Колку македонската академска елита своите трудови ги пишува сама?

Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.169
Поени од реакции
34.281
Да се стане магистер е предизвик на сè повеќе луѓе во Македонија. Но, колку македонската академска елита своите трудови ги пишува сама?


На Facebook сретнавме реклама која нуди помош за изработка на магистерски трудови и други видови на проекти.

Линкот не однесе до групата, чиј опис вели „ Сите видови на проекти, магистерски трудови и друг вид на истражувања за кои ние нудиме помош претставуваат во целост оригинално дело и се ослободени од плагијаризам“. Парадоксот е во тоа што во академскиот свет, туѓи дела, а посебно магистарски трудови сами по себе претставуваат плагијаризам.


Од страницата на групата на Facebook, го следевме линкот до веб страницата на професионалците за изработка на проекти кои себе се опишуваат како „ Тим на магистри и доктори на науки по економија (Банкарство и Финансии, Менаџмент и Маркетинг), по правни науки (Меѓународни односи и релации, Интернационална Дипломатија, Меѓународно право), филозофски и филолошки науки, се грижи за вашите проекти“.



Значи, „гоустврајтерите“ кои ги нудат ваквите услуги најверојатно се предавачи и на високообразовните институции во Македонија. Професори и асистенти кои им ги пишуваат трудовите на студентите. За пари, се разбира. Етички, навистина.

Во Македонија пишувањето на научни трудови за други лица не е ништо ново, но упорно се премолчува, а за некого претставува и бизнис. Од семинарски, дипломски и магистерски, до докторски дисертации. Сите среќни, со дипломи под мишка и титули кои ќе им ги красат потписите во електронската пошта.

Виа Кајгана
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.489
Една професорка од мојот факултет за плус поени за оцена им даваше на деца да и преведуваат по 10 страни секој од англиски на македонски и после тоа ќе го стави во книга. И затоа што не е толку изгледа интелигентна да го препрочита тоа што го превеле, тие грешеле и во книгите нејзини искачаат некои смешни реченици и оди учи. Ете толку пишуваат свои научни трудови и книги.
 

Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.124
Поени од реакции
18.110
Одредени професори работат на мојот факултет работат по туѓи книги ,од едноставна причина - не напишале нешто свое.И често пати имаме забуни ,па после несогласувања на прашањата на испити / колоквиуми со материјалот итн.
И да ,пред некој ден дипломската ја зедов готова (стандард процедура).
 
Член од
11 септември 2011
Мислења
358
Поени од реакции
608
Да се биде магистер во денешно време значи да бидеш еден од двата типа магистри:

Едиот тип магистри завршуваат магистратура и својот труд самите го пишуваат и тоа им е предизвик затоа што се интелектуалци во вистинска смисла на зборот, но дремат дома, невработени се или работат бош-работи за да може да го преживеат денот.

Овој другиот тип магистри не се интелектуалци и како што на лесен начин завршуваат факултет со помош на тато и мама така и на лесен начин препишуваат туѓи трудови и најчесто се вработени со помош на тато и мама или пак партијата и тоа во државна администрација знаејќи дека еден магистер таму зема 30% поголема плата од обичен високообразован кадар.
 
Член од
1 ноември 2008
Мислења
7.396
Поени од реакции
1.880
Една професорка од мојот факултет за плус поени за оцена им даваше на деца да и преведуваат по 10 страни секој од англиски на македонски и после тоа ќе го стави во книга. И затоа што не е толку изгледа интелигентна да го препрочита тоа што го превеле, тие грешеле и во книгите нејзини искачаат некои смешни реченици и оди учи. Ете толку пишуваат свои научни трудови и книги.
Уште не ја преведе книгата или друга е на ред? Оти знам пред едно 3 години истото го праваше, семинарска превод од англиски на македонски, нешто што нема врска со предметот.
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.489
Уште не ја преведе книгата или друга е на ред? Оти знам пред едно 3 години истото го праваше, семинарска превод од англиски на македонски, нешто што нема врска со предметот.
Друга ќе да е оваа, од толку студенти ќе ја преведеше кога тогаш :pos:
 

Топче

Арсеналиста
Член од
18 септември 2010
Мислења
9.180
Поени од реакции
14.434
Една професорка од мојот факултет за плус поени за оцена им даваше на деца да и преведуваат по 10 страни секој од англиски на македонски и после тоа ќе го стави во книга. И затоа што не е толку изгледа интелигентна да го препрочита тоа што го превеле, тие грешеле и во книгите нејзини искачаат некои смешни реченици и оди учи. Ете толку пишуваат свои научни трудови и книги.
Тоа им е стара навика.
Не се срами кажи си ја по име и ич да не ти чуе.
Јас знам за два случаи, едниот Лошковска - секоја година дава нови книги на преведување и тоа преводот не ти носи исто бодови колку и обича програма/семинарска туку помалце и пак колеги се јавуваат за тоа (да и јас се изгорев првиот пат).
Си мислиш ќе ти даде малце, кога ќе видиш цел чаптер од 40тина страни...

Другиот случај е кај Тентов, на колега му даде 10 чаптери за преведување вкупно околу 150 страни за ебана 6ка....
И после трудовите биле нивни ма дај молим ти се...

