J
joe.b
Гостин
Супер куп во Скопје не е видено до сега, но и авиони кои планираат утре да полетаат е исто не видено до сега на скопскиот аеродром, 767 на аустриан, а330 на туркиш (има слетано еднаш) како и да е, ќе пробам да доловам некои слики и да ги пуштам тука.Дури четири летови од Скопје за Виена во еден ден, А320 на Air Berlin (коудшер на Аустриан) во 4 55 , во 8 20 , а319 на Аустриан полетува за Виена, во 8 25 (за 5 минути) А321 на Аустриан полетува за Виена и во 12 55 - 767-300 Passenger , полетува за Виена, вкупно околу 700 патници се очекуваат да отпатуваат за Виена од Скопје. Интересно ќе биде утре на работа. Едвај чекам да закачам некоја слика од овие ``џинови на небото`` како полетуваат и слетуваат на нашиот аеродром.