Кај најдовте со Влав за пари да се докажувате
Одмор, ха зависи реално што е одмор? Грција, Турција.... жими таквоото се одмор.
Кај мене случајот е таков што јас живеам во викенд населба, чист воздух, мир спокојство, куче, маче околу нас, ќејфови. Арно ама јас скоро секој ден одам на работа, викенди средувам околу куќа, ништо скоро не видувам од тоа. Така да за мене е одмор да си седам на летната кујна, со кафе и лаптоп и да кулирам.
Од друга страна жена ми е нон стоп дома, таа бара да отидеме бар 10 дена до Грција... да одмори од дома.
Така јас одам на такозвани одмор на море, а после се одмарам од тој одмор дома.
Заклучок, одмор се есапи кога ти е убаво и одмараш, назависно од местото.
Кола, во помалите градови часто луѓето купуваат кола од компетитивност, не од сушта потреба.
Св Николе на пример одлично функционира со такси и превозници до Скопје, ама ако комшијата има кола, е тогаш не ја бива и ти да немаш
Скопје е веќе друга приказна.