А и на економски слушам се праеле некои далавери ама не сум таму така да неможам да коментирам за тоа...
Професорите (со секоја чест на исклучоци) се најлоповскиот народ после политичарите и поповите...
 

Dzish

unlike any other...
Член од
15 февруари 2007
Мислења
13.994
Поени од реакции
2.687
Која македонска академска елита? Мислам дека таквата остана во СФРЈ...

Море сигурен сум дека остнана во СФРЈ. Сега и магаре да запишиш на било кој факултет, може да добие диплома.
 

Pravnice

The Don
Член од
15 ноември 2007
Мислења
2.462
Поени од реакции
1.433
Мене сега ми следува бранење на магистерска. Заедно со правосудниот, магистерската ми е врвот. Понатаму веќе нема. Ми претставува предизвик и задоволство сам со свој труд да ја напишам. Нонсенс ми е да стигнеш до тука а друг да ти го пишува она што треба да е цреша на шлагот.
 
Член од
8 април 2010
Мислења
1.182
Поени од реакции
281
Ѓорѓи Јованчевски , кој е на ПМФ, или сеа некој од приватните кај предава сигурно го знаат, човекот има напишано којзнае колку книги за програмирање, претежно Паскал, прва година учевме ц++ од негова книга, постарите кажуваа дека им задал семинарски и така ја објавил, некои дури и си препоознаа кој дел е од нивна семинарска :pos: :pos:
 
К

Кнез Мишкин

Гостин
Книгишта напишаа „професори“ и пари намлатија со трудот на студентите, тоа е јасно ко ден.
Што се однесува до трудовите, знам дека мора да бидат оригинални, не смее да бидат претходно објавувани. Види и не е така тешко да се напише труд, еве на пример, некој истражувањето го правел на еден начин, ти ќе земеш и ќе го спроведеш на друг начин, ќе ја опишеш методологијата, ќе цитараш едно 20-тина души и завршена работа.
Ама е тешко за студенти кои не се воведени во научно истражувачката работа, за да напише некој труд треба пред се да прочита миниумум 50тина труда за да го потикнат да размислува на одредена тема и да најде нешто ново што досега не е истражено. Ама кој да чита!? Ова го зборам за било која наука, било природна или општествена. Оние што се посветени на својата професија го прават тоа, другите препишуваат, купуваат и така натаму.
Цели конгреси кај природните и техничките науки се полни со извитоперени бугарски трудови, нашминкани резултати. Ама тоа е.
За ваквите алтернативи, како купување на трудови, никогаш не би се нафатил. И што е тогаш целта на магистерските студии, тие служат за да се стекнеме со знаење и умеење за истражување. o_O
 

Windfucker

Телемит, Темплар, Масон, Сциентолог во целибат
Член од
30 април 2010
Мислења
8.459
Поени од реакции
15.326
Другар мој направи проект кој се продаде за 3000 евра во Охрид, ова беше за дипломска. :)
 

Klinton

wanna BOMB?
Член од
11 април 2010
Мислења
2.786
Поени од реакции
4.432
јас за дипломски труд имав плински уред, прво ми се слоши кога видов дека дипломската на колегите им беше целосна обработка на само еден дел, дел каков што јас ги имав 18 во мојата дипломска... тоа можев да го преќутам, ако, нека биде, отпосле испаѓа работава професорот да ми ги побара останатите делови (кои јас намерно не ги ставив за да не може да се произведе) оти „сакале да пробаат да го направат“
некој печали...а некој не:D
 
Член од
25 септември 2011
Мислења
6.448
Поени од реакции
18.280
Дипломскиот труд си го пишував сам уживав да истражувам и собирам информации за да склопам супер дипломска,поубаво се чувствувам со мој труд отколку со 500 денари дадени и купена, секако и магистерската ќе ја пишувам сам.Кога ја бранев дипломската потпишав изјава дека сам сум ја правел и дека не е плагијат,сега останува да видиме колку министерството и неговите инспекторати сериозно ќе се ангажираат за да нема такви купени работи.Во Скопје има 4-5 места на кој се продаваат семинарски,дипломски,магистерски тези а тие пак истите теми ги продаваат на студентите.Студентите мислат ај ќе купам ми е галје но немојте да мислите дека професорите и асистентите не ги препознаваат.Голем дел од професорите во своите кариери имаат многу малку трудови издадени ,со последните некој истражувања кој се правеа мислам дека македонската академска елита од поранешните Ју републики има најмалку трудови.Секоја чест на одредени исклучоци од помладата генерација на академски личности друго е се made in SFRJ
 

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.322
Поени од реакции
7.781
Во Франција некогаш мноогу одмна имало титула Чувар на кралската перница, така да ова нашиве магистерски и докторски титули ме подсетуваат на тоа. Џабе перјаници титули и дипломи ако поим немаш од животот, мене смешно ми е магистер доктор, а јас ковач повеќе од него знам на темата на која што магистрирал :icon_lol:. Ама јас тоа на своја рака учев за да научам па да проверам дали е така и зошто е така, и дали може поинаку, и ако не може зошто не може, а ако може зошто може....
--- надополнето: Oct 12, 2011 1:26 PM ---
Немам ни дипломски ни магистерски труд, а на матура препишував :icon_lol:.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom