Lester Freamon
A man of focus, commitment, sheer will...
- Член од
- 14 јануари 2015
- Мислења
- 15.651
- Поени од реакции
- 34.930
Коронава не ти иди во прилог во доказот на твојата теоријаОва со автомобилот е интересна дилема, дали навистина е потребен и дали и колку влијае на квалитетот на животот во една средина...
Во една карикатурално мала земја со лоша инфраструктура и треторазредно гориво се поставува прашање,надвор од Скопје, дали воопшто се исплати кола?
Ние заеднички седнавме кога бевме во прилика да набавиме скромно возило, 800-1200цм3 некаде, на една страна прос на друга конс. Куповната цена, регистрацијата, осигурање, тековни трошоци, редовен сервис, непредвидени ситуации заедно со нервози по механичари-разбојници, наоѓање паркинг и плаќање за истиот заедно со малоумната култура на сообраќај...имајќи предвид колку се движиме и каде, земајќи во обзир дека и јас и таа работиме од дома па немаме ворк комјутинг, пресметавме дека целогодишна употреба на такси за градски и автобус за меѓуградски превоз, заедно со одење пеш на разумни релации (кое надвор од Скопје или Тетово или Велес знае да биде уживање понекогаш ) и евентуални ретки ситуации каде треба тамче или комбе за поголем габарит, испаѓаше дека доаѓа барем 7-8 пати поевтино да се нема автомобил а истовремено да се задоволат транспортните потреби.
Пример одиме во супермаркет за неделно пазарење, фино лепо си викаш такси и си доаѓаш дома за 80-100 денари макс. нит се замараш каде паркинг нит рампа нит ништо
Во просечен град во МК имањето автомобил, особено нов = е знак на нешто сосема друго неповрзано со транспорт кое влегува во водите на психологијата.
Имањето Мерцедес од 2007 или нова КИА во помал град значи нула за квалитетот на живот.
Би било добро да се чуе од лица кои живеат во СК дали навистина не се може без кола, верувам дека таму аргументот за имање возило е сосема поинаков.
А муабетиве на темава за две коли по фамилија малку забегуваат. Во мое време беше популарна серијата Беверли Хилс 90210 или така нешто во која сите членови на фамилија вклучувајќи средношколци имаа свои возила па овдешен народ со воздишки мечтаеше како би било добро и тука да биде така
Викаш попаметно е да се гужваш со 50 души (особено кога работиш од дома) во јавен превоз, отколку да си влезеш во твое возило и да завршиш работа?