Колку примања се потребни во Македонија за да една фамилија има пристоен живот

Член од
20 јули 2016
Мислења
7.645
Поени од реакции
4.945
Види го бе и психоаналитичар е во слободно време, настрана бизнисмен и патриота, јас ти симнувам капа :icon_lol: Јас го живеам тоа што го кажувам, се плашам дека некои кои се претставуваат како богаташи тоа не се па на форум ги изразуваат желбите за генерички симболи на богатство.
Паметиш кога колнеше деца на една тема како бабетина некоја? Оттогаш ми е смешно да имам некое почитување иако домашно васпитање не ме остава да претерам, сепак треба да се има мера.
Уште не успеа да дефинираш пристоен живот, од кои параметри се состои, дали е универзален или локален, на своја тема си странец :angel:
Пристоен живот е за нив живот како на еден од средна накај висока средна класа во Германија. Зошто толку и баш толку незнам а ни они не знаат. Тотално рандом ниво. 2500 евра во мк е еднакво на 6000 евра во Германија. Од прилика две плати од просек во Германија. Ваљда сакаат да се Германски просек. Обично е тоа така порано беше 1000-1500 евра “пристоен живот“ колку што ги читав пред 5-10 години што е еднакво на тогашна просечна германска плата корегирана PPP (purches power parity).
 
jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
18.575
Поени од реакции
26.098

Абе море, немој сега да си таков. Ти сам кажа дека живееш скромно и дека трошиш 500 евра. 500 ако го помножиме со 4 доаѓа 2000. Муабетот беше за 4 члено семејство. Значи самиот викаш дека 2000 евра е скромно.
 
Ни јас не сум сигурен зошто трошам 500 евра. Најверојатно поради други луѓе. Ќе ми речат одиме на одмор и во кафиќ и треба да им кажам НЕ тоа е лошо за социјализацијата. Притисок на средината. Е тоа постои материјализам кој е како поглед на светот присутен кај нас доста. Луѓе коментираат ако не трошиш на нешто а особено ако имаш пари и добра плата. Има настани на кој треба да одиш и соодветно да се облечеш и да платиш за јадење. А и кога си со некој мора да платиш за нешто само за да бидеш со некого. Ручеци, нарачки одмори итн.
 
Значи генерално требаат пари и за социјализација. Треба и соодветна облека, за соодветни активности или настани. На другата тема ја даде осмовната пресметка за горе-доле нормален живот, без да влезат во тоа инвестициите, и кажа 700+ евра само за тебе. Уште ли мислиш дека е многу и е луксуз 2000 за 4 члено семејство?
 
Член од
28 декември 2015
Мислења
3.391
Поени од реакции
5.859
Дајте бе олабајте со расправијата. Неверојатно е колку има негативна енергија на форумов.
Во право сте, иако понекогаш е тешко да не се реагира на навредливи епитети.
Исто и за нафтата, подобро кажано the much maligned фосилни горива, имаше графикон некаде околу раст на популација и екстракција на јаглен, нафта и гас, кривата драматично одеше нагоре пост-масовната употреба на тие ресусрси.
Ерата на Машината донесе квантен скок во квалитетот на живот на непрегледни народни маси.
Ок и некои французи со чудни идеи при крај на 18.век.

Но, според филозофското гледиште што го кажа во тие 2 цитирани дела, тогаш и правните нормативи ќе ја изгубат смислата. А што е пристоен живот колку и да е субјективна категорија, може лесно да се утврди ако најде некоја средина во сродни општества... Како што кажав ние припаѓаме на Европската цивилизација, па одтаму можеме слободно да бараме некаква си средна вредност од Европските општества. Полска е добар пример.
Автоматски споено мислење:

Ајде оди наназад во темава и најди го моментот на вреѓање и агресивност од моја страна или па недај боже лична дискредитација, а уште помалце поврзана со некоја друга тема. А додека од другата страна прво од допаминов трпиме разноразни називи за нашите ставови попут Идиоти и сл. за да после муерте вади „ти текиња кога колнеше како бабетина“ муабети и разни други суптилни провокации, прикажувајќи си некаква си интелектуална надмоќ а уствари прикажува дно, јад и чемер ... Агресивноста кај мене ја гледаш поради причина што директно ја предизвикувам тезата која мислам дека не е добра, но секогаш во контекст на муабетот што се тера и никогаш не одам лично додека не се повикам лично, па не секогаш враќам лично. Тоа што луѓето не се навикнати да им се прави предизвик на нивните ставови, не значи дека јас сум агресивен, туку дека се мамини мази и плачковци.

Темата со Бугарите (на кои претпоставувам дека ќе се повикаш) беше исклучок, заради причина да го алармирам и анимирам модераторот и да ја пренасочам дебатата. Затоа што бугарите на таа тема стварно претераа, а модераторот знае да биде премногу попустлив. Што всушност вроди со плод после 2-3 часовно препуцавање.
Каква црна интелектуална надмоќ јас сум максимално свесен за своите ограничувања во интелектуален поглед. Ме мрзи а и не би посветил време на барање на постот, знаеш многу добро што напиша за децата, ама ајде не е важно, Божиќни денови, христијански е да се прости.

Останува да ги прочитаме параметрите од кои би се состоел пристојниот живот, некој спомена за Германија како имало некакви закони кои државата ги спроведувала во случај да луѓето немаат за храна, огрев или кров над глава, не знам како е во други земји.
Овде освен сомнителната "потрошувачка кошница" која ја фураат синдикати, нема друго инфо.

Редно е веќе после толку страни некој да напише од што би се состоел тој пристоен живот, све што читаме се фантазии и понекоја делузија.
500 евра по човек за 4-члено семејство 2000 евра, сериозно? :icon_lol: Се чудам кој прифил на ликови постира по форумов, како доаѓаат до толкави примања или планираат да дојдат на моменталниот пазар на труд?
 
Член од
16 декември 2021
Мислења
478
Поени од реакции
1.012
Никогаш не сум успеал да разберам зошто работата како поим ужива некаков митски статус скоро во сите општества? Работи=значи е добар. Ако некој знае да одговори би бил бескрајно благодарен :)
Jас ќе се обидам да одговорам на ова. Ставот спрема работата има корен во религијата. Оние кои денес важат за највредни се протестантите и Јапонците. Иако нивниот однос спрема работата е сличен и скоро манијалкен, тој став доаѓа од две различни, скоро спротивставени религиски традиции. Протеснтаизмот како идеоогија доаѓа како реакција на декандентноста и раскошот на римокатоличката црква, и поставува вредности кои се спротивни на неа. Индивидуализам, скромност, работа. Изврши си ја својата работа и умри, тоа е се што се бара од тебе. Не ти треба раскош, суетата е грев во очите на Бог, се што ти треба е покорност и работа.

Јапонската работна етика не е оформена од будизмот и шинтоизмот кои се две доминантни религии во Јапонија, туку од конфучијанизмот, кој мислам дека е увезен во Јапонија некаде во четвртиот век. Јапонската верзија на конфучијанизмот (будејќи тие секогаш имаат своја верзија на се) се одликува со нагласокот на должностите кои ги има индивидуата спрема заедницата. Вредноста на индивидуата е мала, вредноста на заедницата е се. Во една таква идеологија твоја должност е да и служиш на потребите на заедницата, преку макотрпна работа.

Така парадоксално, две сосем различни религиски традиции, едната која е монотеистичка, сива, ладна и има акцент на односот на индвидуата спрема Бог, и друга која не е религија во потесна смисла на зборот, туку повеќе учење за праксата, и која акцентот го става на заедницата а не на индивидуата, ги створила највредните луѓе во светот, со скоро патолошки однос спрема работа.
 
Член од
20 јули 2016
Мислења
7.645
Поени од реакции
4.945
Значи генерално требаат пари и за социјализација. Треба и соодветна облека, за соодветни активности или настани. На другата тема ја даде осмовната пресметка за горе-доле нормален живот, без да влезат во тоа инвестициите, и кажа 700+ евра само за тебе. Уште ли мислиш дека е многу и е луксуз 2000 за 4 члено семејство?
Реално требаат 200 евра јадење по човек 800 евра вкупно 200 сметки и 200 други работи 1200 евра тоа е сосема доволно. Јас трошам повеќе зошто имам повеќе и поради други што ми досаѓаат. А лукуз е сосема субјективна работа.
 
jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
18.575
Поени од реакции
26.098
Реално требаат 200 евра јадење по човек 800 евра вкупно 200 сметки и 200 други работи 1200 евра тоа е сосема доволно. Јас трошам повеќе зошто имам повеќе и поради други што ми досаѓаат. А лукуз е сосема субјективна работа.
Точно така субјективно, но сосема доволно во случајот што го кажа, за што? За да сврзе крај со крај.

Објасни ми ја точката други работи 200 евра. Што можат да си приуштат 4 души со толку пари. Во тоа треба да спаѓа облека, хигиена шетање, школарина..
 
Последно уредено:
Член од
21 јули 2021
Мислења
28
Поени од реакции
54
Редно е веќе после толку страни некој да напише од што би се состоел тој пристоен живот, све што читаме се фантазии и понекоја делузија.
500 евра по човек за 4-члено семејство 2000 евра, сериозно?
Еве што по мене е пристоен живот и колку пари се потребни за 2 родители + 2 деца.
1. Купување стан. 80м2*1500еур=120.000 еур. Истиот треба да се исплати за 30 години што би дошло месечна рата 120.000/30/12= 333еур
2. Покуќнина (мебел+бела техника+ИТ). 6 простории*2.000еур=12.000еур. Истата треба да исплати за 10 години што би дошло месечна рата 12.000/10/12= 100еур.
3. Автомобил. 15.000еур. Истиот треба да се исплати за 10 години што би дошло месечна рата 15.000/10/12= 125еур.

Значи обезбедувањето на кров над глава и мобилност потребни се 560еур месечно, и тоа без камати.

Одиме на редовни месечни трошоци (дел од трошoците се годишни но поделени на месечно ниво):
1. Автомобил. 50еур за гориво+15 еур за регистрација+15еур за сервис=80еур.
2. Интернет+ТВ+2 мобилни линии=50еур
3. Електрична енергија (со греење и ладење)=70еур
4. Комунални услуги+вода=30еур
5. Облека=200еур
6. Спорт и рекреација. 4 челенарини во спортски клуб (терерана и сл.)=50еур
7. Храна+производи за лична хигиена=600еур.
8. Одмор=120еур
9. Останати трошоци=100еур

Месечни трошоци 1.300 еур. И ова а е за скромно поминување.

Вкупно за Скопје се скоро 1.900 еур и тоа без камати. Со камати сметајте дека лесно ќе се надминат 2.000 еур. За останатите градови сметајте за 150 еур помалку само заради пониската цена на станбен простор. И ова се само основните трошоци да се врзе крај со крај, ако сте со одлично здравје.

Се чудам кој прифил на ликови постира по форумов, како доаѓаат до толкави примања или планираат да дојдат на моменталниот пазар на труд?
Во МК никако. Примања од 2.000еур се достапни можеби за 5% од семејствата. Во МК на просечна плата од 500еур, чисто се сомневам дека средната плата е повисока од 400 еур. Ова би значело дека на 50% од фамилиите им фалат околку 1.000еур месечно за да врзат крај со крај ако имаат пристоен живот. Се крати на се и сешто, се живее мизерно и сите се под стрес и фрустрирани. И сите луѓе се свесни дека нема начин во догледно време да имаа значајно зголемување на приходите додека трошоците само си растат. Затоа има и големо иселување.

Иначе штом се расправате за примањата во Германија треба да ви биде јасно дека платата не е единствениот приход на вработените. Ако просечната плата е 3000еур (мислам дека е за нијанса пониска), тогаш семејство од 2 родители и две деца освен годишните примања од плати (околку 72.000еур) има и дополнителни приходи и тоа:

Kindergeld или детска помош. 220еур по дете односно 5.280еур годишно за две деца. Го добиваат сите.
Urlaubsgeld или К-15. Го добиваат повеќето вработени, утврдено е со колективни и гранкови договори. Околку 1.800еур по вработен односно 3.600еур годишно.
Weihnachtsgeld или 13та плата. Го добиваат повеќето вработени, утврдено е со колективни и гранкови договори. Околку 2.000еур по вработен односно 4.000еур годишно.
Значи освен од платата семејство може да добие плус околку 13.000 еур годишно. Дополнително може да се добијат бонуси по основ на перформанси, делење на профит и сл., но тие главно се резервирани за менаџерските функции иако во некои случаи може да бидат за сите вработени како на пример Мерцедес кој ќе делел бонуси на сите вработени.
 
Член од
20 јули 2016
Мислења
7.645
Поени од реакции
4.945
Точно така субјективно, но сосема доволно во случајот што го кажа, за што? За да сврзе крај со крај.

Објасни ми ја точката други работи 200 евра. Што можат да си приуштат 4 души со толку пари. Во тоа треба да спаѓа облека, хигиена шетање, школарина..
Нема ништо ќе сурфаат на фејсбук и ќе тресат зелени на Кајгана. Облека само од Стружанска и Шутка, хигиена само сапун, шетање само до Водно со автобус и пиење едно кафе дневно во кафиќ. Школарина не треба има бесплатни курсеви на нет кој се многу добри. И со ова може не се умира ако си креативен може и доста забавно да ти е. Одмор кај баба и дедо на село или нешто преку групер. Кола не треба има точак и бус. Стан не треба под кирија е поетфино.
 
Последно уредено:

jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
18.575
Поени од реакции
26.098
Нема ништо ќе сурфаат на фејсбук и ќе тресат зелени на Кајгана. Облека само од Стружанска и Шутка, хигиена само сапун, шетање само до Водно со автобус и пиење едно кафе дневно во кафиќ. Школарина не треба има бесплатни курсеви на нет кој се многу добри. И со ова може не се умира ако си креативен може и доста забавно да ти е. Одмор кај баба и дедо на село или нешто преку групер.
Нема да има за кафе за сите… од многу работи треба да се откажат. И пак ќе ти кажам, не си фер. 1200 единствена забава ти останува нет. Еве мене ми е сега така ради короната, ич не ми е забавно….
 
Член од
20 јули 2016
Мислења
7.645
Поени од реакции
4.945
Нема да има за кафе за сите… од многу работи треба да се откажат. И пак ќе ти кажам, не си фер. 1200 единствена забава ти останува нет. Еве мене ми е сега така ради короната, ич не ми е забавно….
Немора кафе секој ден еднаш на 2-3 дена и тоа во маалски кафич. Може во парк на клупа други денови. На нет има се и сешто.
 
dwa

Член од
19 февруари 2006
Мислења
2.233
Поени од реакции
349
Еве што по мене е пристоен живот и колку пари се потребни за 2 родители + 2 деца.
1. Купување стан. 80м2*1500еур=120.000 еур. Истиот треба да се исплати за 30 години што би дошло месечна рата 120.000/30/12= 333еур
2. Покуќнина (мебел+бела техника+ИТ). 6 простории*2.000еур=12.000еур. Истата треба да исплати за 10 години што би дошло месечна рата 12.000/10/12= 100еур.
3. Автомобил. 15.000еур. Истиот треба да се исплати за 10 години што би дошло месечна рата 15.000/10/12= 125еур.

Значи обезбедувањето на кров над глава и мобилност потребни се 560еур месечно, и тоа без камати.

Одиме на редовни месечни трошоци (дел од трошoците се годишни но поделени на месечно ниво):
1. Автомобил. 50еур за гориво+15 еур за регистрација+15еур за сервис=80еур.
2. Интернет+ТВ+2 мобилни линии=50еур
3. Електрична енергија (со греење и ладење)=70еур
4. Комунални услуги+вода=30еур
5. Облека=200еур
6. Спорт и рекреација. 4 челенарини во спортски клуб (терерана и сл.)=50еур
7. Храна+производи за лична хигиена=600еур.
8. Одмор=120еур
9. Останати трошоци=100еур

Месечни трошоци 1.300 еур. И ова а е за скромно поминување.

Вкупно за Скопје се скоро 1.900 еур и тоа без камати. Со камати сметајте дека лесно ќе се надминат 2.000 еур. За останатите градови сметајте за 150 еур помалку само заради пониската цена на станбен простор. И ова се само основните трошоци да се врзе крај со крај, ако сте со одлично здравје.

Во МК никако. Примања од 2.000еур се достапни можеби за 5% од семејствата. Во МК на просечна плата од 500еур, чисто се сомневам дека средната плата е повисока од 400 еур. Ова би значело дека на 50% од фамилиите им фалат околку 1.000еур месечно за да врзат крај со крај ако имаат пристоен живот. Се крати на се и сешто, се живее мизерно и сите се под стрес и фрустрирани. И сите луѓе се свесни дека нема начин во догледно време да имаа значајно зголемување на приходите додека трошоците само си растат. Затоа има и големо иселување.

Иначе штом се расправате за примањата во Германија треба да ви биде јасно дека платата не е единствениот приход на вработените. Ако просечната плата е 3000еур (мислам дека е за нијанса пониска), тогаш семејство од 2 родители и две деца освен годишните примања од плати (околку 72.000еур) има и дополнителни приходи и тоа:

Kindergeld или детска помош. 220еур по дете односно 5.280еур годишно за две деца. Го добиваат сите.
Urlaubsgeld или К-15. Го добиваат повеќето вработени, утврдено е со колективни и гранкови договори. Околку 1.800еур по вработен односно 3.600еур годишно.
Weihnachtsgeld или 13та плата. Го добиваат повеќето вработени, утврдено е со колективни и гранкови договори. Околку 2.000еур по вработен односно 4.000еур годишно.
Значи освен од платата семејство може да добие плус околку 13.000 еур годишно. Дополнително може да се добијат бонуси по основ на перформанси, делење на профит и сл., но тие главно се резервирани за менаџерските функции иако во некои случаи може да бидат за сите вработени како на пример Мерцедес кој ќе делел бонуси на сите вработени.
120000 кредит + камата треба да рачунаш, со моменталниве камати испод 530еу рата нема да имаш на 120к кредит

Sent from my iPhone using Tapatalk
 
Член од
20 јули 2016
Мислења
7.645
Поени од реакции
4.945
120000 кредит + камата треба да рачунаш, со моменталниве камати испод 530еу рата нема да имаш на 120к кредит

Sent from my iPhone using Tapatalk
Плус и учество од 30000 евра тоа земено на кредит 10 години ти е 300евра месечно или 830 за стан месечно плус и 100 евра покуќнина 930 а ренаташ таков за 300-350 евра.
 
jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
18.575
Поени од реакции
26.098
Немора кафе секој ден еднаш на 2-3 дена и тоа во маалски кафич. Може во парк на клупа други денови. На нет има се и сешто.
Немора да, ништо не мора. Не е муабетот што мора ама ај нека ти биде и тебе.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom