Колкави плати земаат вработените во Џонсон Контролс, Џонсон Мети, ВанХол, Текно Хозе, Кемет и сл.

Член од
22 август 2009
Мислења
615
Поени од реакции
221
Сакав да потенцирам дека треба да се земе во предвид и нето ефектот, бидејќи само со извозот немаме јасна слика за состојбата. Али во секој случај дај боже секоја година по една ваква фабрика да се отвара.

http://www.kapital.mk/mk/makedonija/82017/koi_se_najgolemite_100_izvoznici_vo_makedonija_.aspx

На врвот на листата 100 најголеми извозниците за годинава избива Џонсон Мети, со извоз од поголем од 640 милиони долари, што е голем раст од над 150% во споредба со извозот кој британскиот гигант го имаше во 2010 година

Оваа реченица доволно говори што треба да очекуваме.

Џонсон Мети веќе е најголем извозник, барем според горниот текст, а дали ќе има најголем нето извоз не знам. Немам информации за тоа кои се најголеми нето извозници,
Ако имаш податоци за тоа не би било лошо да ги споделиш.

За Алкалоид сум доволно информиран, имам член од семејството вработен таму, плус сопственост на акции.

Во контекст на темата, еднаш до сега имав пишано за познаник вработен во Кемет, има договор на 2 години за плата од 300 евра. Примен е без врски, инаку човек со огромно знаење и искуство од кај нас и во странство. А според тоа што ми кажувал има и доста таму што се примени партиски.

Исто сега на еден пријател му ветија дека ќе му овозможат само да дојде до интервју за работа, а дали ќе го примат зависи од него. Дали беше за Џонсон Контролс или за сега некој нова фабрика не знам точно, али поентата е дека можат да го бутнат само да интервју.
 
Член од
17 април 2012
Мислења
2.335
Поени од реакции
2.095
Во контекст на темата, еднаш до сега имав пишано за познаник вработен во Кемет, има договор на 2 години за плата од 300 евра. Примен е без врски, инаку човек со огромно искуство од кај нас и во странство. А според тоа што ми кажувал има и доста таму што се примени партиски.
Еве уште еден пост кој го потврдува моето тврдење ,во однос на платите на Кемет електорникс во ТИРЗ Бунарџик . Значи точни ми биле информацииите:)
Во Бунарџик Џонсон Контрол ,Џонсон Мети се од 300 евра па нагоре платите , што имам правено муабет со луѓе што се во контакт со Кемет електоринкс, они ќе ја следеле политиката во однос на Џонсон Мети и Џонсон Контрол во однос на платите што ги даваат во Бунарџик.
 
А

Атомската мравка

Гостин
Неможете да очекувате дека Џонсон контролс, мети и слични ќе даваат по 500-600-700 евра кога имаме реално уште голема невработеност, нека се отворат во иднина (а на добар пат е гледам) уште 10-15+ вакви големи компании како нив што е реално имаат капацитет да ги соберат невработени во тие струки па да видите како платите ќе рипнат во сите фирми кога ќе нема кадар. Е тогаш ќе видите и како овие фирми ќе почнат да даваат многу повисоки плати, ќе биде и тоа ама само полека неможе на нешто што не се работело со години по незавиноста на Македонија наеднаш да се промени.. незнам за вас ама јас сум оптимист дека ни престојат подобри денови за државава едно 5-10 години максимум.
 
Член од
19 октомври 2012
Мислења
293
Поени од реакции
249

Ај вака прво. Какви плати имаат вработените во МТ,ОНЕ,ВИП, во банките, во осигурителните фирми, во ЕВН, во државните фирми од типот на ЕЛЕМ,МЕПСО итн. итн.???

Дали некој од квалитетните кадри од ваква фирма би прифатил да смени работа и да отиде во друга (Бунарџик) за барем иста плата? Јас мислам тешка работа. За да смени треба да му дадат поголема, така?
Да не се лажеме, и до сега имаше претпријатија кои што на ниво ги плаќаат своите вработени. Само што беа (се) малку. Сепак, се сложувам со констатацијата дека со зголемување на бројот на квалитетни компании како што се овие од Бунарџик, т.е. со зголемување на побарувачката на високо квалификувана работна сила, ќе раснат и платите.
 
Уште не се исцрпени ресурсите од квалитетните што се водат како невработени за да стигнат до она ниво што го кажуваш ти за да бегаат од солидна компанија која ги плаќа добро во друга каде што ќе зимаат повеќе пари. Е кога ќе ги исцрпат ресурсите од квалитетни кадри овие компании погоре тогаш може да очекуваме натпревар со повисоки плати помеѓу јаките компании, но тоа нема да биде за ептен брзо време сигурно.. а кога ќе дојде верувај дека би се префрлиле доколку се сигурни во нивните квалитети и доколку се амбициозни да сакаат да заработат повеќе. Во Америка на пример за богата кариера и квалитетен кадар го рачунаат оној што има сменето повеќе работни места во добри компании.
 
Член од
30 мај 2012
Мислења
5.027
Поени од реакции
2.888
Сакав да потенцирам дека треба да се земе во предвид и нето ефектот, бидејќи само со извозот немаме јасна слика за состојбата. Али во секој случај дај боже секоја година по една ваква фабрика да се отвара.

http://www.kapital.mk/mk/makedonija/82017/koi_se_najgolemite_100_izvoznici_vo_makedonija_.aspx

На врвот на листата 100 најголеми извозниците за годинава избива Џонсон Мети, со извоз од поголем од 640 милиони долари, што е голем раст од над 150% во споредба со извозот кој британскиот гигант го имаше во 2010 година

Оваа реченица доволно говори што треба да очекуваме.

Џонсон Мети веќе е најголем извозник, барем според горниот текст, а дали ќе има најголем нето извоз не знам. Немам информации за тоа кои се најголеми нето извозници,
Ако имаш податоци за тоа не би било лошо да ги споделиш.

За Алкалоид сум доволно информиран, имам член од семејството вработен таму, плус сопственост на акции.

Во контекст на темата, еднаш до сега имав пишано за познаник вработен во Кемет, има договор на 2 години за плата од 300 евра. Примен е без врски, инаку човек со огромно знаење и искуство од кај нас и во странство. А според тоа што ми кажувал има и доста таму што се примени партиски.

Исто сега на еден пријател му ветија дека ќе му овозможат само да дојде до интервју за работа, а дали ќе го примат зависи од него. Дали беше за Џонсон Контролс или за сега некој нова фабрика не знам точно, али поентата е дека можат да го бутнат само да интервју.
Haha,e ova me iznasmea,a gandarite ne znaat kolku e 2+2 pa zarabotuvaat poveke,istoto važi i za partiskite vojničinja po kancelariite.
:tapp::D
 
Член од
19 октомври 2012
Мислења
293
Поени од реакции
249
Вака... не е нај нај, ама не е ни лоша за почеток ... „има простор за напредок и личен развој“ ;) (y)
 
Член од
22 ноември 2008
Мислења
596
Поени од реакции
99
Вака... не е нај нај, ама не е ни лоша за почеток ... „има простор за напредок и личен развој“ ;) (y)
А да кажеше колку е и за која фирма точно се работи може и ќе беше од корист
 
Член од
5 ноември 2012
Мислења
2.526
Поени од реакции
5.706
Ха,
http://vecer.com.mk/?ItemID=D247FF8F48C09A4C9C77815FC636AD06

Младите бараат работа, а молат бога да не ја најдат
.......Експертите предупредуваат дека кај младите луѓе во земјава недостасува мотив за засновање на работен однос, дури и во странски компании кои што за нив се поатрактивни од домашните. Еден од примерите е инвеститорот Кемет електроникс" која има фабрика во ТИРЗ Бунарџик, а во моментов се среќава со недостаток на потребна работна сила. Како што објасни деновиве премиерот Никола Груевски,од Агенцијата за вработување на РМ го информирале дека било испратено известување до невработените лица за објавениот оглас за вработување во Кемет електроникс", но одѕивот неочекувано бил мал.
- Многу од невработените лица не биле заинтересирани да работат во смени, очекувале европска плата, а не македонска, далеку им била локацијата и слично... и од дваесетина колку што дошле на разговор, на крајот само 5 до 6 лица се појавиле во фабриката за да подетално се запознаат со потребите што ги бара работното место - посочи премиерот Груевски...........
 
Член од
28 мај 2008
Мислења
3.966
Поени од реакции
4.073

nekogo, 23.01.2013 08:42:49Makedoncite baraat rabota za da zarabotat, a molat boga da ne najdat rabota za bez pari. A ova vtorovo e najcesto nudena rabota na nasiot pazar na trud.

Коментар на место
 
Член од
18 ноември 2008
Мислења
621
Поени од реакции
612
Каков бунарџик бе, треба да станам во 5 часот да се спремам за работа. Додека излезеш од Скопјево, па потоа додека се вратиш поминал цел ден. Ептен ако морам би отишол таму да работам. Работава што ја работам на Рузвелтова ни се канцелариите, не би ја менувал и да ми дадат 35 000 денари плата. За повеќе од тоа би размислил.
 
Tonchie

BATTERY +
Член од
15 јуни 2005
Мислења
13.320
Поени од реакции
7.372
Каков бунарџик бе, треба да станам во 5 часот да се спремам за работа. Додека излезеш од Скопјево, па потоа додека се вратиш поминал цел ден. Ептен ако морам би отишол таму да работам. Работава што ја работам на Рузвелтова ни се канцелариите, не би ја менувал и да ми дадат 35 000 денари плата. За повеќе од тоа би размислил.
Кај си со живеачка? Јас во град иам работено во МЗТ и во општина Гази Баба. За да работам во фирма на Рузвелтова треба навистина да ми се погодени условите. Енивејз, сега работам на брод, фотографирам деца. Кога ќе ми здосади ќе му ја мислам ако останувам во Македонија. Патем од Континентал до Бунарџик имаш само еден семафор во Автокоманда. До Рузвелтова јас иам миљон.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom