Колку им судите на другите?

Член од
23 март 2007
Мислења
2.370
Поени од реакции
61
Вплеткувањето во приватноста на другите проследено со давање на секакви судови и коментари е нешто што доста не оддалечува од културниот свет....
Во нашава ни Македонија секој си зема за право да му суди за постапките на другиот....Се вплеткуваат во приватниот живот, сакаат се да знаат за својот комшија,роднина,пријател и сл. и на крај што е најсрашното го осудуваат за постапките (без разлика позитивни или негативни).
Мислам тоа веќе е длабоко навлезено во нашиов менталитет и сметам дека ќе ни треба доста време да се избориме барем малку да наликуваме на останатиот свет...
Што мислите за давањето судови на другите, како реагирате кога ги слушате и колку сте склони на некому да му судите?
 
Член од
4 април 2006
Мислења
9.179
Поени од реакции
3.072
Оговарање ? :)

Јас не а за вас не знам
 
**The Beauty**

and the beast
Член од
4 февруари 2007
Мислења
552
Поени од реакции
10
Никогаш не сум им судела на луѓето, сигурно имало причина зашто направиле вака или така. Т.е. сеедно ми е, секој со својот живот.
 
Член од
25 јануари 2007
Мислења
6.775
Поени од реакции
314
Секој секого осудува,тоа е факт.Почнаа и со осудување на луѓе што не ги знаат,а камо ли па на некои поблиски.Па кој ку*ац им е не знам стварно...мој живот е,ако сакам и ќе го уништам,не ќе трпам некој да ми се издерава и да ми соли памет за нешто што сум направила.
Сите денеска се премногу зафатени со трачарење и делење безпотребно памет,што забораваат да си ги погледнат нивните животи и да видат дека и кај нив не цутат секогаш ружички.
Порано и јас се правев паметна и на сите им кажував што е правилно,а што погрешно,ама престанав зашто нема веќе разлика од давање добронамерен совет и солење памет,така да...секој со своја глава.Ако на другите им е убаво да се мешаат,бујрум...

И секој пред да почне да збори контра некој и да го осудува за неговите постапки...нека почне од самиот себе и од тоа дека секој има право на сопствен живот и дека нема никакво право да му се меша во одлуките.
 
Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Хм...секој има право на свој живот и право да се однесува како сака.Можеби тоа е спротивно од моите убедувања и размислувања,но јас не сум ништо посебно,за да судам за тоа кој каков живот води и како се однесува.
И јас не сакам некој да ми суди за мојот живот,па затоа и јас никогаш не осудувам.
 
С

Сатори

Гостин
Вплеткувањето во приватноста на другите проследено со давање на секакви судови и коментари е нешто што доста не оддалечува од културниот свет....
Во нашава ни Македонија секој си зема за право да му суди за постапките на другиот....Се вплеткуваат во приватниот живот, сакаат се да знаат за својот комшија,роднина,пријател и сл. и на крај што е најсрашното го осудуваат за постапките (без разлика позитивни или негативни).
Мислам тоа веќе е длабоко навлезено во нашиов менталитет и сметам дека ќе ни треба доста време да се избориме барем малку да наликуваме на останатиот свет...
Што мислите за давањето судови на другите, како реагирате кога ги слушате и колку сте склони на некому да му судите?
Пред се не верувам во тоа дека некој некого треба да го осудува, уште помалку да зборува со некоја трета личност за тоа.
Македонскиот менталитет е прилично сеуште во минатиот век за воопшто да се трудиме да коментираме на таа тема, да во право си, ќе треба прилично многу време да помине за да може сите да почнат да ја гледаат својата работа без да се замаараат со туѓата.
Но Македонија сама по себе е многу мала за таква работа, а сите имаат потреба да го живеат туѓиот живот наместо својот.
Се трудам да не ги осудувам луѓето кои ми се блиски, за останатите никогаш не ни сум се замарала.
Тоа се граници, некои луѓе научиле дека треба да се постават, други дека не треба да се пречекорат, добри 90% не ни знаат дека за тоа требаат граници.:nesvest:
 
Член од
16 февруари 2006
Мислења
2.830
Поени од реакции
19
Гледам што помалце да им судам на лугето зашо несакам и мене да ми се плеткаат....ако некоаш се деси да се умешам би било само со чисто пријателски совет и мое гледање на нештата....
 
Тамарче

Ако одам во Битола..
Член од
11 јули 2007
Мислења
3.239
Поени од реакции
223
Секој има право на свој живот и има право да го живеј како шо самиот тој сака. Но, факт е дека СИТЕ ние му судиме на некој, ги осудуваме нивните постапки, без разлика дали се добри или лоши. Јас лично, се обидувам да ја искоренам оваа наша грда македонска (да речам) особина и се трудам да не ги осудувам луѓето, а и самите нивни постапки, и се придржувам за она:
“Don't Judge Me, Unless U Know Me!“
 
Even when somebody do know you,they don't have the right to judge you!:pipi:
 
Член од
19 март 2007
Мислења
6.574
Поени од реакции
163
Па не толку колку што тие ми судат мене :)
 
Член од
1 февруари 2006
Мислења
380
Поени од реакции
17
kolku im sudam.....premnogu ako me zapletkuvaat vo nivnite sranja bez potreba....
inaku ne me interesiraat muabeti od tipot koj na kogo i zasto.........epten mi se shpanska serija moment
 
Setsuko

Модератор
Член од
29 јануари 2006
Мислења
6.487
Поени од реакции
5.963
Не можам да им судам на другите зашто не сум доволно запознаена со нивната ситуација и немам никакво право да солам памет за нечиј живот. Секој има лично право да си го креира животот како што самиот смета дека е правилно се додека не ме загрозува мене, немам намера ниту право да се мешам.
Добронамерен совет е ок иако денес тоа ретко кој го цени, затоа доколку не бараат мислење од тебе подобро тргни се на страна и секогаш ќе те ценат повеќе. Барем така сум почувствувала според досегашните искуства.
 
Член од
8 февруари 2007
Мислења
1.968
Поени од реакции
43
Вплеткувањето во приватноста на другите проследено со давање на секакви судови и коментари е нешто што доста не оддалечува од културниот свет....
Во нашава ни Македонија секој си зема за право да му суди за постапките на другиот....Се вплеткуваат во приватниот живот, сакаат се да знаат за својот комшија,роднина,пријател и сл. и на крај што е најсрашното го осудуваат за постапките (без разлика позитивни или негативни).
Мислам тоа веќе е длабоко навлезено во нашиов менталитет и сметам дека ќе ни треба доста време да се избориме барем малку да наликуваме на останатиот свет...
Што мислите за давањето судови на другите, како реагирате кога ги слушате и колку сте склони на некому да му судите?
Вплеткувањето во туѓите животи е нешто секојдневно. Сакала или не кога некој ќе ми побара совет се чувствувам делумно вовлечена во таа ситуација. За жал не е работата што јас ќе помогнам некому со тој мој совет или не..работата е во тоа што оние околу, чие хоби се туѓите животи, ќе почнат да шират разни муабети и полека да се вовлекуваат во приватноста.
Сепак кога некого прашуваш за совет, кога некому му веруваш значи и дека на некој начин му дозволуваш да биде дел од твојата приватност. Оној кој се обраќа за совет или помош сигурно е свесен дека и ти имаш свое гледиште, свој суд по тоа прашање. Нормално дека треба да биде свесен и подложен на твојата директно упатена критика кон него.
Она што нас не одвојува од т.н. цивилизација се индиректните критики, упатени без некоја конкретна цел, со единствена намера да се зборува нешто колку да не се молчи. Овие муабети или поточно судови за нешто ми се тотално неосновани и не обрнувам внимание на нив, а тоа и најверојатно беше причината за да престанат. Кога би сфатиле дека светот и луѓето имаат сериозни прашања кои треба да ги разгледуваат можеби и би престанале..а дотогаш игнорирање е единствениот начин.
 
Член од
25 јануари 2007
Мислења
6.775
Поени од реакции
314
Тогаш би било совет, а не судење..Според мене:):smir:
Има разлика од совет до осудување,јас зборам само дека и кога некој ме познава-нема право да ме осудува,само да ме советува,ако јас го побарам тоа од него.:smir:
Само што,денеска не се прави разлика помеѓу совет и солење памет,па скоро сите го практикуваат ова второво.:)
 
Kajgana Shop

На врв Bottom