Кои се македонските муслимани (торбешите)?

M

.:makedonec:.

Гостин
Торбеши се исламизирани етнички македонци .... кои поради политичка или економска причина го примиле исламот од турците ... и тешко дека може да држи некоја друга теорија !:D
 

Беркут

Мрчатор
Член од
12 април 2010
Мислења
9.707
Поени од реакции
14.646
#1 отприлика така нешто.
#2. знам дека е офтопик,ама и цела тема замина офтопик
и за агресија од Белград ти зборев,тоа се подразбира..а не за србите овде што живеат.
факт е дека забегавме од темата.
значи според тебе Македонците муслимани биле пуштени во вода од Македонците христијани....
потоа Македонците Муслимани започнаа да се декларираат како Албанци и Турци, очигледно биле лажени....
и сега измамени од сите Македонците муслимани решија да станат нова нација...таканаречени Торбеши

сеа малку за офтопик темата :) (мислам дека на форумов нема тема која е поврзана со периодот1991-2001)
војни во кои директно бил инволвиран Белград имаше во Словенија, Хрватска и БиХ знаеме дека војната во Словенија беше 10 дена? српско малцинство во Словенија тоа е многу мало....Така да Словенците ја сфаќаат како агресија....
во Хрватска Србите се повеќе...пробаа со создавање тн Републики...кои беа брзо повратени од ХВ
во БиХ србите се некаде повеќе од третина.....војната беше поддржана од српското население....
доколу би имало војна во Македонија, а тоа тешко (зашто Србија тешко би се справила на три фронта...)
 
S

Shellshock nam67

Гостин
а да ја затвори некој темава не е повеќе интересна !!!!
 
Член од
12 април 2010
Мислења
1.602
Поени од реакции
888
факт е дека забегавме од темата.
значи според тебе Македонците муслимани биле пуштени во вода од Македонците христијани....
потоа Македонците Муслимани започнаа да се декларираат како Албанци и Турци, очигледно биле лажени....
и сега измамени од сите Македонците муслимани решија да станат нова нација...таканаречени Торбеши
Јасно ко ден.
 

Беркут

Мрчатор
Член од
12 април 2010
Мислења
9.707
Поени од реакции
14.646
Јасно ко ден.
и јас не сум задоволен со анти-македонската пропаганда од Атина, па тоа ме прави да се гордеам што сум Македонец...
мешаш биологија со физика
 

Insomniac

Evil Macedonian
Член од
27 мај 2007
Мислења
1.799
Поени од реакции
27
Македонците муслимани не се помали македонци од нас христијаните. Според мене голема е неправдата врз тој народ уште со самото тоа што се заведени како македонци муслимани, значи поделбата започнува од тука! Многу просто и многу едноставно, македонец си е македонец и точка!
Затоа бе земјак ги поставувам моите прашања кон Македонците муслимани. Кај нас останатите нацијата е пред религијата но не и кај нив.
 

karan

бивш поет, плукач, вљубеник во слободата
Член од
31 мај 2006
Мислења
3.593
Поени од реакции
2.709
Затоа бе земјак ги поставувам моите прашања кон Македонците муслимани. Кај нас останатите нацијата е пред религијата но не и кај нив.
За жал така е.
Проблемот најмалку е во тоа дали тие се доживуваат како Македонци. Работата е што религиозниот фанатизам не им дозволува да бидат исто што и ние (каурите, неверниците). Инаку никој од нив (освен две-три села каде турскиот национализам пуштил корења) не го негира македонскиот како мајчин јазик.
Проблемот е единствено на верска основа.
 
Член од
2 мај 2011
Мислења
15
Поени од реакции
0
Bratot

Svrstavši moj posljednji post u „Index librorum prohibitorum“ nastavljaš Teodosijevu praksu skrivanja istine „šibicom“. I ovaj je bijednik palio Aleksandrijsku biblioteku nekoliko puta u jalovoj nadi da će tako Konstantinova ideologija nadvladati vo vjeki vjekov. Za ovaj magnum crimen i kulturocid bez pandana u ljudskoj historiji evropska propaganda je optužila muslimane, ali je ta historijska magla razvejana.

Kao što će i ova oko etnogeneze Muslimana odnosno Bošnjaka u Makedoniji.

Inače vašoj naivnosti ne mogu da se načudim. Pokušavate mene odnosno Bošnjake da uplašite udbaškim baba rogama. Pa tako se više ni djeca ne plaše. Ovo hvatanje za slamku spasa medjutim, više nego bilo šta drugo govori o snazi historijskih i inih „argumenata“ kojima pokušavate da branite kriminalne nasrtaje na ljudsko dostojanstvo Muslimana odnosno Bošnjaka u Makedoniji!

Zaboravili ste se skroz pa mislite da živimo u Ruandi u kojoj vladaju zakoni džungle, a na koju je Balkan ličio u komitska, Andrić-Čubrilovićeva i Rankovićeva vremena te krajem XX vijeka!!! Hoćete u evropske integracione procese a po glavi vam se vrzmaju UDBE!!!

Prohujalo sa vihorom Bratot, odnosno ga oduvaja veter po makedonski!!!!

Platili smo cijenu kakvu nije nijedan narod u Evropi ali smo naučili da ne slušamo medne riječi već gledamo u zmijske oči.

O nama Bošnjacima više neće odlučivati ni MANU ni SANU ni SPC ni MPC ni Beograd a još manje Skoplje!

U onome što sam na youtube-u čuo od Cenoskog i Ajradinoskog ja vidim ponositost i čvrstu vjeru u sebe, a samopoštovanje je prva "barikada" slobode! Njihovo rezlutno odbijanje makedonstva kao nacionalne odrednice je definitivna potvrda da je manipulacijama sa Mulimanima odnosno Bošnjacima koji žive u Makedoniji došao kraj.

Zauvijek!!!!!!

Kidanje mentalnih bukagija kojima su Bošnjaci okovani nakon genocidnog iskustva u XIX i XX vijeku je ireverzibilan proces i on će se završiti našom potpunim slobodom kakvu inače imaju sve naše dobronamjerne komšje druge tradicije i vjerozakona i na Balkanu i u našoj zajedničkoj domovini Evropi!

A UDBA!

E njeno vaspostavljanje u Makedoniji predložite evropskoj komisiji kad vam i ako vam ovakvima kakvi ste u dogledno vrijeme dostavi svoje propise prema kojima treba da usaglasite sopstvene. Posebno insistirajte na konstituisanju jakog odeljenja za moralno političku podobnost i sredstva iz razvojnih fondova za izgradnju GULAGA u kojem će komesar u svojstvu direktora ove vladine agencije slati na prevaspitanje sve one koji se opiraju makedonizaciji!

Kao što Ajnštajn reče "samo su dvije stvari beskrajne: svemir i ljudska glupost... ali za svemir nisam siguran"
 
Член од
17 јануари 2009
Мислења
2.792
Поени од реакции
4.660
@Bosniak Мене навистина не ми е јасно, како ти успева во Македонија да видиш некаква „македонизација“ и “христијанизација“ на муслиманското население, односно на Бошњаците, чии корени овде се од авнојска Југославија (дали се тука останати по неуспехот во 1951 година да се претстават како Турци и да заминат за Турција, или дошле да купат евтин имот, затоа што во овој период е донесен закон против фереџето, па Турците си одат, или се дојдени по земјотресот од 1963, воопшто не е битно). Оттогаш наваму, тие на етничката мапа на Македонија се присутни како Босанци или Бошњаци. Како муслимани, де. Никој не се обидува да ги помакедончи, или не дај боже, да ги покрсти. Навистина, имавме ние, и уште имаме некои недоразбирања, со нашите соседи, од било која конфесија, некои ескалираа пред десетина години, ама тоа пред се` се етнички разлики, а сетне верски. На пример, со Македонците кои се муслимани сме немале конфликт, ниту со Турците, Ромите. Ниту пак, со Бошњаците. Сум учел со неколкумина Бошњаци, кои живеат тука со генерации и во комуникацијата со нас си го користеа нивниот јазик, не беа дискриминирани, не се чувствуваа загрозени, ниту пак се жалеа од нешто слично. Напротив, некои од Босна најдоа овде и прибежиште во текот на војната во 90-те, некои и останаа да живеат.
Е сега, настрана од тоа, кај дел Македонците кои се муслимани, последниве години има извесни превирања и обиди тие да се издвојат во нешто посебно, врз основа на нивната вера. Главни јавни пропагатори на таа идеја се некои лица чии имиња ти ги спомнуваш, и како што можеш да забележиш тие со своите ставови настапуваат јавно и слободно. Меѓутоа, тие се претставници само на дел од Македонците кои се муслимани, на политичка партија. Не на сите нив. Јазикот со кој се служат е македонски, и тоа македонски во неговата најзачувана форма, во западниот дел на Македонија. Ако не се од мешани бракови, го знаат само македонскиот како нивен мајчин јазик. Освен верата, муслиманските имиња и браковите што ги склопуваат со своите истоверци од друг етнос, меѓу нив и Македонците кои се христијани нема никаква разлика. Дури и фолкорот е речиси идентичен.
Некако ми се чини дека ти се обидуваш состојбите во Босна (ако си од таму, а не од тука) да ги пресликаш овде, правиш некои конструкции кои немаат ни основа ни логика, си ги склопуваш коцките како што ти се допаѓа. Немало во Македонија обиди за асимилација, а никако насилно асимилирање, ни во државата ни, а уште помалку веројатно е дека сме имале слични намери на друго место, на пр. во БИХ. Затоа и не се испоклавме како вие таму, Босниак. За жал имам впечаток дека настојувате тоа „таму“ да го донесете „тука“.
Навистина би било убаво кога би си ги средиле работите во БИХ, па потоа да дојдете да берете гајле што ни се случува нам, како живееме и каков ни е верскиот соживот. Оти, инаку сосем е оправдан впечатокот дека таму сте направиле се` онака како што ви одговарало, па и овде се обидувате, можеби не само по форуми, со апсурдни и непотребни квазифилозофски тупења и друго, по ваше да ни ја забиберите кашата.
 
Член од
8 ноември 2008
Мислења
2.172
Поени од реакции
1.251
Ovo hvatanje za slamku spasa medjutim, više nego bilo šta drugo govori o snazi historijskih i inih „argumenata“ kojima pokušavate da branite kriminalne nasrtaje na ljudsko dostojanstvo Muslimana odnosno Bošnjaka u Makedoniji!
definitivna potvrda da je manipulacijama sa Mulimanima odnosno Bošnjacima koji žive u Makedoniji

Добро бре, ти ги поистоветуваш Муслиманите во Македонија со Бошњаците? Дај барем договорете се со Албанците. И тие ги поистоветуваат Македонците Муслимани, ама со Албанците. И? Што се сега Македонците Муслимани? Албанци или Бошњаци?
Бошњаците се како “етничка“ група последни доселеници во Македонија, многу, многу подоцна од дефинирањето на Македонците Муслимани, подоцна дури и од Албанците. Бошњаците се доселуваат во Македонија во периодот кога се повлекува Турција од Балканот. Дел од нив, на пат кон Турција запираат во Македонија и се населуваат во испразнетите места од Турците, најмногу во периодот на Југославија.
И кој тоа рече дека МАНУ ќе одлучува за Бошњаците? Што им е гајле на МАНУ за внатрешните работи во Босна? А Агенцијата за разузнавање и контраразузнавање во секоја нормална држава ваквите како тебе ги има под присмотра, затоа што ти баќо се замешуваш (свесно и намерно) во внатрешната политика на една суверена држава (Како би ти било јас да дојдам во Босна и да го убедувам вашето население дека се тие всушност Срби или Хрвати Муслимани?). Држава без такви служби - не е држава и тие е нормално да си ја бркаат работата за која се платени и не смеат да дозволат вакви сомнителни типчиња како тебе да роварат низ државата. Такви служби има во секоја држава која би ја посочил како демократска, дури во Англија пред некоја година (кога имаше најголем страв од тероризам) си настрада еден Пакистанец, ни крив ни должен, од нивната демократска полиција. А дека не се уплаши ни малку - не е точно, твоево нервозно писмо е доказ за тоа...
 
Член од
2 мај 2011
Мислења
15
Поени од реакции
0
I ti Sabazij neizlečivo boluješ od hroničnog makedonitisa, pa ti se taj virus presipa u post! Neka od njega bolujete, vaš problem, ali vam je uništio sve senzore za poštovanje ljudskih prava drugog i drugojačijeg. Ako jednu osobu ne uvažavaš onakvom kakva jeste onda po evropskom zakonodavstvu kršiš njena ljudska prava. Ili vi u Makedoniji niste usvojili Zakon o zabrani diskriminacije.




(1) Ovim Zakonom osigurava se zaštita, promoviranje ljudskih prava i sloboda, stvaraju uslovi za ostvarivanje jednakih prava i mogućnosti i uređuje sistem zaštite od diskriminacij na osnovu rase, etničke pripadnosti, boje kože, spola, jezika, vjere, političkog ili drugog uvjerenja, nacionalnog ili socijalnog porijekla, imovnog stanja, članstva u sindikatu ili drugom udruženju, obrazovanja, društvenog položaja, bračnog ili porodičnog statusa, trudnoće i materinstva, dobi, zdravstvenog stanja, invaliditeta, genetskog nasljeđa, veze s nacionalnom manjinom, rodnog identiteta, izražavanja ili spolne orijentacije kao i nekom drugom osnovu.

Član 3.
(Oblici diskriminacije)

(1) Direktna diskriminacija je svako djelovanje ili propuštanje djelovanja kada se neka osoba ili grupa osoba dovodi, ili je bila, ili bi mogla biti dovedena u nepovoljniji položaj za razliku od neke druge osob ili grupe osoba u sličnim situacijama.

(2) Indirektna diskriminacija je svaka situacija kada naizgled neutralna odredba, kriterij ili praksa, dovodi osobu ili grupu osoba u nepovoljniji položaj u odnosu na druge osobe ili grupe osoba u sličnoj situaciji, osim ako se takva odredba, kriterij ili praksa mogu objektivno opravdati zakonitim ciljem,
(3) Poticanje na diskriminaciju predstavlja širenje poruka i simbola na razne načine ili nepoduzimanje zakonom utvrđenih aktivnosti čime se potiče diskriminatorsko postupanje prema osobama i grupama osoba.
(4) Teži oblici diskriminacije postoje kada je:
a) diskriminacija višestruka, odnosno počinjena prema određenoj osobi po različitim zakonskim osnovama;
b) diskriminaciija počinjena više puta po istom zakonskom osnovu;
c) diskriminacija stalna, konstantna i dugotrajna,odnosno kada diskriminacija traje duže vrijeme;
d) postoji bilo koji oblik segregacije, a segregacijom se smatra svaki oblik nasilnog ili sistemskog razdvajanja osoba ili grupe osoba koje se manifestuju kroz primjenu pravnih ili stvarnih mjera, a po osnovima navedenim u članu 1. stav 1. ovog Zakona.

Možeš li ti shvatiš jednu prostu činjenicu da ako su ikada i bili (kao što nisu), Muslimani u Makedoniji barem hiljadu godina NISU deo makedonskog nacionalnog korpusa i da DANAS ODBIJAJU da se identifikuju kako Makedonci te da svako bulažnjenje o njihovom „odmetanju“ od svoga roda predstavlja brutalno kršenje njihovih ljudskih prava !

Tačka!!

Ko ste vi da onima koji to očigledno ne žele namećete makedonstvo ili što je još gore ako ga odbiju stigmatizirate ih.

Pa sa Bugarima ste 100 puta sličniji nego sa Muslimanima iz Makedonije a delirantno reagujete kada vas neko identifikuje sa njima. Poslušaj pjesme koje pjeva bugarka Nikolina Čakardakova (pjesme su jako lijepe) i kaži mi kakva je razlika u odnosnu na makedonske!

Ličite mi na onog silnika kojeg u uvodu „Zarobljenom umu“ opisuje stari Jevrejin iz podkarpatskog kraja!

Poučena krvavim historijskim iskustvom koje duguje hipertrofiji raznoraznih filetizma i inih kolektivizma moderna Evropa u centru pažnje stavlja ČOVJEKA a NE KOLEKTIV

Nacija je historijska kategorija i onih nekoliko talasa radjanja modernih evropskih naroda i nacija je manje više raspravljeno. Većina pak današnjih evropljana u „etničkom“ smislu su mješanci izmedju nosioca gena M173 koji su prije 40000 godina pristigli iz Azije naselivši zapadne djelove kontineta i nosioca gena M170 koji su prije 25000 godina pristigli sa Bliskog Istoka naselivši centralne i istočne djelove a zatim nakon ledenog doba krenuli u razmjenu genetskog materijala stvorivši većinski demografski supstrat današnje Evrope.

Prema tome sve je stvar referentne tačke u historiji od koje ćemo poći. Nama se recimo svidja ona od prije hiljadu i nešto godina koja se uzgred budi rečeno „svidja“ i Srbima, i Hrvatima i Makedoncima i taka natamu.

PS. Mlogu me isplaši bre Karijes: Pakistan, Anglija, terorizam, fundamentalizam, obaveštajnata službata ti faleše još Al Kaida..............pogledaj malku na internet jena kniška taka narečene DSM-IV, ima mlogu korisni informacii za tebe!!!
 
Член од
25 февруари 2010
Мислења
1.158
Поени од реакции
879
..Muslimani u Makedoniji barem hiljadu godina NISU deo makedonskog nacionalnog korpusa i da DANAS ODBIJAJU da se identifikuju kako Makedonci te da svako bulažnjenje o njihovom „odmetanju“ od svoga roda predstavlja brutalno kršenje njihovih ljudskih prava !Tačka!!..
кој вели така, ТИ??? тебе ти одговараат ваквите одговори па сам ги одговараш? оди прашај ги лично нив да видиш што ќе ти кажат..
 

karan

бивш поет, плукач, вљубеник во слободата
Член од
31 мај 2006
Мислења
3.593
Поени од реакции
2.709
Član 3.
(Oblici diskriminacije)

(1) Direktna diskriminacija je svako djelovanje ili propuštanje djelovanja kada se neka osoba ili grupa osoba dovodi, ili je bila, ili bi mogla biti dovedena u nepovoljniji položaj za razliku od neke druge osob ili grupe osoba u sličnim situacijama.

(2) Indirektna diskriminacija je svaka situacija kada naizgled neutralna odredba, kriterij ili praksa, dovodi osobu ili grupu osoba u nepovoljniji položaj u odnosu na druge osobe ili grupe osoba u sličnoj situaciji, osim ako se takva odredba, kriterij ili praksa mogu objektivno opravdati zakonitim ciljem,
(3) Poticanje na diskriminaciju predstavlja širenje poruka i simbola na razne načine ili nepoduzimanje zakonom utvrđenih aktivnosti čime se potiče diskriminatorsko postupanje prema osobama i grupama osoba.
(4) Teži oblici diskriminacije postoje kada je:
a) diskriminacija višestruka, odnosno počinjena prema određenoj osobi po različitim zakonskim osnovama;
b) diskriminaciija počinjena više puta po istom zakonskom osnovu;
c) diskriminacija stalna, konstantna i dugotrajna,odnosno kada diskriminacija traje duže vrijeme;
d) postoji bilo koji oblik segregacije, a segregacijom se smatra svaki oblik nasilnog ili sistemskog razdvajanja osoba ili grupe osoba koje se manifestuju kroz primjenu pravnih ili stvarnih mjera, a po osnovima navedenim u članu 1. stav 1. ovog Zakona.
Секоја држава има суверено право и должност да ја заштити својата нација од секаков обид за поделба по верска основа. Различноста меѓу Македонците - христијани и меѓу Македонците - муслимани како и Македонците - католици, Македонците - евангелисти, Македонците - будисти е поделба врз чисто верска основа. Државата слободно може да ги примени сите средства кои и стојат на располагање за да спречи раздор. Мене ме чуди што државата не го прави тоа и е крајно индиферентна во тој однос.

Pa sa Bugarima ste 100 puta sličniji nego sa Muslimanima iz Makedonije a delirantno reagujete kada vas neko identifikuje sa njima. Poslušaj pjesme koje pjeva bugarka Nikolina Čakardakova (pjesme su jako lijepe) i kaži mi kakva je razlika u odnosnu na makedonske!
Николина Чак'рд'кова е бугарска пејачка, но пее македонски песни.. (You have to know that)..

Нема да гледаш босански филмови во Македонија.;)
 
Член од
17 јануари 2009
Мислења
2.792
Поени од реакции
4.660
@Bosniak, за тоа како се чувствуваат Македонците кои се муслимани, јас сум мошне добро запознаен, не треба ти, од Босна, или од каде не, да ме учиш. Не се тие некоја издвоена, невидлива група. Тука се, меѓу нас, комуницираме, живееме и се дружиме и се разбираме. Некој од нив можеби ќе изрази поинакво чувство на национална припадност, и државава не се обидува да му го смени мислењето, јас уште помалку. И пак се работи за поединци и бројно ограничени групи.
За разликите меѓу едните и другите Македонци, а посебно за нашата многу поголема „блискост“ со Бугарите, многу си се зафркнал бате. Всушност, по ваква зелена, сета дискусија е само глупаво губење време, оти немаш поим што пишуваш и каква магла продаваш. Затоа што ако мериме со такви аршини (а ти очигледно сакаш така да мериш и споредуваш), многу лесно некој ќе изведе заклучок дека Бошњаците не се ништо друго, туку исламизирани Срби или Хрвати, со кои делите еден ист јазик, (за твоја информација, разликите меѓу македонскиот и бугарскиот се неспоредливо поголеми од оној на кој што пишуваш ти и српскиот, хрватскиот, или црногорскиот) со кои сте измешани многу повеќе отколку што, очигледно можете да издржите, а сте поврзани многу повеќе отколку што сакате. А тука веќе се работи за повредување на национални чувства, затоа што Бошнаците низ овие неколку векови успеаа како така да се издвојат и да изградат нешто што ги разликува од своите словенски соседи. Кај нас, што и да си замислуваш или сакаш едноставно не дошло до таков процес. Различни историски, политички, и др. околности.
За тие фамозни илјада години ислам во Македонија, некако си ми чуден, свесен сум дека веројатно Исламот продрел на Балканов пред Османлиите, ама тешко дека толку масовно се ширел предизвикувајќи некакви поделби и разлики на меѓунационална основа.
За хроничниот македонитис, ќе треба повеќе да си поткован и информиран, за да дадеш ваква дијагноза. А не си. Македонија, како и сите други држави не е совршена. Можеме побогато да живееме, повеќе да имаме и повеќе да се разбираме, да има помалку криминал и слично, ама ништо нема врска со ова што ти сакаш да ни го накалемиш. Како што помислив, невистини, неинтелигентна и злонамерна пропаганда, обвинувања за нечија недемократичност, зад која се крие сопствената националистичка, шовинистичка, милитантна, фанатичка (одбери си која од овие ти одговара најмногу, што и да одбериш нема да згрешиш) ориентација. Навистина не би сакал нашава преписка да има продолжение, оти не верувам дека ќе има некаков ефект, освен млатење празна слама.
 

Беркут

Мрчатор
Член од
12 април 2010
Мислења
9.707
Поени од реакции
14.646
Kao što će i ova oko etnogeneze Muslimana odnosno Bošnjaka u Makedoniji.
Bosniak, сите Муслимани во Македонија се Босанци (Бошњаци)?
Platili smo cijenu kakvu nije nijedan narod u Evropi ali smo naučili da ne slušamo medne riječi već gledamo u zmijske oči.
Не велам дека Бошњаците не платија ниска цена..посебно во граѓанската војна во БиХ
ама и Македонскиот народ плати превисока цена за својата држава, слобода
земјата во која се родени: Александар Македонски (кој сакал да го обедини светот во кој сите луѓе би биле браќа), Св.Кирил и Методиј, Св.Климент и Наум (ги набројувам нив, зашто без нив денес цело словенство немаше да постои) последна да добие своја држава? да биде расчеречена на 6 дела?
во Првата светска војна брат да убива брат (еден од српска, друг од бугарска, трет од грчка страна)?
Posebno insistirajte na konstituisanju jakog odeljenja za moralno političku podobnost i sredstva iz razvojnih fondova za izgradnju GULAGA u kojem će komesar u svojstvu direktora ove vladine agencije slati na prevaspitanje sve one koji se opiraju makedonizaciji!
Македонизација?
како да македонизираш Македонец?
ти ми велиш: речи му на твојот професор дека не ти е професор, туку дека ти е професор....
Bosniak, треба да сватиш некои работи:
Не значи дека нашите браќа Македонци кои се муслимани дека се различни од мене Православен Христијанин...тие не се Бошњаци, Помаци, Турци, Албанци или Роми....
кои да проба да го раскине Македонското ткиво, ќе добие по нос....
да додадам.....ние и бугарите се сакаме како куче и мачка...како што ти како босанец го сакаш Младиќ и компанија
 

Kajgana Shop

На врв Bottom