devilko
♆ wicked one ♆
- Член од
- 28 август 2014
- Мислења
- 1.820
- Поени од реакции
- 5.926
Темата е проста. Што највеќе ве привлекува, а што, одбива кај спротивниот пол. На истата не мора само да се задржувате на физичките карактеристики и детали, него и на психичките, културата и начинот на размислување.
Хигиената мислам дека на сите ни е turn off и истата е нешто задолжително, па нема потреба да ја спомнуваме.
Јас за почеток, би опишал кои физички детали и трендови кај мене имаат најголем turn off и се разбира, спротивните на нив кои ме привлекуваат.
1. Шминката
Не обожавам шминка. Не обожавам нашминкани девојки. Го обожавам природниот изглед и цела таа шминка ми делува вештачки и изобличено. Да нагласам дека тука не се работи за оној баш, баш натурал изглед каде што девојките се запустени, доволно е да имаат малку шминка на себе, која ние машките и не ја приметуваме баш, баш. Но, претерана, жарко нагласена шминка премногу ми смета. Премногу пудра кај што ти пропаѓаат прстите, премногу маскара и црно околу очите, како да се нинџи, вештачки трепавици, и остали додатоци. Она буквално кога изгледа како восочна фигура која се топи. Ако морам да одберам нешто што најмногу ми смета од шминката, тоа е секако сјајот за усни. Уште онака нанесен во изобилство, само што не почнал да тече. Ауу, одвратно.
Во последно време, и не се користи баш истиот многу, него е заменет со кармин, што е секако позитивна ствар за мене, освен ако не е карминот некоја светло розе боја.
Доволно е дневна шминка и слатка насмевка.
2. Премногу атлетско тело
Во последно време, се повеќе се става акцент на теретаната и вежбање во теретана. Женското атлетско тело се идеализира, посебно во склоп со голема задница и фарови. Но цел овој тренд како да отиде во една друга насока, како да се претера со него и наместо да има позитивни резултати, од една екстрема, се префрли во друга.
Стомачни мускули, бутни мускули, мускули на раце е карактеристично за машкото тело. Женското треба да биде по феминизирано, и со заоблени ивици. Тука не мислам на прекумерна тежина, него на нешто нормално, умерено, кое не забегува во ниедни екстреми.
Бодибилдерско тело со стомачни и мускули поголеми од моите, и задник како стреа за мене не е привлечно.
3. Премногу нападна/разголена облека
Уште еден тренд во последно време е облека која оди во екстреми. Подлабоко деколте, повисоки штикли, пократко фустанче, допичњаче, истото уз тело. Окееј, изгледа привлечно на прв поглед, но истото остава лош впечаток и има некогаш контра ефект каде што наместо да те привлече, тоа те одбива. Се што значи одење во длабоки екстреми, станува одбивно, па така и ова. Има место каде што треба да го истакнете вашето секси тело, но кафичот дефинитивно не е тоа.
Кои се вашите turn off/on?