Кога публиката пее

Forrest Gump

низа1
Член од
12 ноември 2009
Мислења
7.038
Поени од реакции
29.618
Рајата пее. Некогаш звучат несинхронизирано и знаат да ја искасапат песната, но некогаш звучат толку величествено и единствено во припотомувањето на музиката, што го прават искуството незаборавно и предизвикуваат афектни срцелупања, силни емоции, губење на чувството за реалност. Може сте присуствувале на таков момент? Па и не мора да сте, доволно е и јуб туб видео.

Мене прво ми текнува на:


Па после,


Мошне сwатко звучи и лелеавото о на:


и најнајбаналната, но друго јаче не можам ни да ја замислам освен оргијашки:


П.с Јас ко Нотингем Форест (Гамп) очекувам и постирање на масовно ждригање на you'll never walk alone од некој ич фаци.:ROFLMAO:
 

Erich Zann

Модератор
Член од
13 мај 2012
Мислења
14.612
Поени од реакции
31.817
Уште ко го видов насловот, прво нешто пред да се отвори темата ми падна на ум изведбата од Blind Guardian :D

Ко гледам Гамп ги здрвил. Страшно добра публика, страшно добри гласови.
 
F

Feli

Гостин
А мене, прво што ми текна беше баш Fear of the dark од Iron Maiden :)
Се наежувам кога ја слушам во живо, а видеото што го ставил Форест Гамп е од Рок ин Рио 2001, одма после враќањето на Брус Дикинсон назад во групата. Статистиките викаат дека имало околу 200 000 публика. Не можам да си поимам како тоа би звучело во живо. За таков момент би вредело да се живее.
 
G

Geezer

Гостин

Потазе, од летово, на Грин Деј.



Не е класично како другиве, ама публикава навистина е добар носечки вокал, заедно со оној на Дејв.




Ова не е на концерт, ама е јако.




Ова е само аудио, Ноел почнува мал дел, публиката си тера понатаму.



На овие ми текна во моментов, инаку сум присуствувал на концерти каде што публиката грми од пеење, ама за жал не се документирани. Добро, освен во мојава глава.
 
Член од
25 септември 2011
Мислења
6.448
Поени од реакции
18.280
Преубаво, шефот знае да ги натера да пеат цело време.
Изгледајте го цел концерт од Барселона, има уште многу вакви делови.

А овде е врвот, последните неколку мин престануваат да свират и уживаат.

Кога го гледав ова мислев дека ќе се сруши стадионот.
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.311
Поени од реакции
57.752
Малколм, ти не летај со лајковите зошто тоа беше само да ве навлечам. Одиме сега со ред омразени групи, нека пукнат душманите! :rolleyes:

 

Луси

extreme
Член од
17 септември 2008
Мислења
6.678
Поени од реакции
19.589
Значи просто се ежам кога ги гледам Мејден на нивните концерти и ворлд тури, страшен вокал, музика, ваков склоп ретко кога...

 

Kajgana Shop

На врв Bottom