 66 пати за споменатиот период, а најмногу амандмани поднела нејзината колешка од ВМРО - НП Весна Јаневска. Најмногу предлози за донесување закон поднеле Агрон Буџаку и Рафиз Алити од ДУИ, три предлога.
За шест месеци лидерката на СДСМ Радмила Шеќеринска заработила 22 неоправдани, сопартиецот Владо Бучковски девет и претседателот на Собранието Љубиша Георгиевски еден неоправдан. (С.К.Д.)
[/FONT]
 

The Mummy

The world is not enough
Член од
3 мај 2006
Мислења
5.415
Поени од реакции
181
Треба да биде прашањето колку не се редовни.Јас барем онака кога ќе ѕирнам на ТВ секогаш има помалку од 60 души.Само за гласање доаѓаат.И после ќе бараат поголеми плати и порано да идат у пензија демек се утепаа од работа.
 
Член од
1 март 2007
Мислења
127
Поени од реакции
0
Во македонското собрание само на 1 седница биле присутни сите пратеници.Од од тогаш па наваму никогаш не била полна.Како една земја дозволува само 60 или 70 пратеници да го водат собранието.тоа е едноставно не прифатливо.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom