Книготека - Онлајн библиотека

Srcee

Unforgettable
Член од
29 април 2008
Мислења
5.275
Поени од реакции
3.496
Браво за проектов. Како што читам цело време на мобилен или на киндл, имам голем недостиг на македонски книги. Супер.
 

Miss.Independent

Me,Myself & I
Член од
26 јуни 2013
Мислења
1.362
Поени од реакции
3.344
Темава ја отворам бидејќи сметам дека многу мал број на луѓе се запознаени со Македоника а е дефинитивно корисна апликација. Ќе објаснам како функционира и како можете бесплатно да се зачлените и секогаш да имате пристап до одредена книга.
Исто така да напоменам дека темава е read only.

Македоника е најголема е-библиотека на македонски јазик – Книготека, со над 85 илјади книги. Преку овој портал книгите ќе можат да се читаат на десктоп компјутер, лаптоп, таблети… На ова место ќе се објавуваат како актуелни книги, така и реобјавени дела кои веќе не постојат или ги нема во книжарниците и библиотеките а се од непроценлива важност.

. ★ Категории на книги

1. Книги од национално и историско значење. Опфаќа автори и дела од почетоците на македонскиот пишан збор сè до Втората светска војна.

2. Македонски класици. Поголемиот број печатени изданија на македонските повоени великани ги нема во продажба, а издавачите немаат интерес за нивно препечатување. Малкуте сочувани примероци можат да се најдат единствено во библиотеките и затоа се губи контактот со овие безвременски дела. Преку Книготеката Македоника тие повторно го наоѓаат патот до читателот.

3.Современици. Објавување книги напишани од наши современици. На овој начин на читателската публика ѝ се доближуваат современите и модерни текстови.

4. Нови автори. Пронаоѓање и промовирање нови талентирани автори.

5. Лектири и детска литература. Категорија во која спаѓаат лектирите, делата за обработка по предметот македонски јазик и преводите на светските класици за најмладите.

6. Учебници. Објавување дигитални книги од сферата на образованието, што вклучува сликовници, буквари и читанки за најмладата популација, како и учебници и стручна литература за учениците и студентит

Литературни форми
• Роман, • Поезија, • Драма, • Антологии, • Биографии и монографии, • Збирки раскази, есеи, афоризми и колумни. • Дела со историска содржина за македонскиот народ и идентитет, • Лектири и дела за обработка, • Учебници, • Буквари и читанки за дијаспората, • Сликовници и стрипови.

>>> Македоника има тотална бесплатност и достапност и е со над 22 илјади читатели.
Доколку сакате да се зачлените тоа можете да го сторите овде http://www.makedonika.mk/
со регистрација која ќе ви овозможи да креирате свој профил т.е омилениот наслов (или автор) да го ставите во Вашата лична библиотека „Мои книги”.

За сите љубители на книгата/студенти и особено средношколци да не се вадат дека не го пронашле делото со еден клик имате целосна достапност до огромен број на книги :)
 
B

Blade Torch

Гостин
Препорачајте која да ја почнам од понудениве на сајтов :)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom