Колку квалитетно работи државната болница?

Ddime

████████████████████
Член од
18 февруари 2007
Мислења
5.076
Поени од реакции
212
Прво да се изјаснам како крајно изреволтиран од работата на „докторите“ во државната болница во нашава мила Македонија.

Пред недела дена имав мала незгода со скејт, скочниот зглоб ми отече - ми се напраи лубеница и чуствував силни болки додека се движев, но сепак можев да се движам. Веднаш заминав во градска болница каде бев примен од дежурен доктор, бев сниман и се остало. Но кога таканаречениот доктор, на кого несакам ниту да му го спомнам презимето, ги виде снимките - тука стана вистинска драма.
Прво ми рече не ти е ништо и да отидам во просторија 16 и да ми наредат завој, за потоа на излагање да ме праша дали прв пат ми се случува нешто вакво на левава нога(прв пат), и веднаш да смени 360степени мислење дека треба да ми се нареди гипс за да ми дојде памет(!). Јас таков океј во прв момент, напиша докторов на папир, отидов платив, и си викам чекам малку wtf се дешава.
Ни два ни три земав снимките и правец државна болница. Празник беше, не работеа приватниве. Во државна имам некој познаник специјалист(за глава), ги виде он снимките рече и го потврди мислењето на докторот од градска, во истиот момент дојдоа уште двајца доктори кои исто така рекоа нема ништо со мојата нога. Мојов пријател ме советуваше да ставам завој, а за најефикасно и најсигурно ми рече да ставам пластична лонгета.

Нема проблем, отидов утредента во ортопетска продавница и дадов 5илјади за таа пластична лонгета. Недела дена се мачкав со тоа што ми препишаа, носев лонгета, мирував 24/7 цела недела дена, отокот малку се повлече, но сеуше го имаше. Можев слободно да одам по недела дена, но при 1километар пешки ногава ужасно ме заболе што неможев ниту да мрднам.

Дојдоа гости кајмене дома, и ми рекоа да отидам кај Али, „железничар“ со стан во Аеродром. Деклариран како пензионер, меѓутоа му отидов дома... и веднаш штом ги виде снимките виде дека „сепак нешто не е вред“. Ми ја тегнеше ногава, го вртеше стапалото, крцна два-три пати... и вика наместена е сега.
Господ здравје да му даде на човеков, еве веќе три дена без проблем ја движам ногава и нема никакви болки.


Поентата ми е, кој е тој што им дава дипломи/сертификати или што таму на докторите од државниве болници. Ужас, да останев со завојот, или па да стаев гипс, кузнае што ќе се десеше со ногава моја.
Воедно, сакам да ги предупредам сите кои недајбоже би имале сличен проблем како мојов да се запрашаат и преиспитаат двапати што тоа им кажуваат докторите од државниве болници.
 
Член од
22 февруари 2007
Мислења
7.076
Поени од реакции
1.940
Со мороните в болница биди среќен шо си останал жив. Јас ќе бидам првиот шо ќе го скинам моето здравствено осигурање ако стани опционално, и онака врска немаат од медицина. На билница се плашам да одам од шо се патетични. Во државава нема ни морал ни одговорност кај лекарите.
 
Член од
16 февруари 2008
Мислења
225
Поени од реакции
78
Од долгогодишно лично искуство можам да констатирам дека нашето (државно) здравство е - не дај боже да се разболеш!
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.489
Аууу, подобро да ти седел зглобот како лубеница него да си одел на клиника :)

Мене пред 4 години точно сакаа да ме оперираат од проблеми со цревата (девојче ќе те отвориме, ќе видиме што е, ќе средиме) а јас имав иритација во желудникот. Што е најтрагично, кога им викав дека ме боли кај желудникот не ми веруваа. :tapp:

Оттогаш немам отидено на клиника, па солзи да ми течат од болка :)
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Ако тргнеш по тие врати се ќе ти најдат освен болеста која те мачи :)
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.692
Поени од реакции
12.089
Катастрофа се. Кога се оперирав, секоја операција сам си земав завои и се што требаше уз тоа. Тоа као у кафана -ќе донесеш салата, месо, компири, столче и маса...таму готвачите ќе ти ги спремат. За инфузија една ноќна смена млада сестричка си вежбаше на мене ставање игла, ме избрца насекаде, као вампири да ме гризале, па среќа дојде една постара и одма среди работа.
Да не спомињам за смртните случаи ради докторите (или погрешна дијагноза или сепса или ненавремена грижа), греота е за мртвите.

Алан Форд може вода да ни носи

Сега баш има информација за ортопедија -купи си колено, коска...било што, ортопедија нема делови :toe:
 

rossonerka

too good to be true
Член од
8 октомври 2007
Мислења
6.081
Поени од реакции
889
Неквалитетно! А има дел што е квалитетен кадар, но кој го мрзи да работи. Ако не побркаш врски ич не му е гајле ни дали умираш. Мито колку ти душа сака има.
Нехигиена. Дури во емисијана Ходници кажаа една ептен загрижувачка информација 50% од хронично болните и од инфективно умираат од бактерии, најчесто на белите дробови, а слабите тела не можат со нив да се справат.
Тоа му се случи пред еден месец на мојот чичко.
Но не беше само бактеријата, туку и скржавоста на здравството. За многу скапо лекување стануваше збор и го одоговлекуваа и одоговлекуваа. За на крај веќе беше доцна за се, сеедно што лекувањето почна, ама доцна...
 
Член од
25 септември 2008
Мислења
8.785
Поени од реакции
1.554
Услуживост 0.Чим тоа катастрофа рачунај друго.:toe:
 

VeS

.
Член од
16 мај 2008
Мислења
4.749
Поени од реакции
2.355
Нема проблем, отидов утредента во ортопетска продавница и дадов 5илјади за таа пластична лонгета. Недела дена се мачкав со тоа што ми препишаа, носев лонгета, мирував 24/7 цела недела дена, отокот малку се повлече, но сеуше го имаше. Можев слободно да одам по недела дена, но при 1километар пешки ногава ужасно ме заболе што неможев ниту да мрднам.
5 илјади денари лонгета???
Добро фондов за здраство ни денар не ти плати??

Јас све шо изназедов од medicus help бесплатно го зедов :icon_lol:

Иначе да, државниве болници се за нигде.
Пошо често се наоѓам во нив,едино за пофалба ми е костозглобнана.. многу чиста болница, вработените не ми згрешиле дијагноза досеа :)
Во општана болница пред две години ми настегаја 13 инфузии за 7 дена во дуплирани дози за на крај да испадни дека ми ја згрешиле дијагнозата и едино Скопје ми беше спасот.

Бтњ не генерализирај,не се сите неписмени доктори,само си наишол на некој таков никаков.

*Ако немаш познат некој во која и да било државна болница ќе окапаш по вратине.

До толку да се немало пари една ебана болница да се реновира?
Баш гледав на Ходници,тие шок-собите во Скопје апла за нигде,тешко на тој шо мора да лежи појќе од еден ден таму.
 

Ddime

████████████████████
Член од
18 февруари 2007
Мислења
5.076
Поени од реакции
212
5 илјади денари лонгета???
Добро фондов за здраство ни денар не ти плати??

Јас све шо изназедов од medicus help бесплатно го зедов :icon_lol:
Пластична лонгета е оваа, ја вадиш ставаш кога сакаш. Приватно сам си ја купуваш. :|

Да е до нив, они секако ќе ми лупнат гипс или обична лонгета, кои чинат 200денари негде. Не ставив такво нешто од причина што мораше периодов да одам на полагања, па премногу малтретирање ќе беше со фиксна нога.

Мене пред 4 години точно сакаа да ме оперираат од проблеми со цревата (девојче ќе те отвориме, ќе видиме што е, ќе средиме) а јас имав иритација во желудникот. Што е најтрагично, кога им викав дека ме боли кај желудникот не ми веруваа. :tapp:
Истиот случај како помал, 1ва година средно. Се забораив играјќи пинг понг, и наредниот ден се истурив повраќање, во државна веќе ме ставија под нож... среќа што се најде човек од надвор кој ми укажа дека треба само да мирувам, а сето тоа било од замор.
 

اختيارين أحلاهم

اسامة شخصيا
Член од
30 мај 2009
Мислења
90
Поени од реакции
5
Во Македонија нема здравство, нема болници, и на крајот во Македонија нема доктори.
 
Член од
12 март 2009
Мислења
205
Поени од реакции
13
Од долгогодишно лично искуство можам да констатирам дека нашето (државно) здравство е - не дај боже да се разболеш!
Од долгогодишно лично искуство можам слободно да кажам дека низ оние ходници во државна можеш не да се излечиш него да закачиш уште по две три болести !
 

VeS

.
Член од
16 мај 2008
Мислења
4.749
Поени од реакции
2.355
Пластична лонгета е оваа, ја вадиш ставаш кога сакаш. Приватно сам си ја купуваш. :|

Да е до нив, они секако ќе ми лупнат гипс или обична лонгета, кои чинат 200денари негде. Не ставив такво нешто од причина што мораше периодов да одам на полагања, па премногу малтретирање ќе беше со фиксна нога.



Истиот случај како помал, 1ва година средно. Се забораив играјќи пинг понг, и наредниот ден се истурив повраќање, во државна веќе ме ставија под нож... среќа што се најде човек од надвор кој ми укажа дека треба само да мирувам, а сето тоа било од замор.
Dude и јас имав иста таква,само шо мојата беше од глуждов,па се до колкот.
Ја ваѓав само ко ќе се туширав.
Денар за та лонгета не платив,ниту за другите натаму ортопедски помагала шо ги носев.
 
S

smart ass

Гостин
Ајдее брее катастрофа...па у пичку матер абе учат 10 години ЗА ДА УТНАТ.

Јас си ја скршив раката пред 7-8 месеци ајде одма снимка и местење...па контрола на 7-дена одам и ми велат дој по 10 дена...ОК.

Одам по 10 дена ми велат треба хирургот кој го ставил гипсот он да го вади...ма УПМ имав болки и тоа јаки конкретно скршеницата беше на зглобот и ајде го извадија гипсот,снимаа и правец физикалнаа...одев завршив И ЏАБЕ.

Мине лека полека ама ако нагло се обидам да се качам на пример(тоа ми е хоби и по карпи,по градби) нагло од болката која се јавува едноставно раката ми откажуваше...сега е подобро и можам да кажам дека болките скоро и да ги нема но КРИВО е зарасната коската заради смрдените процедури,мрзата(дој по 10 дена) и сега јас што да правам м??

Ма катастрофа се!!!

Учат 10 години за ДА УТНАТ!!!!!!!!

СРАМОТА....исто и овие кои апла здрави и работоспособни граѓани ги правеа инвалиди за пензија,и специјалниот случај кога децата на богаташите за да не одат на фронт(2001) лекарот за 5000 марки(тогашни) ги правеа ретарди или физички неспособнои,па наоѓале аритмии...бла бла...СРАМОТА!!!!

Но не можеме да обвиниме министер или влада ТУКУ ај современо да кажам т.н МЕНАЏЕРИ:tapp::tapp:

По болниците кои се избрани партиски на локално ниво....епа драги се додека на секои 4 години се мењаат фотељи и се купуваат дипломи за жал така ќе биде.

Нејсе мојов проблем некако мина и покрај кривото зараснување пак можам да работам...ама има некои кои многу потешко ги снашло од Доктор..пазете имаше неколку случаи да при операција да заборават инструмент(сечило) во организмот:tapp::tapp: па паа кај му е мозокот бре...да не мисли некои пички ебати професионалноста..цццц:tapp::tapp:

За што бе ќерата толку години-наместо да ја почитуваат заклетвата они ја прекршуваат(ПОЧИТ ЗА ИСКЛУЧОЦИТЕ-ГИ ИМА),а пак сега некако ми е како да кажам сомнителен кадарот и од државен универзитет и од штул...:toe:

Во Македонија нема здравство, нема болници, и на крајот во Македонија нема доктори.
Ахх сега...не генерализирај има некои кои стварно буквално се грижат за пациентите...ама малку се тие-едноставно кај нас настанува ентропија во здравствениот систем.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom