за да се даде мислење на темава, мора како прво да се направи себе-евалуација на оној што се запишува на истата.
дали го прави тоа со цел да добие пракса, дали за да се надогради себе си во својата струка бидејќи многу се бараат одредени И.Т вештини за кариерен прогрес во 90% од струките. Друго, мора да се расчисти со очекувањата и претходните квалификации, работно искуство(доколку се има) и обејктивни компјутерски вештини. под објективни компјутерски вештини не подразбирам офис пакетот.
мора реално да се пристапи на овие прашања, за да го извадите максимумот од кој и да е курс или академија, и да знаете на што сте, и да не губите мотивација во текот на процесот.
она што е генерално и што можам со сигурност да го тврдам, бидејќи и самиот сум запишан на една од "најреспектираните" и.т академии во државава, е дека се стрикно фокусирани да те спремат до тој степен колку да можеш да си обезбедиш пракса, а не да научиш. Иако, реално и кратко траат за да може нешто да научиш. истото важи 100% за секоја академија.
Ги гледам оние курсеви што се за дигитален маркетинг (бидејќи го работам тоа), и морам да кажам дека според програмата те спремаат да бидеш она што фали на и.т пазарот во Македонија - да бидеш штанцач, да попунуваш дупки и да бидеш на пракса 6/7 месеци и да работиш едно те исто цело време, на репетитивни работи, без голема објективна слобода во работата, и најбитно од се, да земаш 350 евра плата (ефтина работна рака). тоа па со праксата 6 месеци ми е најсмешно од се. но има луѓе кои преку тоа го гледаат излезот, и тоа е сосема океј. за да влезеш entry level во некоја фирма како marketing executive, да речам, буквално нема потреба да имаш курс или академија, можеш сосема сам да дојдеш до тоа ниво. истото би рекол дека важи за front end девелопер да дојдеш до пракса. сеа што нашиве и.т експерти се себе-вреднуваат до плафон и го прават тоа дека е тооооолку комплексно е друга работа.
На сите академии нема скоро никаков филтер врз база на позадина, скилови и што сакаш да постигнеш со курсот. Те учат да бидеш штанцач и да дојдеш до пракса, пошто на фирмиве во државава од тој сектор им фали кадар што "ќе оди пеш" и ќе го прави она што на западњакот му е под ниво, и најбитно од се, за ништожни пари. Очигледно е дека доста од академиите си соработуваат со фирми и на овој начин наоѓаат луѓе во неволја што се спремни да штанцаат и да сменат кариера. bonus points: праење пари преку курсевите, што сепак не се некои големи суми, но пак имаат профит од ова.
Има една и само една добра компонента во нив, а тоа е што доколку си запишан на курс ќе бидеш попосветен него тоа да го правиш преку удеми. Иако и ова си зависи, сепак кај мене е така. пробав преку удеми, се заебавав, одложував и тн.
Друга работа е што во константа се овер-рејтира целиот сектор во државата, се доведува програмирањето до ниво на квантна физика, од повеќе причини кои не се битни сега. голем дел од луѓето кои не се и.т ги гледаат програмерите како богови, лабава работа, без замарање, искачање на цигарче кога се сака, лабави дедлајни, добар дел од нив и од дома работат и тн и тн. но, прави програмери во државава се многу малце. доминантен дел се штанцачи и слепи егзекутори на наредби "од горе". ти имаш само (РЕЛАТИВНА) слобода како ќе го решиш проблемот, ништо повеќе. проблемите, таргетите и замислите се дадени од "горе", а ти само имаш задача да го материјализираш тоа што они го замислиле. и во многу случаеви материјализирањето им е доведено до праг на автоматизација, буквално скоро се ти е поставено од претходно, ти само треба да изодиш до финиш линијата, за да амерот/германецот тоа не го прави.
уште нешто, многу од академииве се нетранспарентни во поглед на едукаторите/тренерите на истите. пошо многу кадарни луѓе не им се нафаќаат да предаваат, најголем дел од предавачите се луѓе што имаат 3, евентуално 4 години работно искуство, работеле на максимум 3/4 проекти или апликации и 90% од нив работеле само во една фирма. ретко која академија/курс открива какви компетенции имаат тренерите, што е многу многу лошо.
Не викам дека се лоша ствар, но за да не се "изгорите", мора да напраите малку подетална анализа на себе си пред да направите одлука. Hајчесто ги слушаш и ти ги пренесуваат позитивните приказни, кои се скоцкани на едно Коста Петров пр ниво што е 2 левели посуптилно од реклама на топ шоп. Демек правник бил/а до пред 6 месеци, сеа е вработен/а како дизајнер. океј, колку пари зема, колку време бил/а на пракса, дали е вработен/а привремено или има трајно решение?
The devil is in the details.