Колку се Македонците религиозни?

Дали верувате во постоењето на Бог? Одберете го одговорот кој најдобро ја опишува вашата позиција.

  • Верувам во постоењето на Бог, така како што е опишано во религиските книги

    Гласови: 38 25,0%
  • Верувам во постоењето на Бог, но не во целосната вистинитост и точност на религиските тврдења

    Гласови: 26 17,1%
  • Не верувам во Бог, но учествувам во религиските обреди кои за мене имаат само традициско значење

    Гласови: 19 12,5%
  • Не верувам во Бог/божества, но возможно е постоење на некој друг вид на виша сила

    Гласови: 14 9,2%
  • Невозможно е да се даде конечен одговор во врска со постоењето на Бог/божества

    Гласови: 16 10,5%
  • Бог/божества и други форми на виша сила не постојат.

    Гласови: 39 25,7%

  • Вкупно гласачи
    152

SuBZerO

Бигус Дикус
Член од
26 јануари 2007
Мислења
3.859
Поени од реакции
4.791
болестите на психата немаат благе везе со биохемиските процеси на молекуларно ниво‘ и дека истите болести имаат свој корен во човековата гордост, острастеност и похотност, а само во краен случај, иако не ретко, имаат врска и со човековата демоноопседнатост.
Spored tvoevo veruvanje...znaci li deka kaj 3 godisno dete so daunov sindrom bolesta se pojavila poradi negovata gordost,ostrarstenost i pohotnost ili mozda e delo na demon?
Суб,

како и обично, „..на погрешно прашање, се дава погрешен одговор...„.
Kade ja najde greskata? Prasanjeto si e na mesto!
 

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
11.651
Поени од реакции
11.680
Зависи од периоди... многу малку се оние кои навистина се посветени на одредена религија во Македонија.
Претежно се е адети, без да се знае вистинската симболика и значение на нештата.

Во сешто верува Македонецот, од се може да си создаде религија, божествен концепт што ќе го обожава :)
 

Joshua_Tree

Samo na minuvanje...
Член од
21 март 2010
Мислења
1.304
Поени од реакции
4.649
...колку и сите останати луѓе на планетава
...поважно е прашањето: "Колку религиските службеници веруваат во луѓето?!?" :)
...очигледно си ја сватиле буквално улогата на "овчари" па само ги молзат "овците"
 

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
11.651
Поени од реакции
11.680
...колку и сите останати луѓе на планетава
...поважно е прашањето: "Колку религиските службеници веруваат во луѓето?!?" :)
...очигледно си ја сватиле буквално улогата на "овчари" па само ги молзат "овците"
Офтопик: интересни ми се ... на почеток на реченицата иако не се потребни :) Сигурно многу mIRC на времето и останало тоа како навика :)

Онтопик: Свештеникот/Свештеничката треба да е светлина, да привлекува не да турка, да не е прв, туку последен меѓу луѓето, да служи секому и да е патоказ во нивните религиозни искуства со минимално мешање во внатрешниот свет на човекот...
И не смее да има „молзење“ ниту во финансиска ниту психолошка/психичка смисла...

Така ќе биде народот религиозен, но не и фанатик, ќе верува но ќе знае до каде е чекорот...
 

Joshua_Tree

Samo na minuvanje...
Член од
21 март 2010
Мислења
1.304
Поени од реакции
4.649
Офтопик: интересни ми се ... на почеток на реченицата иако не се потребни :) Сигурно многу mIRC на времето и останало тоа како навика :)

Онтопик: Свештеникот/Свештеничката треба да е светлина, да привлекува не да турка, да не е прв, туку последен меѓу луѓето, да служи секому и да е патоказ во нивните религиозни искуства со минимално мешање во внатрешниот свет на човекот...
И не смее да има „молзење“ ниту во финансиска ниту психолошка/психичка смисла...
...тоа што ти го напиша е утопија,а тоа што јас го напишав е реалност ;)
 

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
11.651
Поени од реакции
11.680
...тоа што ти го напиша е утопија,а тоа што јас го напишав е реалност ;)
Тоа што јас го напишав е тајност, тоа што ти го пишуваш е за старите религии и нивното дејствување меѓу мирјаните ;)
 

Joshua_Tree

Samo na minuvanje...
Член од
21 март 2010
Мислења
1.304
Поени од реакции
4.649
...и не ми ги чепкај точките :)
...објасни ми ја тајноста,сакам да дознаам нешто повеќе за тој твој став
 

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
11.651
Поени од реакции
11.680
...и не ми ги чепкај точките :)
...објасни ми ја тајноста,сакам да дознаам нешто повеќе за тој твој став
Тоа не е мој став како оригинална мисла, тоа е нешто што сум го среќавал во учењата од минатото, а и сега... дека религијата не е збирштина да се случува нешто, религијата треба да е обожување, разбирање, искуство со божественото. Не е „туку така гости се собравме, седнавне, се запивме, партали, попот го маваме со јајца..“ :)

И тајноста не може да се објаснува.

Македонците во овој поглед воопшто не се религиозни - не можат да се замислат како Свештеници или Свештенички на највисокиот, најтајниот кој го обожуваат - затоа и го имаш она што ти го зборуваш и критикуваш.

Сите сонуваат да се авторитети и да приграбат повеќе - а треба да дадат повеќе.
 

Joshua_Tree

Samo na minuvanje...
Член од
21 март 2010
Мислења
1.304
Поени од реакции
4.649
Тоа не е мој став како оригинална мисла, тоа е нешто што сум го среќавал во учењата од минатото, а и сега... дека религијата не е збирштина да се случува нешто, религијата треба да е обожување, разбирање, искуство со божественото. Не е „туку така гости се собравме, седнавне, се запивме, партали, попот го маваме со јајца..“ :)

И тајноста не може да се објаснува.

Македонците во овој поглед воопшто не се религиозни - не можат да се замислат како Свештеници или Свештенички на највисокиот, најтајниот кој го обожуваат - затоа и го имаш она што ти го зборуваш и критикуваш.

Сите сонуваат да се авторитети и да приграбат повеќе - а треба да дадат повеќе.
...постот ти е фантастичен,неможе да се најде еден збор кој не држи и не е на место
...непостои проблем во животните мудрости и верувања,едноставно нашата природа е таква да грабиме,поробуваме,наметнуваме свои интерпретации на истите
 

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
11.651
Поени од реакции
11.680
...постот ти е фантастичен,неможе да се најде еден збор кој не држи и не е на место
...непостои проблем во животните мудрости и верувања,едноставно нашата природа е таква да грабиме,поробуваме,наметнуваме свои интерпретации на истите
Нема лошо во своите интерпретации и како ги разбираме нештата...
Проблемот е колку практичнм од она што го објаснуваме дадено во светите книги, го правиме реално и дали може да се создаде пракса од тоа што ние сме го разбрале и како си го толкуваме од светите книги.

Ако не толкуваме сами и не надминуваме - секогаш ќе имаме потреба од духовен отец, гуру итн итн и ќе седиме до крајот на животот во нивната сенка...
 

Joshua_Tree

Samo na minuvanje...
Член од
21 март 2010
Мислења
1.304
Поени од реакции
4.649
Нема лошо во своите интерпретации и како ги разбираме нештата...
Проблемот е колку практичнм од она што го објаснуваме дадено во светите книги, го правиме реално и дали може да се создаде пракса од тоа што ние сме го разбрале и како си го толкуваме од светите книги.

Ако не толкуваме сами и не надминуваме - секогаш ќе имаме потреба од духовен отец, гуру итн итн и ќе седиме до крајот на животот во нивната сенка...
...ако има некое божество во нас,тогаш тоа не е од материјална природа
...НО,човекот како продукт на природата делува или со својот разум или со своите чувства
...резултатот е: "Чардак ни на небо,ни на земја" :)
...баш на темата појмување и искусување на нештата и појавите човеколиките се судираат со два различни концепти кои навидум немаат никакви допирни точки
...концептот на духовноста отелотворена во религиите и верувањата и концептот на науката отелотворена во фактите и материјалниот извор на нештата
...тоа "навидум" во мојот коментар служи како подтик за ваше размислување драги форумџии
 

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
11.651
Поени од реакции
11.680
...ако има некое божество во нас,тогаш тоа не е од материјална природа
...НО,човекот како продукт на природата делува или со својот разум или со своите чувства
...резултатот е: "Чардак ни на небо,ни на земја" :)
...баш на темата појмување и искусување на нештата и појавите човеколиките се судираат со два различни концепти кои навидум немаат никакви допирни точки
...концептот на духовноста отелотворена во религиите и верувањата и концептот на науката отелотворена во фактите и материјалниот извор на нештата
...тоа "навидум" во мојот коментар служи како подтик за ваше размислување драги форумџии
„Нема дел од мене што не е од боговите.“ :)

Спорд мене, нема разлика во природата од „духовно“ и „материјално“. Тоа почнува и самите науки да го покажуваат, скромно и споро...
Не постои ништо „надприродно“ бидејќи се е природа и се подлежи под закон.
И да: природата не прави скокови. Можеби е неправедна, но секогаш е точна!

Разумот, чувствата, самото постоење на човекот може да се контролира и да се усовршува, та зошто се учењата на истокот и разните религии? :)

Ми се допаѓа ова со Чардакот. Ме потсети на еден стих:
"I reveal unto you a great mystery. Ye stand between the abyss of height and the abyss of depth.
In either awaits you a Companion; and that Companion is Yourself.
Ye can have no other Companion."
Религијата (не зборувам за она што за мноштвото се двете големи религии, туку зборувам општо за религија како religare "to bind fast", via the notion of "place an obligation on," or "bond between humans and gods.") треба да почне да не бидува само „верување“ бидејќи тоа никогаш и не била целта, но колку тоа може да го направат старите религии кои се темелат на догма и избираат да се верува дека е подобра патека отколку да се истражува и да се бара искуство - не знам... според мене мислам дека не може да бидат ништо повеќе од верување.

Македонецот е на раскрсница откако го доби интернетот дома! :)
Дозна дека има многу за совладување - но некои сепак избираат „да се верува, без да се види, без да се има искуство“.
 

Joshua_Tree

Samo na minuvanje...
Член од
21 март 2010
Мислења
1.304
Поени од реакции
4.649
...нема да се сложам со твојата теорија,но нема ни да ја одфрлам
...универзално е правото на секој да верува во тоа што сака,нели?
...Македонецот не е исклучок во целиот тој склоп
Автоматски споено мислење:

...btw, не постои shortcut во нашето духовно созревање ;)
 
Член од
3 мај 2019
Мислења
17.752
Поени од реакции
9.558


Спорд мене, нема разлика во природата од „духовно“ и „материјално“.
Можеби не те разбрав убаво што сакаш да кажеш, оти многу ми пишувате замуљано, закукуљено...знаеш ти, јас на простачки начин разбирам.

Секој човек има потреба од религија, едноставно тоа му е во генот, во крвта....да верува во нешто за да задоволи некои свои особини, емоции, карактер...е сега во кој бог ќе верува тоа е негова работа....но самата помисла дека човекот поред тело, коски, органи, поседува ДУХ и Душа, го замислува уште повеќе да размислува за религии и вери.
Како можеш да правиш споредба помеѓу духовно и материјално?

Инаку, Македончето е религиозен само кога е традиција во прашање, така ни е наметната додека сме растеле и не воспитувале....се криеме зад тие обичаи иако немаме појма, а тек ако некој ни ја навреди верата, одма докажуваме на недоличен начин какви верници всушност сме.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom