Книга од која не ви е доста

N

Nephthys

Гостин
"Dobar den tago" neznam od koj bese:)ama mn ubava kniga
" Добар ден таго"ја има напишано Sidonie-Gabrielle Colette,од неа ти препорачувам да ја прочиташ и "Скитница",

инаку надоврзување на темата

''Moveable Feast" by Hemingway и сите останати книги од него
''Tender is the night" and the "The Great Gatsby"- F. Scott Fitzgerald
 
H

^HITMAN^

Гостин
Како дете - 1000 зошто, 1000 затоа.:pos2: Не се одделував од неа.
 

Македон91

Благородник
Член од
21 јануари 2009
Мислења
2.134
Поени од реакции
120
Како дете - 1000 зошто, 1000 затоа.:pos2: Не се одделував од неа.
Аууу...никогаш доста и од оваа книга! Памтам еднаш, како помал, бев на гости се заборавив, задлабочен во книгата, барајќи одговори на некои прашања што тогаш ме мачеа. :smir:
Одлична книга за љубопитниците!
 
H

^HITMAN^

Гостин
Аууу...никогаш доста и од оваа книга! Памтам еднаш, како помал, бев на гости се заборавив, задлабочен во книгата, барајќи одговори на некои прашања што тогаш ме мачеа. :smir:
Одлична книга за љубопитниците!
Да, но во денешно време покрај Википедиа се сомневам дека некому би му притребала, но како и да е. Се во свое време, а во тоа време оваа книга беше вистинско богатство за мене.
 

Blackout

An emotional retard
Член од
14 мај 2009
Мислења
1.690
Поени од реакции
451
Има многу...
Достоевски ми е фетиш а особено ,,Идиот,, веќе напамет научив одредени пасуси.
Поезијата на Петре М. Андреевски
,,Дневникот на Ана Франк,,, иако не сум многу љубител на дневници, ја имам препрочитано неколку пати.
,,Сликата на Дорјан Греј,, ја обожавам приказната .
 

old_School_mk

Програмер, гејмер, psy-trance уживател
Член од
11 август 2009
Мислења
6.093
Поени од реакции
5.738
Хари Потер сите делови. (петтиот некако највеќе ми се свиѓе)
 
Член од
17 јануари 2009
Мислења
2.814
Поени од реакции
4.665
Како дете - „Петар Пан“ од Џејмс М. Бари. Приказна за детето што никогаш не порасна, а башка умееше и да лета. А муваше и некои цури:pos2:. И „Свирипиле“ од Славка Манева, „Марта“ од Горјан Петревски, „Симчо“ од Велко Неделковски беа едни од книгите кои секогаш сакав да ги препрочитувам.

Денес не би можел да одвојам книга-од-која-не-ми-е-доста. Постојат писатели-од-чии-писанија-не-ми-е-доста: Хорхе Луис Борхес, Роберт Гревс, Роџер Зелазни, Блаже Конески, Толкин и уште по некој. Иако не можам да кажам дека сите се дел од врвот на светската книжевност, спомнатите како и оние што не се спомнати во голема мера соодветствуваа со мојот вкус, начин на размислување и емоции.
 
Член од
14 февруари 2010
Мислења
264
Поени од реакции
52


Фаренхајт 451 од Бредбури Реј, sci-fi. Се работи за блиска иднина и главниот јунак е нешто како пожарникар(fireman) но наместо да гаси пожари тој гори книги. Насловот на книгита произлегува од тепературата при која книгата(хартијата) почнува да гори сама од себе(451 фаренхајт или 232 степени целзиусови).
 
Член од
27 март 2009
Мислења
26
Поени од реакции
7
Хари Потер (сите седум делови) од Џ. К. Роулинг
Папата Јована од Дона Вулфолк Крос
Доживувањата и авантурите на Дедо Мраз од Лиман Франк Баум
Нортангерска Опатија од Џејн Остин
Леди Сузан од Џејн Остин
Франкенштајн од Мери Шели
Историчарка од Елизабет Костова
Сликата на Доријан Греј од Оскар Вајлд
Џејн Ејр од Шарлот Бронте
Чичко Горио од Оноре де Балзак

а како помал

Сама од Горјан Петревски
Марта од Горјан Петревски
Исти очи од Горјан Петревски
Споменка од Горјан Петревски
и пак Хари Потер од Џ. К. Роулинг и Доживувањата и авантурите на Дедо Мраз од Лиман Франк Баум :)
 
Член од
6 март 2010
Мислења
27
Поени од реакции
3
Господарот на прстените! :mist:
Потоа „Шагринска кожа“-Оноре де Балзак, „Папата Јована“, сите дела на Ден Браун и уште многу други... Не би можел сите да ги набројам, а ниту би се сетил на сите..
 
M

M del Mar

Гостин
Вероника реши да умре-Пауло Коелјо...апсолутно никогаш доста...
 
D

Delux

Гостин
Ameli Notomb-Страв и трепет..ептен многу чудно задоволство ми прај ко ќе ја читам.
Најверојатно за тоа дека на секое читање вади нова склика за Амели-сан,а секако авторот не дава јасна слика на девојката која е вработена во најголемата компанија “Јумимото„ на кој не можеш да одредиш вистинскиот лик,и на перфектно добар начин е прижан јапонскиот живот генерално:)
 
H

HITCH

Гостин
Во последнава година тоа е книгата Невеста во Борџии - прекрасна книга!!!!!
 

Kajgana Shop

На врв Bottom