Кираџија

Емкаа

the worst thing about prison was the dementors.
Член од
14 мај 2008
Мислења
4.917
Поени од реакции
12.405
Може грешам, ама јас досега не сум слушнала некој да склучи било каков договор без присуство на нотар/адвокат.
Ако може да се склучи договор вака тогаш кој гарантира дека нема фалсификат од било која страна?
 
Член од
16 декември 2012
Мислења
2.707
Поени од реакции
6.824

Јас станот го издавав со таков договор, со години. Никогаш во УЈП не ми побараа да биде заверен кај нотар. Договорот се склучува барем во два примероци. Фалсификатот лесно ќе биде откриен
Автоматски споено мислење:

За што да ја тужи?
Не е наведено дали во договорот стои отказен рок. Ако стои, треба да се почитува. Ако не стои, постои законски рок. Ти како адвокат, би требало повеќе да знаеш. Од текстот никаде не сфатив дека кираџијата не го почитува договорот, односно не плаќа
 
Последно уредено:
Член од
3 март 2020
Мислења
2.413
Поени од реакции
5.062
Може грешам, ама јас досега не сум слушнала некој да склучи било каков договор без присуство на нотар/адвокат.
Ако може да се склучи договор вака тогаш кој гарантира дека нема фалсификат од било која страна?
Можен е таков договор меѓусебен, ракописот лесно се проверува на суд, имаме вештаци за тоа. Затоа е најарно да има барем име, презиме и краток потпис.
Инаку, ако не е заверен на нотар, а треба да тужиш по договорот, ќе ти треба повеќе време по судови. Мислам дека само тоа е разликата, нека ме поправат правниците :)
 
Член од
19 мај 2021
Мислења
6
Поени од реакции
2
Јас станот го издавав со таков договор, со години. Никогаш во УЈП не ми побараа да биде заверен кај нотар. Договорот се склучува барем во два примероци. Фалсификатот лесно ќе биде откриен
Автоматски споено мислење:

Не е наведено дали во договорот стои отказен рок. Ако стои, треба да се почитува. Ако не стои, постои законски рок. Ти како адвокат, би требало повеќе да знаеш. Од текстот никаде не сфатив дека кираџијата не го почитува договорот, односно не плаќа
Кираџијата си плаќа редовно и сметки и кирија . Проблемот е што не успеавме да го средиме купатилото затоа што комшијата фати корона па кираџијата . И сега ми праќа порака вика ќе ве пријавам во агенција дека ми капе а и кирија ќе барам да се намали . Комшијата е спремен да го поправи само чекавме кираџијата да се оправи од корона . Му пишав дека него го чекавме пошто беше критично и дека сега може да се поправи и дека комшијата викнал мајстор он ми вика не можам сега идам на рехабилитација па на море а кога ќе се вратам ќе пријавам во агенција :rolleyes: .
 
За агенцијата го кажав моето мислење претходно. Пробајте со убаво да се разберете или разделите
 
Член од
4 март 2011
Мислења
699
Поени од реакции
704
Дали е договорот валиден ако не е заверен на нотар?
Апсолутно да! Договорот за закуп не мора да се завери кај нотар за да има полноправно дејство. За разлика од договорот за купопродажба на недвижен имот кој мора да биде заверен (солемнизиран) кај нотар, договорот за закуп иако е формален договор, не мора да биде заверен кај нотар. Кај оваа врста на договори, кај нотар всушност се врши само заверка на потписите на договорните странки (нотарот врз основа на личните исправи на странките само го потврдува идентитетот на истите).
Договорот за закуп може да се завери кај нотар евентуално ако во истиот е вметната извршна клаузула која е корисна заради тоа што има сила на извршна исправа (правосилна пресуда) во моментот кога ќе даде изјава закуподавачот дека закупувачот не исполнил одредена одредба од договорот. Во ваков случај закуподавачот бара од нотарот да се впише клаузула на извршност и договорот може да се поднесе кај извршител како извршна исправа заради присилна наплата на заостаната односно неплатената закупнина, заради присилно иселување на закупувачот или слично. На ваков начин се заобиколува цела една судска постапка која би можела да трае подолго време и би претставувала дополнителен трошок за закуподавачот. Исто така, честа причина за заверка на договорот за закуп кај нотар е и барањето на одредени државни органи (најчесто токму поради како во конкретниов случај - пријавување на договорот во УЈП и плаќање на данок од закупнина).
Меѓутоа и договорот за закуп, кој не е заверен кај нотар, а е склучен во пропишана форма со сите битни елементи, без сомнение произведува правно дејство, исто како и договорот за закуп кој е заверен кај нотар!
Се извинувам за подолгиот одговор, со надеж дека успеав да разјаснам некои правни дилеми околу потребата за заверка кај нотар на договорот за закуп.
Автоматски споено мислење:

Јас станот го издавав со таков договор, со години. Никогаш во УЈП не ми побараа да биде заверен кај нотар. Договорот се склучува барем во два примероци. Фалсификатот лесно ќе биде откриен
Автоматски споено мислење:

Не е наведено дали во договорот стои отказен рок. Ако стои, треба да се почитува. Ако не стои, постои законски рок. Ти како адвокат, би требало повеќе да знаеш. Од текстот никаде не сфатив дека кираџијата не го почитува договорот, односно не плаќа
Не ме сфаќај погрешно, мојата реплика не беше напад на твојата констатација, туку само прашање по кој основ закупувачот би ја тужел закуподавачката. И да, точно е дека го немаме договорот за закуп на увид за да можеме со сигурност нешто да тврдиме, вака разговорот е воопштен и сведен на претпоставки. Инаку и јас се согласувам со тебе и сметам дека УЈП постапила законски и исправно во твојот случај кога ти го прифатиле договорот за закуп без да ти комплицираат непотребно и да бараат да го заверите кај нотар.
 
Последно уредено:
Член од
19 мај 2021
Мислења
6
Поени од реакции
2
Дали јас плаќам данок во Ујп без заверен договор на нотар ? И со оглед на тоа дека парите не ми се префрлани на сметка
 
Член од
16 декември 2012
Мислења
2.707
Поени од реакции
6.824
Дали јас плаќам данок во Ујп без заверен договор на нотар ? И со оглед на тоа дека парите не ми се префрлани на сметка
Ти си должна најдоцна после 15 дена да пријавиш во УЈП дека имаш приходи од кираџија. Даваш копија од Договорот и пополнуваш образец. Потоа тие прават пресметка колку треба да платиш.
Воопшто не е проблем што добиваш средства во готово и, уште еднаш, договорот не мора да е заверен кај нотар
 
Zaptija Stojkov

Комунист
Член од
23 февруари 2010
Мислења
3.127
Поени од реакции
2.765
Јас имам доста големо искуство со кираџии. Пошто години на приземје од 45 m2 сум имал кираџии од едно 10-11 различни фамилии... Што немам од нив маќи и таксирати видено... Го истадов ајрот од нив. Како викаат ќарот и зијанот се браќа... Па затоа сега планирам повеќе кираџии никако редење...

Еден човек убаво ми кажа еден муабет дека кираџија не е човек за машала. Оти тој ако бил за машала ќе направел куќа...

1. Најчесто кираџиите се категорија на луѓе од Алкохоличари, Џанкери, Коцкари, Лопови, Силеџии, луѓе што вршат семејно насилство, три - четири пати разведени, измамници, чудни луѓе, луѓе што не држат лична хигиена, ѓубрето што не го фрлаат во канта туку каде што ќе им текне во дворот, луѓе што смрдат и корнат. Луѓе лежани во Идризово, Теферик во Струга, Бардовци, Демир Хисар...

2. Несовесни и непажливи луѓе се. Пример кај мене летно време пред 3 години на кираџијата му дојдоја 8 кубика дрва. А јас во бавчата имав посадено патлиџани, пиперки, љубеници, дињи, аронија, босилек, брокула, жалфија, рузмарин... А си ги бувна дрвата над сите посадени работи...

3. Во WC шољјата Фрлаат влажни марамчиња, конзерви, лименки, паковки од паштети, нарезаци, сардини, крпи, сунѓерчиња, кори од љубеници/дињи, љушпи од кромиди... Не му се замараат за тоа дека нема да оди канализацијата. Ама после некое време те убедуваат Газда се затна канализацијава, ама то не е до нас. Ами до кого е??? И сметаат дека се што ќе се расипе треба газдата да го поправи...

4. Ако имаш во двор бавча посадена со овошје/зеленчук, абе си полнат ќеси/торби како да е нивна...

5. Наоѓаат изговори за плаќање немам земено плата ми каснат со платата 2 месеци, нема муштерии со такси превозот дека сега е ладно времево, нема работа стално со дрвата, а и со дрвата не плаќаат одма, на повеќе пати плаќаат, ама пак некои и ич не ми плаќаат... Друг изговор имам сега вонредни трошоци се работи за операција на старата во Систина, имам болно дете, почина стариот, почина старата...

6. Си заминуваат изненадно без кажување најчесто во крајот на Февруар и почетокот на март бидејќи тогаш двете сметки за EVN им се највисоки, и една рата за месецот не плаќаат, заклучуваат врата и клучот го земаат со себе и доколку нема газдата резервен клуч треба да ја корни вратата. Башка ги има некои што и на заминување ќе си земат некоја ствар со себе пример Бојлерчето кујнско, аспираторот, трите чешми со се трите вентили/шибери, греалката во купатилото, фрижидерот...И ќе завршат на пазарите за половни работи што работат еден ден во неделата, пример Струга, Велешта, Кичево, Гостивар, Бувљак, Битпазар и тоа за багателни цени...

Ете тоа е моето лично искуство. Кој има друго нека кажи...
 
Член од
1 август 2023
Мислења
1
Поени од реакции
0
Здраво,
Дали може малку помош. Имам кираџија и сакам да го пријавам како оди целиот процес. Каде се пријавува? Во УЈП гледам пишувате меѓутоа документот што се заверува на нотар каде да го најдам,нотарот го издава? Сака да смени адреса на ЛК да ја пише од станот кај што е под кирија.
 
Член од
2 март 2016
Мислења
481
Поени од реакции
468

Ако немаш договор заверен на нотар и го пријавиш кираџијата во УЈП тој нема да одговара туку ти ќе одговараш за затајување на данок на доход доколку претходно во годишната пријава не ти е пријавен приходот од киријата.
Кираџијата не може да смени живеалиште односно да стави претстојувалиште ако нема договор за закуп заверен на нотар.
Нема основ за да го пријавуваш кираџијата, ако сакаш можеш да му откажеш усмениот договор за закуп со 8 дена отказен рок, ако нејќе да си оди смени брава и толку, или легално преку судот да му наложи да го напушти недвижниот имот итн., ако те интересира друго нешто пиши ми во порака.
 
Член од
17 јануари 2008
Мислења
5
Поени од реакции
1
Здраво,
правен совет.
имам договор за наем за дуќан, правно лице е кираџијата.
имаме договор потпишан со печат, не е заверен на нотар.
киријата со пп53 ми ја плаќа, данок плаќа во ујп како правмо лице.

во договорот за закуп стпжои дека до 23ти ако не плати кирија, имам право на раскинување.
исто така и сметки ако не плаќа.

веќе 2 сметки нема платено високи за струја колку депозитот скоро и не ми плати до 23ти кирија.

и пратив озвестување еднократно раскинување заради неплатена кирија во рок по договор и неплатени сметки.

ставив додатен катанец на врата да неможе да влезе да не билда сметки повеќе и полиција ми викна. се договоривме со полицијата до 31 да и дадам простап дека кирија и е платено.

сега ми се заканува ќе ме тужи и незнам дали ќе можам да ги иселам од дуќан со моето еднострано известување.

помош, совет?
 
Нека тужи ќе загуби не почитува договор, тоа е основно начело во облигационите односи, не ја пуштај да си ги собере стварите и да кидне, туку стави катанец и нека пријавува во полиција, од полиција ќе ја упатат на граѓанска постапка затоа што облигационите односи се граѓанско правна материја а не кривично правна материја, имаш право на залог односно да ги задржиш нејзините ствари комјутер, биро, столици, и ако не сака да ти плати за струја и кирија истите да ги продадеш да си наплатиш побарувањето со законска казнена камата или договорна камата и пенали согласно договорот ако така сте се договориле.
Договорот за закуп е неформален договор по природа, за истиот не е нужно да биде нотарски заверен и во писмена форма, тој е валиден и во случај да е усмен.

Ако те тужи слободно пиши ми во порака да ти кажам што како да преземеш, обавезно ако ти стигне тужба, поднеси одговор на тужба и пожелно е адвокат да ти ја состави не само заради задолжително елементи туку и заради правно образложение на твоите наводи.
 
фала многу другар, ќе ти пишам и барам ако не се реши.
Ако не сака на 31 да си оди и на 01 Фебруар е уште таму, да викам ли полиција? ми ставила нејзин катанец што неам клуч од денес, и на 01 ако не е иселена неам ни пристап до мој дуќан.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom