Има неколку разумни причини, од социјално-економски аспект, зошто е пооправдано пиењето на вода од водоводната мрежа:
1. За „производство“ на флаширана вода се каптираат природни извори на вода, водата се обработува, па потоа транспортира до потрошувачите. На тој начин, секој литар вода во себе „содржи“ и извесна количина пластичен неразградлив отпад (шишето), издувни гасови (од транспортните средства) и влијанието врз животната средина со фабриките за „производство“ на водата во близина на изворите - се разбира, во индиректна смисла;
2. Кога се фаворизира пиењето на флаширана вода, со самото концесионирање на изворите на пиечка вода на одредени компании, се става своевиден „монопол“ (знам дека не е монопол, де, но служи во објаснување на поентата) на тие компании врз изворите за пиечка вода. Заради комерцијалната исплатливост,со тек на време, се почесто ќе биде ваквото искористување на водата за пиење, а се поретко одржувањето на јавните дистрибутивни системи за пиечка вода. Со тоа, јавните водоводи би се свеле само на дистрибутивни мрежи за техничка (но не и пиечка!) вода, со што населението би станало зависно од компаниите кои експлоатираат и продаваат основен ресурс.
Којзнае, за некоја година, може некому ќе му текне да пакува и чист планински воздух за дишење....
3. КОга би можел да бирам, би пиел вода директно од извор (како и штосе случува кога одам на планина). Што се однесува до газираната флаширана вода, веројатно има извесен ефект врз ацидо-базниот баланс во желудникот, и системски, но тоа во голема мера зависи и од количината која се внесува. Нарушувањето на ацидо-базната рамнотежа, пак, може да предизвика различни метаболички и, селдствено, хормонални нарушувања.
Што се однесува до камењата во бубрези, пак, дали ќе се „стопат“ со пиење на вода со определена pH вредност, се разбира зависи од нивниот карактер (оксалатни или фосфатни). Што значи, и тука не може да се донесе генерален заклучок.