Книжевни промоции

ЈуријАркадиевич

Модератор
Член од
10 мај 2010
Мислења
1.784
Поени од реакции
6.970
Прва тема што јас ја отварам. :cool: Верувам дека треба да има тема во која посетителите на овој форум може да се информираат за книжевни промоции, книжевни настани. Со тоа може ќе се доведе до мало популаризирање на сите тие настани. Пишувајте за настани кои што се случуваат низ цела Македонија. Ќе започнам со два настани што се случуваат овие неколку дена.

Се одложи оваа промоција за вторник, 11 јуни во 20 - 30 часот, .Во кафе- книжарницата Магор ќе се одржи промоцијата на книгата „Размена на пораки“ од Тања Урошевиќ и Влада Урошевиќ. Ќе бидат присутни двајцата писатели, промоцијата ќе биде во облик на јавен разговор со нив, а модератор ќе биде Владимир Јанковски.

Следната промоција се случува на 7ми и 8ми јуни во „Балкан експрес“ (стар „Ориент експрес“, Дебар маало). Ќе се промовираат четири книги и две книжевни читања. Ќе се промовираат три книги од Миле Стоиќ : „Небесен пансион“, „Ги сакам исплуканите“ и „Кафе носталгија“. Еве што пишува за него и неговото дел:
Миле Стоиќ е роден во 1955 година во Драгиќина (Босна и Херцеговина). Поет, есеист, аналитичар и публицист. Студиите по јужнословенски книжевности и јазици ги завршил на Филозофскиот факултет во Сараево. До јуни 1992 година живеел во Сараево од пишување и уредување на книжевни публикации. Потоа работел како лектор на Славистичкиот институт при Виенскиот универзитет. Ги составил антологиите: Зад спуштени трепки, антологија на модерната хрватска поезија (Сараево, 1991); Во бол и бес (босанска воена книжевност, заедно со Алија Исаковиќ, Виена, 1995); Поезијата на Босна и Херцеговина во XX век (заедно со Марко Вешовиќ и Енес Дураковиќ, Сараево, 1999). Книгите му се преведени на германски, полски, италијански, англиски, словенечки и македонски јазик, а одделни текстови на дваесетина јазици. Песните му се застапени во сите релевантни антологии на современата босанско-херцеговска и хрватска книжевност. Добитник е на бројни награди. Живее во Сараево.

Другиот писател е Младен Ломпар.
Младен Ломпар е роден во на 22 март 1944 година на Цетиње. Историчар на уметноста со диплома од Филозофскиот факултет во Белград. Член е на Дукљанската академија на науки и уметности и претседател на Црногорскиот ПЕН центар. Главен и одговорен уредник е на списанието АРС.
Дела: Мит за загубените допири, 2010; Седум редови живот, 2009; Времето во кое сум минато, 2009; Сенка на сцената, 2004; Тишината на четвртиот печат, 1999; Триптихон од националната библиотека, 1998; Шишето на лудата принцеза, 1997; Три писма за Даринка и народот со единствен крај, 1996; Кралицата Јаквинта, опатот Долчи и времето на срамот, 1995; Допир за губилиште, 1993, 2001; Просторот на загубената светлина, 1991; Дневник од шишето, 1991; Попусто зборот, 1986; Ноќта после, 1981; Тајно самнување, 1975; Карабојно житие, 1972; Пустиножител, 1970.
Добитник е на наградите: Миросавлево евангелие (2010), Александар Лесо Ивановиќ (2010), Вито Николиќ (2009), 13 јули (највисокото црногорско општествено признание, 2007), Ристо Ратковиќ (2004), Златен печат на Црноевиќ (2002).
Пишува и ликовна критика и есеи.
 
Член од
5 февруари 2007
Мислења
10.635
Поени од реакции
13.073
Утре од 17 часот во Менада ќе се врши размена на книги. Ќе трае до 19 часот, па бујрум. :)
Бев со релативно добар улов. Сепак да не имате ептен високи очекувања, далеку подобро ќе си поминете.
Ја зедов Glue од Irwin Welsh и Босанците го трчаат почесниот круг (не ми текнува авторот во моментот) во замена за некој шунд ала Коељо просветителство.
После тоа ми останаа уште две па кај Благоја на Плоштад си направив две за една - Диви палми од Фокнер.
 

ЈуријАркадиевич

Модератор
Член од
10 мај 2010
Мислења
1.784
Поени од реакции
6.970
Бев со релативно добар улов. Сепак да не имате ептен високи очекувања, далеку подобро ќе си поминете.
Ја зедов Glue од Irwin Welsh и Босанците го трчаат почесниот круг (не ми текнува авторот во моментот) во замена за некој шунд ала Коељо просветителство.
После тоа ми останаа уште две па кај Благоја на Плоштад си направив две за една - Диви палми од Фокнер.

Јас земав следно :
- Плоча од извадоци од дела на Иво Андриќ
- Ако една зимска ноќ некој патник - Итало Калвино ( трет примерок, овој за подарок ми е )
- Беовулф по препев на Драги Михајловск
- Патагонија - Душан Митана
- Под Притисок - Фарук Шехик
- Noam Chomsky Interventions
- Ковертиран потег - Митја Чандер


Утре има промоција на книга, од 19 : 00 часот во Градската библиотека
„Браќа Миладиновци”. Промоција на книгата ,, Унтерштад " од Ивана Шојат - Кучи. Промотори ќе бидат : Златко Крамариќ, Венко Андоновски и Александар Прокопиев.
 

ЈуријАркадиевич

Модератор
Член од
10 мај 2010
Мислења
1.784
Поени од реакции
6.970
На 25ти декември, во новиот МНТ ќе се одржи доделување на книжевната награда Табернакул. Гости ќе бидат Орхан Памук и Виктор Ерофеев. Ќе биде од 20 часот. Препорачувам заинтересираните обавезно да отидат.
 
Член од
20 јули 2014
Мислења
3.133
Поени од реакции
8.226
Друштвото на писателите на Македонија организира тридневен поетски караван во чест на Блаже Конески

Поетскиот караван на ДПМ во знак на чествувањето на Блаже Конески, големиот македонски поет, есеист, книжевен историчар и лингвист, основоположник и прв претседател на македонската писателска асоцијација, ќе се одржи со учество на 60 поети, членови на ДПМ од различни генерации, и ќе трае три дена, од 17 до 19 декември, денот на раѓањето на Блаже Конески пред 93 години.

На 17 декември во 12 часот на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје, патронатот на факултетот со свои стихови ќе го одбележат 25 поети. На средбата поздравна реч ќе имаат деканот на Филолошкиот факултет, д-р Славица Велева, и претседателот на ДПМ, Веле Смилевски. На 18 декември поетскиот караван, посветен на Блаже Конески, ќе се одржи во Домот на македонските писатели со учество на триесетина поети од целата земја, под наслов „Средба на генерации“. На оваа манифестација на учесниците ќе им се обрати Раде Силјан, претседател на Собранието на ДПМ. На 19 декември во основното училиште „Блаже Конески“ во Скопје неколкумина писатели за деца на симболичен начин ќе одржат час за Блаже Конески.

Со тридневната манифестација завршува годинашниот циклус на Поетскиот караван на ДПМ кој, покрај Скопје, ги посети Гевгелија, Куманово, Кавадарци, Велес, Радовиш, Кожле и Ѓорче Петров. Караванот на Друштвото на писателите на Македонија се организира во рамките на проектот за дисперзија на културните настани во Македонија.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom