Клептоманија

  • Креатор на темата Tetro
  • Време на започнување
T

Tetro

Гостин
клептоманија
(грч. klepto, mania) мед. болен нагон за крадење.

Клептоманија е неодложна желба за присвојување на некој предмет, пропратена со интензивна анксиозност која се намалува по неговото присвојување. Најчесто е симптом на опсесивно-компулзивна невроза. Самиот чин е поврзан со сексуално возбудување и клептоманите се најчесто зависни од адреналин.

Причините за растројство често се неадекватни семејни односи, ниско самопочитување и сексуалното незадоволство. Недоверба се случува брзо по кражбата, проследено со спротивставени чувства на задоволство и вина и желба да се врати украденото.
За разлика од професионалните крадци, клептоманот секогаш дејствува самостално, без посебна намера, во продавници, во трговски центри, салони и др.

Од вкупниот број на крадците само 5% се клептомани.

Апче против клептоманија
ВАШИНГТОН - Американските научници открија дека еден лек кој се користи за лекување на луѓе зависни од дрога и алкохол може да помогне во смирување на лицата кои страдаат од клептоманија. Научниците од Универзитетот во Минесота утврдиле дека лекот под името "налтрексон" помага во отстранувањето на нагонот кој ги тера клептоманите да крадат.
Истражувањето го изврши експертски тим, опфаќајќи 25 пациенти кои минуваат по еден час неделно во кражба. За време од осум недели, некои од волонтерите земале "налтрексон", додека останатите пласебо. Оние кои го користеле лекор краделе многу помалку од останатите, бидејќи медикаментот содржи состојка која ја блокира нервната интеракција во мозокот која создава чувство на задоволство.

Американските научници открија лек кој се користи за лекување на луѓе зависни од дрога и алкохол може да помогне во смирување на лицата кои страдаат од клептоманија
Научниците од Универзитетот во Минесота утврдиле дека лекот под името „Налтрексон“ помага во отстранувањето на нагонот кој ги тера клептоманите да крадат.
Истражувањето, чии резултати се објавени во списанието „Journal of Biological Psychiatry“, го изврши експертски тим, опфаќајќи 25 пациенти кои минуваат по еден час неделно во кражба.
За време од осум недели, некои од волонтерите земале „налтрексон“, додека останатите „плацебо“.
Оние кои го користеле лекот краделе многу помалку од останатите, бидејќи медикаментот содржи состојка која ја блокира нервната интеракција во мозокот која создава чувство на задоволство.

Според прочувањата на психијатрите од Харвард, 6.000 од 10.000 луѓе патат од клептоманија. "Најчесто станува збор за лица што се физички или сексуално малтретирани во детството", вели Д-р Маркус Голдман, психијатар. "По правило, тие потекнуваат од пореметени семејства и се наклонети како на депресија, исто така и на неконтролирано сексуално однесување".
Според сознанијата на стручњаците, клептоманијата е утврдена повеќе кај жените отколку кај мажите, можеби и поради тоа што жените се повеќе наклонети трауматските доживувања да ги придушуваат во себе или да ги изразуваат на мирен начин.
"Несреќното детство може жените да ги испрати кај психијатар, а мажите в затвор", напомнува Д-р Голдман.
Бидејќи клептоманите се кријат, тие често не добиваат помош се додека нивната наклонетост кон кражба не се претвори во тешка зависност.
"Типичниот клептоман има 20 години кога ќе почне да краде, а 35 години кога почнува да се лечи", вели Д-р Голдман. "Тоа значи дека полни 15 години живее опседнат од желбата за кражба".
Постојат низа начини на лечење- од лекови, психотерапија, па до терапија на однесување во која, на пример, пациентот се учи да ги спарува негативните идеи- на пример чувството на мачнина со помислата на кражба.
Меѓутоа, едно најново истражување покажа дека клептоманијата е практично неизлечива болест. Антидепресивите не можат да се применат, докажале научниците од Универзитетот Стенфорд, но тоа не ги изненадило експертите за ментални болести кои се убедени дека е во прашање изразито тешко пореметување на однесување.
"Клептоманијата е речиси невозможно да се излечи", вели лекарот Норман Сушмен, професор по психијатрија на универзитетот во Њујорк. "Секоја терапија е често бескорисна. Тие луѓе ќе продолжат да крадат дури и откако повеќе пати ќе ги фатат на дело".
Меѓутоа, авторите на студијата не ја отфрлаат можноста одделни лекови, дури и оние користени во истражувањето, да можат да се покажат ефикасни во лечењето кај некои луѓе.
Се претпоставува дека во Америка 1,2 милиона луѓе боледуваат од клептоманија, која е карактеристична според тоа што заболените импулсивно крадат, главно евтини и непотребни работи. За разлика од класичните крадци, клептоманите не ги планираат кражбите и не се мотивирани од финансиски причини.
Според резултатите објавени во студијата, на клептоманите им "припаѓаат" 10% од кражбите во САД.
"Клептоманите мошне ретко бараат помош затоа што се плашат од законски последици или не веруваат дека лечењето би им помогнало", вели авторот на студијата Лорин Коран, професор по психијатрија на Универзитетот Стенфорд. "На некои од нив лечењето сепак им помага", додава Коран, укажувајќи дека на дел од заболените вклучени во истражувањето им помогнало земањето на лекови што им ги препишала, а за кои се претпоставува дека кај клептоманите предизвикале "плацебо ефект".
"Некои од клептоманите ми раскажаа дека биле на разни лечења, дека биле в затвор, дека се развеле, но ништо не ги спречило да продолжат да размислуваат за кражбите. Меѓутоа, кога го добиле лекот, престанале да мислат на тоа. Не чувствувале потреба да крадат", истакнува Коран.
Сепак, тој ефект е забележан кај мошне мал број на заболени кои се вклучени во истражувањето.
За еден "драстичен" случај:
56-годишна Норвежанка во изминатите 9 години од продавниците во Осло и околината украла еден ипол тони облека, објави норвешкиот весник "Афтенпостен".
Таа и нејзината ќерка во октомври минатата година се фатени "на дело". Во текот на истрагата е утврдено дека тие само во една стоковна куќа украле облека во вредност од 50.000 евра. Вредноста на целата украдена стока се проценува на најмалку 150.000 евра.
Во психијатриското вештачење кај Норвежанката се утврдени класични симптоми на клептоманија: тешка депресија и недостиг на самопочитување, поради што судот одби казна затвор која ја бараше обвинителството, наведува весникот.
На жената и е изречена мерка задолжително лекување и плаќање оштета во висина од 50.000 евра.

****Побарав и не најдов слична тема. Доколку има, нека се уфрли таму напишаново.

 
Член од
2 јули 2009
Мислења
59
Поени од реакции
3
уф, лоша болест. една другарка моја имаше и отворено збореше за болеста. знам често нејзините идеа и враќаја ствари по људиве...жално
 

DonJas

Married and Happy
Член од
22 јуни 2008
Мислења
2.651
Поени од реакции
586
Имаше и една роднина моја вакво нешто.
Ама го реши доста добро.
Неможеше да престане да краде, па почна да краде ствари што не се користат.
Пикавци, опаковки од смоки слично, онака ѓубре.

Сеа има различни верзии на клептоманија, има луѓе што мораат да украдат било што, а има луѓе што мораат да украдат нешто што некому му е омилено. Тоа второто тешко се решава.
 

**Buli**

засекогаш дете!!!
Член од
3 декември 2007
Мислења
125
Поени од реакции
2
Постои клептоманија, нешто што е погоре убаво објаснето, и клептофилија, тоа е баш она крадење на ептен ситни, небитни работи, кои се доволни само колку да се задоволи потребада, полесна форма на заболувањето. Инаку ваквите лица се комплетно свесни за својата состојба, ама внатрешниот порив не се контролира лесно. Токму поради тоа и се исклучени од кривична одговорност, значи некој што ќе украде нешто поради болеста, и покрај тоа што е свесен, не се казнува....тоа говори за тоа дека стварно е тешко да се стави во контрола состојбава :raz:
 

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.322
Поени од реакции
7.781
Инаку ваквите лица се комплетно свесни за својата состојба, ама внатрешниот порив не се контролира лесно. Токму поради тоа и се исклучени од кривична одговорност, значи некој што ќе украде нешто поради болеста, и покрај тоа што е свесен, не се казнува....
Нека помине кај нас на терапија со безбол палка лечиме :icon_lol:, ајде бе која болест арамија си е арамија ако не го фатиме добро ама ако го фатиме :sakas_ust.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.692
Поени од реакции
12.088
Којзнае дали е клептоманија земање (најчесто) упаљач од маса од други (и ставање у свој џеб, нормално). Има многу луѓе со ваков обичај.

За мене крадец е крадец, без разлика на називот и без ралика на детството.
 
Член од
26 април 2010
Мислења
501
Поени од реакции
21
Дали е карактеристика на политичарите?:toe::toe::toe::toe::toe:
 

Zaptija Stojkov

Комунист
Член од
23 февруари 2010
Мислења
3.127
Поени од реакции
2.765
Како клептомани најчесто се дефинирани оние што крадат ептен ситни работи.
На пример да украдиш 1 евро или нешто во вредност од тие пари тогаш луѓето ќе те наречат Арамија, Лопов, Хоштаплер, Преварант, Апаш, Багабонт, немилосрдно копиле,бездушник,ништожник,не заслужуваш да го дишеш воздухот...

Но...

Да украдиш 1.000.000 евра тогаш луѓето ќе речат „Се снајде човекот“, „Успешен си е“ итн...

Ај најдете ја логиката во тоа!!!
 

Zaptija Stojkov

Комунист
Член од
23 февруари 2010
Мислења
3.127
Поени од реакции
2.765
"Малите лопови ги бесиме на големите им симнуваме капа".
Унгарска народна поговорка.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom