Колку се Македонците религиозни?

Дали верувате во постоењето на Бог? Одберете го одговорот кој најдобро ја опишува вашата позиција.

  • Верувам во постоењето на Бог, така како што е опишано во религиските книги

    Гласови: 38 25,0%
  • Верувам во постоењето на Бог, но не во целосната вистинитост и точност на религиските тврдења

    Гласови: 26 17,1%
  • Не верувам во Бог, но учествувам во религиските обреди кои за мене имаат само традициско значење

    Гласови: 19 12,5%
  • Не верувам во Бог/божества, но возможно е постоење на некој друг вид на виша сила

    Гласови: 14 9,2%
  • Невозможно е да се даде конечен одговор во врска со постоењето на Бог/божества

    Гласови: 16 10,5%
  • Бог/божества и други форми на виша сила не постојат.

    Гласови: 39 25,7%

  • Вкупно гласачи
    152

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
11.627
Поени од реакции
11.666
Темата е колку Македонци се религиозни во Македонија. А не каква е и што е еден старо-еонски закон.
Сето друго е тепање слама и препирање помеѓу едни исти луѓе...
Досадно е веќе да ве читаме. Знаеме доволно јас мислам...
Ништо не докажувате, само се навредувате едни со други демек прикриено, а толку многу отворено се мразите!

@karan вели:
Оваа тема ја отворам со цел да ги разгледаме мислењата за степенот на религиозност на македонското население, посветеноста кон религијата, и причините за тоа (образование, возраст, пол..).

Значи кршете копја колкав е степенот на посветеност на еден македонец кон старо-еонските закони довлечкани малку подалеку од Мала Азија на ова парче земја, во однос на тоа колку се атеисти во Македонија или воопшто немаат поима од законите за кои велат дека веруваат во нив...
Нормално мешајте тука се и сешто кое што нема врска со религијата: образование, возраст, пол... само не се тепајте околу смислата на старо-еонските религии. :)

Како мали деца мерите кој може да фрли подалеку камен што ниту еден бог не може да го фрли самиот ;)

Македонецот воопшто не е религиозен ниту живее таков живот запишан од некакви си отци, старци и разни толкувачи на страо-еонските закони.
Да, верува во нешто, магловито, измешано со национализам, малку омраза кон туѓите непознати закони - што го држи да не се самоубие од безизлезноста на ова парче земја - но тоа нема врска од исполнување на тие исти закони.

П.С. Има некои млади дечки кои што на фб постојано се со икони и текстови од отци и старци од манастирите - но истите толку многу не го почитуваат она што го споделуваат на фб, што лесно може да го докажете ако ги подружите некој викенд навечер ;)
Тоа е добро! Ги подржувам јас нив :)
 
SF

Член од
4 октомври 2010
Мислења
290
Поени од реакции
142
Речиси секоја дискусија во овој подфорум религија се врти околу дилемата "има/нема Бог".
За да ја вратиме малку дискусијата на темата (и да ги прекинеме проповедите од типот "јас имам лиценца за вечната вистина" ) ќе приложам неколку дополнителни резултати од истражувања поврзани со религиозноста, кои резултати противречат на она што го набљудуваме околу нас, односно се поголемото отуѓување и напуштање на религиозните практики од страна на помладите генерации.

Ова се резултати од истражување споредено во 2008 година.

Прегледај го приврзокот 127645

Во 2008 имаме 84% луѓе коишто се сметаат себеси за религиозни, додека во 2014 тие се веќе 88%. Реален ли е порастот на религиозноста во последните 5-6 години?!

Прегледај го приврзокот 127650

Прегледај го приврзокот 127651

Од истото истражување следува дека околу 20% од популацијата или 400 000 луѓе барем еднаш неделно ги посетуваат религиозните служби. Исто толку само еднаш годишно или воопшто не ги посетуваат ваквите служби но сепак дел од нив се сметаат за религиозни. Најголема група се они коишто само на празниците земаат учество во ваквите церемонии.

Мислам дека е јасно дека во Македонија религијата сепак е само традиција односно форма, а не практика или содржина.

Зошто се појавуваат нелогични резултати (декларативно висока религиозност/ реално слабо видливо практикување)во анкетите? Аверзија кон атеизмот наложуван во времето на комунизмот? Религијата се разбира повеќе како почит кон традициите отколку како духовна практика?! Недоверба кон религиозните лица? Квалитетот на спроведување на анкетите кај нас (пополнување на прашалниците од страна на самите анкетари)?
Инаку правев анкета за Галуп за состојбата во МК општа дури во прашањето верска приапдност немаше опција атеист требаше да се дефинира како други вери. Најверојатно е исто со нашиот попис каде има 1-2% останти. Но, знаеќи ги луѓето МПЦ не ја сметаат за релевантна институција дури имаше лавина негативни коментари кога кажа дека Јогата е богохуление и дека треба да се испорведаат јогистите. Религијата кај православните па, и кај муслиманите во Македонија е повеќе прашање на етничка припадност од вера.
 
Член од
16 декември 2013
Мислења
1.856
Поени од реакции
1.192
Но, знаеќи ги луѓето МПЦ не ја сметаат за релевантна институција дури имаше лавина негативни коментари кога кажа дека Јогата е богохуление и дека треба да се испорведаат јогистите.
Шпекулации, искривување на кажаното,лага.
Еве што кажа црквата.

Православна црква, по состанокот на Свештениот синод кој се одржа во Грција, излезе со став по повод прогласувањето на Светскиот ден на јогата од страна на ООН, кој ќе се одбележува секоја година на 21 јуни.

Ви го пренесуваме соопштеието во целост:

„Во врска со ова, Православната Црква во контекст на почитувањето на слободата на вероисповедание, за да се избегне создавање на атмосфера на религиозен синкретизам, ја потсетува православната паства дека „јогата претставува фундаментално учење на Хинду религијата, има различни школи, индустрија, трендови и тенденции, и не претставува само еден вид на фитнес“.
Од таа причина јогата е апсолутно некомпатибилна со нашата Православна Христијанска Вера и нема место во животот на христијаните.

http://republika.mk/?p=446894?r1=http://vesti.mk/read/news/5789176/2186079/mpc-jogata-e-odrekuvanje-od-hrista-site-shto-ja-praktikuvaat-da-prestanat-da-se-pokajat-i-ispovedaat
 
Па не искривување тоа што го кажав баш е исто што и МПЦ-ОА го вика. Баш оваа нејзина изјава резулитираше со лавина негативни реакции во јавноста. Со ова МПЦ-ОА се алеиенира од младите кој најчесто одат на јога. Иако ако се толкува религијата вака ригидно нормално е јогата да се смена за „некомпатабилна“ со православието.
 
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.195
Од таа причина јогата е апсолутно некомпатибилна со нашата Православна Христијанска Вера и нема место во животот на христијаните.
Православието и рисјанството воопшто се некомпатибилни со здравиот разум и добриот вкус.
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.397
Православието и рисјанството воопшто се некомпатибилни со здравиот разум и добриот вкус.
Ставро,

ај напни го својот здрав разум и почнои да пишуваш нешто паметно...и укусно. Нели.
 
Член од
16 декември 2013
Мислења
1.856
Поени од реакции
1.192
Па не искривување тоа што го кажав баш е исто што и МПЦ-ОА го вика. Баш оваа нејзина изјава резулитираше со лавина негативни реакции во јавноста. Со ова МПЦ-ОА се алеиенира од младите кој најчесто одат на јога. Иако ако се толкува религијата вака ригидно нормално е јогата да се смена за „некомпатабилна“ со православието.
Разликата меѓу ’’ Јогата е богохуление,МПЦ ја забранува јогата....’’и ’’почитување на слобода на вероисповед; јогата нема место во животот на христијаните’’ е многу голема. Значи МПЦ во случајов не рекла јогата е ваква, таква, арна, лоша, а дека не е православно нешто, и не е просто спорт. Но на некои им одговараше да ја изкриват изјавата за да можат да плукаат по црквата.[DOUBLEPOST=1441125837][/DOUBLEPOST]
Православието и рисјанството воопшто се некомпатибилни со здравиот разум и добриот вкус.
Ставре, смири се. И излези веќе од таа прва (бунтовничка) фаза.
 
Член од
16 декември 2013
Мислења
1.856
Поени од реакции
1.192

Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.267
Шпекулации, искривување на кажаното,лага.
Еве што кажа црквата.

Православна црква, по состанокот на Свештениот синод кој се одржа во Грција, излезе со став по повод прогласувањето на Светскиот ден на јогата од страна на ООН, кој ќе се одбележува секоја година на 21 јуни.

Ви го пренесуваме соопштеието во целост:

„Во врска со ова, Православната Црква во контекст на почитувањето на слободата на вероисповедание, за да се избегне создавање на атмосфера на религиозен синкретизам, ја потсетува православната паства дека „јогата претставува фундаментално учење на Хинду религијата, има различни школи, индустрија, трендови и тенденции, и не претставува само еден вид на фитнес“.
Од таа причина јогата е апсолутно некомпатибилна со нашата Православна Христијанска Вера и нема место во животот на христијаните.

http://republika.mk/?p=446894?r1=http://vesti.mk/read/news/5789176/2186079/mpc-jogata-e-odrekuvanje-od-hrista-site-shto-ja-praktikuvaat-da-prestanat-da-se-pokajat-i-ispovedaat
Кој е став на МПС према психијатрија и психоанализа како наука?
Дали психичките болести и растројства ги гледа како пореметување во хемија/физика на мозок и нерви или како опседнатост со демони?
 
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.195
Член од
16 декември 2013
Мислења
1.856
Поени од реакции
1.192
И јас можам да те класифицирам. Спрема мојата класификација, сите следбеници на една од аврамските религии се благо ретардирани.
Е зарем еднаш си го направил.
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.397
И јас можам да те класифицирам. Спрема мојата класификација, сите следбеници на една од аврамските религии се благо ретардирани.
Чисто да те потсетам:

http://forum.kajgana.com/threads/Колку-се-Македонците-религиозни.78783/page-13#post-7388168

Немањето одговор на поставеново прашање, ќе го сметам за, цитирам дел од твојот пост: „...благо ретардирано...„.
 
Член од
16 декември 2013
Мислења
1.856
Поени од реакции
1.192
Кој е став на МПС према психијатрија и психоанализа како наука?
Дали психичките болести и растројства ги гледа како пореметување во хемија/физика на мозок и нерви или како опседнатост со демони?
Не сум сретнал досега официална изјава од МПЦ за таа проблематика.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom