Колку примања се потребни во Македонија за да една фамилија има пристоен живот

КвикСилвер

Модератор
Член од
28 март 2010
Мислења
4.544
Поени од реакции
5.855
Една работа што не ја земате во обзир е домот.
Значи ако земаат по 1400, а некој им го поклонил станот, пак излегува дека не се живее со 1400, туку со 1400 + 300 за тој станот.
Што правиме муабет за заштеда за кога ќе бидеш пензионер? Не само во мкд, туку секаде пензиите се катастрофа, и ќе бидат уште побетер, тешко тебе ако ја чекаш само пензијата.
Еве ако не ти е тешко напиши детално по колку пари би стави за секоја активност да видиме каков е тој пристоен живот.
Не би навлагал во цифри бидејќи за секого е различно. Ќе си ги прилагодуваш заштедите и трошоците на тоа колку заработуваш, без да се устручаваш. Да, најголемиот проблем би настанал со домот. Огромен дел од луѓето (зборам за оние што живеат со партнерот и децата, не со цели фамилии) или наследуваат дом, или им е пружен на тацна од родителите, или продаваш имоти и ниви по провинции и зимаш во Скопје. Поретки се тие што зимаат сопствен кредит за стан, и тоа истиот ќе е осигуран со жиранти, пак од мама и тато, ама не е дека не е изводливо. За ова постои и посебна тема на форумот. Зборот ми е дека за средна класа и пристоен живот можеш да постигнеш и со нешто помалце од 2000 евра. Вака испаѓа дека поголемиот број од државава живее "непристојно", па оттука, сеуште ме интересира од каде тоа дека поголемиот број од луѓето зимаат по 1000 евра.

И да, се слагам дека разликите ќе стануваат само поголеми, па набрзо верувам дека ќе се потребни и 2000 евра за пристоен живот, само не моментално.
 
Член од
17 август 2011
Мислења
9.716
Поени од реакции
17.379
@КвикСилвер Muabetot bese deka tie plati se ostvarlivi tuka(Skopje), bez da si IT ili nekoj sin na vladika. Ednostavno toa ne se vekje mn pari, se menja pazarot.
Em parite ne vredat tolku, em dosta profesii zarabotuvaat plati nad 500 evra i bez fakultet. Ja ne bi se osekjal ubavo ispod taa plata so deca.

Edna sporedba. Mnogu menja majndsetot i opkruzuvanjeto. Na rabota cesto koristime opsti rabotnici od drugi firmi za fizikalija. Eden mlad decko bas praevme muabet vika, dobro e tuka, 20ce ziam i ne e mn naporno. Prethodno rabotev u rudnik :D
Ja sum upoznal sekakvi nepismeni likovi niz grad, i nieden od niv ne raboti za 20ce sea, a za u rudnik poprvo bi se ubile. Eden fati bitkoini da kopa, i od mene poise zarabotuva sea. A za prviov decko, 1000 evra zarabotka e verojatno mitsko sustestvo.
 
Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
15.514
Поени од реакции
34.564
Не би навлагал во цифри бидејќи за секого е различно. Ќе си ги прилагодуваш заштедите и трошоците на тоа колку заработуваш, без да се устручаваш. Да, најголемиот проблем би настанал со домот. Огромен дел од луѓето (зборам за оние што живеат со партнерот и децата, не со цели фамилии) или наследуваат дом, или им е пружен на тацна од родителите, или продаваш имоти и ниви по провинции и зимаш во Скопје. Поретки се тие што зимаат сопствен кредит за стан, и тоа истиот ќе е осигуран со жиранти, пак од мама и тато, ама не е дека не е изводливо. За ова постои и посебна тема на форумот. Зборот ми е дека за средна класа и пристоен живот можеш да постигнеш и со нешто помалце од 2000 евра. Вака испаѓа дека поголемиот број од државава живее "непристојно", па оттука, сеуште ме интересира од каде тоа дека поголемиот број од луѓето зимаат по 1000 евра.

И да, се слагам дека разликите ќе стануваат само поголеми, па набрзо верувам дека ќе се потребни и 2000 евра за пристоен живот, само не моментално.
Абе се убаво тоа со нивите и имотот, ама не се прави така математика кога правиме генерална пресметка и анализа.
На крај на денот ти си ги потрошил тие пари, дали ти ги поклонил некој друг, или си ги заработил самиот е друга приказна.
Ако тргнеме по такви математики, и аналитичарите да ја земаат својата состојба, може да испадне и дека сме пребогата држава.
 
jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
18.525
Поени од реакции
26.014
Јас само инсистирам на аргументирана дискусија поддржана од факти.
Твоето празнословие и увереноста дека 1/3 од семсјтва во РМ имале семеен приход од 2000+ евра, иако трогателна е некако и загрижувачка.
Лица кои се сериозно одделени од реалниот свет и живеат во некакви фантазии имаат сериозни проблеми. Не велам дека ти припаѓаш во нив, но сериозен, возрасен човек со барем просечна интелигенција да излезе со едно такво тврдење...не знам, јас би бил загрижен.

Автоматски споено мислење:

Што претставува ова и како е релеватно за подршка на тврдењето дека 1/3 од семејствата во РМ имале 2000+ евра приходи?
1957 компании оствариле 103,8 милиони годишна добивка пред данок. Тоа е 52.760 евра по компанија.
Просечно секоја компанија има според ова 7,7 вработени (јаки фирмишта нема што) што значи дека годишна добивка по вработен е 6.850 евра односно 570 евра бруто месечно. А где је печат?
Што точно извезуваат и увезуваат ИТ фирмите, пошто гледам има такви ставки?
Автоматски споено мислење:

А џепарошите, арамиите, лихварите и остали вработени во криминалната сфера? Зарем ги заборави?!

Не знам како да ви објаснам, се обиде @Liechtenstein пред неколку страни, дека тврдењето дека 1/3 од семејствата во РМ имале приходи од над 2000 евра е сулудо.
Сфаќам луѓе кои не живеат во реалноста ама ова ме загрижува.
Значи да повторам, невозможно е 1/3 да имаат 2000+ евра. Не може. Тоа е.

Реалноста е дека 1/3 население живее во крајна беда, не можат да си дозволат основни продукти, медицинска грижа и тешко ако воопшто и можат да подмират режиски трошоци.

Еве ја реалноста. Масивен дел население се моли ЕВН и ЕЛЕМ да не им дојдат со клештите пред саат за струја за време на најладните месеци во годината.

Кои се тие кои заработуваат многу повеќе а работат дупло помалку од мене? :)
Би било добро да споделиш инфо пошто секогаш сум отворен за можноста да заработувам повеќе со помалку работа, би бил благодарен на такво инфо најсериозно, само немој да споменеш дилери и рекетари, сепак да ја одржиме дисусијата на цивилизирано ниво.
Автоматски споено мислење:

Познавам само една особа со примања над 61,500 деднари а се работи за лик со приватна ординација.

Никој не споменува колку луѓе се заглавени со кредити и камати, чисто колку да истуркаат од први до први пошто примањата не стигнуваат.
1/3 vo krajna beda
1/3 vo siromastija
1/3 pristojno.
 
Член од
28 август 2009
Мислења
1.529
Поени од реакции
3.171
Ок, што му фали на тоа што го опиша. Што уште треба човек друго во денот да прави еве според тебе и колку пари му требаат за тоа?
Епа ок, тогаш не се разбираме односно имаме различни разбирања за тоа што е пристоен живот.

За мене, живот со 24/7 работа/дома/спиење не е живот. Односно не е пристоен. Таков живот имаат/имаме повеќето.

Сите ние работиме така? Ама исто и цел свет работи и сите се од 9 до 5. Ама 90% од Европа не ја боли глава дали ќе има за викенд во локално туристичко место со жената и децата. Кај нас голем број на луѓе (еве и тука на форумов), проблем ни е да издвоиме за Маврово за викенд, да видиме снег. Или Шапка, Пелистер, Пониква, небитно. И ја се ставам тука безразлика дали имам или немам, зборам како народ во целина.

Затоа мислам дека сумите вие што ги сметате, не се доволни за пристоен живот. Се кладам дека на голем дел од форумов, 150 евра да одвојат сега во Јануари немаат, поради тоа што зимаат примања како вие што зборите и викате дека тие се доволни. Работиш цела година и немаш ни 150 евра да тргнеш на страна, а ако ги тргнеш, автоматски си заглавен и ќе ти чади главата. Па и затуцани држави во светов имаат барем волку да одвојат 2 пати во годината и да не ги мислат после 2 години зошто отишле на одмор.

И ова не се луксузи или курчење. Буквално е нормално да одвоиш мочани 10 или 15 дена во годината, да одмориш со пријатели, со фамилија. Ама ние ни тоа го немаме зошто примањата на просечна фамилија со 4 луѓе се околу 1200/1400 евра. Значи ако 2000 евра за вас се луксузи и буржоазија, тогаш претпоставувам тука негде ви се примањата (што не судам да не ме разбере некој погрешно). Со овие финансии на месечно ниво, ако сте фамилија со 2 деца (мали/големи) тешко да имате „пристоен живот“.
 
jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
18.525
Поени од реакции
26.014
Јас само инсистирам на аргументирана дискусија поддржана од факти.
Твоето празнословие и увереноста дека 1/3 од семсјтва во РМ имале семеен приход од 2000+ евра, иако трогателна е некако и загрижувачка.
Лица кои се сериозно одделени од реалниот свет и живеат во некакви фантазии имаат сериозни проблеми. Не велам дека ти припаѓаш во нив, но сериозен, возрасен човек со барем просечна интелигенција да излезе со едно такво тврдење...не знам, јас би бил загрижен.
Какви факти сакаш да ти се дадат за субјективно мислење за тоа колку е потребно за пристоен живот. За мене тоа е пристоен живот и све под тоа е преживување. Сакаш факти за на суд за какви факти збориш?

Што претставува ова и како е релеватно за подршка на тврдењето дека 1/3 од семејствата во РМ имале 2000+ евра приходи?
1957 компании оствариле 103,8 милиони годишна добивка пред данок. Тоа е 52.760 евра по компанија.
Просечно секоја компанија има според ова 7,7 вработени (јаки фирмишта нема што) што значи дека годишна добивка по вработен е 6.850 евра односно 570 евра бруто месечно. А где је печат?
Што точно извезуваат и увезуваат ИТ фирмите, пошто гледам има такви ставки?
Можеби е релевантно затоа што човекот што си го цитирал, јас и неколку други тука на форумов имаме секојдневна комуникација со такви луѓе и знаеме од прилика колку земаат тие луѓе и како се движи пазарот на трудот. Ти ете знаеш само еден човек што зема над 1000 евра, јас повеќето луѓе со кои што работам и со кои сум работел, земаат над 1000 евра, доста голем процент и над 1500 евра. Оваа статистика што си ја пишал тука е во најмала рака смешна И ништо не докажува. Уште повеќе што математиката ти е ко мали џокица отвора фирма, пошто добивката по вработен ја пресметуваш со сумата (годишен профит на фирмата) пресметана после платите и сите трошоци на крај на година. Тоа што го бараш е во ставката приходи минус профитот или во бројки, 772 милиони минус 103 милиони профит. Па пошто љубиш да рачунаш, рачунај и имај во предвид дека браншата имаат мали и скоро никакви дополнителни репро трошоци, нивниот приход е базиран претежно на памет како репро материјал.

И сега како ти е математиката? 44000 евра по вработен нели? Збориме во бранша кај што се даваат лаптопи, мобилни, се плаќаат телефонски сметки, се организираат редовно настани или барем 2-3 пати годишно, попут излети, семинари, хакатони и чуда... скапи новогодишни и јубелејни искачања, се праќаат вработените на обуки и разни други работи. Се организираат неделни happy hours, се плаќаат теретани и разноразни други ситници.

Да збориш толку самоуверено за индустрија за која очигледно појма немаш што се случува е смешно во најмала рака, да не кажам патетично.

А џепарошите, арамиите, лихварите и остали вработени во криминалната сфера? Зарем ги заборави?!
Они не носат пари дома? Ама ај пошто гледам дека љубиш пред да почнеш со одговор да пробаш да го дискредитираш соговорникот на лична основа ќе го сватам тоа како личен хир во моментот за кој бараш докази или факти за субјективна категорија.

Не знам како да ви објаснам, се обиде @Liechtenstein пред неколку страни, дека тврдењето дека 1/3 од семејствата во РМ имале приходи од над 2000 евра е сулудо.
Сфаќам луѓе кои не живеат во реалноста ама ова ме загрижува.
Значи да повторам, невозможно е 1/3 да имаат 2000+ евра. Не може. Тоа е.

Реалноста е дека 1/3 население живее во крајна беда, не можат да си дозволат основни продукти, медицинска грижа и тешко ако воопшто и можат да подмират режиски трошоци.

Еве ја реалноста. Масивен дел население се моли ЕВН и ЕЛЕМ да не им дојдат со клештите пред саат за струја за време на најладните месеци во годината.

Кои се тие кои заработуваат многу повеќе а работат дупло помалку од мене? :)
Би било добро да споделиш инфо пошто секогаш сум отворен за можноста да заработувам повеќе со помалку работа, би бил благодарен на такво инфо најсериозно, само немој да споменеш дилери и рекетари, сепак да ја одржиме дисусијата на цивилизирано ниво.
Еве да речеме така е, во право си 100%. Секоја чест ти давам рака. Каква врска има тоа со темата? Прво ја насочи темата во погрешна насока, а сега бараш докази за твоите тези. Нема теза темава, има субјективно мислење на поединци.

Јас имам високи критериуми за животот и тие критериуми неможат да ми се исполнат со примања под 2000 евра во моето семејство.
Ти имаш ниски критериуми и мораш да размислуваш дали со купување на машина на перење садови заштедуваш или трошиш повеќе и за тебе тоа е пристојно. За мене таквото размислување е небулоза и вишак потрошено време за глупости. Како да ти објаснам, не реков што е за тебе пристоен живот, ниту за Станко ниту за Петко, јас си реков за мене што е пристоен живот и неморам тој мој став да го докажувам со ништо. Дали живеам во реалност или во сон, јас си знам, колку работам, јас си знам, колку сум среќен и колку сме среќни во фамилијата исто и тоа јас си знам. Одувек ме нервирале типови кои прават математики за да ми кажат што е за мене пристоен живот и што треба да правам.

Ниту некој ја негира ситуацијата во Македонија, ниту некој рече дека не постои сиромаштија и беда во Македонија. Луѓето си ги кажаа критериумите, најверојатно од некакво си лично искуство, а ти не само што не се слагаш со нив(што е ок), туку им бараш некакви докази и факти, за нивното мислење. Да не сакаш извод од банкарска сметка да ти поднесат и правдање на трошоците? Ова твоето поише ми личи на автосугестија одколку на здрава дискусија.
Автоматски споено мислење:
 
Последно уредено:
Член од
17 август 2009
Мислења
3.598
Поени од реакции
5.102
Пред се, непристоен ми е животот ако дремам цел ден на кајгана форум :icon_lol:
 
Член од
12 март 2008
Мислења
1.029
Поени од реакции
711
Со 15 годишно работно искуство, јас имам сфатено една работа досега.

Има луѓе што работат за пари и ма луѓе што работат за плата.

Развој ќе има во оној момент кога човек ќе се одлучи да работи за пари, макар 20 пати по ред да не му успее.

Дали е плочкар, пекар, земјоделец, преквалификуван информатичар, сеедно. Битно е да се пробува.

Sent from my iPhone using Tapatalk
 
Последно уредено:

jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
18.525
Поени од реакции
26.014
Mislis deka It industrijata kje bide nosecka vo Makedonija za 15 godini? Mozhebi bi se javilo zasituvanje vo svetski ramki dur nie da stigneme do tamu.
Од прилика кај нас 1% од населението е вработено во IT сектор. Да не збориме колку се иселија и колку има што работат како фриленсери и што не се пријавени никаде. Јас мислам дека ниедна држава во светот нема толку IT Инжинери по глава на жител. Па и одтаму ништо чудно таа гранка да се развива до тој степен да биде носечка индустрија. Мислам дека во моментов да има уште 10К луѓе, во рок од 2 месеци ќе се вработат, само треба да се направи соодветна логистика.
 
Член од
19 ноември 2020
Мислења
2.524
Поени од реакции
9.405
@poimanemam

:pos:
Автоматски споено мислење:

Иначе на темава малку боде тоа потценување на амбициозноста на некој касиер/касиерка или слична ниско платена професија што е. Џим Рон, Лес Браун, Робин Шарма муабети не фукнционираат кога имаш 50 години и деца на факултет, а во деведесетите си имал 20 години каде нема интернет и така лесен излез од државава.

Ова 30% од семејствата дека имаат примања од 2 000 евра е вајда некоја прогноза на лица во ИТ што генерално имаат доста пријатели до ИТ. Како што ме служи сеќавање од лани/полани некоја вест имаше дека просечен приход некаде беше 40 000 денари по семејство.
 
Последно уредено:
Член од
16 јули 2021
Мислења
238
Поени од реакции
538
1. Читам демек сте изненадени дека испаѓа дека луѓето не живеат пристојно. Па нормално дека не живеат, затоа и се селат.
2. А коа ќе прочитам демек горе-долу исто ко странство, само да не дознаат каква оаза на живот сме, ко што е потопло од германија и скандинавија, само плави ќе ни се шетаат по земјава.
 
Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
15.514
Поени од реакции
34.564
@poimanemam

:pos:
Автоматски споено мислење:

Иначе на темава малку боде тоа потценување на амбициозноста на некој касиер/касиерка или слична ниско платена професија што е. Џим Рон, Лес Браун, Робин Шарма муабети не фукнционираат кога имаш 50 години и деца на факултет, а во деведесетите си имал 20 години каде нема интернет и така лесен излез од државава.

Ова 30% од семејствата дека имаат примања од 2 000 евра е вајда некоја прогноза на лица во ИТ што генерално имаат доста пријатели до ИТ. Како што ме служи сеќавање од лани/полани некоја вест имаше дека просечен приход некаде беше 40 000 денари по семејство.
Ова веројатно тие пријавените што стигаат на сметка :)
Огромен процент на фирмите дел им ги пуштаат на сметка, а дел им ги даваат кеш (особено помалите фирми).
А да ти стане појасно колкав е процентот со такви примања, прошетај по улици низ Скопје, и разгледај го возниот парк.
Следен чекор разгледај ги становите.
Па само Карпош и Аеродром ти се 150 000 жители, или мин. 50 000 семејства. Повеќе од пола фамилии во овие населби ти гарантирам дека влегуваат во овие граници.

Не е муабетот за во оваа тема, ама имаме огромен процент на сива економија. Во реалност има многу поголем кеш, од тој што се води по статистики.
Погледни ги кафеаните, погледни ја границата во лето, погледни ги границите кон ски центрите сега, и ќе ти стане јасно дека добар процент од народот и не е така за жалење.

Исто и во помалите градови, и селата (особено во овие). Од земјоделие во мој крај има еден куп фамилии што прават по 15-30 000 евра годишно + голем дел од нив имаат барем еден вработен со мин. 500 евра плата. Ангажираат аргати платени со кеш на рака, апла минималец (120-160 денари од саат бруто).

Кеш од рентање на недвижности, иста приказна, сигурно преку 70% ги рентаат без договори, без да платат данок.
 
Член од
12 април 2020
Мислења
467
Поени од реакции
866

Toa e probлемот со вакви анализи. Ги гледаш оние кои имаат. Се попроминентни.
Погледни ги оние кои немаат бензин, оние кои воопшто немаат кола, погледни внатре во автобусите, оние кои седат дома пошто баш и немаат за кафе па гледаат теве... Не е Македонија 3 згради во Аеродром. И во транзицијата имаше мерцедеси во Скопје колку сакаш, а народот мизероваше немаше бензин да тури во југото.
Оди назима во Охрид и спореди го возниот парк со Охрид на лето...

Реалноста е 2000 евра е макс 5 до 10% преку сила плус е неодржлива сума на долг рок. Не е реално да има дефицит на тековна сметка ради задолжувања, а да се очекува дека 2000 евра ќе имаат и во иднина сите оние привезоци на буџетот. Пошо тие 2000 што ги кажувате не се само ајти, него уште 10х толку привезоци. Коа ќе дојде ммф за две три години има пердуви да летаат па други ќе се критериумите и други мислења ќе читаме во темава...

Башка што и ајти во глобални рамки е во голем меур, а и самата професија е таква, да не е возможно некој да ја работи на 50 па треба да се нешто повисоки платите од таа причина, мада да не забегувам оффтопик... Друго е пример лекар, тоа е професија што може некој и на 90 да ја работи, па со тоа и платите се поинакви затоа побавно растат.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom