СВЕТСКИ МАКЕДОНСКИ КОНГРЕС
ЗАБРАНА ЗА ИЗГРАДБА НА СПОМЕНИЦИ НА ОКУПАТОРСКИТЕ ВОЈСКИ ВО МАКЕДОНИЈА!
13 март 2009 година, Скопје, Македонија - Поради зачестените злоупотреби на некои соседни земји во барањата за изградба и одржување на споменици од војните во дваесеттиот век на територијата на Република Македонија, Светскиот Македонски Конгрес иницира донесување на посебен Закон за забрана за изградба на споменици на окупаторските војски на Бугарија, Србија и Грција на територијата на Република Македонија од Првата и Втората Балканска Војна и Првата и Втората Светска војна. Режимите на Софија, Атина и Белград мора да одговараат за геноцид врз македонскиот народ и да и’ платат репарации на Македонија за штетите од експлоатацијата на природните ресурси во времето на окупација на делови од Македонија.
Светскиот Македонски Конгрес иницира изградба на споменик на насилно мобилизираните и загинатите Македонци во српските, бугарските и грчките војски во Првата и Втората Балканска Војна и Првата и Втората Светска Војна.
13.03.2009
извор: СМК