Друштво, не знам од кога турските се рачунаат за серии... неколку такви мислења избришав. Значи тоа е одење оф топик, за турските има тема за хејтери, греота е да се споменуваат на темава.
RocknRolaa можеби ќе го смени малку насловот, или не, ама пак сите знаеме што отприлика се бара од темава.
он топик - многу ми се интересни оние кои ако му ја спомнеш серијата креваат паника. И какви филмови се исхејтаа во другата тема, па никому ништо. Ајде за филмовите ок, ама за сериите, па можете да ги одбраните со образложување.
Ете мене не ми ја спомна никој омилената ми серија на сите времиња дека е преценета и префорсирана, инаку одма ќе застанев во нејзина одбрана.
Лесно е со фејспалми и прашалници да се реплицира, ама објаснете малку, дискусија се бара, можеме да подискутираме подетално, сепак се работи за бранење на честа на нашите омилени серии
п.с. - играње на карта "вкус" е ко да те чепка некој и да му викаш - а да видиш татко ми ако ти го викнам.
Бидете карактери