Колкави плати земаат вработените во Џонсон Контролс, Џонсон Мети, ВанХол, Текно Хозе, Кемет и сл.

Член од
1 јуни 2011
Мислења
25.909
Поени од реакции
41.872
Зошто има над 1000 пријавени кандидати , не можат сите да ги викнат тие што сметаат дека највеќе им одговараат тие ќе ги повикаат за интервју на работа а тие што се повикани на интервју не им е гаранција дека ќе ги вработат и тие што се повикани на интервју и кај нив има што не поминуваат следна фаза. Плус можеби зошто си од Штип те сметаат за неадекватен, може исклучиво имааат политика од Скопје и Скопската околина да вработуваат. Не лепи вака етикети не ме викнале на интервју за работа готово врски требало за таму да работам а јас најбоље сум. А и тие што ми се познаници што работат во Бунарџик стварно се дечки со солидно искуство , со повеќе сменето работни места итн. Не се некој што прво вработување им тоа. И сега доаѓа некој со диплома без ниеден ден стаж, и ај сега ќе се мерам со нив боље сум. Да скратам жестока е конкуренцијата има многу кандидати а не премногу слободни места тоа е тоа.Ако има повеќе такви компании во Македонина ќе ти се зголемат шансите да се вработиш тоа е тоа. Другари ми кажувале дека вработени луѓе аплицирале да се вработат во компании во Бунарџик, значи луѓе што имаат работа итн, атрактивни се тие фабрики и затоа има толку интерес. И искрено се надевам дека ќе се вработиш во некоја фабрика од таму и ти посакувам се најдобро.
Не сум без ден стаж и од Штип сум ама работам во Скопје во ит фирма и ми беше пишано тоа во CV али нема врска толку од аплицирање таму.
Сакав само да пробам дали може да се влезе на среќа и дали вреди моето знаење во такви атрактивни фирми.
Не ми е за платата и тука е иста.

Секаде е жестока конкуренцијата кога огласот е јавен се пријавуваат секакви. Денес секој е со диплома а без искуство. Од 1000 кандидати 70% се такви кои мислат дека на среќа ќе ги земат а другите навистина го имаат искуството што го бараат.
 
Член од
17 април 2012
Мислења
2.335
Поени од реакции
2.095
Не сум без ден стаж и од Штип сум ама работам во Скопје во ит фирма и ми беше пишано тоа во CV али нема врска толку од аплицирање таму.
Сакав само да пробам дали може да се влезе на среќа и дали вреди моето знаење во такви атрактивни фирми.
Не ми е за платата и тука е иста.

Секаде е жестока конкуренцијата кога огласот е јавен се пријавуваат секакви. Денес секој е со диплома а без искуство. Од 1000 кандидати 70% се такви кои мислат дека на среќа ќе ги земат а другите навистина го имаат искуството што го бараат.
За што позиција аплицираше ако не е тајна и кога?
 

ION

Член од
27 јули 2011
Мислења
460
Поени од реакции
836
За болдот верувај ми се лажеш тоа тек на четврто или пето место е:) тие фабрики што работат во Бунарџик се со максималаен капацитет од 400 луѓе по фабрика до сега. Дали ќе им дадат 400 евра или 600 евра месечно многу значително нема да им влијае на профтитот. На прво место е тоа што се ослобедени од се и сешто зборам за даноци и бла бла за наредни 10 години, на второ место е што владата е 24 саати тука за нив ако има некаков проблем бирократски работи веднаш доаѓаат и го средуваа(нешто што за македонска компанија е незамисливо) трето,субвенциите за обука на работници итн, но тоа сите земји го имаат што привлекуваат СДИ ,четврто место дали има квалитетен кадар во таа земја а платите се дури на 5 место.:)
Па кога ќе сумираш се пак му доаѓа исто: ефтино им е овде.
 
Член од
17 април 2012
Мислења
2.335
Поени од реакции
2.095
Па кога ќе сумираш се пак му доаѓа исто: ефтино им е овде.
Да ефтино им но не заради ефтината работна сила туку највеќе заради другите 4 причини што ги набројав . Инаку еве колкав извоз имал Џонсон Мети и тоа пред да отвори уштедна фабрика до нејзе за да го дуплира производтсвото. Откако ќе биде пуштен и вториот погон се очекува да го дуплира извозот. Инаку ова доле што ќе го прочиташ за тој извоз под 400 луѓе работат во таа фабрика:D
Најголемите 100 македонски компании-извозници во текот на изминатата 2011 година оствариле извоз во вкупен износ од 2,85 милијарди долари, што е 64% од вкупниот извоз на Македонија, додека сите 59 компании со домашен капитал кои се на листата 100 најголеми извознци имале помал извоз од Џонсон Мети. Ова се само дел од заклучоците од годинешната едиција „Топ 100 извозници“ која излезе на 28 март (среда) со магазинот „Капитал & Менаџер“

На врвот на листата 100 најголеми извозниците за годинава избива Џонсон Мети, со извоз од поголем од 640 милиони долари, што е голем раст од над 150% во споредба со извозот кој британскиот гигант го имаше во 2010 година. Само две години откако ја стартуваше фабриката за производство на катализатори во слободната зона Бунарџик, Џонсон Мети се најде на врвот на листата на најголеми извозници и лани создаде околу 14% од вупниот извоз на земјата. Колку е голем извозот на Џонсон Мети доволно покажува податокот дека сите 59 компании со домашен капитал лани имале помал вкупен извоз од оној на Мети
 
Член од
19 октомври 2012
Мислења
294
Поени од реакции
249
640 милиони $$$ ... Па овие се изгледа :вонзем:
Па они и по 500.000 долари да трошат на плати месечно, влакно од коса нема им фали...
 
Член од
17 април 2012
Мислења
2.335
Поени од реакции
2.095
640 милиони $$$ ... Па овие се изгледа :вонзем:
Па они и по 500.000 долари да трошат на плати месечно, влакно од коса нема им фали...
Па што ви зборев цело време јас дека влакно од пенисот нема да има фали и минимална плата да е 500 евра, а овдека на форумот пола ме гледаа како да сум луд:D
 
Член од
20 септември 2008
Мислења
12.723
Поени од реакции
9.836
640 милиони $$$ ... Па овие се изгледа :вонзем:
Па они и по 500.000 долари да трошат на плати месечно, влакно од коса нема им фали...
Па нема бе брат,кога кој стигне труби..Македонија има ефтина работна стока..Ефтинаа..ефтинаа работна рака.. на кур се качија со тоа ефтина,за тоа ни за кур нема да не биде и уште 10 вакви фабрики нека се отворат,ние пак ќе работиме за 200-300 евра плата,пошто скромни сме не тражиме повеќе. Додека они млатат милионски профити,со минимални трошоци за производство.
 

ION

Член од
27 јули 2011
Мислења
460
Поени од реакции
836
Не станува збор дали нешто ќе им фали туку дека не се хуманитарна организација и работат за профит.Од страна гледано секој ќе рече што е тоа ако потфрлат некој долар плус ама штом гледаат да отворат надвор фабрики по некои “вукојебини“ каде ќе имаат разно-разни привилегии и те како им се важни и секој долар и секој цент.
А да потсмират совест ќе организираат чат-пат и по некоја хуманитарна дешавка и ќе дадат некоја ситна сумичка од тие 640 милиони $.
 
Член од
1 јуни 2011
Мислења
25.909
Поени од реакции
41.872
Најефтина работна рака има во Македонија се гледа тоа во сите вакви фирми како Џонсон мети. Е сега не сум запознаен со нивниот профит во еден месец, но за друга фирма каде сум близок со газдите дневно земаат по 350.000 евра (5000 производи по 70 евра ги продаваат во Италија, Германија, Франција и Англија. Пола им се за сметки, даноци, осигурување на работниците, материјали за изработка... итн
Месечно за 25 работни денови 80 милиони евра.
40 мил им остануваат, а за плати даваат 100.000 евра (во просек 200 евра за 500 работници)
И после немало да возат коли од пола милион и да имаат станови низ цел свет.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.683
Поени од реакции
12.078
Па што ви зборев цело време јас дека влакно од пенисот нема да има фали и минимална плата да е 500 евра, а овдека на форумот пола ме гледаа како да сум луд:D
А зошто Џонсоновци ако ништо не им фали не ја качат минимална 600 евра, просечна 1000?
 
Член од
17 април 2012
Мислења
2.335
Поени од реакции
2.095
Не станува збор дали нешто ќе им фали туку дека не се хуманитарна организација и работат за профит.
Многу јасно зошто да даваат 30 000 плата кога еве и со 20 000 се презадоволни тие што работат. Ама тука не ги кривам Џонсон Мети. Македонија е крива, нека има 50 фабрики од типот Џонсон Мети,Џонсок Контрол, Кемет електроникс, Технохозе во Македонија ќе видиш како тие компании без многу мислење од 20 000 ќе почнат 30 000 денари да нудат плата зошто тогаш ќе има борба конкренција кој да земе подобар работник ако сака некој да земе добар работник ќе треба и подобро да го плати итн. Ако тоа го направат дефинитвно македонските плати ќе идат нагоре. А додека имаме над 50 000 луѓе што работат во текстилна индустрија за 100-120 евра ништо не правиме. Понатака во такви Мултинационални компании кој повеќе години работат во некоја земја отвараат и истражувачки центри како пример Џонсон Контрол што има во Бугарија каде што над 1000 евра ги плаќаат инжинерите. Ама се си има чекори не може преку ноќ да дојдеме во таа фаза . Така да мое мислење освен носење МНК како СДИ тие што се веќе тука владата треба да најде начин да ги стимулира да отвараат истражувачки центри и центри за развој на идните производи па место. за 30 000 да работат експерти инжинери за 80 000 денари. треба мозок да продаваме не пот:)
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.683
Поени од реакции
12.078
Ни го спуштија критериумот па ете некој вели 10.000 како за почеток добро е, 15.000 се супер добар просек, а со 25.000 си трули богаташ. Со сериите и 10 милионските реклами убедија дел од народот дека и магарето во Македонија лета.
Да се потсетиме, пред енормен пораст на храна, струја и други потрепштини за домаѓинствто
ССМ пресмета за вас- 29 илјади и двесте денари биле доволни за минимални животни потреби на четиричлено семејство.
- Мерејќи ја просечната нето плата и оваа потрошувачка кошница ќе видиме дека платата покрива само 70% од кошничката. Тоа значи дека се потребни уште 30 % за да се задоволат потребите пресметани од наша страна, изјави Живко Митрески, претседател на ССМ.
Овие пресметки се за четиричлено семејство кое живее во стан од 50 квадрати и во кое има вработен само еден член и не поседува автомобил.
Вака пресметани трошоци може да задоволат само 11 % од регистрираните вработени, бидејќи (телоп) само 9, 1 % земаат плата од 20 до 30 илјади денари, а само 2,3% над 30 илјади денари. Овие трошоци се измерени според цените во декември минатата година
Многу јасно зошто да даваат 30 000 плата кога еве и со 20 000 се презадоволни тие што работат.​
Не знам кој е задоволен од 20.000, дали тој што е задоволен издржува семејство, жена деца нека е и со 20+20.000.
Одма ќе го познаеш, оди партал исклучиво со автобус, на одмор, кафеана, држба сосем заборавил. Значи колку ни е спуштен критериумот, чудо едно. 10 и 15.000 биле солидна пара.
 
Член од
17 април 2012
Мислења
2.335
Поени од реакции
2.095
Уште една реклама од владата на РМ. Аман Лион, еднаш Леандра, Бене да не се тука, одма вадиш бисери. Кој е задоволен од 20.000? Си живеел со семејство со 20+20.000? Како сте преживувале?
За Македонски услови 2 вработени X20 000 да земаат тоа е 40 000 месечно не може луксузно да се живее но солидно да, во услови кога имаш луѓе што работат во државав за 8000X 2вработени за 16 000 месечно е има разлика меѓу првиот и вториот случај. Така да не скокаме многу зошто има луѓе над 50 000 луѓе што работа и за под 8000! во државава а ти ми кажуваш што се 20 000:)
 
Член од
20 септември 2008
Мислења
12.723
Поени од реакции
9.836
А зошто Џонсоновци ако ништо не им фали не ја качат минимална 600 евра, просечна 1000?
Најверојатно пошто така сме поставени како држава у нивните мозоци. Поред сите други поволности што им ги дава оваа држава , како инфраструктура,даночни олеснувања..итн,итн. им дава и евтна работна раја. Таа влада треба кога седи на преговарачка маса да се избори барем за поголеми бенефиции за работниците,од што корист би имала сигурно и државата..не е исто 500 души да трошат тука по 200 евра месечно, и тие пари да се вртат..и да трошат по 600 евра месечно. Арно ама у моментов гледам дека им е поважно само да дојде некој странец,да вработи некој број,па не е битно за колку плата. Со ваква логика никогаш нема да го покачиме животниов стандард,еве веќе 20 год. вергламе со истиве плати горе-доле,додека животот станува се поскап.
--- надополнето: 17 декември 2012 во 13:08 ---
За Македонски услови 2 вработени X20 000 да земаат тоа е 40 000 месечно не може луксузно да се живее но солидно да, во услови кога имаш луѓе што работат во државав за 8000X 2вработени за 16 000 месечно е има разлика меѓу првиот и вториот случај. Така да не скокаме многу зошто има луѓе над 50 000 луѓе што работа и за под 8000! во државава а ти ми кажуваш што се 20 000:)
Размисли и ти малце не скокај,од тие 50 000 пола веќе имаат или се во процедура за вадење на бг пасош. Ќе се апеме за гз после кога ќе избега пола работноспособно население и цела младина. Никој више нејќе да ти работи за 8000,ни за 20 000 нема да ти работи,секој ќе си рече,до курца веќе,ќе бегам надвор ама за тие пари не работам. Зашто би останал тука,кога во Германија за и најамалска работа би заработил барем 5 пати повеќе.?
 

Kajgana Shop

На врв Bottom