Кои се попријателски настроени домаќини: Охриѓани или Грците?

Кои се подобри туристички домаќини?


  • Вкупно гласачи
    205

Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.177
Поени од реакции
34.348
Ајде да гласаме и да создадеме една слика за вечната дилема која ни се наметнува секогаш во летниот период. Сите знаеме дека еден од главните аргументи на охриѓани зошто Македонците треба да одат во Охрид (и покрај според мене лошите услови) е тоа што во нивните туристички дестинации - „Грците биле лоши домаќини и непријателски настроени кон макдонските туристи“. Дали е ова вистина така, или пак само лош впечаток кој ни го создаваат медиумите кои секоја година се обидуваат да им помогнат на охриѓани да ја пребродат сезоната? Со кои домаќини сте имале повеќе проблеми? Кои подобро си ја бркаат работата? Кои ве третираат како „стока“, а кои како туристи?

Би ги ставил и останатите соседи во анкетата, но со оглед на тоа што охриѓани обожаваат да прават компарација со понудите кај нашите јужни соседи, ги ставив само нив.

Базирано според вашите туристички искуства на двете локации (Охрид и Грција), верувам дека ќе биде лесно да оформите некакво мислење и да се изјасните на анкетата. Кои се попријателски настроени (и општо подобри домаќини) кога станува збор за туризмот - Охриѓани или Грците?

Мислам дека крајно нефер би било да се гласа без претходно искуство (како турист) кој бил на одмор и во Грција и во Охрид. Исто така, слободно споделете ги вашите искуства со домаќините на двете локации, па можеби заедно ќе дојдеме до некој корисен заклучок :)
 

Шеј Лонг

Koristam kirilica.
Член од
16 јуни 2010
Мислења
1.987
Поени од реакции
1.610
Бев на Крф на почетокот на летово и газдата на апартманот беше феноменален дури и ФБ разменивме. У Охрид газдарицата на апартманот каде што спиеме коа идеме на викенди исто е феноменална некогаш се дешаваше и да се качи и да пие со нас, наутро знаеше да не праша кафе дали сакаме итн.
 

@cool@

Η Μακεδονία δεν είναι Ελληνική
Член од
2 јуни 2007
Мислења
23.601
Поени од реакции
27.109
штом им оставаш пари - сите се „добри„ и љубезни - без разлика во кој хотел си, дали во гејлада или во Охрид
со пари сите и секаде те чекаат со обете раце - општо правило
 

Juve-Fan

campione d'italia 36
Член од
23 март 2010
Мислења
841
Поени од реакции
1.469
Исто :гомце:, не можам да изберам.
 
Член од
20 март 2012
Мислења
1.465
Поени од реакции
2.366
За мене дефинитивно Грците се подобри домаќини. Никојпат не сум имала проблем со нив на одмор, иако секојпат јасно си кажувам од каде сум. За тоа што сум платила, сум добила максимално коректна услуга (без разлика на тоа дали се работи за смештај, јадење или пијачка). Никогаш не ми наплатиле повеќе одошто треба или пак да се обидат да ме измамат.

Еве на пример, кога бев во Олимпик Бич на одмор, во приватен хотел, газдата на истиот знаеше дека сме од Македонија. Човекот имаше околу 60-тина години, дедо може да ми биде. Но сепак, Охриѓани имаат што да научат од него.

Ние како негови гости имавме право на бесплатни пијачки во кафичот кој беше долу на приземје од хотелот, а кога си заминувавме, не почести и сладолед. Максимално љубезен, коректен и фин човек кој знае колку е важно добро да се однесуваш кон оние од кои го заработуваш лебот - туристите, без оглед на тоа од каде се.


На крајот на краиштата, Грците може и да не не сакаат нас Македонците поради политички причини, и тоа е сосема разбирливо. Но, кога Охриѓани не нарекуваат во погрдна смисла Скопјаништа и гледаат заради тоа да не поткрадат на секој можен чекор, како да сме им најголем душман, тоа е многу, многу поболно, бидејќи сепак сме еден ист народ.
 
Член од
4 април 2006
Мислења
9.179
Поени од реакции
3.072
Кога веќе морам да изберам од овие две тогаш мојот глас оди за Гејциве
 
Член од
24 април 2008
Мислења
10.503
Поени од реакции
11.570
Претпоставувам дека мотивацијата за темава делумно, ако не и целосно, потекнува од следната статија.

За мене лично, најпријателски домаќин е Мајката Природа, која секој втор или трет ден ме пречекува најпријателски на Водно, пешки од Државна Болница до Милениумски Крст, отприлика 2 ипол или 3 часа качување, а кога одлично стојам со кондиција, качувањето трае максимум 1 ипол час.

После пентарењето, кое знае да бидер ептен неподносливо на скопскиве летни горештини, Мајката Природа со своите убавини и богатства прави да заборавам на горештините и на се неподносливо што ме чека долу во градот.

https://mkd-news.com/patriotski-e-da-letuvash-vo-ohrid-ama-i-soleno-pleskavitsa-300-razhnich-400-foto/

Патриотски е да летуваш во Охрид ама и солено – плескавица 300, ражнич 400 (Фото)

Овие фотографии се од мени во еден од хотелите на охридското крајбрежје, а ни ги испрати читател кој вели

„ патриотски е да летуваш во Охрид ама богами се чуствуваш и како да си на море со солениве цени – ражнич е 400 денари а обична плескавица 300 – и после зошто се бунат туристите прашуваат. Некои пријатели ми велат зошто сум отишол да вечерам во хотел – па каде да вечерам кога тука сум сместен. Богами следната година Охрид нема да ме види потрошив повеќе пари отколку во Хрватска да сум бил“

Читателот вели дека жива „ пљачка“ било и во продавниците за реквизити за деца.

„ малата сакаше гума со патка. сопругата прашала колку е и кажале 500 денари – викам 500 ден за гума не давам па што сака нека е. утредента малата пак ме влече натака, прашувам колку е и продавачката ми вика 350. целиот збунет си заминав и и викам на сопругата абе не си чула добро 350 е оди и купи и ја на малата скапа е ама ај. Одат ја купуваат, се враќаат и жената ми вика сега беше 200 денари – мојата чудесна земја“ вели читателот на МКnews.



 
Член од
28 мај 2009
Мислења
3.361
Поени од реакции
3.963
Претпоставувам дека мотивацијата за темава делумно, ако не и целосно, потекнува од следната статија.

За мене лично, најпријателски домаќин е Мајката Природа, која секој втор или трет ден ме пречекува најпријателски на Водно, пешки од Државна Болница до Милениумски Крст, отприлика 2 ипол или 3 часа качување, а кога одлично стојам со кондиција, качувањето трае максимум 1 ипол час.

После пентарењето, кое знае да бидер ептен неподносливо на скопскиве летни горештини, Мајката Природа со своите убавини и богатства прави да заборавам на горештините и на се неподносливо што ме чека долу во градот.

https://mkd-news.com/patriotski-e-da-letuvash-vo-ohrid-ama-i-soleno-pleskavitsa-300-razhnich-400-foto/

Патриотски е да летуваш во Охрид ама и солено – плескавица 300, ражнич 400 (Фото)
тоа се цени за 1 кг.
 
Член од
17 јули 2008
Мислења
436
Поени од реакции
273
На одмор одам во Грција поради морето,иако имам стан во Охрид кој служи за викенди,сепак не можам да кажам дека Грците се попријателски настроени од Охриѓаните.

Грците не се пријателски настроени туку е тоа обична камуфлажа,лицемерје бидејки имаат корист од нас,тоа се вештачки насмевки и пријателство,Охриѓани не дека се непријателски настроени туку само еден дел се нељубезни,тоа е разликата,првите глумат љубезност,а вторите не!

Ако се толку добри домаќини и пријателски настроени,а ние таму меѓу најбројните туристи,зошто не ставаат некое мени и на македонски ко што ставаат на српски или на интернет веб страните за сместување да си избереш јазик македонски ко што има на српски,руски,германски.
Србите се многу ценети туристи во Грција,ние не сме.
Инаку ни на крај памет ми е да гласам за Грците бидејќи нивното гостопримство е тешко лицемерје,сите тие се со подршка на Грчката политика.Не се занесувајте дека еден Грк може да ве прими попријателски од еден Охриѓанец.
 
Член од
23 март 2011
Мислења
1.039
Поени од реакции
946
Грција е далеку поуспешна во туризмот ,угостителството и хотелиерството.

и нормално има за што да си ги дадеш парите во Грција.
 
Член од
28 мај 2009
Мислења
3.361
Поени од реакции
3.963
Шо бе 1 кило ? вчера седнавме да јадеме шарска и тоа плескавицата со интерпол да ја бараш низ сендвичот
цените се за еден килограм скара колку кошта , нелогично е што едно кебапче е 300 денари , нема шанси или ова пак некој на зезанција го клал на нет .
 

Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.177
Поени од реакции
34.348
цените се за еден килограм скара колку кошта , нелогично е што едно кебапче е 300 денари , нема шанси или ова пак некој на зезанција го клал на нет .
Не е заебанција, вистина е.
За кебапчињата, најверојатно се однесува за порција ќебапи (десетка). Што би му дошло по 30 денари од ќебапче.

Но, не е тоа поентата на темава.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom