Кои сме ние?

Член од
26 јануари 2009
Мислења
7.500
Поени од реакции
6.128
сите од нас си поставуваме прашаења од каде всушност сме ние?се верува дека господ не создал!нешто во што верувам.само незнам од каде дека произлегло тоа(господ) и зошто не создал?ако господ не создал нас,тогаш кој го создал господ?што ке биде после нашата смрт?дали овој живот е обично нешто и кога ке заврши ке биде како ништо да не било или животот е само предигра која после неа не следува нешто посебно?оваа се дел од прашањата кои си ги поставувам давајте да видиме што вие мислите :vozbud:
 

Fama

Bombin' thru the speakaz
Член од
10 февруари 2009
Мислења
518
Поени од реакции
19
И јас би сакал да ми бидат одговорени прашањата.. али за тоа малце ќе почекаме, затоа што никој жив човек на Земјава не знае што следува после смртта и дали живото е само предигра. Моето мислење за животот е дека тој сигурно не завршува по смртта т.с после животот на овој свет следува живот на некој друг свет за кој никој не знае..
 
C

Cool Hand Luke

Гостин
Кој знае дека не знае, најголем е. Лао Це
Сега за сега најдобро што можеме да направиме е да сфатиме што не сме, да се исчистиме од етикетите што цел живот ни ги лепат и си ги лепиме.
Многу просветлени мистици дошле до состојба која ја нарекле - ништо, јас сум ништо, а сепак постојам, поголемо блаженство нема. Но, и тоа би требало да биде само почеток на нештата, испразност. За нешто повеќе ќе почека оној свет. :wink:
 
Член од
26 декември 2008
Мислења
608
Поени од реакции
236
конкретен одговор

Кои сме ние?
Па тука и сега ние си мислиме и си се препознаваме според следниве работи: нашето лично име, нација, религија ако ја имаме, и нашиот статус образовен, хиерархиски и секаков друг.
Но овие работи што ги наведов во суштина не кажуваат ништо за нас.
А тоа е затоа што никоја од овие работи нема никаков допир односно врска со нашата вистинска природа и со тоа не кажува или отсликува апсолутно ништо за нас. Односно се ова погоре наведено е
ветер во магла односно само илузија.
Но како и да е луѓето избираат да се ограничуваат самите свесно или несвесно(повеќе несвесно затоа што многу малку од ова поминува пред вниманието на нивната свест) и ги прифаќаат овие верувања и филтри кои им се наметнати.
И потоа нивната претстава за себе лично односно за својата природа и природата на реалноста ја добиваат и ја гледаат преку овие нивни верувања за нив односно преку овие филтери преку кој го гледаат и перцепцираат светот.
А кои сме ние, ние сме свест односно души со апсолутна индивидуална автономија инаку како што можеме да забележиме моментално имаме физички тела кои се алатка за свесен односно духовен напредок. И за да знаеме повеќе за нас треба да ја знаеме и целта на свесното постоење а тоа е неограничено да ја прошируваме свеста и со тоа она што можеме да го перцепцираме и се разбира неограничено да ја зголемуваме нашата способност за искусување на високи чуства. И така да ако ние се идентификуваме и препознаваме преку најгоре наведените работи тогаш ќе го промашиме и универзумот и ништо нема да видиме од тоа што ние пред носот.
 
Член од
29 јуни 2008
Мислења
460
Поени од реакции
27
сите од нас си поставуваме прашаења од каде всушност сме ние?се верува дека господ не создал!нешто во што верувам.само незнам од каде дека произлегло тоа(господ) и зошто не создал?ако господ не создал нас,тогаш кој го создал господ?што ке биде после нашата смрт?дали овој живот е обично нешто и кога ке заврши ке биде како ништо да не било или животот е само предигра која после неа не следува нешто посебно?оваа се дел од прашањата кои си ги поставувам давајте да видиме што вие мислите :vozbud:
Ај од две гледни точки да ти одговорам:
Религиозна(христијанска) : Доколку си верник, тогаш Господ го создал светот, а никој не го создал Господ пошто тој одсекогаш бил и ќе биде. Кога овај живот ќе заврши преминуваш во следниот, вечниот.

И атеистичка гледна точка: Се верва дека се започнало со Биг-банг , а од кај дошла таа огромна материја и антиматерија појма немаме.
Не, овај живот не е нешто обично, туку пошто е само еден едниствен шо ќе го живееме е нешто посебно.
 
Член од
1 ноември 2008
Мислења
170
Поени од реакции
20
ШРИ ШРИМАД

Човечки е да се греши
Несовршенството на условената душа е тоа што е сигурно во илузија.Сите имаме вречаток дека сме оваа тело,но не сме.Телото да се смета како јаство е илузија или маја.
Третото несовршенство на условените души е нивната склоност кон измама...имаме слушнато како трговец вели-Бидејќи си ми приател нема да заработам на твоја сметка-
но ние знаеме дека ќе заработи барем 50 одсто.
Четвртото несовршенство е тоа што нашите сетила не се совршени,нашиот вид е ограничен што не можеме да видиме ниту многу далеку,ниту многу блиску.Со овие несовршени,ограничени сетила неможеме да го сватиме бесконечното.Заклучок е дека во Ведскиот процес не се препорачува да се обидуваме да ја сознаеме Апсолутната вистина со помош на нашите сегашни сетила,кои се условени на многу начини.
Човечкиот род не е наменет за сетилно уживање,туку за сваќање на вселената и нашиот сопствен индентитет.Од Ведските списи се дознава дека материалниот свет
е само делумна манифестација на целокупната Божја креација,а повеќето е духовниот свет.Над оваа материална природа се наоѓа повисоката духовна природа.
Духот е вечен,а не материјата.

Материјалните сетила се споредуваат со со змии:ако им се препуштиме на материјалната среќа,го убиваме нашиот духовен индентитет,човекот треба да се стреми кон пронаоѓање на вистинскиот извор на сеќат,но за да го пронајдеме тој извор ни треба
знаење за тоа што е среќа.Положбата на живото суштество во илузија,кој во потрага по
вечната среќа се обидувада исцеди среќа од овој материјален свет,кој не само полн со неволи и несреќи туку и привремен и треперлив.
Треба да се замислиме зошто сме заробени во матриксот,тој е дел од нас,ние самите правиме креација на истиот,вистинскиот свет и неможеме да го видиме од ѕидот кој го градиме околу нас,некој свесно,некој несвесно копирајќи ги другите,духовното око ни е затворено,некој успева да го согледа оној вистински свет во кој припаѓа,но да не кажам тоа е реткост,и кога ќе успее да согледа од друг агол настанува една голема болка дека досега живеел во илузија,материјалниот свет е огромна илузија затварајќи ги портите на онаа вистинското во нас,се додека не го пронајдеме тоа во нас ќе живееме во матрикс кој успешно манипулира со те*е,со мене,но се трудам да сватам во кој свет всушност припаѓам,дали онаа што ми го наметнуваат е тоа вистинското или треба длабоку да навлезам во самата душа ослушнувајќи го нејзиниот затаен глас,глас кој одамна сме го занемариле.

Zlatorist-овој текст сакав да ти го пуштам по пораката,но те гледам тука на темата и затоа овдека го пуштив-па сега ти види, од каде се некои работи-сепак сме Деца на светлината-но дали тоа е Севишен или нешто друго...јас само се ослушнувам себе си,разговор со мојата потсвест која многу повеќе знае од самата јас...а во таа тишина може да се слушнат,видат многу работи кои за човечка ограничена свест
е невозможно.

Планетата земја е создадена како експеримент на слободна желба или волја,ние живееме на планета на слободна волја.Милион години на планетата постоела само позитивна енергија,не постоело ништо негативно за да ја поремети рамнотежата на овој прекрасен дело на слободна волја.Но,тогаш на негативното му било дозволено да влезе во подрачје на планетата како би постоела вистинска ситуација на слободна волја.Тоа се Деца на светлината,почнале невољи.
Кога го напуштиле своето постојано место,овие духови пионири ја одржавале комуникацијата со своите поранешно постоење,средство кое може да се нарече ментална телепатија.Тоа била витална врска со поранешно постоење која им овозможувала да примаат совети за проблемите,бригите кои ги имале.Тоа било слично како радио станици или ментален телевизор.Оваа комункациска врска била од витално значење за оние кои се наоѓале на оваа духовена положба во зафрлениот духовно место на Универзумот.
Суштината на доаѓање на планетата Земја е во својство на чувари е да душа се научи да го сакаат Господ и покрај сите тешкотии,да не ја напуштат вербата во својот родител кој го создал,секој од нив во оквирот на учење се става на клучниот испит-нешто како школо.До тој момент,светлосните битија на планетата живееле во
хармонија,се помагале едни со други.Нивните умови биле поврзани и со Господ.
Тогаш настанал проблем,кога светлосните битиа почнале да се мешат со простота на пониска материјален свет.Во некои свети книги тоа се нарекува искушение.Светлосните битија постепено ги занемарувале гласовите кои ги слушале се додека не се прекинала таа врска,станале глуви и не можеле повеќе да го слушаат тој глас.

Е,сега некој тоа го толкува на тој начин,некој не верува,секој има право својот пат да го бираат самите,сите ние имаме свое право,и сите сме во право и оној кој не верува,и оној кој верува.
Треба да се воспостави мир за да се ослушне тој глас,затоа се и медитацја со која на еден начин се успоставува врска со самото јас кое ни открива многу работи.
Ништо не е чудно дека живееме во матрикс,а да се ослободиме од тој илузионен свет прво треба да се ослушнеме се*еси,душата е желна да ја разбудиме,а кога ќе се разбудиме светот ќе го гледаме поинаку,и ние сме деца на светлината,само треба да пуштиме светлост во нашата душа...доста долго живеевме во темнина,време е за светлост,да го победиме тој илузионерски свет во кој сме многу одамна.
 
C

Cool Hand Luke

Гостин
Од Ништото доаѓаме, во Ништото и се враќаме, а сепак сме нешто. Колку убаво се сложуваме. :)
 
Член од
18 август 2008
Мислења
156
Поени од реакции
14
^ можеби и не се сложуваме баш најубаво.....меѓутоа и не доаѓаме баш од ништо.....а можеби во нешто се враќаме.....а сепак од ништо....сме нешто.
:pipi:
 
C

Cool Hand Luke

Гостин
Секако Ума, само сега за сега Ништото е најдобра дефиниција за она што не го знаеме. И Исус никогаш не ја дефинирал Вистината бидејќи не може рационално да се објасни и научи, само зборувал за неа како би се манифестирала, и затоа замолчел кога Пилат го прашал што е Вистина. И Лао Це се сложил со тоа:

The tao that can be told
is not the eternal Tao.
The name that can be named
is not the eternal Name.
The unnamable is the eternally real.
Naming is the origin of all particular things.
Free from desire, you realize the mystery.
Caught in desire, you see only the manifestations.
Yet mystery and manifestations
arise from the same source.
This source is called darkness.
Darkness within darkness.
The gateway to all understanding.

:helou:
 

Annabel

Неутрална*
Член од
18 декември 2008
Мислења
1.298
Поени од реакции
183
Иако верувам во Господ сепак поверојатна ми е теоријата со Биг-Банг експлозијата...Господ можеби постоел после тоа...којзнае.
Многу денови имам размислувано на оваа тема ама сфатив дека не вреди иако е едно од прашањата на кои би сакала некој да ми одговори,НО се трудам да го живеам времето сега,да остварам се што ќе посакам.
Не би сакала прашувајќи се од каде доаѓа животот да го изгубам оној што го имам.Знам дека никој неможе да одговори па затоа и не размислувам повеќе за тоа.
Што е битно од каде-битно сме тука,треба да го искористиме најдобро што можеме :wink:
 
C

Cool Hand Luke

Гостин
Будистите не веруваат во Бог бидејќи „верата’’ во Бог може некого да натера да заборави да верува во луѓето. А нив верата во луѓето им е поважна.
Не веруваат ни во душа бидејќи зборот душа може погрешно да се протолкува и секој егоист може да го употреби. Туку велат - јас сум ништо, празнина, бидејќи е тоа како збор поблиску до вистината, а секако не сме ништо. Само за оние кои разбираат. :)
Тоа знаење или подобро речено мудрост не се учи со зборови, и Бог би требало да не „силува’’ за да ни го наметне тоа сознание, а тоа се коси со слободната волја. А зборовите како Љубов, Мир, Царство Божје се во ред но за оние кои разбираат, други можат многу погрешно да ги сфатат.
- Вистината е Љубов?! Супер. Да водиме секс, не војна! :wink:
 
Член од
4 октомври 2008
Мислења
4.014
Поени од реакции
1.247
И јас би сакал да ми бидат одговорени прашањата.. али за тоа малце ќе почекаме, затоа што никој жив човек на Земјава не знае што следува после смртта и дали живото е само предигра. Моето мислење за животот е дека тој сигурно не завршува по смртта т.с после животот на овој свет следува живот на некој друг свет за кој никој не знае..
Не постои живот после смрт, се се претвора во енергија :toe:
 

Voice of Jericho

Twisted Firestarter
Член од
13 септември 2008
Мислења
301
Поени од реакции
137
Кои сме ние? Јас мислам дека никој не открил и нема ни да открие, зошто едноставно никој не е толку моќен да ги осознае тајните околу нас. Има некоја сила, тоа е факт. За Господ, исто мислам дека има, верник сум. Ама нема некој што бар СЕГА ќе ни каже кои сме ние и од каде потекнуваме. Се останува само хипотеза.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom