Книга на годината (Reader’s Choice Book Awards)

Член од
24 октомври 2013
Мислења
12.192
Поени од реакции
26.988
Барав општа тема за Goodreads, каде при крајот на секоја година организираат гласање и доделуваат Goodreads Choice Awards за книгата со најмногу гласови односно поени во дадената категорија. Потоа ми текна дека и во Македонија, веќе неколку години наназад, се избира Книга на годината, со оглед на тоа дека нема конкретна тема, се решив да отворам.

Во 2020 година започна манифестацијата Книга на годината (Reader’s Choice Book Awards) каде читателите ги избираат најбараните (кои не секогаш претставуваат и најдобрите) книги издадени од нашите издаваќки куќи во текот на тековната година. Книгите се групирани во 9 категории и секоја година има, вообичаено, по 15-20 номинации. Линк за овогодинешното гласање.

Категории:
1. Трилер на годината
3. Романса на годината
4. Историска драма на годината
2. Победник во категорија женска фикција
5. Победник во категорија книга од домашен автор
6. Детска книга на годината
7. Non-fiction книга на годината
8. Young adult книга на годината
9. Победник во категорија поезија


Покрај гласовите на читателите, за избор за Книга на годината, се земаат и резултатите од најголемите библиотеки во Македонија, врз база на продажбата на најголемите книжарници и гласовите на членивите на Комисијата. Досега наградените книги:

Наградени книги за 2020 година:
Трилери и мистерии:
- “Патрик 23“ од Себастијан Фицек (Сакам Книги)

Романси:
- “Избриши ги солзите“ од Линка Хауард (Сакам Книги)

Историски драми:
- “Изгубената ќерка“ од Џим Пол (Сакам Книги)

Женска фикција:
- “Тајната на Алексови“ од Наде Стојилковиќ (Сакам Книги)

Домашни автори:
- “Тајната на Алексови“ од Наде Стојилковиќ (Сакам Книги)

Young adult:
- “Без каење“ од Колин Хувер (Сакам Книги)

Нефикција:
- “Сестрите Романови“ од Хелен Рапапорт (Култура)

Детски книги и сликовници:
- “Бонтон за деца“ (Светот на Биби) (Арс Ламина)

Поезија:
- “Сакај ја диво“ од Атикус (Арс Либрис)

Најпродавани книги во книжарниците:
- Издавачки центар Три

Најбарани книги во библиотеките:
- Издавачка куќа Сакам книги

Книга на годината:
- “Патник 23“ од Себастијан Фицек (Сакам Книги)


Наградени книги за 2021 година:
Трилери и мистерии:
- “Убиецот со распетието“Крис Картер (Сакам Книги)

Романси:
- “Шефот од соништата“Вај Киленд (Сакам Книги)

Историски драми:
- “Искра надеж“Џулијан Меклејн (Сакам Книги)

Женска фикција:
- “Те молам внимавај на мама“Кјонг-Сук Шин (Топер)

Домашни автори:
- “Во војната и љубовта“ – Верица Митева (Сакам Книги)

Young adult:
- “Коски на срцето“ – Колин Хувер (Сакам Книги)

Нефикција:
- “Закопајте ми го срцето кај ранетото колено“ – Ди Браун (Топер)

Детски книги и сликовници:
- “Мистериозниот град под калето“ – Александра Тодоровиќ (Либи)

Поезија:
- “Песни“ – Есенин (ПНВ Публикации)

Најбарани книги во библиотеките:
- Издавачка куќа Матица

Книга на годината:
- “Коски на срцето“ – Колин Хувер (Сакам Книги)

Дали досега сте гласале? Дали сте задоволни од досегашниот избор на книги? Дали сте задоволни од квалитетот и квантитетот на книги кои се преведува? Кои книги би сакале (повторно) да ги видите преведени односно (ре)издадени? Дали сте прочитале некоја од овие книги? Дали оваа година имате фаворит?

Во продолжение, номинираните книги, по категории, за 2022 година.

Номинирани книги, по категории, за 2022 година:

Трилер и мистерии:

1. Штама- Ирса Сигурдардотир (Антолог)
2. Подарокот- Сабастијан Фишек (Сакам Книги)
3. Девојките што горат- К.Џ.Тјудор (Три)
4. Остави го светот зад себе- Румаан Алам (Арс Либрис)
5. Последната куќа на улицата- Дијана Чејмерлен (Култура)
6. Читачот на трупови- Антонио Гаридо (Матица)
7. Анатомија на скандалот- Сара Вон (Бата Прес)
8. Тој и таа- Алиса Фини (Сакам Книги)
9. Менталист- Камила Лекберг и Хенрик Фексеус (Антолог)
10. Лејла- Колин Хувер (Арс Либрис)
11.Злотвор- Крис Картер (Сакам Книги)
12. Тивок оган гори- Пола Хокинс (Топер)
13. Паѓање- Т.Џ. Њумен (Култура)
14. Заложници- Клер Мекинтош (Три)
15. Најсвирепиот месец- Луиз Пени (Антолог)
16. Признание- Џо Спејн (Бата Прес)
17. Семејство- Луиз Џенсен (Арс Ламина)
18. Да те најдам прв- Линвуд Баркли (Матица)
19. Собарката- Нита Проуз (Топер)
20. Лазар- Лаш Кеплер (Матица)



Романса:

1. Ова започнува со неа- Колин Хувер (Сакам Книги)
2. Егоманијак- Вај Киленд (Сакам Книги)
3. Љубовна хипотеза- Али Хејзелвуд (Три)
4. Одбраната од Винипег и јас- Маријана Запата* (Матица)
5. 28 лета- Елин Хилдербранд (Антолог)
6. 365 дена- Бланка Липињска (Мартина)
7. Се случи едно лето- Теса Бејли (Три)
8. Договорот- Ел Кенеди (Сакам Книги)
9. Предодредени еден за друг- Трејси Питерсон (Збор)
10. Додека те немаше- Мари Форс (Матица)
11. Се поради еден војвода- Трејси Ен Ворен (Бата Прес)
12. Луѓето кои ги среќаваме на одмор- Емили Хенри (Сакам Книги)
13. Покорувајќи го војводата- Иви Данмор (Три)
14. Двајца во едно срце- Џози Силвер (Бата Прес)
15. Допирот на ѕверот- Ина Мур (Мартина)
16. Божиќна размена- Мелоди Карлсон (Збор)

* Повлечена поради лош превод.



Историска драма:

1. Библиотекарката од Аушвиц- Антонио Итурбе (Бата Прес)
2. Еднаш и засекогаш- Џудит Мекнот (Сакам Книги)
3. Ќерката на трговецот со свила- Дајна Џефрис (Антолог)
4. Ветувањето на пчеларот- Фиона Валпи (Култура)
5. Ќе се најдеме во Бомбај- Џени Ешкрофт (Арс Либрис)
6. Браќа по душа- Давид Диоп (Матица)
7. Со љубов од Лондон- Сара Џио (Сакам Книги)
8. Замрачување- Мајкл Ондачи (Антолог)
9. Другата сестра на Болејн- Филипа Грегори (Матица)
10. Хурем Московската наложница- Демет Алтинјелеклиоглу (Бата Прес)
11. Странецот- Мелани Добсон (Збор)
12. Низ иглени уши- Кен Фолет (Арс Ламина)
13. Татјана и Александар- Паулина Сајмонс (Сакам Книги)
14. Американска авантуристка- К.В.Гортен (Култура)
15. Долга реса крај морето- Изабел Аљенде (Антолог)
16. Последната книжарница во Лондон- Медлин Мартин (Букленд)

1/2
 
Последно уредено:
Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.690
Поени од реакции
33.323
Потполно бесмислена и за наши услови непотребна награда! Прва причина: тврдам дека кај нас нема толкав број на читатели кои би можеле да гласаат за да се избере книга на годината. Од оние кои гласаат, можеби само 10% ги имаат прочитано книгите за кои гласаат, а убеден сум дека ни 1% ги немаат прочитано барем 50% од книгите во конкуренција. Има премногу слаби точки самиот концепт, веројатно ќе пропуштам многу од нив, но еве само некои:

1. Никој не може да ме убеди дека Или Или, расадникот на одлична македонска книжевност во последниве десетина години не заслужи барем една книга номинирана. Барем една, македонска! Не зборувам за тоа дали Георги Господинов, Бернхард Шлинк и Владимир Зарев, на пример, заслужуваат повеќе од Јелена Бачиќ Алимпиќ, Лепа Гештаковска и Оља Петрушевска.
2. Може да гласа кој сака, па макар и да не слушнал за ниту една од книгите! Еве, јас гласав иако ни една книга немам ни прочитано, ниту пак сум во план да прочитам било која од овие.
3. Ланскиот победник, романот „Коски на срцето“ од Колин Хувер бил издаден од Сакам книги во тираж од (наводно) 1500 примероци. Истиот се уште е во продажба, што значи тиражот не бил исцрпен, односно книгата не била распродадена. Ама сепак, 1597 „читатели“ тврдат дека ја прочитале и дека е најдобра (толку гласови добила). :pos: ОК, ќе речете - може од библиотека ја зеле дел од тие 1597 читатели... Теоретски е можно, да. COBISS вика дека книгата лани била зајмена 594 пати од библиотеките низ државава. Колкумина ја прочитале може само да нагаѓаме. Ама ете, ајде, за ова ќе подзамижеме и ќе одбереме да веруваме дека навистина е така. Нооо, види број 4:
4. Најдобра македонска книга за 2021 според овој избор е некојаси „Во војната и љубовта“ од Верица Митева. Книгава не се сеќавам дека воопшто беше во избор за Роман на годината на Фондацијата „Славко Јаневски“, COBISS вика дека во 2021 била зајмена само 33 пати од сите македонски библиотеки а и на Goodreads има само 33 рејтинзи. Јас лично познавам повеќе од 33 луѓе кои ја имаа прочитано „Денот на црвот“ од Симона Јовановска, на пример, минатогодишниот добитник на Роман на годината. Ама можеби тие кои гласале за Митева се некои кои ние не ги знаеме ама ги купиле оние 500 примероци од издадениот тираж. Но сепак, како собрала над 1000 гласови ќе остане мистерија. И, секако, којзнае дали „Денот на црвот“ била номинирана, воопшто.

Гласав за рандом книги од Три и Антолог, само со надеж дека ќе им ги расипам сметките на теткициве од „Размена на книги и книжевни муабети“ од facebook на чело со таа што забранува да се коментира лошо за книгите и издавачите, па макар и на тоалетна хартија биле испечатени кои ги милуваат Култура, Матица, Бата прес, Сакам книги, Топер, Книгохоличари, Ars-овите и сличните. ;)
 
Член од
3 март 2020
Мислења
2.413
Поени од реакции
5.062
теткициве од „Размена на книги и книжевни муабети“ од facebook на чело
:D

А во право си за гласање онлајн, кога можеа за маж на годината да гласаат од некои азиски и турски земји за човек што никогаш не го ни виделе ни сретнале, што останува за другиве гласања. Многу пати ми праќале пораки: гласај за моето (што и да е). По тој принцип се гласа кај нас. :)
 
Член од
24 октомври 2013
Мислења
12.192
Поени од реакции
26.988
Женска фикција:

1. Прекрасен свету, каде си- Сали Руни (Три)
2. Сагата за Рајна- Оља Петрушевска- Томева (Сакам Книги)
3. Белегот на сите нешта- Елизабет Гилберт (Антолог)
4. Книгата на изгубени имиња- Кристин Хармел (Култура)
5. Слугинки- Катрин Стокет (Матица)
6. Малибу во пламен- Тејлор Џенкинс Рејд (Арс Либрис)
7. Мачкино око- Маргарет Атвуд (Антолог)
8. Клетва- Јелена Бачиќ Алимпиќ (Матица)
9. Песна на реката Нил- Хана Филдинг (Топер)
10. Фати го зајакот- Лана Басташиќ (АРТКОНЕКТ)
11.Жртвување со оган- Лепа Гештаковска- Христовска (Сакам Книги)
12. Писатели и љубовници- Лили Кинг (Арс Либрис)



Домашни автори:

1. Татко ми Босфор- Јован Илиески (Антолог)
2. Сите ја сакаат Марта- Мирјана Проданова (Сакам Книги)
3. Сагата за Рајна- Оља Петрушевска- Томева (Сакам Книги)
4. Што ќе кажат другите?- Коста Петров (Паблишер)
5. Џабе живиш у Скопје- Зоран Спасов- Ѕоф (Арс Ламина)
6. Совршен допир- Ана Антовска
7. Само Бог простува- Анде Јанков (Антолог)
8. Кога мама заборави дека ме сака- Драгица Русевска- Христова (Топер)
9. Продолжи да одиш- Елена Симоновска (Збор)
10. Седумте- Илина Арсова (Три)
11. Карантин- Саша Богдан (Сакам Книги)
12. Емотивен талог- Ана Јовковска (Три)
13. Оперирани од злоба- Александар Николовски
14. Закопана вистина- Далибор Трајков (Сакам Книги)
15. Жртвување со оган- Лепа Гештаковска- Христовска (Сакам Книги)
16. Одмазда- Емилија Златкова- Анастасова (Збор)



Young adult:

1. Господар на мувите- Вилијам Голдинг (Арс Либрис)
2. Предоцна- Колин Хувер (Сакам Книги)
3. Невидлив- Емој Морено (Антолог)
4. Омразата што ја сееш- Енџи Томас (Матица)
5. Каде што спие ветрот- Дамијан Шинигој (Арс Либрис)
6. Можеби сега- Колин Хувер (Сакам Книги)
7. Иларија- Ивона Петровска (Збор)
8. Регрути- Томас Лок (Збор)



Нефикција:

1. Ти си ѕвер- Џен Синсеро (Сакам Книги)
2. Психологија на парите- Морган Хаусел (Паблишер)
3. Правилото 5 секунди- Мел Робинс (Антолог)
4. Причини да се живее- Мет Хејл (Матица)
5. Како подобро да се мисли- Кристел Петитколен (Бата Прес)
6. 4000 седмици- Оливер Буркеман (Арс Либрис)
7. Книга што посакувате да ја прочитале вашите родители- Филипа Пери (Три)
8. Порив- Даниел Х. Пинк (Публишер)
9. Дај си петка- Мел Робинс (Антолог)
10. Приказни полни со надеж- Хедер Морис (Култура)
11. Паѓам седумпати, станувам осумпати- Наоки Хигашида
12. Трчај мали трчај- Ники Круз со Џејми Бакинхам (Збор)



Детски книги и сликовници:

1. Мравката Тони- Маја Мишевска (Либи)
2. Бушава азбука- Горан Стефановски и Душан Петричиќ
3. Тајна на пештерата- Бојан Трифуновски и Билјана С. Црвенковска
4. Нела смела и бушавата бура- Билјана С. Црвенковска и Катерина Николовска
5. Шила- Калиопи Трпчева (илустрации) и Јана Мишо (текст)
6. Магично писмо- Неше Рамовиќ (текст) и Иванка Биба (илустрации)
7. Бркотница со жирафата Жижи- Живко Грозданоски и Бојан Трифуноски
8. Прстот што бои сино- Иванка Биба (илустрации) и Марија Петровска (текст)
9. Двојниците од темнината- Мореа Баниќевиќ (Антолог)
10. Креативен дневник- Билјана С. Црвенковска и Доротеј Нешовски
11.Месечина (Светот на Биби)
12. Дрвото што слуша- Анет Шап и Филип Хопман
13. Сирената со очила- Маќаш Дунајчик (Антолог)
14. Признаено од кралицата- Џефри Арчер
15. Неуредните Базенот со крокодили- Мависел Јенер (Бата Прес)
16. Дневникот на едно смотано девојче- Рејчел Рене Расел



Поезија:

1. Корени - Ристо Маџунков (Антолог)
2. Филмски песни- Дејан Трајковски (Бата Прес)
3. Тесеракт- Марјан Милчак (Муза)
4. Боја во сето сиво- Александра Андреева (Збор)
5. Секој секому огледало- Андреј Ал- Асади
6. Утеха- Панде Манојлов (Матица)
7. Скопски улици- Васко Марковски (Бегемот)
8. Слобода- Ана Голејшка Џикова (ПНВ Публикации)

2/2
 
Член од
5 февруари 2007
Мислења
10.641
Поени од реакции
13.091
@Zlatikevichius малце претеруеш коа ги ставаш Книгохоличари во кошот погоре. Сепак овие не се ни издавачка куќа туку племе насилничко што се заканува по одредени ликови со тужби, ќотек, уцени, итн. И преводите им се на ниво на ѓурѓа, па и полоши. Сите други барем си признаваат од време на време.
 
Член од
24 октомври 2013
Мислења
12.192
Поени од реакции
26.988
Потполно бесмислена и за наши услови непотребна награда! Прва причина: тврдам дека кај нас нема толкав број на читатели кои би можеле да гласаат за да се избере книга на годината. Од оние кои гласаат, можеби само 10% ги имаат прочитано книгите за кои гласаат, а убеден сум дека ни 1% ги немаат прочитано барем 50% од книгите во конкуренција. Има премногу слаби точки самиот концепт, веројатно ќе пропуштам многу од нив, но еве само некои:

1. Никој не може да ме убеди дека Или Или, расадникот на одлична македонска книжевност во последниве десетина години не заслужи барем една книга номинирана. Барем една, македонска! Не зборувам за тоа дали Георги Господинов, Бернхард Шлинк и Владимир Зарев, на пример, заслужуваат повеќе од Јелена Бачиќ Алимпиќ, Лепа Гештаковска и Оља Петрушевска.
2. Може да гласа кој сака, па макар и да не слушнал за ниту една од книгите! Еве, јас гласав иако ни една книга немам ни прочитано, ниту пак сум во план да прочитам било која од овие.
3. Ланскиот победник, романот „Коски на срцето“ од Колин Хувер бил издаден од Сакам книги во тираж од (наводно) 1500 примероци. Истиот се уште е во продажба, што значи тиражот не бил исцрпен, односно книгата не била распродадена. Ама сепак, 1597 „читатели“ тврдат дека ја прочитале и дека е најдобра (толку гласови добила). :pos: ОК, ќе речете - може од библиотека ја зеле дел од тие 1597 читатели... Теоретски е можно, да. COBISS вика дека книгата лани била зајмена 594 пати од библиотеките низ државава. Колкумина ја прочитале може само да нагаѓаме. Ама ете, ајде, за ова ќе подзамижеме и ќе одбереме да веруваме дека навистина е така. Нооо, види број 4:
4. Најдобра македонска книга за 2021 според овој избор е некојаси „Во војната и љубовта“ од Верица Митева. Книгава не се сеќавам дека воопшто беше во избор за Роман на годината на Фондацијата „Славко Јаневски“, COBISS вика дека во 2021 била зајмена само 33 пати од сите македонски библиотеки а и на Goodreads има само 33 рејтинзи. Јас лично познавам повеќе од 33 луѓе кои ја имаа прочитано „Денот на црвот“ од Симона Јовановска, на пример, минатогодишниот добитник на Роман на годината. Ама можеби тие кои гласале за Митева се некои кои ние не ги знаеме ама ги купиле оние 500 примероци од издадениот тираж. Но сепак, како собрала над 1000 гласови ќе остане мистерија. И, секако, којзнае дали „Денот на црвот“ била номинирана, воопшто.
Чекав да ми истече грејс периодот, во спротивно ќе ми беше споено мислењето. :noze:

Еден од проблемите е и временската рамка за номинирање на одредена книга, така одредени книги се во продажба уште од почетокот на оваа година, а дел од овие буквално излегоа во промет пред неколку недели! Зошто го напоменувам ова? Затоа што еден од сегментите, при изборот, е продажбата, па и податоците од КОБИС системот, одредени наслови невозможно е одма да стигнат до полиците на библиотеките. Во дел од овие книги е вложено точно нула маркетинг, не ни знаев дека Мисла, Збор и сличните издаваат книги. Маркетинг факторот игра голема улога при промоција на одредена книга. Потоа, не сите издавачки куќи имаат свои книжарници. Тоа е огромна предност за промоции, попусти, но и поголем обрт односно носење на попримамливи наслови. Најголемиот дел од помалите издавачки куќи се хранат со остатоците. А тука се, секако, и цената на самата книга, но и преференците на самите читатели.

Околу резултатот на “Коски на срцето“, секако дека не сите кои гласале, воедно и ја прочитале оваа книга. Но резултатот, хипотетички е остварлив. Не сите библиотеки имаат КОБИС систем, нашата, која е клон на “Браќа Миладиновци“ нема такаков систем. Ако сакаш некоја книга, самиот мораш да си ја бараш. Сакам да кажам дека може да се прочита книга од библиотека и тоа да помине под тој радар. Ќе падне во еден параметар, ќе се крене во друг. И не треба да се запостави фактот дека дел од тетките товарат книги и од Саемот во Белград односно читаат (пдф) книги на англиски. Кога сме кај Хувер, пред извесно време ја листав листата на Амазон за најпродавани книги во 2022 година, 5 од првите 7 се книги на Хувер! Немам прочитано ништо од неа.

Секоја година на “Роман на годината“, во најтесниот избор, а често и победува, книга издадена од Или-Или. Чудно е како тука нефигурира ниту една нивна книга, посебно кај “Домашни писатели“ и “Поезија“. Тука во целост се согласувам со тебе.

И не ми е јасно како може книгата да помине низ редакцијата, кај лектор, кај уредникот, кај маркетинг тимот, да биде пуштена во печат, па потоа по забелешка на читателите да биде повлечена! Толку не обрнуваат внимание за контрола на производот!Култура имаа сличен проблем, пред неколку години (мислам со книга од Нора Робертс), каде дел од книгата беше на српски јазик и поради лошиот превод ја повлекоа книгата и ги рефундираа парите. Сега Матица се соочи со ист проблем каде, според сликите на фб, и насловот на книгата е погрешен, по серија забелешки на читател(к)ите ја повлекоа книгата “Одбраната од Винипег и јас“ од Маријана Запата, која скоро излезе во промет! Ако некој веќе ја има купено, може слободно да ја врати и ќе му биде вратена полната сума пари. Такво соопштение имаа од Матица!

Јасен факт е дека жените читаат многу многу повеќе од мажите, затоа и таргет публиката на најголемиот дел од издавачките куќи се жените (поточно тетките), претежно носат лесни (љубовни) романчиња кои одат како алва. Во разговор со библиотекарката, оние мажи кои читаат, а притоа не се ученици и студенти, се пензионери! Секако, има диверзитет во понудата, дел од издавачките куќи и доста вагаат, како Ламина или Три, ама најголемиот дел одат на брз и лесен профит. Тие книги, кои одма се разграбуваат, дури и од страна на библиотеките, високи ќе котираат на сите листи.

Темава ја отворив од сосема друга причина. Може да се начне извесна дебата, но и ако не, во најмала рака нека котира, убав сума сумарум на дел од преведената литература. Од јануари сакам да започнам уште една, многу поошта тема за читање. Идејата ми беше да се чита книга од одреден жарн, категорија, подкатегорија, држава, издавачка куќа или нешто слично. Сепак книгата од Клубот или Писателот на тапет не може секому да му се погоди, а притоа многумина купуваат и сликаат книги, веројатно и читаат, а овој подфорум е своевиден град на духовите. Може малку да се активира, а може и темите, по волја, да ги преземе некој од модераторите. Тука е и Книжевниот каталог, фантастична идеја, која стагнира (затоа веројатно во јануари ќе читаме Современа литература (може и дел од насловите кои требаше да бидат на дневен ред да бидат споделени, ако некој има волја да ја прочита конкретната книга, или ако веќе ја прочитал, да напише рецензија која ќе се искористи во Книжевниот каталог). Па дури и доста успешни теми на другите форуми како Што читате во моментов (со фотографија)? или некоја игра (патем кога имавме игра/предизвик, овој подфорум беше најактивен последниве 5-6 години), може да се отворат и тука. Ќе има, извесен, баланс. Покрај сите обврски, ќе дадам се од себе да го живнам овој подфорум. :)
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.690
Поени од реакции
33.323
Околу резултатот на “Коски на срцето“, секако дека не сите кои гласале, воедно и ја прочитале оваа книга. Но резултатот, хипотетички е остварлив. Не сите библиотеки имаат КОБИС систем, нашата, која е клон на “Браќа Миладиновци“ нема такаков систем. Ако сакаш некоја книга, самиот мораш да си ја бараш. Сакам да кажам дека може да се прочита книга од библиотека и тоа да помине под тој радар. Ќе падне во еден параметар, ќе се крене во друг. И не треба да се запостави фактот дека дел од тетките товарат книги и од Саемот во Белград односно читаат (пдф) книги на англиски. Кога сме кај Хувер, пред извесно време ја листав листата на Амазон за најпродавани книги во 2022 година, 5 од првите 7 се книги на Хувер! Немам прочитано ништо од неа.
Точно, реков, теоретски е возможно иако има 1500 примероци да ја прочитале повеќе луѓе од 1500 и повеќе од тоа да гласале за неа. Ама дали е за верување? Нормално дека не.

Ама за македонската, со 33 зајмувања според COBISS, ете нека се уште 66 од библиотеките кои немаат COBISS, и која ја нема во pdf на англиски или српски да гласаат над 1000 души и да стане книга на годината од македонски автор? Види ги само насловите и авторите на книгите од македонски автори кои се предложени. Ниту пола од нив нема ни да бидат пријавени за Роман на годината или за "Стале Попов" или "Рациново признание", на пример, зашто и самите се свесни веројатно дека таму не им е местото.
 

Darklady

Модераторка
Член од
29 октомври 2011
Мислења
5.541
Поени од реакции
34.840
Повеќе од пола од номинираниве автори, прв пат слушам :toe:

Лепа Гештаковска на пример, никад чула, па морав да ја гуглам на видам што напишала. А резултатот е ова и е прва и единствена книга.
Или како оваа Најпознатава македонска писателка , за која ретко кој нешто прочитал од нејзе. Ама важно знаела да биде многу секси :facepalm:

Издавачките куќи како Сакам книги, Книгохоличари се издавачки куќи за средовечни тетки во менопауза и напалени тинејџерки. Не треба да ги читаш воопшто, доволно е да се фрли поглед на изгледот на корицата и насловот на книгата. Пример „Шефот од соништата“ или „Егоманијак“.
Од Колин Хувер ја прочитав „Верити“, затоа што ми ја фалеа како предобар трилер. Заклучокот на крај ми беше „ова е книга за ненормални“. После овој фејл, Колин Хувер може да биде избрана за писател на векот и на светот, јас завршив со нејзиниот репертоар за век и веков.
Скратени турско-шпански-венецуелско Касандра стајл + ред секс, ред промаја. Квантитет на кило, квалитет огромна нула.
Не сум против таков жарн, сепак станува збор за вкус, ама барем кога станува збор за ваков тип на награди како категорија „Книга на годината“, треба да се има издржани критериуми, а не колку ради реда. Ама типично наше „а бе ајде како било и кој било“.

Гласањето нема да го коментирам, затоа што буквално секој може да си клика (баби, стрини, вујни, фризерката, козметичарката), а се сложувам со тоа дека ни 1% ги немаат прочитано барем 50% од книгите во конкуренција.
 
Член од
5 февруари 2007
Мислења
10.641
Поени од реакции
13.091
Пак ќе терам малку офтопик на @Darklady постот, многу погрешно е да се става книгохоличари во кошот на било која издавачка куќа.
Сакам книги продава шунд, за превод не знам каков им е - лично не сум читал ништо нивно но се кладам подобар од на претходно (не)споменативе па чак и ѓурѓа - ова од мислења на луѓе кои читале од повеќе издавачки куќи.
Порано сум бил поостар апропо издавачкиве куќи кои продаваа шунд, но сеа како одминува време, прифаќам шундот да се продава ако и само ако е во добро спакувана форма (превод, лектура, квалитетен принт - што гледам кај одредени издавалки куќи тераат кон подобро. Но тоа нема да го смени фактот дека ќе купам нешто за лична сатисфакција.
Апропо сите овие номинации, 90% не ги знам оти не го пратам овој тренд на читање литература, иако сакам нешто ново да најдам од некои светски познати писатели.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.690
Поени од реакции
33.323
Сакам книги продава шунд, за превод не знам каков им е - лично не сум читал ништо нивно но се кладам подобар од на претходно (не)споменативе па чак и ѓурѓа - ова од мислења на луѓе кои читале од повеќе издавачки куќи.
Јас го прочитав серијалот Игрите на гладните од Сузан Колинс, тој беше во издание на „Сакам книги“. Лош беше преводот, или поточно - лектурата, доколку воопшто ја имаше, ама се согласувам, тоа е на ниво на Матица, на пример, а не како хаосот кој го продаваат Ѓурѓа или Книгохоличари.
 
Член од
24 октомври 2013
Мислења
12.192
Поени од реакции
26.988
Топ 5 за 2022 година:


Трилер и мистерии:

1. Злотвор- Крис Картер (Сакам Книги) (744)
2. Подарокот- Сабастијан Фишек (Сакам Книги) (552)
3. Лејла- Колин Хувер (Арс Либрис) (342)
4. Тој и таа- Алиса Фини (Сакам Книги) (294)
5. Анатомија на скандалот- Сара Вон (Бата Прес) (196)


Романса:

1. Ова започнува со неа- Колин Хувер (Сакам Книги) (1532)
2. Егоманијак- Вај Киленд (Сакам Книги) (470)
3. Договорот- Ел Кенеди (Сакам Книги) (426)
4. Се поради еден војвода- Трејси Ен Ворен (Бата Прес) (319)
5. Љубовна хипотеза- Али Хејзелвуд (Три) (274)


Историска драма:

1. Со љубов од Лондон- Сара Џио (Сакам Книги) (1418)
2. Последната книжарница во Лондон- Медлин Мартин (Букленд) (938)
3. Еднаш и засекогаш- Џудит Мекнот (Сакам Книги) (402)
4. Библиотекарката од Аушвиц- Антонио Итурбе (Бата Прес) (329)
5. Татјана и Александар- Паулина Сајмонс (Сакам Книги) (326)


Женска фикција:

1. Сагата за Рајна- Оља Петрушевска- Томева (Сакам Книги) (676)
2. Жртвување со оган- Лепа Гештаковска- Христовска (Сакам Книги) (490)
3. Книгата на изгубени имиња- Кристин Хармел (Култура) (278)
4. Клетва- Јелена Бачиќ Алимпиќ (Матица) (172)
5. Песна на реката Нил- Хана Филдинг (Топер) (163)


Домашни автори:

1. Сагата за Рајна- Оља Петрушевска- Томева (Сакам Книги) (1992)
2. Продолжи да одиш- Елена Симоновска (Збор) (1695)
3. Сите ја сакаат Марта- Мирјана Проданова (Сакам Книги) (1595)
4. Жртвување со оган- Лепа Гештаковска- Христовска (Сакам Книги) (1494)
5. Совршен допир- Ана Антовска (820)


Young adult:

1. Предоцна- Колин Хувер (Сакам Книги) (546)
2. Можеби сега- Колин Хувер (Сакам Книги) (409)
3. Иларија- Ивона Петровска (Збор) (304)
4. Господар на мувите- Вилијам Голдинг (Арс Либрис) (198)
5. Невидлив- Емој Морено (Антолог) (83)


Нефикција:

1. Трчај мали трчај- Ники Круз со Џејми Бакинхам (Збор) (412)
2. Кафе-муабет со себеси- Кристен Хелмстетер (Три) (241)
3. Ти си ѕвер- Џен Синсеро (Сакам Книги) (198)
4. Умешност на лутината- Билјана Велковска (Арс Ламина) (194)
5. Како подобро да се мисли- Кристел Петитколен (Бата Прес) (111)


Поезија:

1. Боја во сето сиво- Александра Андреева (Збор) (541)
2. Тесеракт- Марјан Милчак (Муза) (283)
3. Корени - Ристо Маџунков (Антолог) (273)
4. Секој секому огледало- Андреј Ал- Асади (124)
5. Слобода- Ана Голејшка Џикова (ПНВ Публикации) (122)


Детски книги и сликовници:

1. Прстот што бои сино- Иванка Биба (илустрации) и Марија Петровска (текст) (922)
2. Бушава азбука- Горан Стефановски и Душан Петричиќ (709)
3. Магично писмо- Неше Рамовиќ (текст) и Иванка Биба (илустрации) (561)
4. Тајна на пештерата- Бојан Трифуновски и Билјана С. Црвенковска (164)
5. Бркотница со жирафата Жижи- Живко Грозданоски и Бојан Трифуноски (11)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom