Колку им верувате на луѓето околу вас?

Spaski

Vita - Amore - Riso
Член од
31 јануари 2009
Мислења
263
Поени од реакции
11
Сите си знаеме што самите мислиме и размислуваме. Понекогаш тие мисли одлучуваме да ги споделиме со другите, но многу почесто ги затскриваме или ги извртуваме за да се прилагодиме со ситуацијата.

Колку им верувате на луѓето околу вас?
Дали го прифаќате нивното мислење за автентично и со кредибилитет?
Блиските роднини, партнерот/партнерката, потоа потесниот круг на пријатели, поширокиот круг на познаници и на крај луѓето кои јавно ги изјаснуваат своите ставови.
 
Член од
6 јануари 2010
Мислења
1.120
Поени од реакции
104
На никого не му верувам.
Верувам само во себе. И во ништо друго. Сметам дека така е подобро.
 
Б

Бат Елохим

Гостин

Не верувам на никого посебно, ама и не неверувам.... исто ми се фаќа. Ничие мислење не земам здраво за готово. Најчесто споделувам нешто што е за споделување, ама тоа истото би го споделила со секого. Лични муабети оставам за себе пред огледало (ако до толку ми иде да ги споделам со некого)
 
Spaski

Vita - Amore - Riso
Член од
31 јануари 2009
Мислења
263
Поени од реакции
11
На никого не му верувам.
Верувам само во себе. И во ништо друго. Сметам дека така е подобро.
Тогаш како можеш да опстојуваш во овој свет без доверба?
Сепак мора на некој да можеш да му веруваш, да се потпреш на него.
Не можеш да бидеш скептична за сé затоа што ако сите бидеме скептични за сé, до никаде нема да стигнеме.
 
Г

Господ

Гостин
Постојат личности на кои би им се доверил.
Но безусловна доверба немам во никого,па дури ни во себеси.
Секој може да погреши така да секогаш
го очекувам тоа.
No expectations-No disappointments излегува
 
Spaski

Vita - Amore - Riso
Член од
31 јануари 2009
Мислења
263
Поени од реакции
11
Постојат личности на кои би им се доверил.
Но безусловна доверба немам во никого,па дури ни во себеси.
Секој може да погреши така да секогаш
го очекувам тоа.
No expectations-No disappointments излегува
Јас би препорачал
Hope for the best, prepare for the worst.
Или пак:
Hope for the best, expect the worst.
 
Г

Господ

Гостин
Хмм не би знаел не сум размислувал на тој начин.
Но кога се надеваш на нешто,најчесто забораваш дека
работата може да тргне и на лошо.
 
Член од
3 декември 2007
Мислења
2.681
Поени од реакции
182
Не постои човек на кого целосно му верувам, секогаш постои мала резерва, па тоа важи и за себеси. Секој има некои свои интереси, кои можат да станат и конфликтни во зависност од контекстот на некоја ситуација.

Сите имаат тајни, а ако некој мисли дека може целосно да му се довери некому, нека се запраша дали е способен да му ја каже својата најдлабока тајна, па после нека одговори.
 
Spaski

Vita - Amore - Riso
Член од
31 јануари 2009
Мислења
263
Поени од реакции
11
Хмм не би знаел не сум размислувал на тој начин.
Но кога се надеваш на нешто,најчесто забораваш дека
работата може да тргне и на лошо
.
Е да во право си, тоа што го пишав беше само поговорка, но во реалноста не си секогаш спремен за сé.

Јас им верувам на тие што се докажале дека се спремни да ја имаат мојата доверба. Се докажале со нивната искреност и нивните дела. Но научив да не верувам на секој што го знам.
Им верувам на одредени луѓе затоа што знам дека кога зборуваат со мене не прикриваат.

Не постои човек на кого целосно му верувам, секогаш постои мала резерва, па тоа важи и за себеси. Секој има некои свои интереси, кои можат да станат и конфликтни во зависност од контекстот на некоја ситуација.

Сите имаат тајни, а ако некој мисли дека може целосно да му се довери некому, нека се запраша дали е способен да му ја каже својата најдлабока тајна, па после нека одговори.
Но секако знам да го почитувам фактот дека секој си има свои тајни, што никому му ги немал кажано.:toe:

Секако на крај останува тоа дека довербата треба да се заслужи и да не се злоупотреби.
 
MiloBilderce

Bukake anyone ?
Член од
7 ноември 2009
Мислења
1.238
Поени од реакции
70
Malce se tie na koi im veruvam .. mnogu dvolicni go*na .. samo na najbliskite i provereni luge doverba ..
 
Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Јас им верувам 100% на сите оние кои се во мојот живот. Можеби некогаш сум зажалила за тоа, ама нека ме наречат будала, ама јас сакам да верувам во луѓето и им верувам. Дали ќе ја изневерат мојата доверба... тоа зависи веќе од нивната совест и принципи.
 
Шмекерот

Еден и единствен
Член од
24 мај 2008
Мислења
1.767
Поени од реакции
384
Верувам на моите најблиски во семејството. И верувам во тројца нај пријатели. Во останатие...знам кај кого можам да градам доверба кај кого не. А кај тие што градам...сум резервиран во процесот на градење на довербата. Пошо...коа ќе ти ја накршат некој ден...помалку да те боли со тоа шо ќе си речеш...јебига и ова го очекував.
Шмек...во доверба :smir:
 
M

marsovka

Гостин
Ја им верувам на луѓето но не верувам во демонот во нив ...

Океј им верувам додека не се најдам со кур у задник, тогаш сваќам дека сум згрешила -.-
 
Шота Буби

нотар
Член од
4 март 2009
Мислења
3.087
Поени од реакции
1.780
за да се стекне во некого поверње,тоа е доста тешка работа..кругот на луѓе во кои верувам е доста мал,мислам дека нема да стигне за еден круг,само полукруг..
 
Spaski

Vita - Amore - Riso
Член од
31 јануари 2009
Мислења
263
Поени од реакции
11
Јас им верувам 100% на сите оние кои се во мојот живот. Можеби некогаш сум зажалила за тоа, ама нека ме наречат будала, ама јас сакам да верувам во луѓето и им верувам. Дали ќе ја изневерат мојата доверба... тоа зависи веќе од нивната совест и принципи.
И што откако ќе ја злоупотребат таа доверба? Пак ќе им веруваш?
Нејќам да се сфати ова како навредливо, ама ќе го кажам:
На откриен газ секој плука.
....Пошо...коа ќе ти ја накршат некој ден...помалку да те боли со тоа шо ќе си речеш...јебига и ова го очекував.
Шмек...во доверба :smir:
Е да тоа треба да се очекува, како што кажав претходно, ама не секој ги гледа работите така.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom