Книги на македонски јазик за тајните друштва (Масони, Темплари, Илуминати, Клуб 300 итн.)

Член од
11 ноември 2015
Мислења
302
Поени од реакции
118
Знаете ли некои книги на македонски јазик за тајните друштва.
Јас ги имам:

- Масонерија-Ралф Еперсон;
- Масони-Јован Бригиски;
- Масонски мозаик-Живко Груевски;
- Значењето на масонеријата-В.Л. Вилмшурст;
- Родени во крв(Загубените тајни на масонството)-Џон Ј. Робинсон;
- Светски заговори-Џим Марс;
- Разоткривање на масонските тајни-Роберт Л.Д. Купер.

Доколку некој знае друга книга на македонски нака ја пише.
За масонеријата:
Новооткриени масонски тајни“ од Кристофер Најт и Роберт Ломас, Издавачка куќа „ФЕНИКС“;
Хирамовиот клуч: Фараоните, масоните и тајните ракописи на Исус„ од Кристофер Најт и Роберт Ломас, Издавачка куќа „ЃУРЃА“;
Вториот месија: Темпларите, покровот од Торино и големата тајна на масонството“ од Кристофер Најт и Роберт Ломас, Издавачка куќа „ЃУРЃА“.

За Витезите Темплари:
Темплари: Историјат и митови на легендарниот витешки ред“ од Шон Мартин, Издавачка куќа „МАРТИНА“.

Сите се на македонски јазик!
 
Последно уредено:

КвикСилвер

Модератор
Член од
28 март 2010
Мислења
4.544
Поени од реакции
5.855
Да ми препорачате за читање некоја? Не многу долга, одамна немам нешто читнато.
 
Член од
11 ноември 2015
Мислења
302
Поени од реакции
118
Да ми препорачате за читање некоја? Не многу долга, одамна немам нешто читнато.
Секако дека може, но што конкретно претставува предмет на ваше интересирање? Дали темплари, масони или др.?
 
Член од
11 ноември 2015
Мислења
302
Поени од реакции
118
Бидејќи сакате нешто пократко, дефинитивно најтопло ви ја препорачувам: „Новооткриени масонски тајни“ од Кристофер Најт и Роберт Ломас, Издавачка куќа „ФЕНИКС“. Секако потоа ви предлагам да преминете на Хирамовиот клуч. :)

p.s. Истото прашање и јас ви го упатувам, меѓутоа не само за читање туку и за набавка на литература за масони и темплари.
 

Zaptija Stojkov

Комунист
Член од
23 февруари 2010
Мислења
3.126
Поени од реакции
2.764
Ги имам уште две книги со ваква содржина. Тоа се:

1. Светското зло и беда (наследството на 13 династии на илуминатите) од авторот Робин де Рајтер и

2. Шок доктрина (Подемот на капитализмот на катастрофите) од авторката Наоми Клеин...
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.070
Поени од реакции
78.291
Бидејќи сакате нешто пократко, дефинитивно најтопло ви ја препорачувам: „Новооткриени масонски тајни“ од Кристофер Најт и Роберт Ломас, Издавачка куќа „ФЕНИКС“. Секако потоа ви предлагам да преминете на Хирамовиот клуч. :)

p.s. Истото прашање и јас ви го упатувам, меѓутоа не само за читање туку и за набавка на литература за масони и темплари.
Хирамовиот клуч е забавна книга која нема многу потпора во реалноста. Околу ова има повеќе во темата за масоните.
 
Член од
11 ноември 2015
Мислења
302
Поени од реакции
118
Хирамовиот клуч е забавна книга која нема многу потпора во реалноста. Околу ова има повеќе во темата за масоните.
Зависи кој како гледа на тоа. Не сум тука за да заземам страна на било кој, но доколку си ја читал книгата можеш да забележиш дека некои податоци во книгата се поткрепени од масонски извори. Всушност тоа го пишува и во првите страници кадешто авторите изразуваат благодарност до видни масонски личности и други. Згора на тоа едниот или двајцата автори биле или се уште се членови на масонеријата.
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.070
Поени од реакции
78.291
Зависи кој како гледа на тоа. Не сум тука за да заземам страна на било кој, но доколку си ја читал книгата можеш да забележиш дека некои податоци во книгата се поткрепени од масонски извори. Всушност тоа го пишува и во првите страници кадешто авторите изразуваат благодарност до видни масонски личности и други. Згора на тоа едниот или двајцата автори биле или се уште се членови на масонеријата.
Во темата за Масоните, од масонски извори е третирана книгата, кои пак тврдат дека нема многу вистина во неа.
Но, дури и пред да разговарам со масоните во темата, за книгата, и самиот увидов погрешни информации, кои авторите ги користат за градење на кула без основи.
Обично станува збор за историски податоци, за кои не треба да си масон за да знаеш дека се погрешни.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom