Книги кои би ги препорачале

Член од
5 февруари 2007
Мислења
10.635
Поени од реакции
13.073
Добро бе не сфативте човекот дека трола... :D
Него барам нешто препорака историски роман кој може да е и со фиктивни карактери, но да има точни историски факти. Нешто налик романите на Амин Малуф, без многу субјективност. Период среден век - никакви темпларски азна, такви мити митании, едноствано нешто што нема мистицизам, повеќе е биографија, опис на животот во тој период.
 

Ska Maniac

Бараба
Член од
2 октомври 2013
Мислења
9.072
Поени од реакции
21.948
Добро бе не сфативте човекот дека трола... :D
Него барам нешто препорака историски роман кој може да е и со фиктивни карактери, но да има точни историски факти. Нешто налик романите на Амин Малуф, без многу субјективност. Период среден век - никакви темпларски азна, такви мити митании, едноствано нешто што нема мистицизам, повеќе е биографија, опис на животот во тој период.
Oд Сјенкјевич Оган и Меч и Крстоносци ?
 
Член од
4 септември 2013
Мислења
61
Поени од реакции
64
Илјада неверојатни сонца - Халед Хосеини
1984 - Џорџ Орвел
1Q84 - Харуки Мураками (цела триологија)
Мемоарите на една гејша - Артур Голден
Автостоперски водич низ галаксијата - Даглас Адамс
 
Член од
23 декември 2007
Мислења
2.247
Поени од реакции
57
Шепнувачот - Донато Каризи
Одличен роман, кој уште со првите страници ќе ве внесе во мистеријата која ја обработува. Нешто што нема да ви дозволи да ја оставите до самиот крај, крај кој е тежок да се претпостави, а уште помалку и да се погоди.
Оценка: 9/10

Смрт на Нил - Агата Кристи
Мислам дека не се потребни многу зборови за делата на Агата Кристи, името зборува само за себе. Во овој роман, повторно се решаваат низа убиства со помош на Херкул Поаро. Книга која брзо ќе ја прочитате.
Оценка: 8/10
 

Miss.Independent

Me,Myself & I
Член од
26 јуни 2013
Мислења
1.362
Поени од реакции
3.344
Загубената ќерка-Дајен Чемберлен

Во 1977год. Расел е бремена и исчезнува.Дваесет години подоцна се пронајдени нејзините посмртни останки а Тимоти Глисон е обвинет за нејзиното убиство.Сепак нема трага од нејзиното неродено дете.

Сиси Вилкинс знае како умрела Расел и знае што се случило со бебето затоа што таа била таму.Пред две децении направила страшен избор и решила да го одгледа сама.

Глисон се соочува со смртна казна а Сиси треба да направи уште еден избор,да ја каже вистината и да го уништи семејството или пак да дозволи да умре невин човек за да го заштити животот полн со лаги.

Книгава е одлична се чита во еден здив,кога ја почнав се изгубив некако мислев временските етапи се забегани ама топ е.Дајен ја дава прво сегашноста,минатото па иднината.Има две ту мач важни пораки кои ги носи книгава тоа е дека луѓето се многу себични кога се стремат кон остварување на некоја важна цел која им е од голема корист и интерес, и токму поради тоа треба многу да внимаваме кому и колку му веруваме и дали тој/таа ја заслужува нашата доверба. Исто така, книгата ќе ве потсети дека самите вие сте креатори на својата судбина. Дека одлуките кои ги носите во сегашноста ќе се одразат на вас во иднината и дека доаѓа време кога ќе мора да ги сносиме последиците од нашите погрешни одлуки.
 
Член од
4 септември 2013
Мислења
61
Поени од реакции
64
2001 А space odyssey - Arthur C. Clarke
Филмот одамна ми е гледан, ама книгата си е приказна за себе. Ја прочитав во еден здив. Задолжително четиво за фановите на научната фантастика.
 
Член од
23 декември 2007
Мислења
2.247
Поени од реакции
57
Раскажи ми ги соништата - Сидни Шелдон
Три девојки, три убијци, три различни локации. Испреплетени односи меѓу минатото, сегашноста и иднината. А сето тоа базирано на вистински настани.
Одлична мистерија, трилер, психологија, непредвидлив крај.
Оценка: 10/10
 

naumdb

Кајгана Менаџер!!!
Член од
5 јуни 2007
Мислења
8.948
Поени од реакции
5.505
Робин Шарма - Кој ќе плаче кога ќе те нема,
Мич Елбом - Вторниците со мори (не знам каков и е преводот, ја читав на англиски и книгата е феноменална).
 
Член од
23 декември 2007
Мислења
2.247
Поени од реакции
57
Инферно - Ден Браун
Далеку од тоа што очекував. Многу фантастика, приказна слична на Ангели и Демони, светот повторно е во опасност, Ленгдон шета по катедрали и плоштади, пренатрупано со описи кој досадуваат и слично. Како позитивно би ја навел пораката која ја испраќа книгата, проблемот со кој се соочува светската популација, запознавањето со тајните на генетскиот инженеринг и тн.
Оценка 6,5/10
 
Член од
27 октомври 2009
Мислења
89
Поени од реакции
14
Луѓе, дај препорачајте некоја добра книга за војната во Босна од 1992-'95.
Може да биде на анг, српски...
Фала.
 
Член од
28 јануари 2015
Мислења
518
Поени од реакции
2.870
ЛУНА - РОБЕРТ НАПРТА
Само што ја завршив. Луна останувајќи без родители се обидува да најде засолниште во домот на својата тетка. Но, таму открива мрачни тајни поврзани за фантастичните светови на вампири, вештици, вроколаци и сл. при што открива дека најголемите моќи ги поседува токму таа. Интересна во секој случај, посебно ако имате гледано слична серија, па со леснотија си ги поврзувате работите.

КОЈ ТРОПА НА ПРОЗОРЕЦОТ - ЛИНВУД БАРКЛИ
Главен лик е Кал Вивер, приватен детектив кој неодамна го изгубил синот и е во постојана потрага по оние што му ја продале дрогата која го натерала да скокне од врвот на зграда. Една вечер на прозорецот од автомобилот на Кал тропнува тинејџерка која бара превоз. Кал не е расположен да помогне знаејќи дека е лоша идеја, но кога девојката спомнува дека го знаела син му тој омекнува. Во неговиот случај ќе се покаже дека некогаш доброто дело може да ве чини премногу. Неверојатна приказна. Интригантна до самиот крај, со неочекуван завршеток...

РИНГИШПИЛ - ЈЕЛЕНА БАЧИЌ АЛИМПИЌ
Приказна за вистинската љубов, за една балерина со ``нежно тело и џиновски дух`` која остава печат на сите славни балетски сцени... На почеток не ми се допаѓаше стилот, премногу едноставен некако, но не можев да ја оставам недочитана. Сепак реална, преполна со емоции и има доста добра животна поука...
 
Член од
5 февруари 2007
Мислења
10.635
Поени од реакции
13.073
Луѓе, дај препорачајте некоја добра книга за војната во Босна од 1992-'95.
Може да биде на анг, српски...
Фала.
Југославија, моја дежела - Горан Војновиќ, издание на Или-или.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom