Киропрактика

Член од
21 септември 2008
Мислења
4.021
Поени од реакции
2.513
На овие простори за киропрактиката се уште се зборува со скепса, бидејќи таа не спаѓа во ниту една гранка од официјалната медицина, но во светот важи за легитимна гранка од медицината која на природен начин се обидува да влијае на човечкото здравје, без употреба на лекови и хируршки зафати.
Многу често луѓето се жалат на болки во грбот или нозете. После специјалистичките прегледи се дијагностицира дегенеративна промена, се препишуваат вежби, противвоспалителни лекови или физикална терапија, а после тоа луѓето се препуштени сами на себе. Во голем број случаеви и после поминатата терапија, болките не попуштаат или после привремено подобрување повторно се појавуваат. Причина за тоа е бидејќи во примарното здравство недостасува една алка, а тоа е киропрактиката. Доктор по кирипрактика е квалификуван стручњак кој со манипулација-движења ги доведува вашата кичма и зглобовите во оптимална положба и на тој начин ги отстранува механичките пречки во локомоторниот состав.
Рбетниот столб – има повеќеструка функција. Покрај тоа што ни служи како потпора и ни овозможува исправено држење, одење, седење и движење, служи и како куќиште на рбетниот мозок чии што нерви се разгрануваат низ отворите помеѓу пршлените. Рбетот е комплексна градба. Се состои од пршлени, рскавици и лигаменти кои му овозможуваат еластичност во сите правци. Ако се нарушат тие односи после траума или дегенеративни промени, настануваат проблеми кои можат да се манифестираат не само како болка во грбот, туку и како нарушувања на работата на одделни органи.

Текстов ми е превземен од една страна на некој Давор киропрактичар наводно. Него споделете искуства вие сте посетиле ли некој од овие кај нас така наречени Местачи ? Јас лично имам проблем со кичмата и моментално некој нерв ми е стегнат и ме боли едната нога кај бутот посебно кога седам. Го имав проблемов пред 3 години докториве незнаеа што е и после 3 месеци отидов кај еден "Местач" у маџари Диме се вика. Значи одма знаеше што е, фаќаше нешто кај кичмата ми ја истегна ногата и толку ме среди и еве едно 3 год океј беше ногата а во меѓувреме идев на повремени физикални терапии за кичмата и како што вика у текстов кај нас многу скепса е за вакви работи, докторкава почна ау немој да идеш кај тие местачи може да ти напраат уште поголем проблем вака така. Иначе интересно ако гуглате за киропрактика во Скопје нема да најдете ниедна ординација освен некој Давор има веб страна ама ништо посебно не пишува за ординацијата ни слики ау, за разлика од Србиве има да најдете еден куп ординации и луѓе што се занимаваат со т.н Киропрактика и се декларираат како киропрактичари, кај нас си се уште местачи по дома. Па ајде сеа споделете кој што какви искуства има па да се одлучам кај кој да одам да ми ја среди работава :)

Бонус видео
 
Член од
11 октомври 2010
Мислења
1.942
Поени од реакции
1.750
Јас ги имам превиткано и изместено глуждовите на двете нозе. Одев по лекари, рендген снимките уредни и не знаеја што да ми прават па ми викаа „Одмарај и ќе ти мине“. Ќе ти мине, my ass. Отидов кај Шинка во с. Муртино (Струмичко) и ми ги среди набрзина. Сега само кога има чести промени на времето повремено ме наболуваат ама ништо страшно. Женава е стара, врска немам и дали е уште жива ама досега немам слушнато некој да се пожалил од нејзе, а ги познавам многумина што биле кај неа (другар ми имаше некој проблем со коленото, татко ми еднаш падна на грб и имаше некој нерв приклештен, вујко ми изместен зглоб на раката итн итн).
 

Andrew

ќ
Член од
27 октомври 2011
Мислења
5.832
Поени од реакции
15.261
Точно ли е дека киропрактичарите се испотценети и дури ни за доктори не ги сметаат?
 

/МIRЧ3_МкД\

Временски патник
Член од
7 март 2012
Мислења
380
Поени од реакции
102
Jас сум си сам свој киропрактичар.. додека не си го скршам вратот секако :) .
Иначе има една бабичка во Струмица село Муртино чинам беше, позната низ Македонија и Балканот.. женава да е жива и здрава ја бива ептен за местење на глуждови..лично ми има повеќе пати помогнато.
А тоа дека треба да се сметаат за доктори..дискутабилно е, зависи шо подразбираш под доктор.. Киропрактиката претствавува вештина,дарба на некој начин.. не се учи туку така тоа.. И на крај краишта шо е битна титулата, човек го цениш ако ти помогнал, немора да ми покажува дипломи.
 
Член од
21 септември 2008
Мислења
4.021
Поени од реакции
2.513
Точно ли е дека киропрактичарите се испотценети и дури ни за доктори не ги сметаат?
Киропрактика спаѓа во алтернативна медицина, официјално не е влезено како медицинска гранка во америка има колеџ кај да се изучува и во некој европски земји ваљда ама не кај нас... а овие кај нас местачите незнам од кај го добиле знаењето ама има многу што си ја вршат работата како што треба а докторите не ги признаваат нормално, зашто докторот учел 10 години за да биде доктор.. :)
 

/МIRЧ3_МкД\

Временски патник
Член од
7 март 2012
Мислења
380
Поени од реакции
102
Абе види, докторите донекаде и имаат право.. не заради друго туку со исклучок на тие кои се докажале и добро си ја знаат работата (киропрактичарите), има и такви кои се неискусни, немаат осет за таа работа и на 30% најмалку од тие шо ќе одат кај нив само повеќе им ја влошуваат состојбата. Сум имал работа и со такви.. ке те масира пола саат и на среќа ако се намести нешто добро е, ако не само повеќе ќе ти ја измести коската.
 
H

Harry Callahan

Гостин
За киропрактиката првпат имам слушнато од серијата Два и пол мажи дека еден од главните ликови во серијата Алан Харпер работи како киропрактичар во серијата и додека го имаше Чарли Харпер ( Чарли Шин ) во серијата Алан често беше исмејуван од страна на Чарли дека киропрактичарите не се лекари . И така и е киропрактичарите не се лекари .
 
Член од
12 март 2009
Мислења
19.811
Поени од реакции
15.735
на времето беше познат железничарот... а мислам дека кошаркарските и фудбалските клубови имаат оваков кадар...на времето, пред ВВ2, докторите го дале на суд местачот во Леринско поради наводни измами и нестручност. На суд тој побарал да му донесат мачка и и ги свитал сите 4 нозе, мачката легнала беспомошно. Ајде сега кажите што ќе праите, ги прашал докторите и судијата ?. Треба дашчиња и да се имобилизират сите нозе и мирување месец - два му кажале докторите на судијата... местачот земал и ги наместил сите 4 нозе, мачката веднаш изрипала од судницата преку прозор а судијата ја одбил тужбата на докторите :D...
 

Del Boy

You plonker!
Член од
28 септември 2012
Мислења
11.967
Поени од реакции
35.592
Женава е стара, врска немам и дали е уште жива
Жива е , пред некој ден бев кај неа. :) Жената изгради куќа од "занаетот" , а бидејки е веќе стара ги молела внуките да ги научи и на нив за да продолжат да помагат , но тие не сакале.
 
Член од
24 мај 2014
Мислења
5.296
Поени од реакции
5.864
Прекрасна работа е Киропрактиката, Има ли кај нас за Киропрактика школо луѓе ? Ако не кај нас каде низ Балканов ? Иначе во странство школувањето за Киропрактичар се одвивало како кај нас виша по ново висока да завршиш, 3 години се изучувало и добиваш диплома факултетска за тоа. Појма неам дали постои курс за Киропрактика... Иначе низ јутјуб има прекрасни снимки и видеа од феноменални резултати од Киропрактикава, посебно ги сакам и почитувам оние источните лекари, ја носат алтернативата и оригиналноста во новово време.
 
Член од
29 септември 2017
Мислења
178
Поени од реакции
102
Прекрасна работа е Киропрактиката, Има ли кај нас за Киропрактика школо луѓе ? Ако не кај нас каде низ Балканов ? Иначе во странство школувањето за Киропрактичар се одвивало како кај нас виша по ново висока да завршиш, 3 години се изучувало и добиваш диплома факултетска за тоа. Појма неам дали постои курс за Киропрактика... Иначе низ јутјуб има прекрасни снимки и видеа од феноменални резултати од Киропрактикава, посебно ги сакам и почитувам оние источните лекари, ја носат алтернативата и оригиналноста во новово време.
Кај нас има еден киропрактичар во Капиштец. Не наплаќа за лица под 18 години, си има своја тарифа, признаен е и секако, заработува од тоа. Доброто е што не наплаќа додека не ти заврши терапијата кај него, откако ќе ти помогне, тогаш наплаќа. Луѓе идат и му носат снимки, не ги ни гледа, одма ги фаќа и приметува каде е проблемот. Има учено во Кина десетина години и сега тука работи и живее. Не ми текнува како се викаше.
 
Член од
12 февруари 2014
Мислења
7.735
Поени од реакции
24.383
Кај нас има еден киропрактичар во Капиштец. Не наплаќа за лица под 18 години, си има своја тарифа, признаен е и секако, заработува од тоа. Доброто е што не наплаќа додека не ти заврши терапијата кај него, откако ќе ти помогне, тогаш наплаќа. Луѓе идат и му носат снимки, не ги ни гледа, одма ги фаќа и приметува каде е проблемот. Има учено во Кина десетина години и сега тука работи и живее. Не ми текнува како се викаше.
Ајде дознај и давај ни инфо. :)
 
Член од
24 мај 2014
Мислења
5.296
Поени од реакции
5.864
Кај нас има еден киропрактичар во Капиштец. Не наплаќа за лица под 18 години, си има своја тарифа, признаен е и секако, заработува од тоа. Доброто е што не наплаќа додека не ти заврши терапијата кај него, откако ќе ти помогне, тогаш наплаќа. Луѓе идат и му носат снимки, не ги ни гледа, одма ги фаќа и приметува каде е проблемот. Има учено во Кина десетина години и сега тука работи и живее. Не ми текнува како се викаше.
Чекаме повеќе информации за него (y)
 
Член од
29 септември 2017
Мислења
178
Поени од реакции
102
Чекаме повеќе информации за него (y)
Ајде дознај и давај ни инфо. :)
Единствено нешто што можам да ви кажам е дека се наоѓа во близина на Заводот за вработување, веднаш до Заводот за рехабилитација (или така нешто се викаше) во Капиштец. Мислам дека имаше и Ортопедски завод („Славеј“ се викаше ако не се лажам). Тука прашајте. Се наоѓа во зграда, жолто - портокалова колку што памтам. Обично има многу луѓе кои чекаат на ред кај него. Распрашајте се низ Капиштец и Козле, ретко има човек што не го знае. Името му нешто слично на Турин, Туркан, Туран, Туријан (не памтам). Бев кај него одамна и многу ми помогна, ептен квалитетно работи. Се надевам дека ништо не е сменето од тогаш до сега и дека се` уште работи вака.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom