Кладилници, казина подалеку од населени места ?

Дали сметате дека треба да се ограничат/затворат објектите за игри на среќа ?


  • Вкупно гласачи
    230

Hurin

Pokerface bastard
Член од
3 јуни 2009
Мислења
8.536
Поени од реакции
14.669
Најголемиот проблем со кладилниците и автоматите е тоа што никој не се замара да посочи дека се сериозен проблем во општеството и затоа имаш коментари од типот дека "абе ако гледаат дека губат нека се не одат повеќе".
не смее во никој случај дс се занемарува сериозноста на порокот наречен комар и мора да има регулација. Гледам денеска во спорт лајф и лихва почнале да нудат. склучиле договор со форца. мк и сега нека ја злоупотребуваат разранетата психичка свест кај обичниот човек.
мене лично ми е јасно дека како општество на сите ние смачено да рмбаме за ниски плати и да имаме мизерен стандард и луѓето што му е докурчено одат на таа варијанта на "Лесна пара".
 

.Sky.

Заменик министер без титула
Член од
15 февруари 2013
Мислења
6.857
Поени од реакции
7.241
Многу луѓе хранат фамилии од таму ова го кажувам за оние кои работат таму. Друга работа е тоа што власта сака нив да ги тргне за да може да дојде некој нов кој ќе го лапне колачот тоа е целата заебанција околу нив.
Друга ствар јесте да ги има насекаде но затоа пак тие имаат и доста вработување кои реално и така немаат лоши плати. Што ќе се случи доколку ги затворат сите? Колку луѓе ќе останат без работа на улица? Вие го барате проблемот во обложувалниците но проблемот е во друго место.
Зајакот лежи во тоа што многу луѓе немаат доволно пари и сакаат да пробаат да направат плата плус преку нив. Некој пат добиваат како поединки некој пат не. Казината или обложувалниците никој пат не се у загуба тоа на секој човек му е јасно ко бел дрн. Проблемот е во сиромаштија што не има волку обложувалници или казина у добро развиени земји? Па ги нема затоа што има дома леб и со леб.
Треба да им се качат даноците на обложувалниците и казината а не на товар на играчот туку на самите нив.

Пак ќе кажам работата е да се донесе некои други луѓе кои ќе го превземе овој бизнис на друг начин. Паметна е власта не е будала да тргне бизнис што и носи пари на државата.
 
Член од
20 јули 2016
Мислења
7.631
Поени од реакции
4.932
Јас не сум имал никогаш проблем со коцка...но може да стане на некој друг. Ако стане таков проблем на некоја индивидуа прво треба психолошки третман и рана интервенција и терапија. Исто важи и со цигари и со алкохол и дрога и други автодеструктивни однесување.
Да, некоја забрана и ограничувања е потребна најверојатно и тие доста постепено да се зголемуваат. Должност на сите не само државата туку на секоја индивидуа е да се бори против овие деструктивни појави дали сам за себе или за ближниот. Треба да се работи на свесноста од опасноста на овие појави.
Не е ни целосно да се илегализира коцката ама ни слободно да се врши и рекламира на телевизии. Гледам на спортски канали реклами за кладилници...мислам дека треба да се порестриктивни од тој аспект регулаторите.
Едукација, рестрикции и терапија би требало да се главните аспекти на овој проблем.
 
Член од
7 март 2009
Мислења
1.127
Поени од реакции
788
Какви едукации,какви расправи,какви бакрачи,тоа се прави на места кадешто имаш начитан свет,нели гледате кај нас по кладилници кој одат,проста маса се повеќето на кои идол им е Аца Лукас...Според мене најдобро би било да се дислоцираат сите кладилници надвор од градовите,да се третираат како бордели и да им се опне јака финансиска контрола(затоа што пола од нив перат пари),затоа никнат на секое ќоше
 
Член од
30 ноември 2007
Мислења
7.120
Поени од реакции
4.799
Бидејќи на секој чекор се отворија игри на среќа, обложувалници и казина, ги има насекаде, во близина на училишта, пазари, плоштади.

Сме слушнале за разни семејни трагедии, разни кривични дела кои се поврзуваат со овие игри.
Кога зборуваме за казина, тука се поврзуваат и лихварите кои демнат како мршојадци.

Албанија од 1 јануари 2019 во целост ги забрани игрите на среќа, се затворија сите обложувалници и казина.

Косово од вчера почна да ги затвора обложувалниците и казината, веќе ги затворија над 200, ова следуваше откако собранието едногласно донесе резолуција со кое де побара да се забранат истите, откако се случија две убиства за четири дена во казина, и откако затворените казина во Албанија почнаа да се отворат на Косово.

Веќе се зборува дека газдите од Албанија почнаа да отвараат и во Македонија.

Што мислите за Македонија, што е најдобро.
 
Последно уредено:
Член од
6 април 2010
Мислења
1.578
Поени од реакции
10.588
Што мислите за Македонија, што е најдобро.
Да работи на економијата и стандардот на граѓаните, за да не мора бедата во очај да се надева дека ќе се збогати преку ноќ во казино или кладилница. Оти 99% од клиентелата таму се оние гревови со двеста евра плата, средношколци и невработени дваесет и кусур годишници кои што пуштаат дваес' денара на сто утакмици...кога сме на оваа тема треба уште да се вложува во образованието, мислам дека е очигледно зошто.
 

Anco

За солун ДА, ЗА срем НЕ
Член од
1 ноември 2011
Мислења
8.603
Поени од реакции
15.403
Албанија од 1 јануари 2019 во целост ги забрани игрите на среќа, се затворија сите обложувалници и казина.
o, zar je moguce,zar je moguce.....konecno nesto pametno i od Albanija,uste trevata da ja zabranat.
 

Тишка

Кротитељ
Член од
1 јуни 2011
Мислења
6.896
Поени од реакции
9.492
Зашто да се затворат мене никогаш нема да ми биде јасно затоа што казиното е еден вид забава која одредена личност и причинува задоволство за одредена сума пари која тој може да си дозволи да ја потроши на тој вид на забава а то што овде лугето како и за се останто се понашаат поинаку и играат да се збогатат е друг муабет.
Сум дискутирал со пријатели дека од кладилница конкретно може да се добива солидна сума на пари за некои потреби да се покријат.
МИслам и тоа е како вид на бизнис,инвестиција и незнам зашто некој неможе да сфатат дека и да отворат продавница,кафана итн може да пропаднат ако не работат како шо треба исто е и тука буџет оформен се вложува полека и се одбира и селектира,дисциплина,трпение итн.
Ниту од бизнис со кафана може да се направат пари веднаш ниту пак со спортска кај шо 95% од случаите играат за брз профит тоа не е реално од многу апсекти

Да треба да се регулира каде и колку да се застапени и да се знае што е кладилница,што казино и апаратите од кладилница да се тргнат под хитно.
Конкретно оние што се на пазари,плоштади,чаршии итн како шо спона некој се послабо посетени од оние што се во некој сокаци скриени
Коцкар ке го најде чарето да се клади,еден период 2006 некаде кога ги затворија сите кладилници остана само една не ја нашле да и удрат клучот редици се имаат чекано да се улати по 50 метра надвор од неа и неа ко ја најдоа луге се оргнизираа со коли и комбиња за да одат да уплатат тикети по други градови
 

Ivica^

Confident Liar
Член од
14 август 2007
Мислења
11.140
Поени од реакции
15.885
Шо има да се затвораат, не тера никој никого со сила да влага у казино или кладилница.
Нити пак кршат некој закон, за разлика од многу други ствари у нашево општество кои се нелегални и незаконити па ете никој не ги чепка.
 

курајбер

млад, потентен
Член од
29 јануари 2007
Мислења
16.230
Поени од реакции
45.351
Нема да има ни релокации ни затварања пошто кладилничарското лоби е едно од појаките лобија во државава, со илјадници вработени, илјадници премиум локали и објекти и милиони во даноци и донации во кампањи. Ќе ги подрепнат за некој процент(они тоа ќе го префрлат во помали квоти) и малце построго со малолетници и тоа е тоа. Поагресивен чекор може големи проблеми да донесе, а комарот само ќе се префрли на интернет и во Врање.

Тоа што не сакаат да си го признаат и увидат оние добронамерни пуританци од ДУИ што оваа мерка ја препишале од менторот Еди Рама и сега ја форсираат тука, е дека кладилницата е повеќе последица од, а не причина за сиромаштијата, (духовна, финансиска како год) и до таа ситуација, да на секои сто метра има кладилница некако е дојдено, ваљда пошто некој го пустошел народот.
Нејќам да нагаѓам, ама можно е додека им продаваа закони за јазици и знамиња, домаќинствата на гласачите да им се растураа по Астри и Копачки.
 
K

kicodarker

Гостин
Не заебавајте со тие муабети дека “никој не ги тера да влегуваат“, едноставно се изнаотворија мини казина како продавници маалски да се, ги има на секој чекор од казино со 10тина апарати до поголеми, и за чудо поисплатливо им е да отвораат мали казинца насекаде,него ли големи објекти да изнајмуваат со куп апарати. Факт е дека некој од оваа работа се богати и тоа добро, криминалнот е на големо вмешан или е директен од власта така да тешко дека ќе се искорени ова освен ако не ни дојди шеријатска власт од страна. Не гледам толкав проблем во коцкањето како што гледам во презаситеноста на отворени локали од кладилници и казина на секој чекор, премал е радиусот од едно-до друго уплатно место. Исто и државна лотарија си го зеде главниот колач - нема онлајн обложување само заради нив, и недостатокот го користат кладилниците со отворање на повеќе уплатни места. А истиот тој недостаток предизвикан од државна лотарија пак, го користи да им става апарати во скоро сите кладилници. Нема скоро некој кој не е имун на тие машини да пробал среќата со стотка две и повеќе. Со поставување на стандарди за истото како за казина колкав објект треба да биди за да добијат лиценца, локација, радиус кој нема да биди опфатен од друг објект во близина, зачестени контроли и инсепкции за начинот на работењето на казината и колкав профит прават треба да се чешла и тоа дебело. Но кај нас е “и ти ли брате бруте“ така да тие што треба да го чешлаат овој бизнис веќе имаат удел или се директни сопственици на некој локал со слот апарати, почнувајќи од врвот - државна лотарија па надолу. Никој не води контрола како и на кој начин работат слот апаратите, често пати полуисправни, со колкав процент на добивка-исплата работат, најчесто се форсирани игрите за на големи влогови кои играчот мисли дека тоа е минималниот, или често пати поради “неисправност“ им се вклучува max bet и на едно вртење го троши цел кредит, сведок сум бил на еден куп глупави финти кои очигледно дека им функционираат во корист на казината.
Кладилницата ја сметам за фер плеј игра каде самиот играч одлучува за влогот и типот на игра,каде е потребна само среќа.
Несомнено е дека со бројот на отворени локали се зголеми и бројот на играчи но со регулација на истите и подобрување на стандардот може да се направи еден баланс.
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
19.404
Поени од реакции
34.398
...мене повеќе ми пречат кафичи, ноќни барови во приземниот дел на стамбени згради, со узурпирање и на предниот и заден стамбен двор и со нонстоп гласна музика, а станарите се должни да трпат не само гласна музика, туку и ноќно врескање, тепање и кршење пред нивните прозори...итн и колку што следам овде убиствата се токму во овие ресторани, кафичи да не ја спомнам зољата во кафич во Мавровка, а не во казина, обложувалници кои се затворени, интимни и глас не им се слуша...а тоа што праваат во Ал и Кос преку тасета, таму прават и нешто друго таман работа и ние овде да спроведеме, значи нема нешто да кажете, а да не се споредите со тие простории таму ви е паметот и душата, тука само онака здрвено тело без душа!
 

Kajgana Shop

На врв Bottom