Кои се најбарани професии во Македонија?

Stefus Corp.

Рационална Коза
Член од
22 август 2012
Мислења
2.097
Поени од реакции
1.821
Кои се најбарани професии во Македонија?




Инженери, програмери, информатичари и фармацевти во РМ се вработуваат најбргу, а најтешко до работа доаѓаат економисти, правници, социјални работници и психолози. Образовниот систем не е услогласен со пазарот на труд.

Во евиденцијата на Републичката агенција за вработување голем број невработени има и од следните профили на занимање: професор по одделенска настава на македонски јазик, дипломиран учител, професор за предучилишно воспитување, дипломиран менаџер по туризам и угостителство... Гимназијалците се најбројни кај невработените со завршено средно образование, а потоа следат економските, земјоделските, конфекциските, ветеринарните, угостителските техничари ...

Од оваа агенција за ДВ велат: Кога станува збор за профили кои се барани на пазарот на трудот, работодавачите искажале потреба и за работници за следните занимања: електроинженер за пренос и распределба на електрична енергија, инженер-технолог за прехранбени производи, архитект, графички дизајнер, машински техничар, градежен техничар за високоградба, медицинска сестра со положен државен испит... Ѕидарите, пекарите, браварите, шивачите, готвачите, заварувачите и армирачите се постојано барани на пазарот на трудот.

Дали преквалификацијата во образованието е вистинското решение за проблемот?

ДВ направи обид да поразговара со дел од оние, кои морале да се преквалификуваат, со цел конечно да најдат работа, но нема подготвеност јавно да се проговори за своите проблеми. Еден 43-годишник од Тетово, кој сака да остане анонимен, стасал и да магистрира на еден од факултетите за општествени науки, по 12-годишно безуспешно барање работа, во последниве неколку месеци решил да се преквалификува за сосема нова професија, со надеж дека ќе успее да се вработи во една институција. Но, заради тоа ќе мора повторно да студира и да се изложува на нови трошоци. „Владата ни го пропагира ’доживотното учење’, а јас, сакал – не сакал, ќе морам токму сега да го правам тоа паралелно со син ми, кој е двојно помлад од мене. Потрошив десетина години од животот и 6 – 8 илјади евра за претходното образование. Сега свесно се откажувам од него и пак сум на почеток“, рече за ДВ овој тетовец.
http://www.fakulteti.mk/news/13-07-06/koi_se_najbarani_profesii_vo_makedonija.aspx
-------------------------------------------------------------------------
Најверојатно младите препочитаат да студираат општествени науки бидејќи им изгледаат полесни за учење (не сум баш сигурен дека е така) и може изгледаат почисто...искрено баш немам многу теории зошто има толкава желба за општествени науки. Овој феномен не е само македонски туку го има и секаде во светот...уметности и општествени науки се секаде попопуларни од природни и технички науки.
 

TheTrooper

Психијатриски случај
Член од
27 април 2009
Мислења
6.823
Поени од реакции
6.346
Можеби затоа што едноставно не ги влечат воопшто природните науки ?
Што ако се запишам на електро кога ќе го студирам 100 години,ќе се исфрустрирам само,а после и кога ќе најдам работа ќе ја мразам и ќе ја работам ради реда.
 

LaChupacabraLoca

jedi master
Член од
13 октомври 2011
Мислења
3.531
Поени од реакции
5.063
Добро бре лаборанти никој не траже ? :place:
 

Xibalba

Corona Australis
Член од
24 јануари 2012
Мислења
6.069
Поени од реакции
11.434
Што ако се запишам на електро кога ќе го студирам 100 години,ќе се исфрустрирам само,а после и кога ќе најдам работа ќе ја мразам и ќе ја работам ради реда.
Што ако се запишеш на психологија, завршиш со голем просек и после цел живот дремеш на завод за вработување?
Со електро ќе имаш шанса за пристојно платена работа. Со психологија (или слично) ќе ти треба вујко градоначалник за да те набута како психолог во некое школо, а бидејќи се ретки со таа среќа најверојтно ќе работиш 7 дена во неделата во Кам за 9000 месечно.
 

Hiperaktiv

Султан :P
Член од
16 февруари 2012
Мислења
1.590
Поени од реакции
923
Тоа за туризмот,мислам оти понатаму се повеќе и повеќе во Македонија ќе се развива туризмот па,не би требало да биде во таа класификација.Бараат дипломирани менаџери по туризам,гастрономи и туристички администратори
 

TheTrooper

Психијатриски случај
Член од
27 април 2009
Мислења
6.823
Поени од реакции
6.346
Што ако се запишеш на психологија, завршиш со голем просек и после цел живот дремеш на завод за вработување?
Со електро ќе имаш шанса за пристојно платена работа. Со психологија (или слично) ќе ти треба вујко градоначалник за да те набута како психолог во некое школо, а бидејќи се ретки со таа среќа најверојтно ќе работиш 7 дена во неделата во Кам за 9000 месечно.
Јбг....едноставно не го сакам тоа и не можам.Не можеш секој со сила инжињер или програмер да го направиш...И овие што сега се запишуваат пола се таму ради тоа што демек ќе најдат барем нешто,па најголемиот дел од нив се влечкаат 100 години по факсот.
Таквите повеќето ќе си се испооткажат по пат...
И пак и ако завршат после тоа се лоши во тоа што ќе го работат,ако најдат работа.

Сепак сметам дека треба да се ограничи уписот.....стварно нема смисла на 5-6 потребни психолози секоја година да имаш 50-60 што се запишуваат.
Ама дека некој ради тоа ќе се запише на електро,финки или слични факултети мало сутра.
 
Член од
2 јули 2010
Мислења
4.625
Поени од реакции
5.677
Што ако се запишеш на психологија, завршиш со голем просек и после цел живот дремеш на завод за вработување?
Со електро ќе имаш шанса за пристојно платена работа. Со психологија (или слично) ќе ти треба вујко градоначалник за да те набута како психолог во некое школо, а бидејќи се ретки со таа среќа најверојтно ќе работиш 7 дена во неделата во Кам за 9000 месечно.

Не може секој електро како не сфаќате? Нема секој капацитет да учи било кој смер. Некому више му оди математика, некому англиски, итн. Неможам јас што немам благе везе математика да идам на елекро да учам кога не ме влече никако ни пак знам да ги решавам тие глупи задачи по програмирање и математика а у меѓувреме на филолошки ги полагам сите испити во рок, а електро и 100 години да учам нема да го завршам.
 

L-A-V

who cares? =)
Член од
2 декември 2008
Мислења
477
Поени од реакции
57
Тоа за туризмот,мислам оти понатаму се повеќе и повеќе во Македонија ќе се развива туризмот па,не би требало да биде во таа класификација.Бараат дипломирани менаџери по туризам,гастрономи и туристички администратори
а баш ме интересира дали има во скопје државен факултет за туризам?
и сигурно овие што си ги набројал се гранките....менаџер по туризам, гастроном,.....?????
 
Член од
17 август 2011
Мислења
9.747
Поени од реакции
17.453
Нема таква работа као не ми иде математика,овој муабет ти е само у основно каде што само логика да имаш без проблем ќе решаваш.Понатака и да ти иде и да не ти иде треба вежбање и учење за да ја разбереш,е за тоа нема баш секој нерви.
Така да секој со свој избор и мене филозофиите и таквите работи ми се лесни да ги научам али не идам на тоа подрачје од причина што незнам што би работел.

А форсирањево им е жива глупост,ако сакаат да привлечат луѓе на природните науки нека ја сменат наставната програма уште од помала возраст и идиотите од професори кој на тие подрачја ги има највише.Тие што ќе идат на техничките више неколку години знаат кај ќе идат и вежбаат математики уште пред да се запишат,да не мислат дека некој кој учел опшествено подрачје ќе иде на електро ради глупавава кампања.
 
Член од
13 март 2013
Мислења
448
Поени од реакции
715
Точно дека Електро не е за секој, ама не е точно дека ако не ти оди математика нема да го завршиш. Дали ти оди математика или не нема врска со то шо те чека на електро. И на тие шо му оди и на тие шо не му оди треба да седнат и да учат. Многу. Иначе не се полагат испити со талент. Електро се завршва со упорност и то е и целта на факултетот. Да те научи на учиш и да те натера да мислиш. Тие шо завршиле знат дека вистинското учење почнува ко ќе го завршиш факултетот. Исто така знат дека 5 математики две физики неколку електротехники и уште толку електроники везе немат со то шо те чека ко ќе излезиш со дипломата од таму, ама мозокот ти е спремен за да учи работи шо ти требат за понатаму.
 

NelTu

Coffee addict
Член од
1 август 2011
Мислења
2.370
Поени од реакции
7.013
Офталмолози барате ли?
 
П

Пепси_

Гостин
сељаци не знаат што барат,еднаш на тв изјавуваат како треба да се стимулира земјоделието,а утре дента изјавува инвестиција некоја си од индустриски карактер. И како доаѓа летото веднаш го развиват туризмот и тоа е главна тема.


Последниве години самите трубат дека има пренатрупан кадар од тој тој и тој профил,и упорно ништо не превземат. Па кога ќе пукне балонот да видиме кој ќе се смее и шо навистина треба.
 

Stefus Corp.

Рационална Коза
Член од
22 август 2012
Мислења
2.097
Поени од реакции
1.821
Офталмолози барате ли?
Само згодни и со убави очи :)
Од медицински персонал според мои информации најбарани сестри патолози и анестезиолози па и психијатри. А мислам дека во иднина ќе фалат и семејни лекари ако и не е тоа веќе случај.
 

Dani

1 + 1 = 10
Член од
22 јуни 2010
Мислења
24.047
Поени од реакции
57.270
Вајар/скулптор... најперспективнa професиja моментално
...гледам уште има место на плоштад :D
 

Kajgana Shop

На врв Bottom