Книги кои би ги препорачале

Член од
15 јануари 2008
Мислења
5.041
Поени од реакции
12.031
Дали овој цитат од првиот пост личи на гол дебел американец и заради што го избегнувате? Дали треба да стаам слика на Парис Хилтон за да го забележи некој?

Шупци ебате... :jaj:
Жити се само не ја ставај сликата, еве од одма те слушаме:

Satanic Verses - Салман Рушди, една од книгите која ме оставила со подзината уста...
Ликот од книгата е во болница и со непојмливи маки од се срце се моли да му помогне верата и Главниот и сето тоа без видлив резултат... Оној момент кога ќе увиди дека молитвите му се залудни, вчудоневидувачки, состојбата почнува драстично да му се подоброва...
Ова е само интерпретација на еден мал дел. Книгата е своевидно ремек-дело на современата книжевност!
 
Член од
7 мај 2010
Мислења
40
Поени од реакции
0
Некој да знае да ми препорача некоја книга во стилот на Алхемичарот или таква некоја поучна и со многу "quotes" во неа од било кој автор,благодарам.
 

ЈуријАркадиевич

Модератор
Член од
10 мај 2010
Мислења
1.784
Поени од реакции
6.967
Првин,би ја препорачал книгата Куцкамен од Хулио Кортасар,издание на Табернакул.За мене,една од највредните книги што постојат,богатство што од ден на ден,како што ја читаш,те исполнува.Не е воопшто лесна за читање,ако ја читаш на правилен начин(имаш два начина)е преку 1000 страни,каде што ти се испреплетуваат поглавјата тие на крај,со тие првите.Не знам,за мене кортасар е тоа,совршенството(индивидуално)

Потоа,би предложил од Јуриј Мамлеев,вампир-психопат и потопи ми ја главата.Еден од тие што пишуваат бесмислени раскази,кои те тераат да ги препрочиташ,на многу интересен начин напишани.Оставено,длабока трага.
 
H

HITCH

Гостин
Сара - Марек Халтер

Сараи е библиската Сара. Таа е принцеза на сумерскиот град Ур. На 12 години треба да се омажи со човек кој не го сака и кој избран од нејзиното семејство. Таа за да се спаси од тој брак бега од Ур и го запознава Аврам. Убавината и нејзината мудрост се познати дури до Египет. Чудно е што годините не оставаат трага на неа, таа е постојано млада, но и јалова. Откако ќе се смири со Бога таа на стари години таа ќе го добие најубавиот дар во животот, таа ќе добие пород!
Прекрасна книга!
 
Член од
27 јуни 2010
Мислења
55
Поени од реакции
2
A dali nekoj bi mozhel da mi preporacha nekoj dobar pisatel shto se zanimava samo so pravni trileri?
 

Srcee

Unforgettable
Член од
29 април 2008
Мислења
5.275
Поени од реакции
3.496
"Крик во ноќта" од Мери Хигинс Кларк.
10/10. Предобра книга. Ќе побарам и други од оваа авторка. Книгава те пореметува. Трилер, ама што знам некласичен трилер.
Се работи за една млада девојка што има две деца од претходниот брак, која ќе се ожени со совршениот маж - убав, почитуван во цел свет, сите го сакаат, богат. Сликар. Ќе отиде да живее во неговата фарма (ама ептен луксузна фарма). И сликаров ќе почне да се однесува чудно. Ептен чудни испади ќе има. Не да ја тепа или нешто слично, баш напротив, ќе ја опсипува со љубов и неа и нејзините ќерки. Али човеков е психички растроен. Романов се чита за еден ден. Напнат, зема здив. Идеален е.
Писателкава има над 100 000 обожаватели на фејсбук, а според нејзина книга е направен истоимениот филмот Remember me.
 
S

Sheldon Cooper

Гостин
THE CASTLE OF OTRANTO - Horace Walpore
добра книга, имам електронска верзиjа па ако сака некоj може да му jа пратам. (на англиски jазик е)
 

Srcee

Unforgettable
Член од
29 април 2008
Мислења
5.275
Поени од реакции
3.496
"Принцеза Анастасија" од Шерон Стјуарт. Детска е книгава, за основци, ама супер е. Јас ја читав на бугарски така да не знам на кои јазици ја има, али на македонски не ми се верува.
Јас сум фасцинирана од руското кралско семејство во 1910-20 години и ептен ми се допадна книгава.
Книгава е раскажана од гледната точка на Дуња, сиромашно девојче кое бега од дома бидејќи има татко кој ја малтретира. После некое време поминато во шума полна со волци, неа ја наоѓа Распутин. Тој верува дека Дуња е пратена од Бог и дека поради тоа преживеала во шумата. Ја зема и ја носи во палатата, кај кралското семејство и таа се спријателува со децата. Многу интересно и жално четиво кое подобро ќе ве запознае со историјата на Русија.
 
Член од
22 ноември 2009
Мислења
80
Поени од реакции
5
Сидарта од Херман Хесе, многу јака книга за еден индиски браман и неговиот животен пат кон откривање на самиот себе си. Силно препорачана за оние кои бараат одговори на прашања кои не се поставени :icon_razz:icon_razz:icon_razz
 
Член од
1 јули 2008
Мислења
741
Поени од реакции
76
Сите книги од Сидни Шелдон на пример: Се плашиш ли од темница ;Крвна врска; Ништо не трае вечно; Небото паѓа; Раскажи ми ги соништата...Сите се трилери такви со мистерии, пишувани на одличен стил, разбирливи, со возбудливи пресврти и неочекуван крај кои ќе ве остават без здив..Без сомневање, човекот одлично си ја знаел својата работа.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom