КинеНова Скопје Филм Фест

Член од
23 јуни 2008
Мислења
4.002
Поени од реакции
4.245
http://www.kinenova.com/
Официјална ФБ страна


ЗА ФЕСТИВАЛОТ
КинеНова - Меѓународен филмски фестивал Скопје 2016

КИНЕНОВА е независен Меѓународен филмски фестивал кој своето прво издание ќе го има од 5 - 9 октомври 2016 година во Скопје, Македонија. Неговата цел е да создаде еден нов простор каде пред публиката и стручната јавност ќе се претставуваат и афирмираат што повеќе нови филмски автори од Македонија и светот, така што ќе ги претстават или развиваат своите дебитантски дела и проекти преку проекции, работилници и состаноци. Со тоа тоа ќе се оствари идејата фестивалот да анимира што повеќе млада публика на која ќе и се доближи авторскиот филм и која ќе се инфицира со филмската уметност.

ПРОГРАМСКИ СЕКЦИИ

Сите програми на фестивалот се од меѓународен карактер.

I. Натпреварувачки Програми:
  • Главната програма (Официјална селекција) на фестивалот ќе биде секогаш составена од филмови од цел свет кои се прв и втор долгометражен филм на режисерот. Оваа програма ќе има за цел да ги афирмира новите филмски автори кои сеуште не добиле шанса да се претстават во филмската јавност, или кои веќе се имаат претставено, но сеуште се на почетокот на нивните филмски кариери.
  • Втора натпреварувачка програма ќе биде програмата Официјална селекција на кратки филмови. Во оваа програма ќе можат да се пријавуваат и професионални и студентски филмови од цел свет.
II. Дополнителни / Ревијални Програми На Фестивалот:
  • Панорама на светски филм
  • Балкан преглед
  • Прв и најнов филм на истакнат режисер
 
Последно уредено:
Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.628
Поени од реакции
33.182
WE ANNOUNCE THAT THE FIRST EDITION OF THE INTERNATIONAL FILM FESTIVAL ‘KINENOVA’ IS NOW CLOSED FOR ENTRIES. WE EXPRESS GRATITUDE TO ALL OF YOU WHO APPLIED. WE HAVE NEARLY 4,000 MOVIES FROM OVER A 112 COUNTRIES ALL OVER THE WORLD. AND NOW, THE SELECTION PROCESS BEGINS.

:bravobe: За Оскар лани беа пријавени рекордна 81 држава, а КинеНова успеале да соберат 112.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.628
Поени од реакции
33.182
Програма на „КинеНова“ Меѓународен филмски фестивал Скопје 2016

I. Натпреварувачки Програми:

ФИЛМОВИ ЗА ГЛАВНА ПРОГРАМА

1. Мајчина земја, од Сенем Тизен (Турција) – 2015
2. Длабочини 2, од Огњен Главоњиќ (Србија) – 2016
3. Фаќање, од Мика Маги (САД) – 2015
4. Слава, од Петар Валчанов и Кристина Грозева (Бугарија) – 2016
5. Прекин, од Јоргос Зоис (Грција) – 2015
6. Два лоза, од Паул Негоеску (Романија) – 2016
7. Бафало, од Кавех Сајад Хосеини (Иран) – 2016
8. Пат за Ла Паз, од Франсиско Вароне (Аргентина) – 2015
9. Џонатан, од Пјотр Левандовски (Германија) – 2016

10. Специјална проекција: Смрт во Сараево, од Данис Тановиќ (БиХ) – 2016
11. Специјална проекција: Валентина, од Максимилијан Фелдман, (Германија) – 2016



II. Дополнителни / Ревијални Програми На Фестивалот:

ПАНОРАМА НА СВЕТСКИ ФИЛМ

12. Над и под, од Николас Штајнер (Швајцарија) – 2015
13. Земја на мини, од Мартин Зандвлит (Данска) – 2015
14. Баталјон, од Дмитри Мешкиев (Русија) – 2015
15. Мина оди, од Јосеф Бараки (Авганистан) – 2015
16. Фамилија, од Шумин Лиу (Кина) – 2016

БАЛКАНСКИ ПРЕГЛЕД

17. Бурек, режија Влада Николиќ (Србија, Грција, Америка) – 2016
18. Татковина, режија Олег Новковиќ, Србија – 2015
19. Покрај мене, режија Стеван Филиповиќ, Србија – 2016

ПРВ И ПОСЛЕДЕН ФИЛМ НА ИСТАКНАТ АВТОР

20. 12:08 источно од Букурешт – прв филм на Корнелиу Порумбоју, Романија – 2006
21. Богатство – последен филм на Корнелиу Порумбоју, Романија – 2016

Ништо од КинеНова, сепак. Единствени два „звучни” наслови - Land of Mine и Smrt u Sarajevu (за кој пишува - специјална проекција, што може да значи и дека може нема да биде наменета за обичните смртници). Чекаме Синедејс, сепак.
 
Член од
23 јуни 2008
Мислења
4.002
Поени од реакции
4.245
И не е така црна програмава, грчкиот Прекин, бугарскиот Слава, српскиот Покрај мене и Бурек, Смрт во Сараево, германскиот Валентина исто е доста нов филм и доби солидни критики во Берлин. Мислам дека ќе се најде нешто интересно, сепак и замислата не е дека ова е некој голем фестивал, се гледа дека навистина бирале авторски понеизвикани филмови, но се надевам ќе ги исполнат очекувањата. Овој романскиот 12:08 одамна сакав да го гледам, така да добро ќе ми дојде на големо платно. Еве ја и програмата со англиските наслови:

http://www.kinenova.com/en/program-of-the-festival/
 
Член од
10 октомври 2011
Мислења
6.098
Поени од реакции
9.903
Малце повеќе акцент ставаа на Македонија за да нема ниеден филм наш, али океј. Еве прилика да го изгледам Поред мене, го испуштив кога одеше во кино, Смртта во Сараево и Бурек ќе се гледаат веројатно, а друго нешто ќе видиме.

Инаку доку. Валентина е германско-македонски, за некоја ромка од мк, снимен од Германец[DOUBLEPOST=1474713941][/DOUBLEPOST]Малце повеќе акцент ставаа на Македонија за да нема ниеден филм наш, али океј. Еве прилика да го изгледам Поред мене, го испуштив кога одеше во кино, Смртта во Сараево и Бурек ќе се гледаат веројатно, а друго нешто ќе видиме.

Инаку доку. Валентина е германско-македонски, за некоја ромка од мк, снимен од Германец
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.628
Поени од реакции
33.182
Ќе објават овие некогаш распоред на проекции или јок? Им пишав и mail, да ги прашам за резервации/купување на билети. Ни одговор, ни бутур. Да беа Синедејс, до сега сто пати ќе ми одговореа.[DOUBLEPOST=1475083605][/DOUBLEPOST]Ми пишаа. Картите за проекциите во Кино Култура се пуштени во продажба, и може да се купат исклучиво преку КупиКартиЗаСѐ. Бидејќи распоред на програмата немаат, ај вака јас, да ви олеснам:

Проекции во Кино Култура:

Среда, 05.10
20:00 - Слава
22:30 - Мина оди

Четврток, 06.10
17:00 - Валентина
18:00 - Длабочини
20:00 - Бурек
22:00 - Прекин

Петок, 07.10
18:00 - Пат за Ла Паз
20:00 - Два лоза
22:00 - Џонатан

Сабота, 08.10
18:00 - Фаќање
20:00 - Бафало
22:00 - Баталјон

Недела, 09.10
16:00 - Татковина
18:00 - Над и под
20:00 - Смрт во Сараево
 
Последно уредено:
Член од
23 јуни 2008
Мислења
4.002
Поени од реакции
4.245
Им удрија добра реклама насекаде, јас им пишав во коментар на ФБ и еве ги :pos::pos:

Мира Фурлан во жирито, патем :aplauz:
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.628
Поени од реакции
33.182
Малку е без врска со влезнициве од КупиКартиЗаСѐ - и ако ја купиш картата, морало еденчас пред проекцијата да ја замениш со вистински билет во Кино Култура. Па подобро да можеа да се купат директно од таму само.
 
Член од
23 јуни 2008
Мислења
4.002
Поени од реакции
4.245
Идната недела да не знаеш кај да изгледаш филм, во среда во Синеплекс има Луда среда карти по 100 денари сите, на 5-ти почнува и Фестивалот на современ германски филм, а воедно и КинеНова.

:sramezliv::sramezliv:

Eве ги германските филмови http://fngf.mk/demo/?page_id=320 за момент се понадевав дека можеби Тони Ердман ќе го емитуваат :D

Ги има Victoria и Labyrinth of Lies од попознативе, и овој ми делува интересно The People vs. Fritz Bauer.
 
Член од
10 октомври 2011
Мислења
6.098
Поени од реакции
9.903
Еве ви ги сите проекции (и во Кинотека):

http://www.divianarts.com/158021#
без врска ептен. Единствениот филм кој сакав ептен да го гледам го ставиле во четврток. Заедно со цел ден предавања, Еклер во кино Карпош, претстави во МНТ.. Епа фак, тешко дека ќе им отидам.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.628
Поени од реакции
33.182
без врска ептен. Единствениот филм кој сакав ептен да го гледам го ставиле во четврток. Заедно со цел ден предавања, Еклер во кино Карпош, претстави во МНТ.. Епа фак, тешко дека ќе им отидам.
Кој филм?
 

Kajgana Shop

На врв Bottom