Колку примања се потребни во Македонија за да една фамилија има пристоен живот

Член од
24 март 2010
Мислења
15.125
Поени од реакции
25.516
Ептен си сигурен во себеси..
Види, реално да не бевме во ИТ сектор, тие плати (пари) се постигнуваат само со бавење со политика.
 
Член од
16 декември 2021
Мислења
478
Поени од реакции
1.012
Ептен си сигурен во себеси..
Не кажувам јас за поединци, во глобала зборував. Повеќето овде кој велат дека 2000+ евра се потребни за пристоен живот во Македонија сеуште живеат на сметка на родителите и појма немаат како се заработуваат тие пари во Македонија.
 
jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
18.525
Поени од реакции
26.015
Види, реално да не бевме во ИТ сектор, тие плати (пари) се постигнуваат само со бавење со политика.
Реално е така, јас не реков дека не е. Не само ИТ, верувај има неколку бранши кои носат пристоен приход. Но има и доста луѓе кои живеат во беда. Поентата беше да се каже дека тие што живеат во беда, дека живеат во беда, а не да се труби дека бедата е достоинствен живот, само затоа дека не е достапно во моментов нешто друго. Баш тие што ја имаат таа заработка се најрелевантни да го кажат тоа. Можеби на некого му изгледа арогантно, но да посакуваш сите да имаат барем толку не е ароганција. Ниту па повикување на нереален лускуз.

Можеби тоа изгледа како сон, но тоа го има во држави кои до вчера беа во беда. Зошто и ние да не го имаме тој сон.

Не кажувам јас за поединци, во глобала зборував. Повеќето овде кој велат дека 2000+ евра се потребни за пристоен живот во Македонија сеуште живеат на сметка на родителите и појма немаат како се заработуваат тие пари во Македонија.
Ебате беља, ти како да сакаш да сме заглавени во гомна уште 100 години. Немаш сон, немаш надеж за ништо. Ајде да земеме една нуклеарка и да си пресудиме ако не. Точно толку пари се потребни за пристоен живот во Македонија, све помалце од толку е сиромаштија. Тоа што е за тебе луксуз, а што е потреба е субјективно, некој сака да излезе по кафани, некој сака да шета низ Европа, некој сака да скија, некој сака скуба дајвинг, стефус сака да вложува во берза, со 2000 неможеш све ова да си го приуштиш, туку само едно и тоа не е луксуз. Тоа е малце светло во твојот живот.

Не збориме тука како е, ниту збориме како е тоа остварливо, ниту пак кој живее со своите, а кој заработува ... збориме колку ти треба за пристоен живот. Јас ја земав како пример Полска, држава која беше во поголема беда од нас, кај што за да купиш кондури се чекало 6 месеци и кога ќе ти ги донесат не ти гаранатираат дека ти се точни. Тие го имаат тоа што треба да е минимум за секоја Европска држава.
 
Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
15.515
Поени од реакции
34.569
Види, реално да не бевме во ИТ сектор, тие плати (пари) се постигнуваат само со бавење со политика.
Во ИТ можеби се екстремни разликите, ама од 1000-2000 евра по човек се заработуваат во уште многу бизниси, дури и во бизниси за кои не е потребно високо образование.
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.125
Поени од реакции
25.516
Во ИТ можеби се екстремни разликите, ама од 1000-2000 евра по човек се заработуваат во уште многу бизниси, дури и во бизниси за кои не е потребно високо образование.
Се заработуваат, ама не во просек за сите вработени. :)
 
Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
15.515
Поени од реакции
34.569
Се заработуваат, ама не во просек за сите вработени. :)
Па и во ИТ не за сите вработени.
Плати од 2000+ евра не земаат почетници, туку луѓе со 3+ години искуство (најчесто 5+).

Минативе 3-4 години имав доста преправки во куќата, колку што гледам нема мајстор што работи за под 2000 денари на ден (најчесто 2500 денари и тоа во помал град, не во Скопје). Нели половите се еднакви денес, па ако заработува тој 1000-1200 евра, ќе ја прати и невестата да му донесе уште едно 1000че и таман се :)
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.125
Поени од реакции
25.516
Па и во ИТ не за сите вработени.
Плати од 2000+ евра не земаат почетници, туку луѓе со 3+ години искуство (најчесто 5+).

Минативе 3-4 години имав доста преправки во куќата, колку што гледам нема мајстор што работи за под 2000 денари на ден (најчесто 2500 денари и тоа во помал град, не во Скопје). Нели половите се еднакви денес, па ако заработува тој 1000-1200 евра, ќе ја прати и невестата да му донесе уште едно 1000че и таман се :)
Добар занаетчија може да направи многу пари. Се дига цената на сервисите, се отвораме кон светот заради глобализацијата и се повеќе луѓе наоѓаат начин да направат пари. И тоа е убаво. Ама сепак, сеуште сите тие луѓе не се ни 10% од вкупната популација.

Инаку се согласувам дека ако пристојното не можеме да си го дозволиме, не значи дека треба да ја промениме дефиницијата за пристојно.
 
Не збориме за плати од 2000 евра, туку 2000 евра по фамилија со двајца вработени. Мое мислење е дека тоа веќе го имаат околу 30% од фамилиите во Македонија.
 
Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
15.515
Поени од реакции
34.569
Добар занаетчија може да направи многу пари. Се дига цената на сервисите, се отвораме кон светот заради глобализацијата и се повеќе луѓе наоѓаат начин да направат пари. И тоа е убаво. Ама сепак, сеуште сите тие луѓе не се ни 10% од вкупната популација.

Инаку се согласувам дека ако пристојното не можеме да си го дозволиме, не значи дека треба да ја промениме дефиницијата за пристојно.
Севкупно на ниво на семејство мислам дека има поголем процент.
Не збориме за плати од 2000 евра, туку 2000 евра по фамилија со двајца вработени. Мое мислење е дека тоа веќе го имаат околу 30% од фамилиите во Македонија.
Да, разбрав тоа, затоа пишав дека има доста семејства што се со по 2 плати од по околу 1000 евра.
 
Darklady

Модераторка
Член од
29 октомври 2011
Мислења
5.530
Поени од реакции
34.793
Мислам дека тоа „тапкање во место“ се должи на немање храброст за барање, покренување други алтернативи и отварање на нови можности во однос на работата. Во Македонија луѓето се навикнати на „ќути има и полошо“ и со таа девиза 1 продавачка ќе заглави 20 години на каса во КАМ маркет, за мизерни 18,000 денари. Наместо да се води од девизата „има и подобро“, да си го цени трудот и да се ориентира на нешто друго.
Можности има многу, само треба да се има храброст, визија и одлучност.
Секој почеток е тежок, препреки, падови, ама ако не пробаш, нема да знаеш.
Убаво е човек да се задоволува со мали нешта, ама секогаш треба да цели кон повеќе и кон подобро.

Единствено на луѓето без визија, пристојниот живот им изгледа како луксуз
 
Член од
28 август 2013
Мислења
3.919
Поени од реакции
11.596

Само би додал, некој и на касите треба да работи. Треба стандардот да се крене, а не нуклеарна физика или ракетна наука да треба некој да знае за пристоен живот.
 
Член од
17 август 2011
Мислења
9.716
Поени од реакции
17.381
Не збориме за плати од 2000 евра, туку 2000 евра по фамилија со двајца вработени. Мое мислење е дека тоа веќе го имаат околу 30% од фамилиите во Македонија.
Да ова се буни на темава. Тоа е 1000 евра приход по вработен, што е пак високо за Македонија меѓутоа далеку од неостварливо за луѓе што се на подобри позиции или луѓе што работат за странски фирми.
Плус ако имаш живеалиште обезбедено од дома(а доста имаат), одма се крати 300 евра тука од тие трошоци што ги збориме. Епа за скопје 700-800 евра мислам дека е реално млад човек да ги постигне.
 
Darklady

Модераторка
Член од
29 октомври 2011
Мислења
5.530
Поени од реакции
34.793
Само би додал, некој и на касите треба да работи. Треба стандардот да се крене, а не нуклеарна физика или ракетна наука да треба некој да знае за пристоен живот.
Точно, некој треба и на касите да работи.
Види, јас не ја потценувам работата на каса во маркет, да не се разбереме погрешно. Ама ако приватниците нема да можат да најдат некој да им работи за мизерни 18,000 денари, тогаш сакаат, не сакаат, ќе ја подигнат платата, затоа што ќе нема кој да им носи пари. Просто.

Имам пријателка, која повеќе од 10 години работеше на каса во маркет. Се одлучи да оди на курс за шиење. 6 месеци. После 5 години, таа е горда сопственичка на мини фабрика за шиење, денес вработува 30 жени кои работат за неа. Доколку се задоволеше со платата од каса и денес ќе беше таму. Ама имаше визија и собра храброст да започне нешто друго. Трнлив е патот, ама без визија и без труд не се мрда од место.
Луѓето се научени да кукаат дека се нема, дека платата им е мала и да седат со скрстени раце. Е па не кукај, засукај ракави и уклучи мозок.

Денес да најдеш плочкар е научна фантастика. Треба да го чекаш со месеци, затоа што се презафатени. А цената достигнува фантастични 10 евра од метар квадратен. Денес 1 плочкар со работно време од 8 до 16 часот, ќе залепи 10 квадрати просек сигурно. Тоа ти се 100 евра денот. Нека работи 20 дена, ете ти 2000 евра. Само еден пример кој ми падна на памет, што не е ИТ, а е доста профилен бизнис.

Муабетот ми е дека се е достижно и се е возможно, само треба да се вложи труд, а не да се мечтае „да се вработам во администрација за да не работам, па колку се, толку се“.
 
Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
15.515
Поени од реакции
34.569
Само би додал, некој и на касите треба да работи. Треба стандардот да се крене, а не нуклеарна физика или ракетна наука да треба некој да знае за пристоен живот.
Таквите работни места по некоја филозофија треба да се „привремени“, т.е додека бараш поасална работа, или додека си студент.
Не постои држава во светот каде што овие места имаат добра плата, генерално се минималец, или нешто ситно над минималец.
Добри се шансите дека за скоро (1-2 децении) нема ни да постојат.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom