Книги кои би ги препорачале

Член од
22 октомври 2016
Мислења
13
Поени од реакции
2
Книгите оставаат силен впечаток врз нас, но ретко која книга ја поседува онаа моќ да нè расплаче. Емотивните приказни се нешто што секогаш знае да нè разнежни и да нè доведе во состојба да пуштиме по некоја солза додека читаме.
Ако некој има некое искуство со еморивни книги, ве молам дај те ми предлог.
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Член од
8 јануари 2013
Мислења
5.052
Поени од реакции
12.936
“Очите на сибирскиот пес“ - Антонио Санта Ана

Книгава е кратка и се чита во еден здив, за два саати. Ја прочитав пред 8 години и се врежа во мене како доста длабока книга, да ја најдам низ дома пак би ја читнал некоја досадна ноќ.
 
Член од
13 јануари 2013
Мислења
1.537
Поени од реакции
1.172
Берхард Шлинк - Читачот
Лесна и брза книга за читање!
Има и филм со Кејт Винслет за истава книга! :cuc:
 

Miss.Independent

Me,Myself & I
Член од
26 јуни 2013
Мислења
1.362
Поени од реакции
3.345
Дали некој ја читал Трофеј од Весна Петрушевска?
Чисто мислење ме интересира пошто на план сум да ја земам
 
Член од
23 декември 2007
Мислења
2.247
Поени од реакции
57
Агата Кристи - Убиство на теренот за голф

Класично во стилот на Агата Кристи, убиства, преплети, на моменти и нелогичности кои Ве заморуваат, но сепак со интересен пресврт при самиот крај на оваа мистерија.
Херкул Поаро е повикан од страна на богато семејство да помогне во нивната заштита. Но, во меѓувреме се случува убиство кое ќе доведе до постепено разотркивање на тајното минато и љубовните интриги на ова семејство.

Оценка: 6,5/10
 
Член од
5 февруари 2007
Мислења
10.647
Поени од реакции
13.105
Atonement - Ian McEwan

Колку год да е одличен филмот, книгата секогаш ќе биде чекор над него. Моја една и единствена препорака - пред да почнете да го гледате филмот, прочитајте ја книгата. Не затоа што филмот ќе ви го наруши крајот и ќе ве тера нон стоп да мислите на него додека читајќи, безмилосно се задлабочувате во приказната, туку затоа што одредени сцени макар колку и гротескно се прикажани на големото платно, писателот може десеткратно да ги долови на читателот. Тоа, и секако претходната мисла што ја имам кажано :)
Што ме навлече најмногу на книгава е самиот опис кој на моменти можеби делува по малку козистентно бидејќи писателот опишува една иста состојба со богат фонд на зборови, но мислата не му е хаотична, баш напротив, приказната има свој столб (backbone) на кој се накитени трите дела со епилогот, сите три одвивајќи се во различен период на животот на протагонистите. Се работи за тројца главни лика, (две сестри и едно момче), некаде во англија во средината на 30тите и за време на почетокот на војната. Ја имаме Бриони, најмладиот лик во прикаската со особено бујна машта која во почетокот има сосема среден живот или буквално англичаните би рекле (by the book - no pun intended :D). Но сето тоа ќе се измени еден ден кога нејзиниот „совршен свет на детството“ ќе загази со првите чекори во светот на возрасните, кога ќе ги забележи нејзината сестра Сесилија и момчето Роби кај фонтаната во паркот, уривајќи го митот на совршената љубов опишана во класиците. Оттогаш перипетиите започнуваат. Не би одел понатаму за да не го нарушам посебното чувство кога го имате при сметање на сите можности што би можеле да се случат.
Иако изгубив речиси 2 недели читајќи ја книгава, ни во еден момент немав чувство на залутаност и изгубеност. Ова го имам забележано и во други два романи на МекЈуан.
 
Член од
23 декември 2007
Мислења
2.247
Поени од реакции
57
Ловец на души - Донато Каризи

Совршено дело кое ќе Ве натера да останете будни подолго време во ноќта, нестрпливо брзајќи да ја започнете следната глава. Слободно би ја сместил на второ место како најдобро од Каризи после Шепнувачот.

Низа на неразјаснети убиства, злосторства од минатото. Маркус е тука да ги разоткрие, а во истовреме тие му нудат одговор во решавањето на случај на исчезнато девојче.
Сандра е во потрага по убиецот на сопругот. Тоа ги вкрстува патиштата со Маркус и води до уште поинтересен заплет, а крајот е шокантен.

Дело кое мора да го прочитате доколку сте љубители на трилер.

Оценка: 8/10
 

Kajgana Shop

На врв Bottom