Кина ги зајакнува економските врски и влијание на Балканот и источна Европа

Член од
7 октомври 2008
Мислења
6.055
Поени од реакции
6.443
Се инвестираат милијарди во новиот пат на свилата
На долг рок Пекинг сака по секоја цена да ја намали кинеската зависност од поморските линии на кои доминираат европските транспортери и притоа да отвори нови пазари за кинескиот извоз



САМИТ НА КИНА И НА ЗЕМЈИТЕ ОД ЦЕНТРАЛНА И ИСТОЧНА ЕВРОПА


Пекинг многу добро знае да ги препознае празнините на светскиот економски пазар и на тој начин да го зајакнува статусот на Кина на меѓународната сцена. Оттука и неговиот интерес во повеќе држави од Источна и Југоисточна Европа. Додека Брисел, Берлин и Париз си играат опасни игри со Москва, Пекинг на теренот потпишува нови инвестициски договори, пишува „Дојче веле“.
Деновиве се одржува третиот самит на Кина со 16 централно и источноевропски држави во Белград. Кинескиот премиер Ли Кечианг е подготвен да потпише серија нови договори за соработка со овие земји. Пет од вкупно 16 земји-учеснички на самитот воопшто и не се членки на ЕУ - и тоа е една од дополнителните причини зошто Албанија, БиХ, Македонија, Црна Гора и Србија со особена благонаклоност го прифаќаат ова политичко и економско влијание.
- Но нивната растечка соработка со Кина почнува да му пречи на Брисел. ЕУ-политичарите со загриженост констатираа дека во пресрет на самитот кинескиот премиер најави удвојување на соработката со земјите од овој регион до 2018 година. Минатата година размената веќе достигна 60 милијарди долари.

Пекинг ја намалува зависноста од поморските линии

Речиси незабележана од Западот, кинеската влада во последните две години инвестираше милијарди во регионот, притоа градејќи си нови пријателства - вели аналитичарот Френк Сирен.
Во анализата на „Дојче веле“ се вели дека, освен ветените кредити, овие земји можат да се надеваат дека ќе профитираат и од плановите на Кина да финансира „нов пат на свилата“, истурајќи милијарди долари во проекти што треба да ги заживеат интерконтиненталните патишта и поморските маршрути низ Централна Азија. На долг рок Пекинг сака по секоја цена да ја намали кинеската зависност од поморските линии на кои доминираат европските транспортери и притоа да отвори нови пазари за кинескиот извоз. Тоа секако ќе има висока цена, бидејќи проектот предвидува купување и изградба на пристаништа, патишта, пруги, телекомуникациски мрежи и електроцентрали. Кинезите досега само во Србија инвестираа околу две милијарди долари, финансирајќи ја изградбата на мост преку Дунав. На Црна Гора, земја со 620 илјади жители, ѝ се ветени 690 милиони долари за изградба на нов автопат, а на Македонија 375 милиони долари за проширување на автопатот во западниот дел на земјата, пишува „Дојче веле“.

Во 2017 година брза пруга Будимпешта - Белград

Изградбата на брза пруга Белград - Будимпешта со кинески пари би требало да биде завршена до јуни 2017 година. Ваквиот договор за изградба на брзата пруга треба да биде потпишан денеска за време на дводневниот самит меѓу Кина и 16 земји од Централна и Источна Европа што се одржува во Белград, под мотото „Нов мотор, нова сила, нова платформа“.
Потпретседателката на српската влада Зорана Михајловиќ очекува од кога ќе биде потпишан документот за модернизација на пругата Белград - Будимпешта да следува рок од три месеци за изработка на студија за изводливост и од две до две и пол години за изведување на проектот.
- Тоа е особено важен проект за Србија, бидејќи имаме одлична местоположба. Не станува збор само за можноста преку Србија да се спојат Истокот и Западот туку и преку Србија да се влегува во ЕУ - рече Михајловиќ за „Танјуг“.
Премиерот на Кина за „Танјуг“ наведува дека изградбата на копнено-поморската експресна линија помеѓу Кина и Европа стана најзначајна точка за соработка на големи проекти меѓу Кина и 16-те земји од Централна и Источна Европа.
Српскиот премиер Александар Вучиќ најави дека изградбата на брзата пруга Белград - Будимпешта е од огромно значење во исполнувањето на стратегиските визии на Србија.
- Србија пропушти многу возови во минатото и немаме време за чекање, ниту имаме децении за реализација на оваа европска сообраќајница. Од кинеска страна имаме поддршка, со која ќе дојдеме побрзо до реализација. Србија ќе изгледа поинаку по овој значаен проект, превозот на патници од Јужна и Централна Европа ќе биде олеснет, а можноста за пласман на нашата стока ќе оди побрзо - истакна Вучиќ.
Изградбата на брзата пруга Белград - Будимпешта најверојатно, како што беше претходно најавено, ќе се гради под концесија или по пат на јавно-приватно партнерство. Инаку, според најавите од Србија, и Македонија може да стане дел од овој проект, со што експресната железничка линија би продолжила преку Скопје до Солун.

Автор: М.Т.
http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=1216141636504&id=10&setIzdanie=23349
 

Kajgana Shop

На врв Bottom